Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    И ете го повторно истиот пристап. Додека тој пишува во врска со хемиските процеси и зададените дози во испитувањето, ти само се повикуваш на напади на личност.
    И потоа со обид на повикување на авторитет којшто е исто лажга - никакво здрушение набиолози не го направило истрашувањето, донирале 10.000 еур, пошто овие не можеле сами да ги соберат, а "истражувањето" им е толку "добро" направено што ни тоа здружение го нема објавено во нивни списанија.

    И врз основа на претходната лажга дека здружението го направило истражувањето продолжуваш со повикување на авторитет, без притоа да дадеш јасен одговор -
    Дај издржана критика на неговата критика. Или планираш да продолижиш со напади на личност и повикување на авторитет, потшто немаш ништо поиздржано.

    И повторно продолжуваш со истото - прво велиш дека не знаеш., ама после тоа даваш оценка дали е или не е rocket science.
    Значи не правиш анализи, не знаеш колку чини, ама си тука да процениш дали го бива или не?
    И повторно се повикуваш на "непознати материи" од истото дискредитирано "истражување" притоа игнорирајќи го моментот дека е дискредитирано пошто не го бива.

    Нема непознати материи, си пишува точно што има. Ако дадеш асално изведено истражување со поинакви заклучоци, тогаш ќе зборуваме на темата - само повторување на истата лага од истиот извор не ја прави вистина.

    Аух, сега уште ме набедуваш што јас можам да замислам а што не. Знаеш воопшто да дискутираш без напади на личност, или тоа ти е плафонот?

    Пак "наменски". Интересно именување на работи коишто луѓето го прават кога сакаат да се повикаат на теории на заговор.
    Историјата покажува многу работи. Како на пример дека да го референцираш Никола Тесла во муабетов е само повикување на авторитет што нема никаква врска со вакцини.

    И повторно вртење вода на сопствена воденица без кредибилни извори.
    Дај извор за 10% бројкава.
    И дај извор за тврдењево дека се плаќаат од буџет. Ако најдеш извор, дај и бројка. Сите буџетски бројки се јавни.

    И оштетите што ги даваат судовите за штета од вакцини е од последици на -примање- вакцина. Има разлика исто како што има разлика дека во гевгелија не умре родилката од анестезијата туку од пијаните анестзиолози.
    Запозанј се малку подорбо со историјатот а тие судови од релевантни извори место од теоретичари на заговори, чисто за да знаеш за што се обидуваш да дискутираш.

    Како што видов, ама ич не е јасна за некои луѓе. Твојот коментар е дека тој рекол "направете епидемија", додека тоа што тој кажа е "во невакцинирана популација ќе има епидемија".
    Разликата е небо и земја.

    И еве веднаш пак теории на заговор. "Провериле a ќутат?"

    Имало детенце на тешка имуносупресивна терапија што го вакцинирале, а што би било кршење на сите протоколи и прописи за давање на ММР, па и плус и во градинка да го пратиле со тешко повраќање, пролив и дехидрација од терапијата?
    Ако немало, не е од тазе вакцинирано.

    Значи прво ми велиш што мислам, сега ми велиш и што чувствувам. Следно ќе ми кажеш и што сум бил во претходен живот.
    Во нормална дискусија нудиш факти и аргументи, не само рекла~казла повикување на авторитети и повторување на истите лаги од истите извори.
    Пробај пак.
     
    На Yowannty, Cosmi, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Веројатно истото тоа го мислеле и за Вариола Вера, па сепак со глобална редовна вакцинација...
    https://en.wikipedia.org/wiki/Smallpox#Eradication
    Како и секој друг вирус што фаќа само луѓе, можно е да се искорени.
     
    На Cosmi и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Некои нови ветрови дуваат во Европа.

    Уседените здравствени фактори од Италија, поборници на заложништвото за гасење на медицинските права на луѓето добија отказ

    Има надеж за светов.

    https://prepforthat.com/italys-vaccine-choice-health-minister-fired-30-health-council-members/

    @OutOfAnywhere , сурфни рикверц. Се ти е доловено. Со линк со се.
    Не мислам да се повторувам и правдам над твоите извртени заклучоци.

    За Радишани, иако мислам ме разбра. Дали детенце кое е тазе вакцинирано можело да биде во друштво со некое од невакцинираните бебиња во јасли ( дома, по гости и слично ), кои ете поради возраста не се вакцинирани ?
    Заболените дечиња се крстени невакцинирани, за воведување на паника, иако истите согласно препораките не можеле ниту да бидат.

