Во секој случај сум ЗА, не се чувствувам компетентно да коментирам стручно од медицински аспект за нешто кое нема допирна точка со мојата струка и образование а сериозна тематика е за да се служам со некакви сознанија здобиени од интернет кои што често се непроверени, се работи за човечки живот а не размена на индивидуални ставови.
Зошто велите дека сознанијата се здобиени од интернет, кога еден куп жени тука ви кажаа искуства со сопствените деца? Демек мајкиве што споделуваат лоши искуства ретардирани се???? Што е мубаетов?
Тоа со индијанците не биле „кравји сипаници„ туку „големи спаници„ (вариола) искоренети крајот на 1970-те. Надворешните сипмотми се слични но кравјите се далеку поблаги во однос на другата. Џенер (1796) открил дека оние кои прележале кравји сипаници(ги пренесуваат глодари но и мачки) биле имуни на големите, и така ја создал првата вакцина што во превод од латински би значело „од крава„. Внимавајте на термините во превод! Има сериозна разлика!!! -smallpox=големи сипаници(variola vera) нека не ве буни англискиот збор small; Искоренети се за среќа. -chickenpox=овчи сипаници(varicella); нека не ве буни англ. збор chicken, разни народи разни имиња давале -measels=мали сипаници(morbilli).
Кај нас исто после првата шестовалента лоша реакција имаше и што е лошото на картончето ми е напишан погрешен датум и така заведено во систем, докажување нема, ама проверивме на имунологија се што е потребно и сега имам извештај дека е стопирано вакцинација, допрва на невролог и комисија ќе идеме само за МПР и ќе испитаме дали таа вакцина ќе можат да ја поднесат. А за изјавата на "министеров" Филипче немам коментар, според мене мислам дека се е предизвикано намерно за да предизвикаат паника кај родителите кои не вакцинираат, а без да е свесен тој нѐ вади од памет нас сите кои не смееме да вакцинираме.
Многу родители имаат лоши искуства и потврдено е и од нивна и од голем број на истражувања дека е од вакцини
Моја грешка во терминологијата, се извинувам. Ама јас знам дека вариола е кравјата сипаница, и поради неа фактички вакцините го добиле името, vacca на латински е крава.
Нови случаи на морбили, 6 сигурни, за 6 се чека да се потврди. Ова веќе е сериозно. Еден случај е во градинка во ново лисиче.
Не, затоа и имаат различно латинско име - кравји сипаници=Vaccinia, за разлика од големи сипаници=Variola. Но и двата вируса се сродни, спаѓаат во тнр. poxiviridaе семејство.
Исто е и тука. Бема градинка и школо за невикцинирани деца, плус тука се плаќа мнооогу поголема казна. Само што тука ова трае мислам повеќе од 2 години а во мк еве сега го донеле законот. Лани ли полани ли имало протест тука најголем во историја на европа за слободна и либералност на вакцините. Еве се борат куп луѓе ама ништо.. Без успех... Штом нас не пронајдоа вака без инфо без да се запишам у болница за здраство еве гледате што е.. Толку да ме фаќаат за шија еве не знам Тоа е тоа.
медиум е последно нешто на кое можеш да веруваш. имало и вакцинирани и невакцинирани. Со оглед дека и 8 месечно бебе е заразено нормално е да има невакцинирани ....
Сестрами денес е цела исфрлена со овча сипаница прво по грб па стомак и сега лице,а што е чудно никакви симптоми немаше, едноставно некаде после 13:00 часот исфрли прво 5-6 на грбот и 2-3 на гради сега е по лице со по неколку.. Пред два дена бевме кај нив. Вакцинирана е по стар редослед на вакцини има 11 години.