90% од другарките твои не вакцинираат? А колку другарки имаш? Еве на форумов најди некој што не вакцинира а се плаши од морбили. И вакцинираните и невакцинирате ќе добиваат морбили ако дојдат во контакт со вирусот и имаат послаб имунитет. Но вакцинираните плус добиваат и вакцини. А бебе е опасно да фати било каква болест, дури и настинка.
Ама ќе знаеме дали имунитетот е јак кога ќе дојде во контакт со вирусот, така? А ако не е? Ај да се вратиме назад 1000год. и да оставиме на природна селекција. Така испаѓа муабетот.
Ама нормално е да се плашиш, па дете од една настинка ќе се накашла се плашиш да не спушти на плуќа, не па Морбили. Ама сакам ако веќе прележува да е тоа кога е помал.
Едини вирус не е варичела или морбили. Е ај ако не стај дете у стаклено ѕвоно, знаеш колку е тешко? Прашај ја Галапче како и е да се шета со маска, да се мие од глава до пети на секое влегување дома... Ако нема потреба нема, ако има ќе го правиш тоа и тоа е. И да, додека не се соочи со вируси не знаеш дали има или не имунитет. Тоа е, испитување нема за имунитет или и да има е мачно. Таман работа природна селекција, тоа го правеле кога хигиената била на долно ниво, ма испод ниво, кога не знаеле што е заштита, кога не знаеле за здрава храна и слично. Да бидеме реални, сега се штитиме и од болести и од се, сега сме далеку понапред од пред 1000год, ама не е единствена заштита вакцинација.
А што е битна бројката? Кажувам дека не вакцинираат и се исплашени. Кажувам и дека на фб читам доста такви исплашени родители кои не вакцинираат. Знам дека од невакцинирани е паниката зошто лично ги познавам. Јас вакцинирам и не ширам паника од ситуацијава. Едното оди во градинка, другото во школо. Не ги изолирав како други што прават зошто се појавиле Морбили, во тоа е разликата.
Вака со непотврдени информации што кружат по нет, арно што не ја однесов ќерката на доктор пед некој ден... на вести ќе не кажуваа - невакцинирана фати морбили А имаше 3 дена температура проследена со осип... таман ќе дојдеше ко кец на десетка, ќе прогласеа и кај нас епидемија, и тоа пази... невакцинирано дете - топ вест на денот.
Идеме ние со осип, со тт, со болки во нозе и тело, коксит вика ортопед, матичен вика ништо страшно, на клиника аааа варичела е. Свашта!
Ок Ејнџел. Хигиена и морбили, баби и жаби. Абе кажете не ве интересираат другите деца освен вашето и да не се натегаме за џабе.
Она кажа дека во најблиска фамилија има случај каде дете имало негативни последици од вакцина. Мислам дека е логично и разбирливо после вакво нешто дека е со резерва и да одбива вакцинација. Кој не се грижи првен за своето а после за останатите?
Ама и ти си сфаќаш само тоа што сакаш, кој меша баби и жаби, реков не е само морбили вирус. И да јас само за моето си мислам, ти мисли си за своето, жал ми е што поминува низ тоа ама на крај памет не ми оди да вакцинирам дете и да си чукам главата како што чукавме за внука ми 6 месеци на детска клиника. Извини, ама морбили се мачкина кашлица за состојбата на внука ми, камо тоа да беше, да не мораше да прима хемотерапија 2 години.
Не е хемотерапија само за рак. Се применува и кај состојби кај кои е потребно да заслабне имунитетот за да може да се изведат одредени интервенции.
Даничап, здравје да завршиме со испитувања, носам дете на имунологија, правам испитувања дали смее да се вакцинира и ако смее, одма ја носам. Тие имале еден случај и мислам дека е одговорно и другите деца во фамилија да се испитаат после тоа. А сигурно ќе им дозволат без проблем да испитаат со оглед на нивното искуство.
Ако, правете. ИСкрено се надевам дека се ќе биде во ред и ќе успеете да вакцинирате. Тоа е ваша желба и имате право на истата. Кои испитувања се тоа? Се зема крв на детето и се гледа како реагира на состојките од вакцина ли? Упут од матичен ли треба?
Продолжи ли да вакцинираш, мислам те имав прочитано дека после првата не го однесе веќе, или сум се смешала нешто..
Да, треба подетално да се распрашам околу тоа, но колку што читав таа е постапката. Преку крв. Не знам за упат, ама јас и така сум решена да го правам тоа испитување, дали со упат, дали приватно, а ако треба и во странство.