Познати се платените ботови ала СкептикалРаптор по нет, и токму наменски служат за намената за која се платени. Едно е бабата што може да зготви у казан, а сосема друго е што некој може да разложи. Неможе секој да прозиведе возило, ама добар дел луѓе можат возилото да го растурат. И тоа не чини богатство. Една лимена гаража и малку алат. Противниците на вакцинација, родители кои се борат за право на избор, или како што ти милуваш да ги деградираш со „анти-ваксери“ размислуваат за две страни на медалот, бидејки и тие некогаш биле „ваксери“, ама го прескокнале ѕидот на стереотипот. И користат и читаат студии и размислувања исто така на лекари и научници. Оние кои мистериозно ги снемува или губат титула спротиставувајќи се на нелогичностите и очајностите на вакцините. Тие се за наука, ама за независна. Не се за беспредметна верба на производителите на вакцини, земајќи ја нивната издржаност здраво за готово. И оние кои се прават по разни институти спонзорирани токму од нив. Добредојде „наменски“ на форумот и трета порака до сега. Се читаме барем наредни 50 страни. Ке се воздржувам од директни конфронтации, а твоја задача ќе биде да се што ќе објавам ти да го докажеш спротивното. Ако е досадно, зафати се во изворите наназад.
Во контекст на „епидемијата“ во градинката во Радишани, еве го "How to" учителот на нашите. Главниот авторитет во светот на вакцините, Пол Офит, автократ кој се задскрива зад либерал. Кој е најдобриот начин да натераш родител да вакцинира ? Напрај епидемија. Стравот продава. ( само 58 секунди )
И ете веднаш со напад на личноста, дека биле подплатени, дека имало завера и појма ти немам што. Дај критика на тоа што го има напишано како критика за нивната методологија. Ај со "една лимена гаража и малку алат" извади го јаглеродот од челикот во главата на моторот и остави го остатокот како чисто железо. Слободно постирај видео на youtube како тоа ќе го изведеш "со една лимена гаража и малку алат" и дај линк. Од она што го наведуваш како примери, единствено нешто што гледам е напади на личност и карактер и теории на заговор. Затоа сите се базираат на плукање и непризнавање на резултати што не им се допаѓаат. Ако тоа го подразбираат под "наука" тогаш прво треба да научат што е наука. Затоа ли се најрегулирана индустрија, затоа што е "беспредметна доверба". Пошто спомнуваш автомобили, кој ги прави тестирањата на автомобилите? Жито лукс? И, чисто информативно, ако сте за наука, формирајте здружение на граѓани, соберете пари и платете асална лабораторија да ви изготви детална студија на некоја вакцина. Ќе ви дозволат и да присуствувате на тестирањето и ќе ви објаснат точно што прават. Се разбира, тоа е кога се работи со асална методологија и асален пристап, не некое дете во подрум што прв пат видело спектрометар у живот и мисли дека примерокот вода е смртоносен пошто содржи хлор, а не сфаќа дека некој ставил кујнска сол внатре. "Наменски"? Тука сум да споделам мислење и коментирам. Затоа и се вика "форум". Или пак некоја теорија на заговор ќе извадиш сега од некаде. Од тие наназад што ги видов, тек треба да видам релевантен извор што не се темели на анегдоти и теории на заговор. Ти даваш одличен пример за тоа како анти-ваксери работат. Прв момент - веднаш го нарекуваш имиња, и правиш напад на личноста. Дали бил автократ или либерал е тотално неважно од стручна/научна гледна точка. Втор момент - земаш интервју на човек што дава реален пример што се случува кога нема вакцинација за посточеки болести - нормално дека ќе има епидемија. И одма спин дека е "напрај епидемија" и веднаш теорија на заговор, односно веднаш го врзуваш со Радишани. Дај докази дека сипаниците во Радишани се намерно предизвикани. Кој ги донел, од каде ги донел, со што ги донел. Од она што гледам, еденствени тука што -намерно- работат со страв до сега сте анти-ваксерите. Пошто се што служиш до сега е само пропаганда и спинови, базирани на напади на личност.
