Во секоја градинка, во секоја група, во секој клас има деца што не се вакцинирани. Каде и да влезе човек, сеедно супермаркет или шопинг центар од вработениот на каса па натаму е голема веројатноста дел да не се вакцинирани, односно немаат ревакцина. Тоа сакав само да кажам. Процентот е тој, цифрата си е таа. Толкувањето е индивидуално. Нешто, ништо или некој трет израз е сеедно и препуштено на оној кој толкува. Бидејќи не очекувам сите да знаат германски, па да преведам околу спорниот текст. Никаде не беше споменато скоро сите, речиси сите, многу, најмногу или слично за вакциниарњето. Баш никаде. Слободно може да ме демантираат со скриншот од конкретниот дел каде стои такво нешто доколку некој смета дека сум испуштила нешто. Само се споделува дека е на високо ниво. (дури и без многу/прилично/нај...) и потребата да се подобри процентот на ревакцина. На пример. Во групата кај големата од 13 деца 4 не се вакцинирани. За кај малата знам сигурно за уште две деца, новите не сум информирана. Не знам, ете, може за родителите на вакцинираните е нешто, може е ништо.... Секој може да си каже како он гледа на таа статистика.
Во Соединетите Американски Држави сите деца кои одат во школо мора да бидат вакцинирани. Да, има некои кои не ги вакцинираат поради религиски причини и тие одат во посебни училишта( католички, еврејски...)
Ок, тоа е твое видување на нештата. Сакав само да бидеме прецизни кога веќе зборуваме за бројки, така
Статистички ќе беше ништо. А тука за тоа беше муабетот, нели? Колкав процент се вакцинирани. Ај вака да гледаме на нештата: 13 на 4 ништо е? Оти натаму го носите муабетот. Јас и претходно имам кажано, кој сака, како сака нека вакцинира или не. Сакам издржани факти, без вадење од контекст на работите и без лични толкувања и претпоставки. Тие не ме интересираат
За мене е нешто, за друг е ништо. Во конкретната група, каде тие деца минуваат 8 часа заедно, на родителот може му е важна таа статистика, дека скоро третина во групата не се вакцинирани. Друг ќе се држи до статистиката на ниво на област, трет на просекот за цела Германија. Никој не лаже, никој не манипулиеа факти, само разни видувања. Само тоа сакав да го доловам. Дека е сосема во ред да имаме различни видувања. Она речиси сите беше лично толкување, исто како моето и твоето.
Размислување на млад правник од Македонија. Ставот, правно гледано е ист со третирањето на одлуката за вакцини во Германија. https://www.slobodnaevropa.mk/a/29647714.html
Не постои антиваксерска кампања. Нигде во светот. Се се сведува на социјални групи во кои родителите се борат за правото на избор, како основно човеково право. Нема организации, нема пари, ништо не се продава, нема профит. Само повредени родители и уништени фамилии. Но постои премногу моќно ваксерско лоби, кои има трилиони евра сув кеш за перење мозоци и за купување политичари (се продаваат мошне евтино). Купените политичари потоа форсираат вакцини во задолжителен календар, воведуваат казнен систем, условување со упис во градинки и социјална помош, одземање на правото на избор, лажење за опасностите од нормални детски болести и ширење на страв кај младите и неинформирани родители, како што е прикажано овде Денес ваксерската кампања резултира со тоа да луѓето повеќе се плашат од релативно безопасни морбили отколку од смртоносна болест како сида. Некој може да те зарази со сида намерно и нема да одговара за тоа. Болните од сида добија правна заштита никој да не смее да ги отпушти од работа или да ги дискриминира по било која основа, а ваксерско-гаволското лоби ги демонизира здравите невакцинирани деца. Америка е широк поим, секоја држава има посебни закони и до скоро во сите држави луѓето имаа право на избор. Но ваксерското лоби (фарма индустријата) работи силно тие права на луѓето да им се укинат, почна во Калифорнија. Колку е тажно кога ќе прочиташ дека некој одбрал Nickname @FreeMind а се залага за присилна вакцинација и одземање на правото на избор. Човекот не знае ни што значи nickname-от што го одбрал. Еве уште еден пример дека новиот календар со двојна вакцинација против морбили е неефикасен. https://www.mirror.co.uk/news/uk-news/boy-8-gets-worst-case-13729986 Уште еднаш да повториме зошто митот за herd immunity од 95% покриеност со вакцина e безобразна лага на ваксерското лоби. Луѓето од возраст 46-100 години не се вакцинирани. Луѓето од возраст 15-46 години се вакцинирани еднаш. Вакцината одамна изгубила дејство. Децата од возраст 6-15 години се вакцинирани 2 пати. Ревакцинацијата има дејство од неколку месеци. Децата од возраст 1 до 6 години се вакцинирани еднаш. Вакцината има дејство од неколку месеци. Митот за Herd immunity претпоставува дека вакцинираниот човек има доживотен имунитет, што со сегашниот степен на наука гледаме дека е безобразна лага за кој никој не одговара. Последните епидемии покажуваат дека вакцината против морбили има дејство околку 2-3 месеци. Колкав е процентот на покриеност за herd immunity кога се постават работите на овој начин? Не повеќе од 1%. За каков herd immunity зборуваме? Mорбилите се шират во средини во кои процентот на вакцинација е 95-100%. Прочитајте сами, потркепено со изворни информации http://zivimzasrbiju.com/све-што-нисте-знали-о-малим-богињама-а-2
@Centurion те молам без вицеви и дефиниции слаба сум на стомачни во задне време. Правото на избор во овој случај треба да се преиспита ако истиот тој избор може во иднина да загрози живот некому. А може кога клиничката слика е толку лоша, доволни се и морбили да го убијат некому. А зошто да дојде во контакт со морбили? Оти ти си сакал избор во животот И јас не сакам да плаќам даноци, може ли? Ова ме асоцира на прашањето за педофилија и педофилите го сакаат овој избор зошто јас како Опен Мајнд не би им го дозволила? Мислам дека премногу лошо ја доживувате демократијата и тоа ќе придонесе да се распадне како систем. На толку проценти во текстот на крај ми ставаш извор Живим за Србија Сигурно се заебаваш нели?
