Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Лани другарка моја фати сред лето варичела. Јас цело време ја гушкав па не ме префати.
     
    На Pcelka1315 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.902
    Пол:
    Женски
    Значи ај да ги прекинеме муабетиве за варичела. Морбили има во Скопјевп,варичелата е најмалку битна во моментов. Мислам, уопште не е за правење муабет на оваа тема
     
    На oblace1, Pcelka1315, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Кога сакаш да заплашиш народ ајде одма епидемија. Глупост.
    Нека ги извадат картоните на своите деца сите министри и доктори на удрни вести. Никој немат доверба во нашиов здравствен систем 28 години.
     
    На elcezelce, Pcelka1315 и minneymouse82 им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.637
    Допаѓања:
    104.450
    Пол:
    Женски
    Погоре поинаку имаш пишано. Не мора да значи дека брат ти ќе префати, и јас немам прележано а со син ми од иста чаша што се вика пиеме па не префатив. Тоа со спиење на бело е чиста глупост, син ми спие на портокалова постелнина. На бело пошто порано се вриело се во казан па демек белите постели, а додуша немале ни поинаква боја, најчисти и затоа. Нема теоретски шанси да се пишани морбили а да лежат варичела.
     
    На Pcelka1315 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.330
    Пчелке бело е затоа што белото можеш на 95ка да го переш, оди љиљаково испери. На љиљаково нема да видиш нешто нечисто и ќе дојде во контакт со кожата која е изгребана од чешање, љиљаково на 60 переш, има шанси да има нешто недезинфецирано. Тоа е за заштита на болниот.
     
    На Pcelka1315 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    Јас како што знаете сум за вакцини. Вакцинирам и ќе вакцинирам. Двапати ја носевме на вакцина ќерка ми во Солун, двапати без Р од реакција. Двапати примаше ревакцина во Мк, двапати со оток, тврдо место, тт и нервоза. Може е случајност, не знам. Може е до неукоста да ја аплицираат вакцината. Сѐ е можно. Но, после скандалот со фалсификувани лекарства, децата мои нема да примаат вакцини тука.

    @An-na а врз која основа ќе бараш испитување на имунологија, кога детето немало реакција од вакцини? Низок хемоглобин?
    Вака-така, на сите ви прпа.
     
    На ALISA0000, Martka, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Во ниту една држава нема доверба во државниот здравствен систем.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.330
    Ај германкиве нека кажат кај нив како вакцинираат?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.657
    Допаѓања:
    202.174
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd не, не сме со истото ѓубре вакцинирани. Ти, ако си родена после распадот на Југославија, можда и си. Јас не сум, оти јас примав вакцини од домашно производство. Не од кинеско, бугарско, или не знам какво производство, ниту пак нерегистрирани вакцини. Ама нема гаранција дека човек нема да има реакција од било каков лек, за вакцина да не зборувам. Зголемен е бројот на нуспојавите после вакцина, тоа ги тера луѓето да се замислат дали да вакцинираат.
    Мм на пример, после примена ревакцина дитепер на 18 месеци прележал пертусис (вакцината треба да штити, ама тој се разболел), варичела, па морбили. На година и пол, од мај до август лежел на инфективно. И треба ли јас да вакцинирам без страв, знаејќи дека и моите деца се со ризик да развијат болест после примена вакцина? Фала Богу, досега немале посериозни нуспојави, ама од каде да знам дека нема да имаат во иднина? Тоа никој нема да ми го гарантира.
    Докторите не зборат гласно. Ама зошто тогаш препорачуваат одложување на ММР додека не прозбори и прооди?
    Антиваксерите ги има секаде, ама дефинитивно кај нас стравот и недовербата е главниот двигател на одбивањето за вакцинација, се плашат луѓето, затоа читаат, истражуваат. Секој разумен човек ќе одбие присилна наметната вакцинација, без разлика дали е во ЕУ или кај нас.
     
    На azelea, joy1, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    35.707
    Пол:
    Женски
    Не за хгб. Често има алергиски реакции: храна, убод од инсект. Последно имаше алергиски ринитис од кој доби воспаление на уво. Не дека нема индиции. Ќе видам прво со матичната секако.
    Нормално дека не ми е сеедно после се што се изначитав и изнаслушав изминативе години. Едно време не ни сакав да вакцинирам (facepalm) Арно ама далеку поголем ми е стравот од морбили и компликациите од нив, отколку од вакцината.
    Праќам маж кај матичната да видам што совет ќе даде и ако добијам зелено светло, вакцинирам. До тогаш нема да оди во градинка. Среќа што изминатиов месец седеше дома, па има многу мали шанси да се има заразено.
     
