Па реално, министерството треба да препорача да не се мешаат во големи групи или било каде во затворени простории каде што има голема фреквенција на луѓе. Треба дома да седат, а да шетаат на отворено каде што е помала шансата да се рашири вирусот. Дали мислиш дека вакцинираните се заштитени? Јас не мислам. Оти живи примери имам колку е неефикасна вакцината, колкумина се разболеа од морбили и покрај тоа што се боцкани. Не штити таа, туку одржувањето на хигиената и животниот стандард. Моиве се вакцинирани, па секако избегнувам да ги шетам по молови, лето-зима, небитно. @AngelOfArh кога тогаш ќе ја фати. И големиов мој во градинка кога одеше првата година не фати варичела, а во неговата група од 30 деца, 20 прележаа тогаш. Ама затоа следната година фати. Иако лесно ја помина, периодот после неа ми е траума.
Не знам што да ти кажам, јас не сум чувала дете дома ако е здраво, шетал и ќе шета, немам проблем со тоа, а богами нема ниедна вакцина примено. Да имаше лош имуинитет кога почнуваше со градинка, како и секое дете, ама го надминавме тоа за 3 месеци. Сега е многу поздрав од сите вакцинирани деца со кои има контакт. За било која болест и да е, не само варичела, и рота, и коксаки, сите ги поминавме во градинка без да се заразиме. Мое мислење е дека морбилите е подобро да ги прележи додека е мал отколку во адолесценција, можеби грешам, ама тоа е мое мислење. Ќе се повторам пак, син ми има многу подобар имунитет од вакцинираните деца! @Annath не можам да те цитирам, ова е трет пат да има во градинка сипаници, он не се заразил, имаше и рота два пати и коксаки еднаш. Од бронхит поише не сме имале, фала богу. Не дека сакам да е болен, ама мислам дека поарно помал и сега кога реално има многу појак имунитет отколку возрасен и со намален имунитет од вакцини, оти јасно е дека тоа е на вакцината работата, да го намали имунитетот за организмот да се избори со вирусот.
Јас искрено по молови не ги носам ич поради превентива од секакви болести, не само сипаници зошто реално се извор на вируси и бактерии, игротеките исто. Мене единствено нешто што ми боде у очи е тој страв и вршење притисок што се сее баш од таа група која е против вакцините, а не одлуката која свесно сами си ја носат.
Пак се вртиме околу твоето дете кое е здраво и немало проблеми. Моето бебе не е доено, не е вакцинирано. Ризична група. Твоето поголемо дете со појак имунитет лесно ќе прележи. А моето бебе? Како да го заштитам?
@AngelOfArh до детето е, таков му е имунитетот, затоа. А сега вакцините не знам колку имаат врска. Малово мое е вакцинирано, додуша на година и четири месеци му ја ставивме првата вакцина, до година не го боцкав, на две години почна во градинка, во септември. И фала му на Бога, досега нема отсуствувано. Растечен нос, кашлици, шлајмови, се тоа си го има. Ама фала му на Бога, ништо алармантно за да отсуствува. Ќе ти речам за твоето и не дај Боже да се разболува. Самата знаеш колку ви беше тешко додека беше помало и уште немаше изграден имунитет. Не знам дали тоа што не вакцинираш има влијание или не, можеби и ако вакцинираше исто ќе беше, не можеш да знаеш. @NarCis@ за жал и доено да е, и вакцинирано да е, не е заштитено. Не можеш во стаклено ѕвоно да го чуваш, а колективниот имунитет не би рекла дека функционира ко што е замислено да функционира.
Абе ја иам колега грам млеко нема пробано малиот од мајка. Од септември оди во градинка и само еднаш настина. Ни бактерии ни нишо. А месец дена со мали се разлика. везе нема тоа до детето си е.
Јас не можам за твоето да кажам, за деца што не ги знам не можам да кажам, ама за моето и оние што ги знам. Знаеш зошто мислам така? Затоа што малото на роднините го вакцинираа, прекинаа на 6м дека им се разболуваше многу, ама многу, прекинаа и година дена беше кукурек, продолжија на 2 и детето глава не може да крене од Козле и клиника. Ете тоа мислам дека е тоа. Нели паднат имунитет, се се лепи, на водно да кивне дете отиде и он.
Обратно е. Тие што вакцинираат вршат притисок и се плашат дека ќе се заразат. И која беше логиката да се затвори градинката кога 93% од децата се вакцинирани? Некој се плаши дека сите ќе се заразат. Абе кога затворале градинки за морбили?? А сега мајките овде со исповед дека на ТВ лажно ги претставувале вакцинираните како невакцинирани. Колективниот имунитет е термин што е измислен кога имунитетот се стекнувал со прележување на болеста. Имунитет со вакцина не се стекнува. @NarCis@ , како го најде единствениот доктор што не вакцинира ако детето не е целосно здраво, затоа што таков под дрва и камења не најдовме. Ги вакцинираат колку и да се болни. Но без гајле, со новиот закон на Др.Менгеле ќе може да се вакцинираат и од 4 месеци. Боцкајте.
Пак ќе речам, зависи од имунитетот на детето. Моја другарка има врсник со моето помало дете, не го вакцинира и се дур седеше дома, ни настинка ни ништо. Почна во градинка и постојано е со антибиотици, глава не може да крене. Што значи, не е до вакцините туку до самото дете.
Само со висок процент на вакцинирани,ке се заштитат деца што се во ризична група и деца кои не смеат да се вакцинираат. Против варичела немаме вакцина,зошто не помага тука хигиената и животниот стандард?
Па, сигурно родителите на вакцинираните не ја затвориле градинката, туку самото министерство одлучило за да не се шири. И, тврдам дека не е обратно. Гледам, слушам, читам по социјални мрежи, паниката ја прават тие што се против вакцини.
Затоа што никој никогаш не умрел и затоа што е многу корисно да се прележат? А вакцината против варичела во америка има документирани нус појави. Ниту на овај форум ниту на групите за вакцини, нигде не е така. Паника дигаат само ваксерите.
Јас се обидувам да ти покажам дека не мора да е вакцинирано за да е здраво, не знам како ме разбираш ти мене.
Не знам каде читаш, ама тврдам дека е така затоа што имам и другарки кои имаат деца, 90% од нив не вакцинираат и се преплашени од ситуацијава со Морбили.
А јас ти кажувам дека моето бебе е во ризична група не само поради возраста. Има здравствена состојба која допрво ќе ја испитуваме. Се надевам се разбравме конечно.
Епа ти кажав де, не ти ја знам ситуацијата и не е на мене да прашувам, ако имунитетот му е јак а има некоја состојба која одложува вакцинација не мора да значи дека ќе се разболува понатака. Не мора да е поврзано, тоа ти кажувам.