Школото е во Ново Лисиче ,Александар Македонски така мислам се викаше . А градинката Бамби во Аеродром.
Некои деца не стигнале возрасна граница за уште едната доза за вакцина,па се делумно заштитени.Некои се со компромитирачки имунитет... Исто така има и трудници,а и стари лица...Значи има осетлива група на луѓе... А ние ке лечиме заразни болести за кои има вакцина и можат да бидат искоренети..
Значи има осетлива група на луѓе.... има родители чии деца се оштетени од тие вакцини за на век!!!! Само вие им се смеете во фаца дека се глупи, и необразовани и дека измислуваат само за да ве заебат вас, вие кои вакцинирате!!! И дека се толку неуки и глупи што тоа што после вакцина добиле епилепсии, напади, инвалидитет, ментална попреченост и сл, само си мислат дека е од вакцина, а не е. Сфаќаш!!! Глупи се родителите.... На форумов им се исмевале на маката, лично имам чиатно! Некои би одбрале морбили наспроти епилепсија, на пример.... зошто тие да немаат право на избор кое зло да го одберат? Или оштетените од вакцина не ви сметаат, не ви се закана?
Умири малце страстите,бидејќи НИКОЈ НЕ СЕ СМЕЕ НА ТУЃА МАКА! А да,ова е форум и секој со личен став.Да,нечии ставови се поинакви од другите. Да,кај некои лица вакцината може да е тригер за некој ген. Ама ако не е вакцината,тогаш ќе биде нешто друго тригер.Секој од нас е темпирана бомба за жал.
Затоа сами ќе одлучуваме кои последици ќе си ги сносиме во животот.... и глупаво е да ги напаѓате оние кои не сакаат да вакцинираат. Никој тоа не го прави од злоба или од инает. Можеби ако беа пореални овие од минстерство, и да не кажува тој министерот дека ако се излезе ЗА на референдум да се гласа, ќе се земеле поквалитетни вакцини... да даваа реални бројки, да признаваа оштети од вакцини, да не вршеа безвезен притисок кон луѓето... верувај бројот на вакцинирани ќе беше повисок. Самите го направија ова!!! Да се погрижеа и за "епидемијата" од респираторни болести заради загадениот воздух... ама за тоа не им се чуе...
Да,тоа си во право дека истреска глупости министерот.А и за воздухот.Ама,нели ние сме возрасни луѓе,кои критички размислуваме,па анализираме,па тек тогаш бираме во што че веруваме.
Болдираново. Не, не знаеме дали друго ќе било тригер. Ама колку е полесно да се предвиди и пресуди за судбината на туѓите деца.
Има оштетени од вакцини и не треба никој да се смее за тоа. Никој не е глуп само стравот го прави човек “необјективен”. Вистина е дека може да се добие епилепсија, парализа, алергиски шок и разни нус појави. Тоа стои во самото упатство од вакцина. Шансите за тоа се речиси исто да добиеш еуро џек пот еден на милион/два милиони за секоја вакцина различно, но сепак постои. И затоа не е смешно. Најчесто вакцината ги буди оние генетски форми во нашиот организам од баба прабаба и ги развива во болест. Како што знаеме во секое човечко тело тлее болест која чека фактор да ја активира. Ова треба да ве информира оној кој ве вакцинира ако прашате за нус појави. Нус појави има и во таблетите и инекциите нели, во се си има упатство што е докажано до сега. Е сега големата слика да ја отвориме. Доколку само 60% се вакцинирани шансите твоето дете да закачи и рашири понатаму се драстично големи. И тоа за оние болести кои се сметаат за искоренети. Ако државата не преземе мерки, благодарение на вашиот избор може 40% од државата да се зарази во иднина , да убие се што е од ризична група која веќе боледува и има слаб имунолошки систем и да не сместат во ризична земја. Со тоа ќе повлечеш уште илјадници тестови по граници, со една епидемија ќе влеземе во карантин држава налик случаевите во Африка. Веднаш постави го обратното прашање, дали за два случаеви пример на епилепсија вреди да умрат илјадници? За тој ли избор разговараме? Затоа државата пропишува мерки со кои мора и треба да ја регулира вакцинацијата. На крајот од денот ние сме само процент небитни како единки на светот. Битно е доброто на општеството.
За ова можам да се согласам. Толку го руинираа здравствениот систем и кадар што ги сфаќаш буквално како виц. И да, самите се антикампања. Дно нема мизеријата наречено македонско здравство.
И јас го сфатив како викање и драматизирање, а реално немаше потреба. Без навреда. Иначе јас се плашам генерално од болести, се плашам и од морбиливе. Затоа што знам дека вакцината не нуди никаква заштита, дури не е ни гаранција за полесно прележување. Само јакнење на имунитетот е клучно. И за тоа преземам чекори. Не само за децата, туку и за нас, оти и ние над 30 години не сме поштедени.
Ние може и бетер да поминеме од децата. Затоа повеќето се крстат ко дете да се прележи. Искрено % на смртност од морбили ќе да е на исто ниво како и од смртност од вакцини или грешам? Мислам тука некаде беа. ..
Па кога една варичела потешко се прележува кога си возрасен, што останува за морбилите. За смртноста не знам, немам инфо баш.
