Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    А мора да закачи и бронхопневмонија? Кој вика дека мора? Па и од варичела ми кажаа да го пазам сега, слаб му е имунитетот, ако закачи потешко ќе се бори. Туку дека не знаат да ги чуваат децата кога имаат сипаници затоа се разболуваат. Вчера го праевме муабетот, уште неисушени брунчињата у градинка ги праќаат, не биле заразни, не се за моето ама за него се. Аман не значи дека сите деца од морбили у болница се. Од блиски извори од 5те деца сега заразени 2 се вакцинирани, 3 не, едно е задржано во болница 4 се дома во супер состојба. Ова нормално не им е во прилог да го јавуваат на интернет, дознаваме од семејствата.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    Алелуја! Некој да спомне имунитет во вистински контекст! Браво Анке, браво! Верувам дека Матео полошо ќе реагираше од Варичелава да беше со послаб имунитет.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Не знам што е попаметно, што не е . Секако , една од одлуките е погрешна . Не знам дали мојта или на другите. МЕѓутоа, ме интересира, а немам видено по порталите, дали стварно потврдија дека во заболените имало и вакцинирани деца?
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.205
    Допаѓања:
    136.235
    И по мојата математика од бројкиве, поправете ме ако грешам, на 100 деца, 3 умираат од морбили. Кај нашiот доктор, сме 5000 деца, ако се сите невакцинирани, а се заразат 9 од 10, значи 20 ќе умрат???? Вотттт


    јас прочитав од министерот дека сите овие сега се невакцинирани
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Не бе.. крупна беше на 36, како овчата е мала? :drunk:
    Тие пликовите големи што се мачкаат со пудра и што оставаат кратерчиња (лузни) ако ги чепкаш...
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    @Annath зашто вакцинираш? Не ме сфаќај нешто погрешно, но по она што го пишуваш не можам да сфатам зашто вакцинираш. Заради казни можеби?
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.205
    Допаѓања:
    136.235
    По објавата дека 15 000 деца во Скопје не се вакцинирани против мали сипаници, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека останува на ставот во градинка и на училиште да се примаат само вакцинирани деца.

    „ Апсолутно, категорично и енергично ќе стојам на ставот дека во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани деца, заради тоа што никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца, никој нема право да влијае на сите тие фактори кои влијаат на јавното здравје, затоа што децата се нашата иднина и ние сакаме здрави деца“, рече министерот Филипче.

    За него податоците и бројките се навистина загрижувачки бидејќи дури 50 проценти од децата кои се родени во 2017 година не се вакцинирани, во 2016 година тој процент е помал, изнесува 30, но и тоа, според министерот, е висок процент на невакцинирани деца.

    „Не постои друго толкување освен дека тоа е поради силно изразените антивакцинални кампањи. Во прво одделение некаде околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно ме загрижува затоа што примо вакцината, тоа е таа што се прима во најмала возраст, е вакцината што го создава вистинскиот имунитет“, рече министерот Филипче.

    Филипче: Само вакцинирани деца треба да се примаат во градинка и во училиште

    ТРИ МИНИСТЕРСТВА РАЗГЛЕДУВААТ МОЖНОСТИ КАКО ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА УПИС ВО ГРАДИНКА И УЧИЛИШТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ
     
    На Peperutce1115 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Хммм,
    Нели е право на избор?
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.205
    Допаѓања:
    136.235
    Нема да биде.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.377
    Допаѓања:
    286.692
    Од една страна задолжително образование од друга задолжителна вакцинација.
    Не ми одат заедно работиве.
     
    На kukla21, Annath и kikin им се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.901
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав да кажам. :)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од казните тука. Вакцинирам, затоа што никаде во странство не примаат без редовно примени вакцини, веќе нема ни прифаќање на причини како религиозна основа и слично. Па имаме прилика да заминеме, не сакам невакцинирањето да биде услов за одбивање за виза. Знам дека е од погрешни причини, ама ете, со тешко срце решив да вакцинирам. Башка мм е за вакцини и покрај лошото искуство со нив што го имал како мал, смета дека се бенефит. Се најдовме на пола пат, тој вели да вакцинирам, јас вакцинирам кога сметам дека треба и со која сметам дека треба.

    Еве, вчера големиот требаше да добие ревакцина ди-те плус полио. На седум години што е, во второ одделение. ММР во прво што беше, не ја има примено. Ме притиснаа да ја прими прво неа, а после оваа регуларнава. Одбив. А секако според докторката што го прегледуваше, не е за вакцина оти е настинат. Ме притиснаа штом оздрави, да го носам за ММР, јас не сакам, барем не периодов. А не можеле да го вакцинираат со ди-те плус полио, затоа што за таа вакцина требало да има повеќе деца, т.е една отворале за 10-12 деца. Зима секако не ми е период во кој се вакцинира, оти ниедно дете не е потполно здраво, сите се со растечени носиња во најмала рака. И јас без крвна слика не би вакцинирала.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Annath , за каде ви бараат да се вакцинирани децата? Пријатели со 2 деца лани се доселија овде, ниедно нема ниту една вакцина примено, никој никогаш не ги ни прашал дали вакцинираат :| Чудно ми е зашто на западњациве (ај поконкретно, Скандинавциве) нема теорија да ги присилиш на нешто, најмалку на нешто што влијае на нивното дете. Барем дотаму важи правото на избор. Пробаа пред 2 години на мала врата да протнат задолжителна вакцинација, во рок од еден ден се’ се повлече. Ќе ги запалеше народот.
     
    На kukla21, yarre, kikin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.198
    Допаѓања:
    88.888
    Пол:
    Женски
    @Annath
    муабетов беше дека мешање со заразени деца порано било паметно.
    Да ги укинеме вакцините викаш ?
    Па наместо 50 случаи морбили годишно да имаме колку што има варичела сега?
    Тоа е решение?
    Со миење раце и бустање имунитет не се искоренува варичелата,нит па има 30 случаи варичела годишно, туку мноогу повеќе.
    Така да џабе муабетов.
    @WildMk
    Всушност така е позната кај народов,овча сипаница/крупна /варичела.
     
    На Peperutce1115, WildMk, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски

    Ај добро, џабе муабетов. Сите болести не можеш да ги искорениш. Ама јакнење имунитет е клучното за борба против нив. А според медицинарите и фармацевтите, вакцината е начин за јакнење на имунитетот. Или не? Пошто делува така што го стимулира имунитетот да создава антитела. Барем така е предвидено, а дали тоа го прави....


    @green.eyes не можам да ти пишам ЛП.
     
    На kukla21 и yarre им се допаѓа ова.
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...маченце, прва рака сум ти јас ;)
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.109
    Допаѓања:
    225.649
    Пол:
    Женски
    хахаах тешко.
     
  18. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... последен кој се смее...ама јас не се смеам, ситуацијава со вакцини е повеќе од жалосна! ...а тоа дека се дава такава комбинација...препрашај си ја повторно твојата „прва рака“ нека праша поискусна „рака“ (y)
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.109
    Допаѓања:
    225.649
    Пол:
    Женски
    за да си прва рака ти треба моментално да не си во мк туку на службен пат. А пошто мојата прва рака не е безобразна сигурно не си ти така да ... следен пат кога ќе сакаш нешто да докажеш глеј да не се изгубиш меѓу редови па да умешаш и тетанус и беснило и све.

    бре што сакате да се фалите а уствари сте обични лаборанти..
     
  20. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    (facepalm)