    На Kitten и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Mожеби, кои делови се разликуваат? Видов дека на многу членови не им се јасни типовите на сипаници па решив да појаснам. Стојам зад ова што го кажав и го научив на интернет, не на факултет!

    Toa e еден случај. Бројката од 16% двојно вакцинирани и заболени се однесува за годишниот извештај. Во годинешниот извештај не даваат информација за тоа колку oд заболените се вакцинирани (еднаш)


    Веќе не бираат зборови кои ги употребуваат. Морбилите официјално станаа чума на 21-от век:

    И добро е што никој со сила не ти го пика во врат, туку имаш избор. Можеш да не го земаш, имаш уште 20 типа антибиотици со истата намена, и никој нема да те казни или направи луд ако одбиеш Амоксилав. Се разбираме, нели.



    Добро дојде на темава. Едвај чекаме како идно медицинско лице да споделиш дел од твоите знаења за болестите против кој се вакцинира, за непоходноста за вакцинирање против тие болести и за нус појавите на вакцините.


    ОФицијалните податоци од 2005-2016 кажуваат дека во просек во МК имало по 29.3 на 100.000 болни од туберкулоза или по 587 болни од туберкулоза годишно. Бројкиве се од институтот за јавно здравје на Македонија. Во контраст лани имавме 50 случаи на морбили и хистерија и паника по медиумите. ТУберкулозата не беше воопшто покриена во ниту еден медиум, постои цензура за таа болест.
    Ајде едно брзо прашање, која болест е потешка: морбилите или туберкулозата?


    Мене ми се допаѓа таа идеја, посебно затоа што ќе се види дека болеста ќе се шири во 100% вакцинирана средина. Секако одлуката е многу тешка за родители кои ќе мора да трпат финансиски заради оваа хајка. Последниве 100 години децата не се отстрануваа од градинка, ама во 2019та морбилите станаа многу опасни изгледа.

    Првпат слушам дека некој ги обвинува градинките.

    Не можеме да генерализираме, иако и јас мислам дека овде има некој стереотип во врска со темата и дека само родители што виделе последица од вакцина почнуваат да се сваќаат колку е битно правото на избор на медицинска интервенција, како загарантирано право на секој пациент.

    Може ли да направиш кратко резиме како одлучи дека е подобро да ризикуваш со нус појави од вакцина отколку со болеста? Дали зеде во предвид ефикасност и трајност на вакцина за секоја болест посебно како и последици од прележана болест и дали тоа го направи за сите болести против кои се вакцинира? Дали денес се спомнува нешто за вакцините на факултет, до лани ништо не се учеше на таа тема.


    Министерот сака да се справи со 15.000 невакцинирани деца во главниот град и сега секоја недела ќе прогласува епидемија за 5 случаеви. Ама битката му е изгубена, затоа што со насилство ништо не се постигнува а довербата е одамна изгубена. Следно што ќе каже е: дојдете да ве вакцинираме ве молам, имаме од новите вакцини, од галичките.

    Kaкви се небулози не прочитав во овај пост. Добро имаш ли малку критичен ум во тебе, како може да бидеш толку лековерна? Како прво во Македонија (и светот) пред пола век не постоеле вакцини. Или мислиш дека светот е создаден во 2015та година со 60 вакцини? Твоите родители, баби и дедовци се невакцинирани. Каков е тој страв дека ќе умрат сите без вакцини? Дај малку прочитај за болестите и вакцините, денес се ти е достапно барем.
    Второ што ти продале антиваксерите за пари? Каква е таа перална за пари кај антиваксерите што ја спомнуваш? Како може да бидеш на дијаметрално спротивно стојалиште од вистината? Фарма индустријата e таа што има 1.2 трилиони долари годишен обрт, а вакцините се најпрофитабилната гранка на фарма индустријата

    https://www.ft.com/content/93374f4a-e538-11e5-a09b-1f8b0d268c39

    Годинава вакцините заработија 50 милијарди долари, толку многу се профитабилни што во рок од само 6 години профитот се дуплира
    upload_2019-1-3_11-29-30.png
    https://www.statista.com/statistics/265102/revenues-in-the-global-vaccine-market/

    Јасно ли ти е сега зошто од година до година се воведуаат се повеќе вакцини, зошто ти си имала само 5 а твоето дете 50, а неговот дете ќе има 150 вакцини. И зошто нормалните детски болести денес се претставуваат како многу тешки опасни и смртоносни. Затоа филипче најави нови вакцини, тоа е трендот на фарма индустријата која е толку моќна што гази се пред себе. Развиваат уште 150 вакцини а ќе ги вакцинираат сите не само децата. За 30 години од сега, од 50 милијарди вакцините ќе вредат 1 трилион. Не си свесна кои пари ги имаат во себе, знаеш што можат да направат со тие пари? Можеш ли воопшто да го напишеш на лист хартија бројот кој е нивниот буџет, колку нули има? Просто неверојатно е што му прави на човек перењето на мозок, наместо да си ги брани своите права и здравје ги штити милијардите на фарма индустријата.
     