Градинката затворена,но многу лош период е за ширење на морбиливе.Новогодишни приредби и забави,молови,да се надеваме дека нема да се шири рапидно бројката ко лани во Србија.Но со седумдесетина посто вакцинираност,тоа е.
Оваа анти-ваксерска хистерија полека како да почна да се претвора во едно новосовремена религија. Чудни теории за заговор пропратени со студии од Френкејнштајновци, квази научници, рекла казала муабети, манипулирање со бројки и податоци, негирање на очигледната состојба. Жалосно е што луѓето наседнуваат на маалски муабети кои се пренесуваат од човек на човек, еј детето на овој и овој качило температура...ааа од вакцината му е, на дете во америка му израснале рогови- ааа од вакцината е. А на народ без основни познавања од медицина и биологија, толку му треба. Милиони и милијарди се вложени во макотрпни,долготрајни, исцрпни клинички истражувања водени од генијални умови од биомедицинската струка и со едногласен цензус е дојдено до заклучок дека бенефициите од вакцините ги надмашуваат ризиците, cost benefit, т.е статистиката е на страна на вакцините и тоа во општо добро. Ако статистиките ви се слаба страна, секогаш можете да се навратите во минатото и да размислите, каде луѓето буквално умирале од баналности ( гледано од денешен аспект ), умирања пропратени со агонија и на мали деца, скоро секоја куќа имала бар по едно мртво дете, а медицината и вакцинирањето сето тоа го направија минато. Па уште право на избор барале.
Уште една кампања за широки народни маси. Сега употребена за да се менува законската регулатива, која очигледно и министерот не ја познава. „ Очигледно дека не се почитува потребата да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште. Ќе бидеме принудени да направиме законска промена. “ Доставување на вакцинален картон во градинка, без никаква законска поткрепа за истото во најмала рака е дискриминација. Туку работата е јамб у најава. Како и „епидемиите“ измислени за оваа намена во Хрватска и Србија. Не Германија, не се секирајте. Таму слободно може да одат невакцинирани дечиња во градинка. Целата кампања ( во мојот претходен пост наречена незванична ) како вест, ја има на следниот линк. Брррррр. https://sdk.mk/index.php/naslovna/p...mS7KRwuTJxlZwi0rpTxjHH4#.XBqHv35RBAY.facebook
И во Србија антиваксерите филозофираа за измислена епидемија....па заврши лошо. Иако за антиваксерите малку беа бројот на починати. Лош е периодов, пак ке речам,не е работава за играње играчки. Државата има право да одредува мерки,макар и само во Скопје ,а вие антиваксерите ке треба да ги почитувате
https://sdk.mk/index.php/makedonija...dgioTiTncBvzQiefAMXNpIY#.XBqHv35RBAY.facebook Сите деца кои се заразени со оваа болест не биле вакцинирани, а возрасниот пациент е со непознат вакцинален статус“, рече Микиќ. Браво, мамички.
Зезнато е многу. Се знаеше дека ќе дојде до ова. Страшно е што и бетер ќе биде. Сега родителите чии деца биле во Т.Караџа градинката треба да имаат повеќе осет и да не ги шетаат децата по молови зашто дома не им се седи. А тоа е нешто што не верувам дека ќе се случи. Јас планирам никаде да не го носам периодов по затворени простории. Сакав во една игротека на новогодишна забава но очигледно ќе ја прескокнам. Но тоа не е баш некое перманентно решение..
Колкав е моментално процентот во Македонија на вакцинираност, околу 70%? Не можам да најдам официјален податок.
Се работи за високо заразна болест. Последици од истата како енцефалитис и уште полошо, субакутен паненцефалитис. Но, претпоставките за несаканите ефекти од вакцинацијата и погрешната проценка за здравствените последици, пред се. Може да се продолжи со мешање вистина и фантазија. Ништо спорно. Пак не вакцинирајте. Ич не смета.
Страшно. Очигледно несериозноста на институциите, катастрофалното здравство со сомнителни тендери и силната кампања против вакцинација го создала овој процент.