вакцинирај. Ако до сега сте немале никаква фрка нема зашто воопшто да се мислиш. Ама не прај таков муабет дека сите ние овде сме лаици кога не знаеш т.е. ете не си прочитала што ни тежи. имајте малце осет.
Ќе сакаш ли да ми кажеш какви испитувања се прават на имунологија? Да знам каков упат да и барам на матичнава. Би сакала да провериме пред вакцинирање.
@kikin и @kristina.k сигорна сум баш мајките ги слушнав со мајками додека зборуваа 11 год. имаат основно школо се во општина Аеродром, и не се само они туку и многу други дечиња се исто со варичела вирусот повеќе од половина и немаат посетено лекар, а тие што посетиле лекар заведени биле како морбили.
Ќе и бараш упат за на имунологија на детско . преглед речи. Таму ќе кажеш што и како. На мојот буквално се му правеа. Од витамини до имуноглобулини буквално се се се..7 епрувети крв и на неколку места носев.
А што само децатa, ,што немаат ММР вакцина се опасни? А возрасниве? Па ММР е воведена во 80-тите. Секоја година иста приказна, само паники прает меѓу народов.
Мене ме интересира дали може да се пренесат на отворено пример на улица се разминуваш со заболен или стои до тебе чека автобус..
Од 1972 била воведена кај нас во Мк. @anastasijaki па мислам дека не може до толку. Моја калкулација, јес да е лесно пренослива,меѓутоа, првите случаи во радишани 7/8..нови само 1 е таму, и не се на иста возраст што значи не биле иста група во градинка. Значи, од 20/30 деца во група, 3 префатиле. "Лотарија на Македонија", судбина...така размислувам или можеби си се тешам...
Ова од 2014 го најдов , а кога имало 900 случаеви во 2010 ич не паметам @kikin 1983 е воведена, мм е 1981 и не е вакциниран.
Со помин да е, Господ на помош да им е. Навистина незнам што е работата со вакцините тука дали се ефикасни или не се Ама и да не го вакцинираш и тоа не го бива ко ќе видиш никаквата е. Пак ќе речам Господ да ги чува сите деца.
Извинете вака. Ама зошто мислите дека во странски земји има по квалитетни вакцини? Живеам во Австралија. Вакцините тука се задолжителни ако сакаш детето да ти оди во градинка или училиште Лично знам 1 мајка што го вакцинирала детето во Нов Зеланд и 1 во Австралија со ММР на 1 година. Двете мајки тврдат дека децата сега имаат аутизам поради неквалитетна ММР вакцина. Нема лоши последици само во Македонија веќе низ цел свет се случува. Бог да ги чува сите деца!
Абе тој доктор сајковски нема три чисти.Може бил некогаш доктор сега освен маркетинг менаџер докторското го заборавил.Иста ситуација беше и со нас.После лутање и нагаѓање на дијагнози на детска клиника отидов кај него.Освен што го измери должина и тежина и ни ги собра парите ,наредни три месеци немаше никаков одговор,плус се криеше.ДОјди у среда,не у четврток.Напрај крвна слика ,ехо кај нас ,а сите предходни испитувања ни ги погледна ни ништо.Ги зема и ќе ги праќај во америка кај друг доктор за мислење.На писмено ништо не добив.Син ми тогаш 6 месеци.Кога побарав да ми даде извештај ,ни на вибер враќаше ни на мобилен креваше,ни по ходници имаше минута за нас.Верба немам во системот.Овој министеров ко удрен.Кога ќе влеземе во ЕУ поквалитетни вакцини ќе имало алооооо .Сам да си ги стаиш ЈАСНО?!?!?!?!
