Таман ми дојде... да си се изнасмеам на здравството наше и на министрите наши насушни. Е штом им е поважно да собираат политички поени отколку за народот, тогаш мене оваа негова изјава ми кажа СЕ. Значи и онаа изјава каде кажа дека вакцините се безбедни може да беше за политички поени, од каде да знам? Не читам јас на гравчиња па да знам кога тоа што ќе го изјават е точно, а кога е лага само за собирање политички поени. И не мора да е само за вакцини!!!
А не филипче е "доктор" бе треба да му се верува како на "доктор".Убаво реков доктор кој цела лоза наназад е докторска и истакната, дека се шлепа на името од дедо,прадедо и тн.Ова не ми е мене аргумент за невакцинирање,туку ова е срам за него пошто ни за едното ни за другото го бива,промашена кариера си има чоекот.
Ова е доказ дека кај нас вакцините се неквалитетни. Не ме ни чуди, бидејќи кај нас се што е лошо на пазарот се праќа. Спојлер Ги бришат коментарите... Само вака стои а нема ништо...
Не знам. Плус книшката ми остана во мк при селење не знам ни да ти кажам ама знам дека се консултиравме и дека се истите што и кај вас се сеќавам дека тогаш зборувавме. Лека полека ми ги праќаат стварите ќе ми ја пратат и книшката. Зошто? Јас сум уплашена и изненадена како една еу држава ослободена од стеги и принуди каде што има човечко право за секоја област сме принудени да боцкаме. Сеуште не знам како одат работите овде али сум уплашена. Тек ке видиме за градинка како ќе е. Се сеќавам само дека кога дојдов овде пред повеќе од 10 години дека ми изнапраќаа писма и ме изнабоцкаа дупли дози иако се имав вакцинирано у мк. Хаос. Мајка ми вика подледните не ни ојдов да ти ги стават оти беше превише. Јас не се секавам до толку. Искрено страв ме фака многу. Гуглав да прочитам некои вести за овде ама ништо нема. Ништо не најдов.
Без причина. Обична споредба на календарите за имунизација, дали е исто како кај нас. Најмалото кај мене е скоро 6 месеци, сеуште нема ништо примено.
Ама зошто побогу си прашувала доктор во Англија. Ела си кај нас нашите доктори се врвни светски реномирани стручњаци од земја во која ниту се произведуваат вакцини ниту се прави некаква контрола на квалитет- они ќе ти гарантираат дека на детето ништо нема да му биде. Дур и ќе те направат улава ако не сакаш да вакцинираш.
https://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/koga-pr-ot-ti-puka-vo-noga уште политика денес денов е за тоа.
Околу составот муабетот знаеш ли што е?? зашто не си прашала?? а твојава педијатарка откако завршила фаџ,изгледа не отишла на ниту една конференција!! Муабетот околу составот и “агресивноста“ е што до пред неколку год во нивниот состав имасе ензими исти ко во белка од јајце.Обично белката се воведува нели после 13м,е сега некоја мајка може касни со воведувањето. Е ако бебето беше алергично на белка,тогаш би можело да се јави и на вакцината. Пак ќе кажам,ова е за постарите вакцини.Откако се воведени поливалентните,а со тоа и ММР и е составот изменет. КОга нешто не ви е јасно или недокажано,пак препрашајте си го педијатарот ,не чекајте инфо од форуми.
@vitamina ако е исто како кај нас први се БСЖ во болница и Хепатит. После се продолжува со Хекса. Па Пента.
@TarantulaA пак да се докажуваме за различните информации од педијатри наши што се добиваат? Тројца различно ми кажаа по ова прашање, и тоа во иста институција работат кај вакцините. Секоја чест на исклучоци, ама да не се спомнуваат утките на нашиве доктори, многу повеќе ги има од позитивни искуства.
незнам дали е стручен,не биможела од еден пост на фб да го проценам.Доктор гледам дали е стручен според тоа како решава конкретен проблем-болест.Јас со такви се имав консултирано околу вакцините. И да се надоврзам околу ММР..син ми ја прими пред еден месец,помина со благ осип околу пупакот.Детето од претходно си имаше атопичен и алергија на ПКМ. Вакцината,нито ваа,нит останатите,немаат никакво влијание за појава на алергијава. Во фамилија сме си склони. Факт е тоа и го прифаќам.Никој не ми е крив,нит вакцини,само генетика.
А ти читаш ти што пишуваш?! Еве мене да речеме логично ми било објаснувањето и не сум барала друго мислење. Верба во системот да имаме или не? Еве и министерот кажа дека ко ќе сме во ЕУ дури тогаш квалитетни вакцини ќе има.