    За воошто подобро да ме разбереш. Ако сакаш.

    http://www.ronpaulinstitute.org/arc...april/23/first-they-came-for-the-anti-vaxxers
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Од анекдотално до форензички докажано. Шествалентните вакцини (како на пример Инфанрикс Хекса која се дава кај нас) е причинител за ненадејна смрт (sudden infant death syndrome - SIDS) на дете поради несоодветен имунолошки одговор.

    https://www.sciencedirect.com/scien...zH4lBXgBP26a7qKu6xP1tEqNtxrylDHZh4CEefdEHycGw
     
  5. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    22.456
    Пол:
    Женски
    за да се пристапи до целиот пдф. документ да се прочита,искача прозорче кај што бара да се плати/донира за да се доврши испитувањето...Не ти се сомнителни малку вакви вести и страници??мене ми личи на цицање пари од луѓето.
    И секој со својот став за вакцинирањево,ама ти стварно упорен си у сеење страв за вакцините.олабави малку! ако си решил да не вакцинираш,не вакцинирај ама не убедувај со некои линкови со квази информации
     
    На Lianna Anna и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Sience direct e ко што гледам линкот.
     
  7. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    "Уседените"? Имаат мандат од три години. Живти уседеноста.
    Или мислиш на тоа дека посветиле време да завршат факултет, да поминат години искуство, да се остручат и уствари да се специјализираат за областа.
    Тоа порано се ценеше, ама сега е ново време, каде што секое дете што прочитало две статии на интернет мисли дека медицина е сликовница од 20 страни.

    Надеж за светот носат политичари што ловат гласови од инвалиди, за потоа да ги остават на цедило, а....

    https://www.theguardian.com/world/2...ent-mp-matteo-dallosso-quits-party-disability

    Живти надежта.

    И повторно истото, место да дадеш нешто конкретно само се повикуваш на претходните спинови, манипулации, лаги.
    Не е важно колку пати ќе ги повториш истите дискредитирани студии и лаги, остануваат лаги.

    Дај ми го изворот каде што пишува точно која возраст се децата. Баш ме интересира кој го објавил тој личен податок.
    И да се повторам - ако мислиш дали можело вакцинирано дете да им пренесе - кој тоа мислиш дека си дозволил да вакцинира дете на тешка имуносупресивна терапија, со сите симптоми од истата (повраќање, дијареа, мускулна слабост итн), па уште и да го пушти да се меша со други деца.

    Проблемот е што не ме разбираш кога ти велам дека толку немаш појма од научна методолија што воопшто не можеш да дадеш издржан аргумент.
    Ама кога ти си веќе убеден дека знаеш повеќе од стручни епидемиолозии, инфектолози, имунолози, генетичари итн... и дека сите тие врска немаат од тоа што учеле...
    Ич не ме чуди што не ме разбираш.

    Гледаш, со ова всушност само потврдуваш дека не знаеш наука - референцираш дечки што се имаат докажано дека би си го продале гзот - кој за пари, кој за гласови.
    http://scienceblogs.com/insolence/2007/12/28/ron-paul-quackery-enabler/
     
    Последна измена: 31 декември 2018
    На Yowannty, Lianna Anna и Cosmi им се допаѓа ова.
  8. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    @kukla21 @TarantulaA

    Не треба целиот текст, од авион се гледа во сижето - Од кога тоа "likely" стана еднакво со "форензички докажано"?
    Малку поширок цитат: "...allows us to conclude that acute respiratory failure likely due to post hexavalent immunization-related shock was the cause of death."
    Алтернативно објаснување: "...дента му хукна комшиката што јадела риба во лице, и алергиската реакција likely поради рибата го уби."

    За другпат, има стандарди за биохемиска анализа на алергиски реакции на вакцини:
    https://europepmc.org/abstract/MED/28252871
     
    На Yowannty, TarantulaA, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Одиме понатаму.

    Зголемена смртност после ДТП.
    Место да ги нахранат децава, и чиста вода за пиење.

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/labs/p...onths-in-guinea-bissau-a-time-for-reflection/

    @OutOfAnywhere

    Јас ништо не разбирам. Барам логичности. Не наредби. И никако не сум спеп follower. Особено не на наука која и по природа е менлива а да не зборам дека е таква и под влијанија. Ставовите ги градам врз логика на научници и лекари, а и искуства од родители. И инстинкт се разбира. Елаборација на мојата маленкост е веќе направена наназад, и не треба да е предмет на дискусија, ако се почитуваат правилата на форумот.

