Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.241
    Допаѓања:
    181.707
    Пол:
    Женски
    :( Кај нас тогаш. Македонија не одбива никого :)
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    Да, пишав во еден од постовите. Автоимуно заболување е иначе. За навек!
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.241
    Допаѓања:
    181.707
    Пол:
    Женски
    Имам мислење за ова, ама не сакам да навлегувам, болни теми се за секого.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.159
    Пол:
    Женски
    Да, ги прими сите три што се примаат до шестмесечна возраст. На година и четири месеци првата, на година и седум месеци втората, на две години третата. Ми рекоа за ММР во ноември да го боцнат, ама цело време е со растечен нос. На пролет здравје, заедно со брат му најверојатно.
     
    На anastasijaki и NarCis@ им се допаѓа ова.
  5. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    22.456
    Пол:
    Женски
    супер за твоето детенце...Ама еден ден коа ќе стане маж од 35год,и отиде на шетање низ европа па налета на морбили.....Нели возрасните потешко ги прележуваат,него децата...Не осеќаш грижа на совест дека ко мајка не си го заштитила на време?
     
    На Lianna Anna и oblace1 им се допаѓа ова.
  6. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Ете она ко мајка се обидува детето да стекне природен имунитет додека е мало. Ти како мајка нема да имаш грижа на совеста ако твоето дете на 35 години фати морбили а било вакцинирано? Си можела да го изложиш на морбили како дете да ги прележи и да биде заштитено цел живот.

    @NarCis@ првин прашај се себеси ама искрено. Дали ти би направила нешто потенцијално лошо врз своето дете за теоретски да заштитиш некое друго дете што не го познаваш? Сите се себични, и ти, и јас и сите на форумов. Сите гледаме што е најдобро за нашите деца, не за децата на некој таму. Еве пример, се испоставува дека не смееш да го вакцинираш твоето дете, дали ти би го вакцинирала за да ги заштитиш другите деца? Секако дека не. Ќе си го гледаш детето, затоа што ни 0.1% не те интересира детето на ниеден друг член овде. Кога е болно детето го пушташ во градинка? Претпоставувам воопшто не се мислиш двапати дека ќе ги зарази сите деца во групата. Па поголема збирштина на вируси и бактерии од градинка не постои. Секогаш има болни, сите болни деца пуштаат во градинката. Во просек секој месец детето закачува некој вирус или бактерија.
    Понатаму, дали мислиш дека ако некој е вакциниран нема да те зарази? Па гледаш што се случува 40% од заблените се двојно вакцинирани и цели градинки затвораат за да не се заразуваат вакцинираните. А што е со останатите 200 типови на вируси и бактерии кои ги фаќаме низ животот? Па кога проверуваш крв ти викаат има бактерија или вирусно е и толку. 99% од случаевите не се ни открива што вирус или бактерија е. Повеќето од нив далеку пооопасни од морбили.
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.241
    Допаѓања:
    181.707
    Пол:
    Женски
    Само ќе ти кажам дека има една разлика помеѓу мене и вас. Јас не смеам да вакцинирам, а сакам. Сакам за доброто на моето и вашите деца. Во вашиот случај не е така.
     
    На Harper, sofi2107, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    @Centurion Уште не разбра дека секој здраво разумен човек е свесен дека морбилите можат да бидат многу страшни и се опасни.

    Затоа доста повторувате да ги прележат, па да ги прележат како мали...Како можете да посакате за своето дете да закачи морбили?
     
    На Harper, Cka, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    И не разбирам што се фативте за тие што не вакцинираат, зошто се плашат. Па нормален човек ќе се плаши. Тие не ги избегнуваат вакцините зашто не се плашат од болестите(секој се плаши од нив), туку зашто им се сумљиви самите вакцини. Да не ја тупиме на таа тема.
     
