Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.125
    Допаѓања:
    40.336
    @NarCis@ ај објасни ми цела процедура за боцкање во солун и чиви вакцини имаат они?
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.324
    Пол:
    Женски
    А ти што добро направи за темава? Освен што се изјасни дека си научил од интернет, а не од факултет. Ја силувате темава без потреба, а еден доказ не дадовте. Статија од нет не е никаков веродостоен доказ дека човек треба да стопира со вакцинирање, ниту пак усна потврда дека од вакцините има нус појави после некое време.
    Знаете што е лошото, што во денешно време луѓето не ставаат вакцини, не одат на лекар и не примаат антибиотици кога е потребно, туку веруваат на хомеопати и на статии од нет, зошто нели лековите и вакцините се зло на денешницата.
    Друга работа, кога ги носам моите деца на вакцина со комплетна крвна слика, без растечен нос и кашлица, во чекална сретнувам деца кои се со црвени очи, размрсулавени и раскашлани, без крвна слика ама родителите сметале дека не им е ништо и дека може да се прими вакцина без проблем. И, кој е тука крив, вакцините или несовесните родители?
    Јас лично за двете деца одложив неколку месеци вакцина за мали сипаници и заушки, не зошто се плашам од самата вакцина, туку затоа што едното ми беше нетолерантно на белка од јајце и доби страшен осип после пробување, а другото зошто заврши во козле и имаше паднат имунитет. Кога се среди се, со крвна слика ги однесов и ги боцнаа двајцата.
    На крајот, секој родител си одлучува за своето дете, ама немојте да напнувате, да колнете и да се расправате со луѓето кои решиле да вакцинираат зошто сметаат дека се најдобра заштита против епидемии и болештини од памтивек.
     
    На Tan4ence, Chantal, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам во лп за вакцинирањето. А вакцините се купуваат во аптека и имаш избор од различни производители. Се разбира, тоа што имаат на располагање во моментот.
     
    На duffi, elcezelce, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    @ivi1987 а на размрсулавените, со кашлица без крвна слика и др. Боцкаат докторите?
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Да, од тоа 'ѓубре' сум вакцинирана и сум перфектно здрава. Јас, мојата фамилија се до далечните колена, моите пријатели, соучениците на времето - цели паралелки, па нивни луѓе понатаму, еден огромен круг на вакцинирани, совршено здрави луѓе без мали или поголеми компликации.
    Точно, нема. Немаш гаранција ни дека ако не вакцинираш - ќе имаш здраво дете. Нуз појавите се предвидени,
    а 'колатерална' штета ќе има секогаш во било што. Јас пред месец два, се исфрлив цела со плици, ми се вжари телото од Хемомицин, иако е просто неверојатно и ептен ретко.Требаше да кренам паника и кога брат ми требаше да ги пие истите, да го убедувам дека се штетни заради мојот индивидуален случај ?
    Тоа дека сега се зголемени нуз појавите по вакцините, сумњам. Отсекогаш имало и ќе има, ама порано не се кревало црвено знаме јер тоа се предвидени ствари. Од како почна анти ваксерската кампања тогаш почнаа сомнежите. Имаат одлична,манипулаторска кампања, манипулираат со бројки и статистики, фаќаат на емоции, и на народот толку му треба. Во човечката природа е откако некој ќе посади зрно сомнеж, да се замисли и да преиспитува и тоа што треба и не треба.
    Жал ми е ама пак е ова индивидуален случај. А која е бројката на луѓе кои минале ептен лесно после вакцината? Многу поголем е соодносот на страна на користа отколку штетата, така?
    Вакцинираш со страв велиш, сакаш да кажеш дека ако не вакцинираш ќе бидеш мирна и спокојна ? Не е фер и коректно според мене, еден родител да не го вакцинира своето дете, а притоа и самиот да е вакциниран, а да се вади на изговорот дека друго време било тогаш.
    Поголема е веројатноста да имаш здраво вакцинирано дете, отколку здраво невакцинирано.
    Кога целата заедница е засегната, мора да се иде според правила и норми. Се работи за здравјето на целата нација, не се работи за ствари кои ќе го засегаат исклучиво твоето дете. Ако одлучиш да го раснеш како веган пример, затоа што мислиш дека е поздраво - е дискутабилно ама сепак твое право е и на детето ти, јер други нема да бидат засегнати од ваквата негова одлука за поздраво. Од преносни болести сме засегнати сите и затоа мора да има ред.
     
    На Tan4ence, duffi, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    13.518
    А до кого е вината, м? И до докторите секако. Зарем настинато дете вакцинираат? Па уште родителите несовесни. Ај родителите, ама па докторите, шта речи, а не заплакати.
     