    Види.
    DoXlkgaW0AA2z9J.jpg
     
    На Centurion му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koste81

    koste81 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јарре не ми е јасно, зошто оопшто објаснуваш и се трудиш кога некој гледа само тоа што сака да види. Пишува дека илеревантни се само тие од светска здравствена организација, а они имаат најголеми парични бенефити со вакцинацијата. Пред неколку години Bill Thomson еден од петте доктори кои вршеа студија на поврзаноста со MMR и аутизамот призна и поднесе докази за фабрикување на истата, дека ММR е причинител на епидемија од аутизам, но палеле и бришеле податоци за да се сокрие. Ова јасно им го кажа еден од сенаторите во отворено обраќање во Сенатот и побара истрага, затоа што се е чисто сеуште нема никаков одговор нити нешто е истражено. Знаете на кој начин се донесува одлука да се користи некоја вакцина, на 4 дневно следење на единките кои учествале во клиничкото истраживање, нема клиничко истраживање со плацибо и вакцината кој е. Него се твши помеѓу вакцината за кое е кл. истфажување и вакцината од дифтерија и тоа трае само 4 дена. Срамота
     
  11. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Понатаму со лошо дизајнирани студии што си прават чери-пикинг, ако треба да се оцени според претходната и оваа подолу.


    Зголемена смртност од -што-?
    Значи дечкиве земале "Non-specified mortality" во период од 1981 до 1984 - зошто не понови?
    И тоа во време кога земјата е под воена влада, во состојба на граѓанска војна.
    Може кај бројкиве нивни да им треба малку корекција во врска со причината за смрт, ако воопшто ја знаат.

    Или сега вакцините се криви и ако те застрела некој од спротивното племе во граѓанска војна?

    Ако ништо не разбираш, тогаш врз основа на што коментираш и тврдиш, како погоре што велиш за онаа фалична случај-студија дека нешто покажува "форензички докажано", а што излезе дека е уствари од ракав истресено?

    Науката е менлива? Аух, "new age speak"....
    Сакаш да кажеш дека некои денови ти работи гравитација, некои леташ како супермен?
    Или дека некои денови се шетаат џуџиња и прават да работат мобилните со нивната аура, а во други денови работат со базни станици?
    Или да одиме подлабоко од секојдневната примена на научните достигнувања - сакаш да кажеш дека утре дедукција и каузалиет нема да работат, и Втор принцип на Термодинамика нема да важи?
    Или кога ви одговара тогаш ја признавате, ама кога не ви се сложува со она што верувате тогаш кој ја врти, ќе си барате изговор да ја игнорирате.

    И сега ќе изиграваш жртва.... Ти мене ми велиш што мислам и што чувствувам во претходните постови, не јас на тебе.
    И секој пат кога се посочува дека тоа што го постираш има сериозни фалинки, спинови, пропаганди, манипулации и лаги, само наоѓаш нова фалинка за постирање.

    Логика на научници и лекари? Покрај тоа што ова е блатантно повикување на авторитет, научници и лекари не дефинираат логика. Филозофи дефинираат логика.
    Прочитај малку повеќе за Научниот Метод.

    Смешки.
    Самото тоа што дедукција ја ставил во субјективизам, и се обидел да ја оддели од научниот метод веднаш би требало да упали црвени светла дека појма нема што збори.
    Повели, едукација:
    https://en.wikipedia.org/wiki/Hypothetico-deductive_model
     
    На bijonse, Yowannty, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Овој заклучок баш би сакал да го видам аргументирано, и потпрено со факти, како тоа организација што добива фондови од светските влади, има "најголеми парични бенефити".

    Истражено е.
    Податоците не се уништени, туку си ги има во дигитална форма, проверени се и нивните заклучоци се погрешни.
    https://www.forbes.com/sites/emilyw...teblower-and-an-autism-tempest-in-a-trashcan/
    И сега, што правиме со психопатскиве лажговци Хукер и Вејкфилд што само сакаат да прибираат пари од лековерни луѓе што ќе поверуваат во било каква теорија на заговор?

    Ајдеее.... Од каде ли ги вадите овие глупости....
    Повели, едуцирај се:
    https://www.historyofvaccines.org/content/articles/vaccine-development-testing-and-regulation
     
    На Yowannty, sofi2107, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    136.261
    Ајде те молам.
     
  14. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Луѓето некогаш останале поздрави без вакцини. Вакцините ми се нешто морбидно кој знае шо има во нив?
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    136.261
    што со линков? Јас мамита ја прашав, дека лупна видео а ништо нема кажано во видеото.
     