Јас просто се воодушевувам од начините на кои се воопштуваат работите на ниво црно-бело. Како медалот има една страна, а се што можеби го има на другата, тоа е она отпадничко, неписмено и против наука. Потпомогнато со добра вилица, човек само да си голтне и да каже балгодарам. Посочениот неименуван избор за Скептикал Раптор е токму тоа. Јас сум блогер и звање ми е ендокринолог, со завршен универзитет кој само јас го знам, и ви го подавам да голтнете. И сега, тој таков блогер на кој треба да му веруваме дека е ендокринолог е наспроти здружение на биолози на Италија, која го провела испитувањето. Цинизмот и надменоста (WTF) преовладуваат низ „стручната“ експертиза. Констатациите дека алуминитумот е комплетно сигурен ???, дека се направени грешки во математика. Непознатиот блогер им кажува на здружението на биолози на Италија дека не им штима, и плус ги напаѓа. Позната метода, а ти правиш одлична замена на тезите Последниве два дена неколку од (ослободени од влијание) весници, по Италија пишуваат за овој скандал во целост. Тешко се продава насилна демократија, бидејки се што има ризик мора да има и избор. Како во една Германија на пример, каде родителите кои не вакцинираат не се плукани по америчкиот принцип, прифатен ете кај нас. Јас не правам анализи на вакцини, и не знам колку чини тоа. Можам да претпоставам дека износот бил доволен за да се дознаат овие работи, бидејки да поврторно сметам дека тоа не е rocket science. Еве како соговорник, можеш да ми кажеш кои се твоите сознанија за составот на вакцините, со осврт на процентот на „непознати“ материи заштитени како патент. Повикот за истражување на вакцина е добар, но за мене како родител кој што одлучил да не ги вакцинира децата веќе е минато. Не дека немав идеја. Но ете, Италијанциве подобро се организирале, Па и ти неможеш да замислиш дека вакво нешто во Македонијава ни може да се случи. Теории на заговор, се интересно именување на работи кои треба да се фрлат под тепих и деградираат. Наменски. Историјата покажува сосема нешто друго. Јас исто не го сакам поимот, ама па да видиш колку од теорииве низ призмата на времето станале вистина. Пребарај да видиш. Ке се фасицнираш. И Никола Тесла своевремено бил прогласен за теоретичар на завера. Инаку нема лајк и дислак по слободен избор на студии. Треба да има truth и false. За жал испитување направено кај производителот и прифаќање како релевантно за мене е токму како блогон. Така настана Дизелгејт аферата на Фолксваген. Маме им е*аа. Кај фарма куќите е различно. Тоа се бели заштитени мечки кои во Америка се заштитени одговорност кога се нуспојавите на вакцините во прашање. Па репарациите на упорните родители кои докажале оштетувања или смрт од вакцина ( се смета дека тоа успеале 10% од вкупниот број оштетени ) ги плаќаат од буџет. И смрди. Корне. Изјавата на Пол Офит е јасна и гласна, како и неговата изјава дека без проблем може да се примат и 10.000 вакцини. Поврзувам логика со Радишани. Зошто не го проверат сојот на сипаниците од Радишани, или го провериле а ќутат ? Што е со периодот после вакцинација ? Дали можеби некое тазе вакцинирано детенце можеби пренело на останати во групата. И не се тревожи за „наменски“. Прочитај нананзад каков Бони и Клајд имало. Ништо лично. И да, верувам во случајности. Дур некој не каже стоп, за да не се таласа на темата. Уште еднаш ќе замолам да се тргнат термините ваксер и анти-ваксер. Не придонесуваат за нормална дискусија. Ти објаснив погоре.
Доктор и директор на клиника Dr.Neides се исповеда за злоделата направени од вакцините и застанува на страната на пациентите. Исто така не предупредува дека се спремаат уште 140 вакцини:
https://kanal5.com.mk/articles/360570/skopje-pred-seriozna-opasnost-od-epidemija-od-morbili јак е текстов.
Реакција на докторка од инфективно -е де. шо ако фати реакција на доктор од систина - па добро де, вие (за мене) коа бевте деца секој втор морбили прележа а вакцинирани бевте повеќе од сеа. понатаму што да речам..
Пол Офит продукција, смер МК - тема брр Еве листинг на останатите, а делумно и контрадикторни вести. Никаде точни бројки на заболени а невакцинирани ( само констатација дека бројката е голема ), кој сој, причина... И да, разгледувале картоните, и коа што да видат. 15.000 невакцинирани. Пуштај епидемија исто како лани ова време... Па и итна вакцинација во време на „епидемија“. Па слаб одзив дури и во епидемија.... https://time.mk/c/33f1f8dfd1/pad-na-imunizacijata-opasnost-od-epidemija-na-morbili.html И интересна работа. „Никој не може со сила да ги натера родителите да ги вакцинираат своите деца,“ https://meta.mk/mikik-edno-od-iljada-detsa-ke-pochine-poradi-komplikatsii-od-morbili/ Ајде за едно две недели ќе си продолжиме на раат со дискусијава, исто како лани. Коа ќе легне „епидемијава“ де. @Centurion , ме потресе видеово на докторов. Секоја му чест.
Демек вакцинирани не може да заболат? Текстов е ради реда склопен, насловот повеќе боде очи. Имајќи предвид дека грото само наслови читаат, доволно е паника да се крене. Морбили имало, и ќе има. Вакцината не ја искорени болеста, ниту тоа некогаш ќе се случи. Не дека немаше кога ние бевме деца, имаше, само немавме толкав пристап до информациите.
...не знам како можете вака да оделите анкета За или Против вакцинирање? зарем има една вакцина за една болест? за кои вакцини коментирате? да речам ќе ве касне куче или ќе се повредите... кој е тој што нема да прима серум и ВАКЦИНА антирабиес или антитетанична вакцина го гледате ли составот? или која мајка ќе се осмели да не му даде вакцина против детска парализа на детето или сипаници? значи има некои работи кои СЕ МОРА да се примат за имунизација како превенција... а некои за кои ќе се воздржиме...ама не вака ДА или НЕ! мислам ејјј ќе станеме афричко племе ли по смртност?
