не и замерувај. не си свесна колку раб не ги кажуваат ни у средно медицинско ни на факс. страшно е тоа. плус законот е менлив. . Се зависи кој морон ќе седне у фотеља
Да ви кажам јас само дека добар процент од овие најмајки што не си ги вакцинираат децата ги слушаат некои комшивки,роди што не си ги вакцинирале па тие да не се кусо.Малку се тие што се начитани па имаат доволно аргументи што се научно докажани.Јас сум вакцинирана,фала богу сум немала несакани ефекти.Но,свесна сум дека и постојат.Е,квалитетот на вакцините е мислам проблемот за невакцинацијата.Вие не си ги вакцинирајте децата,но бидете свесни и за вакви епидемии ако се појават како резултат на вакво невакцинирање.
Истиве муабети со професори ги имаме водено, еден дури кажа, подобро со ѕид да се објаснуваш, него ли со антиваксер, повеќе ѕидот би те сфатил. Го сфаќам сега целосно човекот. @GirlRose ете уште едно идно медицинско лице што го има истиот став, па сега нивни одлуки на крај краева
Многу некоректен ти е муабетов. Има мајки кои не вакцинираат од лични причини, има такви кои не боцкаат заради медицински и оние кои не вакцинираат заради неубави лични искуства. Не е убаво да судиш. тоа е исто ко јас да кажам, со оглед на тоа какво ни е здравството, можам да замислам какви професори ги образуваат и учат тие „професионалци“. Не е во ред. Посебно затоа што сите тука знаеме/имаме во фамилија бар едно медицинско лице. Јас лично познавам такви кои се уште си ги носат децата на вакцина во грција.
Не судам, си го кажав ставот исто ко и вие што си го имате сосема спротивен од мојот. Сепак, на ваша одговорност е ако не ги вакцинирате децата. Јас уште сум ЗА вакцинација и ќе бидам и понатака. А поготово што некои се толку дрски во темата и тоа кажува за нив повеќе, со таков тон и буквално погазување на некој што со години се образувал, да повеќе знаел некој што е немедицинско лице. Нека, после не чинело здравството. Нема што повеќе да се дискутира тука.
Ете јас конкретно не вакцинирам затоа што немам верба во системот. Свесна си ти дека деца се вакцинираа со нерегистрирани вакцини? Си ја видела кампањата на филипче дека откако ќе влеземе во ЕУ ќе имаме најквалитетни вакцини кои се тестираат пред да се пуштат на пазарот?! А ние што сме? заморчиња?
A kaj procita deka nevakciniram? Normalno deka vakciniram, no sakam mmr so vakcina od eu zosto imame zdravstvena indikacija za toa sto najmalku na tebe Antivaksetru bi ti objasnuvala za toa, ok?
За ова те сфаќам. Но, тука е подлабок проблем. Не е до медицинарските лице проблемот и до тие што вакцинираат деца и се за вакцинација, туку до власта и што нашата држава ја сметаат за небитна во Европа.
Ете за ова велам.Вакцините сами по себе како инвенција воопшто не е лоша работа.Но,едно големо НО.Системот,владата,државата и самиот КВАЛИТЕТ (кој е најпресуден од се) е проблем.На факс не можат се да те научат,но може сам да се заинтересираш да прочиташ научни трудови кои денеска се многу достапни.Многу болести се искоренети со вакцини,пример туберкулоза.Но,кај нас системот е во распад,а секако на крај луѓето си го добиваат лошиот резултат.На крај краишта кој знае,можеби и министерот си го вакцинира детето во Грција,а тука врши пропаганда дека МОРА да се вакцинираме.Така да солидна опција ни било ние сами да си имаме достапни вакцини и поголем спектар на различни фирми и сами да си ги купуваме,така што нема системот нема да е виновен.Имам размислувано на темава доста.Во конкретниот систем сум пола мислења со @Dream-Girl и @kukla21 .Сум ЗА квалитни вакцини,со сигурен квалитет и минимални нус појави.А,не да сме експериментални глувци на некои си сомнителни фирми.
Јас колку што знам туберколозата не е искоренета... Може грешам, ама членки тука што работат на инфективно имаат кажано дека на клиника има редовно пациенти.
ама никој не рече дека е до вработените. конкретно до филипче е ова. И зашо забрана ако децата што се вакцинирани немаат ризик од смрт!?
Па како тогаш ги судиш тие што не вакцинираат? Филипче ако сака да подигне процент на вакцинација друг метод треба да одбере, не заплашување и забрани. Репресија секогаш дава контра ефект на секое поле. Било кој проблем за да се реши треба да се третира суштинската причина, не последиците. Место кампањите што ги правеа за „едукација“, требаше да ги насочат кон сигурност на вакцините, квалитет на истите со цел зголемување на довербата на родителите. Место тоа они прават реклама какви ќе биле вакцините кога ќе влеземе во ЕУ. Едно и друго не иде заедно.
Не го коментирав ова јас само кажав дека сум за вакцинација, па некои се испонадоврзаа. За ова мислам дека само невакцинираните не треба да одат во градинка периодов додека не се стабилизира епидемијата. Но, има некои што одлучуваат вакви одлуки, а ние само можеме нашиот став да го кажеме. @kukla21 не судам само сметам дека треба да се вакцинираат децата за да се заштитиме од епидемии, а ако некој не ги вакцинира да не ги обвинува после вакцинираните, градинките и школите. Општо од темава може да се заклучи дека антиваксерите не прифаќаат туѓи мислења и упорно се убедуваат за невакцинација, а тие што се за вакцинација сепак прифаќаат и туѓо мислење иако сметаат дека вакцинацијата е подобар избор. А, на крај, секој си одговара за своето дете. Јас ќе си одговарам во иднина за моето и без разлика кој и да е ризикот ќе вакцинирам, тоа е само една можност дека може да има несакана појава, а да се базирам на тоа и да ги оставам невакцинирани сепак не би.
е зашто?? нели штити вакцината? ?? џабе ли боцкаме? ?? Филипче да објасни под итно!!!! порано се криеше кога имаше епидемија. Пред 10 год памтам како криевме нешто и фала богу не се дозна. А сеа дури и ќе измислат за паника да створат. дебили!!
Незнам Најголем дел(зборам за градот наш) се млади луѓе помеѓу 20-25години Значи и не се баш така одамна вакцинирани
Такоџе има туберкулински тест што покажува дало имаш доволно антитела против туберкулоза и покажува дали е потребна ревакцинација.Ете,конкретноза туберкулоза.За други вакцини си кажав мислење .