Запознаена сум јас со линкот, институтот и неговата работа. За поголема прегледност и отворено учество во дискусијата на сите кои ја читаат темата пожелно е сите учесници да споделуваат линкови за статистиките кои ги споделуваат.
Пожелно е се согласувам со тебе целосно (се извинувам) за да се избегне можноста дискусијата да се врти од “ракав”
Точно. ОД статистиката се гледа намалување на процентите на вакцинирани деца при примање на наредните дози. ПА целосната имунизација опаѓа поради нецелосна вакцинација. Грубо речено, како просек од сите вакцини, 1 на 10 деца се невакцинирани или остануваат без целосна имунизација. НА толку голема бројка од дечиња е далеку од сите. Голем дел се вакцинирани, да, но не и сите според официјаната статистика.
Како мислиш целосна имунизација опаѓа поради нецелосна вакцинација? Мислиш на ревакцините и нивното влијание во процент на идна имунизација? Сите како апсолутна бројка од 100% не постои никаде. Али 93% не е мал процент за да се земе како паушална изјава и може да се дефинира како речиси сите ако правиш некоја скала на дефиниција
Сите се однесуваше на некој од предходните коментари дека во странство сите се вакцинираат. Сите е 100%, такво нешто тешко да постои. Примети дека бројот на лица кои ја одбиваат ревакцината расте? Во која категорија би ги сместила ти? ПРвата или втората колона(со само една или две) е поверодостоен показател за процентот на вакцинирани лица? 90-93 на 100 деца би било речиси сите. Ама не на бројот на дечиња во Германија.
Тој процент се намалува на 92% за ревакцина, точно. И пак е речиси сите. Не е речиси со некој 70% или половина 50% итн. Она што треба да го знаеш како појаснување на овој процент е дека се однесува на школска возраст и подоцна ревакцината повторно расте од страв во бременост и струки каде е задолжително да се има поголем процент на заштита. Така самата вакцина и ревакцина те штити над 90%. Само вакцина ти е 50% заштита и означува дека организмот сепак има заштита од болест. Ти и со вакцина и ревакцина можеш да добиеш лесна слика на морбили. Може и ич твоето тело да не ја прифати вакцината ниту ревакцината. Али влагаме во зона на исклучоци нели. Во секој случај Германија стои во земји на висока свест за вакцинација и секако речиси сите се вакцинирани. Останува уште личната ствар на верување дали некој сака или не, да е дискутабилна по ова прашање иако јас сум и за казнен систем нема не сакам во мулти заедница и отворени граници. Да живее некој на хималаите или во амазонски прашуми пеким нека не се вакцинира.
Фала на деталното инфо, не требаше, но може на некој друг ќе му биде корисно. Да, бројот на ревакцини постојано се зголемува и останува прашањето од онаа почетна бројка уште колку ќе се намалува. Од една страна бидејќи родителите така одлучиле за сопственото дете, или од друга, кога детето ќе биде возрасна особа и ќе ја одбие ревакцинацијата. И пак се враќаме на процентчињата. Еден процент се со сите ревакцини, ама во иднина ќе треба и сите нови ревакцини да ги примат, еден процент кои нема да ги примат, еден процент кои само една доза примили... За на крај да се враќаме на тоа дека не се целосно заштитени и дека секој може да фати и секој може полесно/потешко да помине. Желбите за казнен систем за сега се по дома и на форуми. Правото на вакцинација е слободен избор, што ни е и познато.
Целосна заштита драга моја нема како што нема ни целосна сигурност и апсолутна вистина Дотогаш да си играме со процентите, кои ја прикажуваат реалноста. Тука барем нема лага. Јас не се трудам да те убедам да смениш перцепција за вакцините ако ти си решила децата да не ги вакцинираш ти си одговорна за нив, јас се трудам да ја доловам поголемата слика и како луѓето во Германија гледаат на вакцинацијата, засега одлично и покрај целата кампања против вакцинација. Казнен систем е ставен на хартија моментално е дефиниран како “би можеле службите и имаат право да ги казнат родителите со 2.500 евра” но не е целосно регулиран. Со бројот на мигрантите ќе се регулира и казнената политика ако не дојде фдп на власт Засега е право на избор, тачно. Засега.
Целосна 100% заштита не постои. Точно. Докажано. Факт. Исто се согласуваме дека во Германија се речиси сите вакцинирани
Не, не се речиси сите, како што веќе споделив, но нема потреба да се убедуваме. Само да кажам дека не се сложуваме за овој дел. Само околу делот дека никој не е сигурен се сложуваме.
Да. Тука сум за да се инатам со тебе. Јас си кажав дека за мене не е исто 90% од 100 деца или поголема група, како на пример 90% од 11 милиони деца, колку што има на возраст до 14 години во Германија.
Ама остај за тебе дали е исто или не, ние овде не збориме за дани инситут и толкувања збориме за реални податоци од институции. Ти како лично си ги доживуваш не ти се мешам може и 90% да ти се ништо али тоа е само во сферата на твојата глава. Вака не гледам поента зошто воопшто и дискутираш кога за тебе на даница законите и дефинициите важат. Пиши уште на почеток нит гледам нит слушам јас кажувам и така нема никој да ти реплицира.
Нема потреба од дрскост и упатување лични навреди. Официјалните бројки се достапни за сите. Јас не измислив ништо. Дали за мене или тебе бројка од пола милион или милион невакцинирани деца е малку многу или ништо е сеедно. Тие постојат.
Фала на поздравот. Сега прочитај го текстот од линкот кој го постираше, и за кој дискутирме ,и кажи ми каде стои речиси сите.
Ме збркавте сега.Колку е вкупен % на вакцинирани деца во Германија,93% ако е така,тоа е одлично,и покрај слободниот избор и силните кампањи на антиваксерите.
Никој не го негира процентот. Си стои табелата, со различни вредности за различни вакцини во различни делови од Германија и со процентот на опаѓање на истиот поради ревакцините. Толкувањето на истиот беше дискутабилен.
Пола милион или милион, наспроти 70-80 милиони (карикирам, не знам точна бројка) се ништо Никој не ги негира како бројка, ниту рекол дека не постојат или не треба да постојат, меѓутоа во глобалната слика и бројки се минорни. И добро е што е така, според мене