Јака е веста. Извесен доктор вика 9 од 10 деца ќе заболат. Пеки. Е па по таа логика 90% од децата во градинката и 90% од тие со кои тие биле во контакт ќе заболат. Е па како само неколку регистрирани случаи има?!
Тоа е беснило, не тетанус. Обично тетанус примаат без разлика дали е или не вакцинирано. Ама да, јас нема да вакцинирам. Ќе оставам да искрвари малце раната, со активен кислород ќе поминам, сребрени гази и толку. И немаме вакцина ни за детска парализа ни за сипаници примано, а види моментално има сипаници, мада за оваа не ни има вакцина.
истото важи за тетанус. За беснило има процедура. прво треба да се сомневаш дека животното односно кучето имало беснило потоа да го најдеш и да се испита истото тоа па ако се констатира дека е заразено со беснило тогаш детето ја прима вакцината и тоа ако ја најдеш. пошто не ја даваат велат нема. За уредно вакцинирано куче прочистено од паразити нема потреба детето апсолутно ништо да прими.
не појаснив убаво. Затоа не ме разбра. Сега се прочитав пак. Значи тетанус не е доживотна вакцина. На страна дтпр што сум примила како дете ако сега имам длабока рана од угриз од улично куче без ушна маркица автоматски треба да примам тетанус бидејки кај длабока рана не помага искрварување, баш напротив, може да доведе до сепса. Но ако е површна рана не мора.
Te прашуваат на клиника кога последно си вакцинирана. Ако има 5+ години те боцкаат. Серум, вакцина и треба да се јавиш за ревакцина.
...вака да те прашам, дали си медицинско лице? ...постои активна и пасивна имунизација против беснило, постекспозициона задолжителна имунизација против беснило се спроведува кај човек кој е каснат од куче, мачка било кое животно и не мислам на миленичето од дома или циле миле куче/маче од комшијата (па дури и тогаш ако треба), туку тоа куче бездомник, кое наутро покрај контајнер те пречекува кога одиш на работа кој никој не знае каде се лутал и ја пикал муцката, е такво куче ако те касне ти ќе проверуваш дали има беснило, а ти незаштитена од порано? па добро, различно мислење ама за другите си храбра за давање совети, ама сигурна сум дека за себе прва би зела по потрокол све што треба (од серум и пет дози вакцини)! и не само антирабичен серум и вакцина, нели против беснило ако те касне куче/маче туку се дава дополнително и антитетаничен серум со 3 дози антитетанични вакцини една веднаш,друга после еден месец и трета после шест месеци, поради сомневање дека кучето посетило контајнери каде има рѓосани предмети каде може да биде допрено кучето и преносител на Clostridium tetani токму според правилникот за имунопрофилакса!
Пред се смири страсти кога ми се обраќаш ако сакаш да добиеш одговор. Јас го кажав протоколот кој од ПРВА РАКА го знам. не знам каква врска тебе ти има беснилото со рѓосано железо покрај контејнер ама некако ја изгуби поентата меѓу редови. Што сакаш да кажеш и што не ти е јасно?
Tака де. Кога почнаа да спомнуваат за морбили на ТВ, пред 10 години максимум. За десетина години ќе се случи истото и со варичелата, од најнормална, здрава и препорачана детска болест од која никој никогаш не умрел, ќе се претвори во смртоносна заразна болест за која ќе бидат потребни минимум 6 вакцини до 18 години а потоа уште по една ревакцинација на секои 2-3 години и пак ќе има варичела, само сите знаеме како возрасните реагираат на варичела а како децата. Сиот овој страв околу морбилите е контролиран од едно лице во државата и сите знаеме кое е тоа лице. Ама нема да тера долго ниту оваа власт токму заради овие нечовечки политики и манипулации. Во врска со тетанусот, тетанус е единствената болест што ако се прележи не ствара доживотен имунитет, тогаш како се очекува вакцината да предизвика имунолошки одговор? Многу почудна ми е PEP постапката со 3 ревакцини после потенцијално изложување на тетанус. Вакцините се превентивна мерка, не се третман. Зошто се ставаат 3 вакцини во растојание од 6 месеци после потенцијално изложување на тетанус? Тоа е спротивно на науката за вакцини и никој досега не дал одговор зошто се практикува таа постапка.Во рок од 1-20 дена тетанусот ќе ги покаже забите доколку се активира. Но бидете раат, да беше тетанусот вистински проблем ќе имавме епидемија од тетанус, затоа што со максимално траење на вакцината од 5 години а последната примена на 18 години, ниту еден возрасен човек (23-100 години) нема имунитет против токсините на тетанус а болеста ја нема никаде. Патем слично како и туберкулозата, во неактивна форма ги носиме спорите на тетанус, се активираат само кога драстично ќе падне имунитетот.