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Лупна линк и замина без никакво инфо. Дали и има доразбрано или само насловот го гледа? Типично..
    Сите 3 во ист ден биле вакцинирани од горенаведената вакцина и развиле аутизам,знаци почнале да даваат уште првиот ден. Им рекле дека е генетски, па преку генетски инженеринг испаднало дека немале лош ген за вакцинава.
    После 7 години дознале дека вакцините требало да бидат повлечени од пазарот, цела серија биле повлечени ради стерилизација. Од друга страна, нема никаков доказ за сето ова, никаков документ од испитувањата, на зборови и на солзи да веруваш останува. Како човек сочуствувам со нив, за останатото сум скептик..
     
    На ivi1987, oblace1, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Што се случи со твојот претходен став за вакцините?

    Ги има и во средини со 99% покриеност со вакцина. Секогаш ќе ги има. Проблемот е како правилно да се насочи одговорноста за неефикасниста на вакцината. Денес ниту производителот, ниту државата не е одговорна за нефикасноста на вакцините.
    Инаку Кина најави големи казни за производителите на вакцини како и дека ќе го поништи законот со кој на прозводителите на вакцини им се гарантира имунитет пред законот. Производителите на вакцини (во Кина) ќе можат да одат на суд.

    https://www.bbc.com/news/world-asia-china-44920193
    https://www.nytimes.com/2016/04/19/world/asia/china-vaccine-scandal.html
    https://www.scmp.com/news/china/soc...ims-sue-vaccine-makers-punitive-damages-after

    Во теорија можеби, во пракса, официјално ниту една болест не е искоренета...досега. Тоа го кажува науката.

    Чери пикинг има на двете страни, но далеку повеќе таму каде што се парите. Секогаш следи го изворот на парите. Парите ги тераат луѓето да прават незамисливи работи ;)


    Како се расфрлаш со форензика, бравос :)

    Science is never settled. Едно време се мислело дека земјата е рамна, сите што мислеле поинаку биле затворани.


    Дали го прочита ова што го постира? Како може да донесеш заклучок кога случајот сеуште е по судници?
     
  19. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Што се однесува до типот на сипаниците, еве едно појаснување. Користам англиски имиња, затоа што македонските се збунувачки а и полесно ќе можете да дојдете до потребните информации со англиските.

    1. Chicken pox. (Ние ја викаме голема, варичела или овча). Целосно безопасна. Препорачано е да се прележи како дете, на старост е потешка. Се вакцинираат само во Америка, но тенденцијата е оваа вакцина да се истурка во сите земји во светот, исклучиво заради профит. Вакцината е неефикасна и предизвикува Shingles (Herpes Zoster), но бидете без грижа, измислија вакцина и за таа од вакцина предизвикана болест, вакцината се вика Zostavax. А кога ќе се утврди што точно предизвикува Zostavax, ќе се направи нова трета вакцина која ќе ги поништи нус појавите на втората, која треба да ги поништи нус појавите на првата.

    Родителите во минатото и денес намерно ги заразуваат своите деца уште во претшкоска возраст, традиција што треба да остане.

    2. Measles. (Ние ја викаме морбили или мали сипаници). Релативно безопасна болест, барем таква беше претставувана до пред појавата на вакцината.

    Колку била навистина потребна вакцината може да видите самите од графикот:
    [​IMG]

    А колку е опасна болеста може да заклучите самите попрецизно од следниот график:[​IMG]
    Како што може да се види смртноста во Англија од морбили пред воведување на вакцината изнесувала околу 50 случаи нa 50 милиони население или еден на милион.
    Вакцината е нефикасна и неефикасноста на вакцината требаше да се компензира со воведување на втора вакцина. Порано се сметаше дека имунитет од вакцината драстично се губи после 8мата година од примање на вакцината, но новите наоди како епидемијата во Португалија даваат индикации дека вакцината има дејство од само неколку месеци и грото заболени се двојно вакцинирани деца. Исто така 40% од заболените деца во Дебар се двојно вакцинирани.

    До 70тите години родителите ги праќаа децата на measles party да се заразат со морбили, денес морбилите се претставени како смртоносна болест. До пред 10тина години воопшто не ни известуваа на телевизија за нив, денес се шири паника и хистерија. Сами одлучете според приложените бројки што е вистина.

    3.Small Pox. (Variola) Опасна болест со голема смртност, за среќа скоро никаде ја нема. Со оваа болест почнува целата експедиција со вакцините. Првите 150 години вакцината била целосно неефикасна и смртоносна, но во последните години од нејзината примена (1970т) вакцината има максимална ефикасност од околу 70% во времеетрање од само 2 години.
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    136.261
    Твоево објаснување и објаснувањето на докторката не се исти.