Убаво прочитај, мислам Италија изгласа незадолжителна вакцинација. Побарај и на темава наназад. Тоа е апсурд што го кажуваш, извини вака. И ние прележавме Варичела сега па никој не ни запиша Морбили. Две скроз различни работи се. И јас сум разочарана од нашиот здравствен систем ама до волку да се дебили не верувам. Може! Од кашлање, кивање, наводно се пренесува.
http://istinomprotivlazi.com/regija...Tg6F7nB6rC1hmiLGWgU8J_wcrix9VPJ3_YAZXCezOpfCc Ама ова е македонија бе, овде се може Nova vlada službeno je objavila rezultate testiranja cjepiva. Ključni događaj dogodio se na Božić. Italija je testirala MMR/ TDAP cjepivo za koje sada svi znaju da uništava imunitet na bilo koju od šest bolesti. To je totalna eugenika. Prijevara sa cjepivima je sada službeno raskrinkana!
Анатх, ајде тука немале доверба во системот па не вакцинираат, што не е никакво оправдување патем, АМА, ако во белиот свет меѓу кој и Германија, каде според вас постојат исклучиво докажани и квалитетни вакцини, зошто тогаш и таму постојат анти ваксерски здруженија ? И не е само Германија, збориме за глобално ниво, секоја држава е узурпирана од анти ваксерите. Што бараат таму анти ваксерите, ако постои квалитет дури и според вас ?! Околу потеклото малце параноја се има кренато. Ја направија работата да изгледа како масовно труење на државата на својот народ, хајка против сопствените. Што побогу разбира една просечна македонска мајка од вакцини и нивните супстанци, 15 минутно гуглање и знаат подобро од докажани експерти. Добар дел од нив не знаат да го изговорат името на вакцината бре Анатх, а засукале ракави ќе испитувале супстанци и квалитет и ќе рушат теории на заговор. Сите сме вакцинирани со тоа 'ѓубре ' од вакцини, па еве не. На државно ниво сме ( бевме ) имунизирана држава и здрава нација. Пола ќе не немаше до сега, да беше таков случајот со вакцините.Кога сме имале случаеви од фатални последици од вакцини или пак загрозувачки епидемии ? Ти како медицинско лице, знаеш дека секој лек има свои нузпојави, лесни повеќето од нив, дури и обични Септолете бонбончиња може да предизвикаат контра реакција. Секоја статистика е во корист на вакцинацијата, користа ги надмашува ризиците. Околу докторите. Не знам и не сум чула за никој докажан педијатар, доктор кој категорично тврди НЕ за вакцинација. Не може еден стручњак од таа област да си дозволи таков ризик, ако евентуално се случи нешто ( а ќе се случи ) порано или покасно, да го сноси тој терет т.е одговорност. Постои скептицизам и кај нив да, заради се поголемиот замав на анти ваксерските здруженија, перална за пари, во страв се од евентуалните нузпојави, па кој ќе сноси одговорност ако не лошиот човек во белиот мантил, дури и да е минорна компликацијата, народов има тенденција да преувеличува и да пумпа приказни. Анти ваксерите се нешто најопасно моментално на планетарно ниво. Свесно ја саботираат медицината, која има спасено милиони животи од памтивек. Не сме во диви племиња, па секој да се однесува индивидуално. Живееме во општество,и секој има општествена одговорност, а таа моментално налага вакцинација и никако другачие. А да, не ми се свиѓа ич што државата се однесува нон шалантно кон анти ваксерските здруженија и нивното влијание. Станува огромен проблем и треба да пресече некој, пошто колективното здравје е на коцка.
Не го тврдам јас тоа, само го слушнав од мајките колку е вистина и дали воопшто е вистина не знам, бидејќи не сум видела лично дека е така. Сестрами има варичела но воопшто никаков симптом нема освен што е нафрлена, очекуваме и братми да го префати, ама нели ако има подобар имунитет нема да го префати сега вирусот. Педијатарката и кажала на мајками да не ја носи на лекар да ја чувала дома и само со течната пудра да ја мачка и никако да не ја бања, дури и на бело да спиела.. Што е финтава со белото не знам.