    На riba79, joy1, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    797
    Дали е вистина ова ? Од моја гледна точка, нема зошто да не е. Вакцините ретко и наменски се проверуваат а се зема здраво за готово дека се е ок, иако испитувања прават само производителите. А таму е многу јасна работата, како секој продавач на производ, под тепих се става се, само да се продаде.
    Во Мк е полошо. Кај нас се даваат и нерегистрирани, како случајот со Бугарската вакцина пред некоја година. Ниту папиролошки не беше пројдена а камоли некако лабораториски.
    Многупати досеа родителите, поборници на слободен избор беа прозивани да направат истражувања за нивните тврдења околу неучинковитоста и опасноста. Италијанциве смогнаа снаги, и тоа го направиле со рандом вакцини, директно од медицинска установа земени, таму каде што се вакцинира.
    Не сум стручен да кажам дали 10К евра се малку или многу, ама па не испитуваат примерок на камен од марс, туку најобична повеќевалентна вакцина. Испитување кое треба да го направи секоја држава преку соодветни органи, пред секое пуштање во употреба.
    Проблемот е и во процентот на непознати материи, кои заштитени како авторски патент, никогаш неможат да го дознаат дури ни оние кои тоа испитување треба да го прават. Само производителот знае за тие материи.

    Истражувај иако тоа не треба да е ни твоја ни моја работа. Треба да веруваме на оние кои треба тоа да им е работа и заклетва. Состојбата за жал е далеку од таква да можеме со леснотија тоа да го направиме. Идитоизмите на човековиот ум предизвикува војни, профитот создава секакви пориви.

    Истражувај. Барај одговори, барај одговори од сите стручни лица на кои им веруваш. Барај логика, греби.
    За твоето дете се работи. Сите ќе се сложиме дека вакцинацијата е нереверзибилен процес. Назад нема.

     
    На Peperutce1115, Annath и Alishan30 им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    Ме зезаш, така? Морбили и вакцинирани и невакцинирани заразуваат, вакцината апсолутно не е гаранција, не ли сфативте веќе? Инаку одамна го имав тој пример пишано, братучетчиња, живеат во иста куќа, едното вакцинирано другото не, фаќаат морбили, вакцинираното завршило на клиника а не вакцинираното дома за две недели кукурек. Вакцинираното месец дена на клиника. Ваше е дали ќе ми верувате или не.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.198
    Допаѓања:
    88.885
    Пол:
    Женски
    Вакцината е превенција!
    Поради нејзината ефикасност немаме секоја година епидемија,ко што имаме со варичелата.
    Што не е јасно?

    Не е поентата дали ние ќе ти веруваме,туку дека тој твој пример не значи ништо.
    Односно служи само да се убедиш себе дека невакцинираните деца се поздрави,поимуни итд од вакцинираните што нема никаква објективна вредност.
     
    На Harper, kim.k, sofi2107 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.241
    Допаѓања:
    181.707
    Пол:
    Женски
    Вакцините не даваат 100% заштита кај секој. Значи има исклучоци. Тоа го пишува и во самото упатство. Исто пишува и дека нема евидентирани случаи на заразени кои префатиле од вакцинирани лица. И никој досега не изнесе такви податоци и уште кружи тој муабет низ темата, дека вакцинираните пренесуваат морбили и останати болести. Да беше така, повеќе од пола население ќе беше болно. Што од невакцинирани, што од вакцинирани кои ем пренеле, ем вакцината не ги заштитила. Ако не штитат вакцините, тогаш имаме некој добар бајач кој секојдневно мантра за добро здравје на Земјината топка. Освен таму каде што нема вакцини. Пр. во Африка. Таму се секако заштитени.
     
    На Harper, kim.k, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Сум за вакцинација, но со асални вакцини.Гледајќи ја државава катастрофа па и такви се вакцините.Господ нека не чува нас и децата наши и ваши.
     
    На LiliBoz и kikin им се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    5.765
    Пол:
    Женски
    I jas vakcinirana kako dete posle edna godina fativ morbili na 14 god. Gi.lezev so 41 temperatura i infuzii 10 dena. Uzas.!

    A zosto nema vakcina za varicela bas me cudi, za sve izmislija za varicela ne? Ili ne e taa sipanica tolku bas strasna..

