не драга. Се заеба со глупоста што ја тресна па немаш што да кажеш . Тоа е работата. не е мојот карактер. твојата неукост е. поздрав. пробај да загрееш столче повеќе ако сакаш да лечиш луѓе
спореди салмонела со перманентно оштетување на цнс (нешто наречено нус појава од вакцина римембр) членките коски им се тресат од нус појави а ти ги тешиш дека салмонелата е позаебана? јака си.
стварно???? еве го спие до мене а прележа салмонела. Како си дозволуваш вакво нешто да речеш???? овде има мајки кои не се запознаени со салмонела. нели имаш грам осет за тоа колку од памет можеш да ги извадиш со твоите дезинформации??? страшно !!!!
Ве замолувам да се држиме до темата на дискусија за вакцинација и вакцини. Салмонела и сл. дискусии не се соодветни за ова катче.
јас се извинувам... ама беше еден коментар погоре како споредба на недоверба на вакцините во МКД , а јас како пример спордбено со млеко од позната француска фирма заразена со салмонела... кој гарантира дека вакцината во Грција што членот посочува со совет да се купи/прими е безбедна? онака со факти...а не од рекала казала муабети!
Во ред, споменатото мислење стои, но нема потреба целата дискусија да добие сосема нов правец. Ве замолувам да се врати дискусијата во првичната насока, за и околу вакцините.
Јас одговорив на прашањето на Мартка. Не ја фатив за гуша да оди во солун уште одма. патем и нагласив дека нус појавите и таму и кај нас и секаде во светот се исти.
Еве јас сум прва рака. Касната од куче. Не сум на службен пат, тука сум Бев на ургентно да ми чистат рана. Ми рекоа побитно е вакцина. Трк на инфективно, па врати се тука. На инфективно ми ставија серум и вакцина. Претходно ме прашаа кога последен пат сум вакцинирана. Ми кажаа да се јавам и за ревакцина. Ми рекоа да донесам потврда дека кучето е прегледано од ветеринар. Ако не донесам, по некој си протокол требало задолжително за беснило да ме боцкаат.
Прво мислев да ја скарам Лилика малку ама ти си била стварно чула не дочула. Ќе се запрепастиш дека од докторот кој го менува министерот ми посочи да вакцинирам со вакцини од Солун, мхм, и посочи дека сите колеги така прават. Инаку бев отидена да не прими министерот, тогаш беше само доктор ама беше заминат на операција па не прими колегата. Знаеш дека и бивша директорка на детска боцкаше со тие вакцини? Ај не лупетај те молам! И пак тресеш зелени. Самиот министер најави поквалитетни вакцини, а тоа значи дека овие и не се баш квалитетни, чим има поквалитетни. Извини вака ама се што кажа погоре падна у вода!
На која смешка од држава да и верувам и на кои квази доктори ви се молам. Па уште задолжително вакцинирање, нема проблем. Спакував куферите и аливидерчи. И така многу не останаа. МОЕ дете, МОИ одлуки, ЈАС сум таа што ќе го гледа, расте и сноси со последиците ( од вакцина и од невакцинирање). Сите имаме некакво искуство по нашиве болници и за "помали" и за "ситни" операции и некој и за жал за "поголеми". Од десет доктори две идентични мислења нема, ниту пак иста терапија- како различна медицина да учеле, ако воопшто сите од нив учеле. И вистина е тоа да, не сме наивни. Затоа секој за своето дете бара "најдобар педијатар", "најдобар хирург" итн, итн... Апсолутно никаков фактор не ми е тоа што некој си таму доктор или министер или што и да е мисли дека СИТЕ деца треба да се вакцинираат. Тоа е право на избор и ако сака министерот со неговите деца може да се вакцинира и ревакцинира 100 пати со ммр и дтп истовремено (како што ми предложија мене во диспанзер) тоа за мене не е никаква гаранција ниту нешто ми значи. Па уште да ме услови дека МОРАМ да го боцнам, со вакцина која тој ќе ја избере на тендер од производител фирма која до вчера не постоела...аха важи. Јас дете родив за да биде нечиво заморче. Инаку да се надоврзам за муабетов за тетанус и беснило...пред 2 дена моја пријателка ја касна нејзиното куче домашно, ама убаво ја зграбчи. Јас ја носев на ургентен, така да ова се јас лично го видов. Ја исчистија раната и ја преврзаа. Се мислеа дали да ја шијат, па ај не. Тетанус- нема, вакцина против беснило-нема вика сестрата на хирургија на најголемиот ургентен центар во државчево. Немај гајле и вика докторот, ќе си купиш утре од сабајле па дојди ние ќе те боцнеме. Сабајлето 10 души како диспечери вртиме по аптеки низ Скопје никаде нема вакцини. После саат време паники наоѓаме тетанус. Трк до аптека и право на ургентен. Ја боцнаа и и дадоа амоксиклав да пие една доза. Прашуваме за вакцина против беснило, зошто никаде ја нема, што да правиме? На ова соба полна бели манитили крева раменици и една докторка ни вика:"епа тоа е- нема. Ај кучето домашно е, ВАЉДА нема беснило,а?" Така да јас моето дете можам слободно да го вакцинирам пошто ВАЉДА ништо нема да му биде и ВАЉДА нема да има никакви последици по неговото здравје вакцината што ВАЉДА ќе го заштити од болеста за која е наменета...ВАЉДА.
Баш тоа и го пишав погоре. НЕМА вакцина беснило. Потрошени се. (така викаат а не е така). Нека си го вакцинира кучето пријателката и ќе нема потреба да се притресува за вакви работи. Патем сигурно беснило не фатила иако не било вакцинирано. Ако животното има беснило во рок од 24 часа треба да се прими вакцината, а не како што велат во диспанзер-најди го животното па ќе видиме. Реално? И неук ќе познае кое куче има беснило а кое не.
Ме чуди ова. Не ве пратија на инфективно?! Мене од ургентен на клиника, ме пратија на инфективно, таму да ме вакцинираат. Они воопшто не спомнаа дека они би ме боцкале. Не. Ја однесов потврдата од ветеринар и ми рекоа сега нема потреба. Да не однесев ќе требало.
Точно. Мене ми рекоа во рок од 24ч да се носи на ветеринар и назад со потврда или на вакцина за беснило.
Така. Јас на никој не би му рекла -прими беснило за секој случај. Можам слободно да речам дека таа е најквалитетната вакцина во државава но и таа не е без нус појави. Али ете другарката поназад не убедуваше дека мора беснило да се прими . Онака без основ само зашто те каснало куче .. па и ревакцина да се прими.
Ниту спомнаа инфективно, ниту кучето да се носи на ветеринар, ниту некаква потврда. Ја боцнаа на ургентно во првото сопче десно од влезот, стоечки зошто чаршавот беше толку прљав што ни куче не би легнала на него. И рекоа да си го испие антбиотикот и толку.