Италијанските родители за право на одлука http://www.corvelva.it/ ( конечно падна задолжителната вакцинација во Италија за што инфо имате наназад ) се организирале дошле до средства и побарале да видат што има во вакцините ( и што нема а треба да има ) Првата вакцина на тест - Инфарикс Хекса, на престижниот нели ГСК. https://drive.google.com/file/d/128...A_DKsVx9n-2YIcoTPZaqCJU72zKT6mm4QC44T1x98n1cQ Не е пронајден ниту еден антиген ( инактивиран вирус 1-2-3 на полио, Хепатит Б, Тетанус, дифтерија и пертусис токсоид ) Што значи ако треба да се ствараат антитела ( логиката на вакцината ) тоа нема да се случи. Но полошо, наоѓаат трагови од 65 хемикалии, токсини, непрепознаени макромолекули, различни бактериски пептиди, кои се потенцијални алергени кои се способни да произведат аутоимуна рекација.
5 случаи на морбили, епидемија! Ќе затвориме градинка и ќе ги вакцинираме сите по 8ми пат! Полека луѓе, зошто ја затворија градинката, некое логични објаснување, причина? Значи ли тоа дека сите деца во градинката се подложни на морбили? Па опфатеноста со вакцинација на државно ниво е околку 93%. Претходно градинка не била затворена за морбили, зошто почнаа сега? Ова е некој поопасен сој на морбили или што е работата? И што сега ќе почнат да ги затвораат сите градинки кога ќе се појават морбили? Затворањето на градинките и медиумската покриеност е преувеличување на проблемот и плашење на родителите. Пораката е: морбилите веќе не се обични детски сипаници, може да умре некој од морбили, 1 на милион, ама можно е, исто како од настинка што е можно. Сега има вакцини и сакаме да ве вакцинираме многу пати во животот, затоа што што за тоа зедовме многу пари и мора да си одработиме. Во меѓувреме додека се појавија овие 5 случаи на морбили заболеа уште 50 души од туберкулоза. Дали кажаа на вестите? Дали прогласија епдиемија? Дали затворија училиште? Туберкулозата е 10.000 пати потешка болест од морбилите. Околу 500 луѓе годишно заболуваат од туберкулоза и тоа не е спомнато никаде, но со 50 те случаи на морбили ни ги отекоа. До пред 20 години не ги ни броеа случаите на морбили ниту известуваа на вестите, тоа беше најнормална детска болест. Во меѓувреме додека се појавија овие 5 случаи на морбили, околу 500 луѓе умреа од рак. Во Македонија околу 3500 луѓе годишно умираат од рак. Прогласија епидемија од рак? Кажаа на телевизија? Болеста што го убива секој третти човек си поминува анонимно. Ова што се случува е криминал со кој вистинските проблеми се кријат со тоа што вниманието на јавноста се оптеретува со минорни проблеми и одговорноста се префлра на трети лица. Чекам да се изјаснат од институтот за јавно здравје со информација да видиме дали 5те деца се вакцинирани. Нема да ме изненади ако се вакцинирани, ама затоа што се 3 годинки ги ставаат во групата на невакцинирани. Aко се навистина невакцинирани, тогаш се е во ред, вакцинираните не се разболеле, зошто ја затвориле градинката? Во градинката врие од вируси и бактерии, сите имаме деца знаеме дека 50% од децата во групата се цело време болни. Инфекции на уво, грло, очи, пневмонии, проливи, буквално секој вирус го има во градинката и сите деца си ги предаваат еден на друг. Додека да завршат градинка децата имаат прележано 50тина заразни болести. Тие вируси и бактерии што ни одзеле неброени неспани ноќи не заслужуваат внимание, зошто се дискриминирани, зошто само за морбилите се зборува на медиумите? Не можат овие да предизвикаат воспаление на некое осетливо ткиво и да остават последици? Oва дефинитивно е основа за објаснување на неефикасноста на вакцините. Науката во цел на откривање на вистината. Сега ми е јасно зошто многу јавни личности се залагаат да не се врши тестирање на безбедноста на вакцините. @ClosedMind, можеби треба да си го смениш местото на живеење, да појдеш во некоја земја каде што нема демократија а не нам да ни го ускратуваш правото на избор. Аналогијата со данокот ти е погрешна. Вакцинацијата е медицинска интервенција и со закон за медицинска интервенција потребна е согласност од пациентот. Така е во цел цивилизиран свет. Ако не ти одговара, оди во Саудиска Арабија, Северна Кореја, Авганистани. Очигледно е дека не сакаш да те третираат како човек.
Вакцинираш и се плашиш дека детето ќе ти се зарази од болестите за кои е вакцинирано.Нема смисла.Нема потреба од паничење.Нема потреба од напаѓање на нас што не вакцинираме.Треба да има избор.А овој министеров ,и сите негови предходници ,се профитери и се грижат да не им пропадне профитот, да беа загрижени вака за нашето здравје, ќе приметевме одма.Откако не оставија на цедило и да се снаоѓам како знам ,реков НЕ на отровите.
Нели само во Радишани е муабетот за морбилите...од каде сега Аеродром @VedaG10 ? КАј нас во Аеродром имаше, ама беа варичела, не морбили...ама сега можат приказни да прават милион