    Momentalno vo pulevski skoloto ima deca so varicela. Morbili nema za srekja!
     
    Последна измена од модератор: 22 декември 2018
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Добри се заклучоциве. Да погодам која метода е употребена - "Од око". Чекај да ја пробам и јас:

    "Моето дете е редовно вакцинирано. Многу е поздраво од сите невакцинирани деца со кои има контакт."
    "Ќе се повторам пак, детето ми има многу подобар имунитет од невакцинирате деца!"

    Или ај вака да пробам:
    "Сум имал секс со болни од СИДА, а ја немам, значи нема врска тоа со ХИВ!"
    А можеби имам и деформиран CD195 протеин како 10% од европската популација, па не ни можам да развијам СИДА.
    А таа мутација е благодарение на црната чума од средниот век.
    Но тоа не е важно, важно е "од око" што ќе се процени.

    Како ми оди?

    Ако сакаш да намалиш имунитет даваш хемотерапија, не вакцина. А тие две не ги даваат заедно - погоди зошто.
    Вакцината е тука да го испрограмира имунолошкиот систем да има спремен арсенал ако се појави патолошки организам, пред воопшто да се појави, за да има спремен почетен одговор - и затоа понекогаш има и благ воспалителен процес како одговор на вакцината.
    Ако има друга причина поради која веќе има воспалителен процес, тогаш се избегнува давање на вакцини за да се избегне засилување и можни компликации од нов, паралелен воспалителен процес.

    Инаку чисто информативно, многу од смртоносните последици од вирусни инфекции се од премногу силен одговор на имунолошкиот систем и медикаментите што се даваат се за да се намали одговорот на имунолошкиот систем да не се убие сам себе.
    https://www.sciencedaily.com/releases/2014/02/140227142250.htm

    Кој те научи вака бесрамно да лажеш? Се стекнува.
     
    На Harper, kim.k, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.241
    Допаѓања:
    181.707
    Пол:
    Женски
    Има вакцина, ама кај нас не е донесена.
     
    На Chantal и riba79 им се допаѓа ова.
  18. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Има
    https://en.wikipedia.org/wiki/Varicella_vaccine
    И пишува кога и како е препораката, само ако може да се гарантира над 80%, пошто ако е под тој процент, тогаш може поголем проблем да направи, отколку да реши.
    Зачудувачки, но вистинито, СЗО уствари не препорачува да се дава "туку така", туку си има епдиемиолошки оправдани препораки. Ама со кого да се разбереш....
     
    На mimiiiii и riba79 им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Баш вчера се зборуваше на една од утринските емисии за ММР вакцините што дури некој ги поврзуваат и со аутизмот кај децата, но сепак не се согласувам со тоа децата да не се вакцинираат сепак вакцините се превентивна мерка против некој болести и вируси, ништо не нуди 100% заштита и сигурност.
    Јас ги имам примено сите вакцини па фала Богу сум здрава и немало несакани дејства, кога би имала дете исто би го вакцинирала бидејќи тој начин ми е многу посигурен отколку само така. Порано кога сите ги вакцинираа децата многу поретко се разболуваа, а сега ако дувне ветер на Шара децата одма се болни, не знам дали е до вакцините или денешните родители премногу си ги разгалуваат децата и ги пазат од се и сешто.
     
  20. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    https://www.skepticalraptor.com/ske...udoscience-corvelva-anti-vaccine-researchers/

    Толку е "обична" што секоја баба во село може да ја зготви у казан.
    Настрана потребни познавања од што уствари правиш, како клиничка биохемија, имунологија, генетика, микробиологија....


    Типично за анти-ваксери да напаѓаат личности.
    А да направеа документарец каде што ќе ги обработеа методологиите, статистичките модели, истражувањата, и кадешто ќе дадеа издржани критики потпрени на кохортни и клинички студии зошто мислат дека препораките се погрешни.
    Важно да се напаѓаат личности и карактери, пошто појма немаат од наука, ама дај ќе праиме пари продавајќи им глупости на лековерни.
     
    На FreeMind, TheSecret, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.