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.324
    Пол:
    Женски
    Не боцкаат, бар јас во тој диспанзер каде што ги носам. Имаше родители со настинато дете, влегоа за боцкање. Кај немаа крвна слика, кај детето кашла, кива, носот чешма, па уште со докторот се расправаа зошто ги враќа, они дошле работа да завршат. Некогаш децата немаат симптоми, а крвната слика алармира дека нешто се случува. Во диспанзерот во Аеродром кога однесов крвна слика, ми рекоа дека немало потреба. После тоа одма се префрливме во друг со се картон, не ми е логично да боцкаат без преглед и крвна слика.
    @Black girl
     
    На bijonse, Lianna Anna, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.096
    Допаѓања:
    269.048
    Немам околу мн. доктори со мали деца, ама кога веќе ги земаме како релевантни нивните избори...

    Пред 3ипол 4 години доктор (хирург) дете вакцинираше во Солун.
    Неговото второ дете, како и бебињата на уште двајца хирурзи со кои се познавам, се вакцинирани во Скопје. Уште се мали за ммр мислам, две се скоро година, едното е 6-7 месеци.

    Не знам дали е нивното однесување по дома релевантно за нашите избори. На крајот и тие самите носат одлуки како и сите други. Знам дека за второто овој рече нема веќе потреба надвор боцкање.

    Мислам дека најстрашно е за оние кои се премали за вакцинација и за оние кои од поради компромитирано здравје не смеат да се вакцинираат.

    Може ви е познат случајот на Надја, девојче од Србија кое почина од морбили, невакцинирано затоа што не смееше да се вакцинира.

    Здравите веројатно ќе се изборат со болеста, но што правиме со оние премалите или болните.
     
    На JuLleE, duffi, TarantulaA и 7 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Се сложувам, во право си.
    Добро е што е дозволено да де прави крвна слика пред вакцина.
     
    На ivi1987 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd Не водат евиденција за нус појави. А ги има, не дека не. Може само усно да кажат и на тоа останува. За ова имаат големи пропусти, а не треба да биде така. Знаењето на нус појавите од вакцина треба да помогне за подобрување на самата вакцина и нивно намалување (на нус појавите мислам). Водење на статистики- колкав процент се одредени реакции, кои се сериозни, кои не. За некои колатерална штета, за некој смислата на неговиот живот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.324
    Пол:
    Женски
    Во Ѓорче и Букурешт секогаш бараат, и на секое дете му посветуваат внимание и детален преглед, не е само колку да помине редот. Ќерка ми пред еден месец од училиште имаа систематски преглед и ревакцина за мали сипаници и заушки. Пред боцкање на сите деца крвна слика им направиле. Моето имаше гнојна ангина, кажевме дека нема да се боцка, дека ќе ја одложиме додека не закрепне целосно. Рекоа дека пред боцкање ќе направат крвна слика зошто е задолжителна, па ако е се ок ќе ја боцнат.
     
    На CameliaMiller и danichap им се допаѓа ова.
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е мака пиши и мене во порака како оди процедурата за вакцините во грција .
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Благодарам што го потврди мојот исказ.

    Денес на интернет се наоѓа библиотеката од сите научни стидии, достапна за секого. Во иронија беше кажано тоа 'на интернет', аман.
     
  14. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Дали можам некаде во странство да го вакцинирам моето дете како странец?? Поточно за Германија прашувам? @danichap
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.071
    Допаѓања:
    179.030
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни од кои причини едно дете не смее да прима вакцини? И како тоа, односно кој тоа утврдува?
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Колку што знам не. На приватно тешко се добиваат здравствени услуги по желба.
     
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    Нема проблем, во секое време ;)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.330
    Друже, јас не викам на никој прави вака или така. Ако вакцинира и има директна штета од тоа, државата плаќа оштета. Имало случаи. Ама немало случај да платат оштета вакви проповедници како тебе.

    Ти држиш тука интернет предавања како било опасно да се вакцинира, и биди доволно маж да си ги сносиш последиците направени на другите деца. Кога ќе имаат менингит, ти плаќај им трошоци, оти сите се деца сега у моментов у болница. Да е толку едноставна и глупа болест нема да лежат у болница сега децава. Плаќај им жени сеа да им ги чуваат децата дома, или давај им ја платата оти ќе седат дома мајките.
     
    На bijonse, Chantal, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Centurion

    Centurion Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Машки
    Значи државата не е обрзана да плаќа оштета, немаме фонд за оштета од вакцини. Имаше еден случај на оштетена фамилија од Кочани која долги години ја тужеше државата и го добија случајот а потоа се иселија од државава.

    http://mkd-news.com/devojche-od-koc...ot-presudi-drzhavata-da-i-plati-100-000-evra/
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.330
    Јас може да те тужам тебе? Ти жи влеа страв од мрп. 12 000 плаќам жена да ми чува дете оти е невакцинирано. Како и многу тука кои ти ги исплаши.
     
    На LiliBoz, eli25, Heidi и 8 други им се допаѓа ова.