    На kalinaka и Annath им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    35.707
    Пол:
    Женски
    Твоето дете го пушти денес во градинка?
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.109
    Допаѓања:
    225.652
    Пол:
    Женски
    Син ми исто така беше на се и сешто алергичен. Да не ти влевам страв ама..ја на твое место би сторила тоа што ти пишав...
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.330
    Дали ти, лично, со тоа што ќе убедиш една мајка да не вакцинира, и нејзиното дете има трајни последици од морбили, ќе ја преземеш сета лична и морална вина, како и материјалната и нематеријалната штета која ќе ја има семејството?
     
    На Twisted Sister, Chantal, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Иако ти е неповрзано мислењето со претходното и злонамерно, пак ќе ти одговорам. Никогаш не сум убедувал некого да вакцинира или да не вакцинира, ни јавно ни по приватни пораки каде ми се обраќале за совет. Тоа си е право на пациентот, сам да одлучи. Правото на избор ми е важно, а најмногу ми смета грубото кршење на истото.

    А дали ти лично со тоа што ќе убедиш една мајка да вакцинира, и нејзиното дете има трајни последици од вакцини, ќе ја преземеш сета лична и морална вина, како и материјалната и нематеријалната штета која ќе ја има семејството?
     
    На Rooby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    Штознам, ако немала реакции досега од вакцините, пак не знам како ќе добиете упат.
    Лили, малиот твој имаше реакција на вакцините и тоа е сосема друго. Ќерка ми исто има алергии, ама не верувам дека ќе ни дадат испитување поради тоа. Покрај алергиите, на вакцините немаше реакции, освен тие што ги прими во ск.

    А што е ова што го правите ти и Јаре тука? Особено на крај кога ќе напишеш иронично:"Пак вие боцкајте." Цка никого не убедува и не ја оптеретува темата секојдневно, па нема ни зошто да сноси одговорност, освен за нејзиното дете. За разлика од вас двајца. Или вашето не се важи, дека во добри цели?
     
    На Chantal, TarantulaA, LiliBoz и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Eве уште еден злонамерен член. Никогаш не сум пишал 'боцкајте или не боцкајте', не лажи! Но сум постирал бројки, цифри, студии за ефикасност на вакцините, вести од областа на вакцините, закони и правила.
    А ти што направи добро за темата, што научивме од тебе? Или само слепо бранеше и ги тераше другите да вакцинираат?
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    А ова болдираново претпоставувам добронамерно беше? Не знам кого лажете, ви стојат мислењата.
     
    На oblace1, Someonespecial, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Долго време ја следам дискусијава па се дрзнав и јас да го искажам мојот став.

    Јас сум ЗА вакцинација. Некои вакцини едноставно МОРА да се земаат, шансите да дојде детето во контакт со овие вируси се реални, а последиците катастрофални. Па благодарение на вакцините сега сме 7 милијарди луѓе на планетава. Искоренети се многу болести, од кои милиони луѓе во минтато умреле. Во однос на несаканите ефекти, како и секој друг лек нормално дека имаат несакани ефекти. Обичен лек кој го зимате на своја рака може да предизвика алергиска реакција, да доведе до анафилактичен шок и сето да заврши летално. Сето тоа зависи од нашите гени. Сите имаме различни гени, кои различно реагираат на различни лекови.

    И гледам дека константно се грешат термините мали сипаници (морбили) и овчи сипаници (варичела). Варичелата е таа која сите сме ја прележале во детството.Во однос на морбилите, во случај на заболување, доаѓа до голем пад на имунитет, често пати може да дојде и до бактериска инфекција, а тоа води до сериозни компликации (пневмонија, слепило, запаление на мозок кој може да заврши фатално).

    Медицината денес е доста далеку отидена. Постојат луѓе во светот, стручњаци, специјалисти, кои години и години труд и работа потрошиле за да му помогнат на луѓето, да му го олеснат живеењето и да го подобрат квалитетот на живеење.
     
    На Tan4ence, GirlRose, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.834
    Допаѓања:
    325.658
    Пол:
    Женски
    Уште ли имаме ГИНЕКОЛОГ за директор на институт за тбц?Оној глупиот шо става наопаку печат и потпис на документите,истиот шо на една конференција изјави дека у Мкд ај шо нема лекари достојни да лекуваат туберколоза туку и дека пола од лекуваните и не биле болни и истиот шо дозволува туберкулантите да пијат лекови со одминат рок?
    #задругаркапрашувам
     
    На Pcelka1315 му/ѝ се допаѓа ова.