Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Бараат да се покаже книшка за вакцинација, но не и да е детето вакцинирано.
    Значи задолжително е да се појавиш, да обавиш разговор, ништо повеќе. Со празна книшка мижеш детето да си го упишеш во градинка.
    Не бараат ниту никаква потврда за здраво.
    Ниту крвна слика ниту брисеви прават пред вакцина, ниту брисеви бараат за упис.
    Не знам каде ти живееш, кој дел, но ова ми е мене целосно ново.
     
  2. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Бараат потврда со сигурност дека детето е здраво, првиот ден го однесов без потврда, зошто терминот ми беше дури по два дена, детето ми беше здраво и рекоа дека ти веруваме дека е здраво но тоа е правило без потврда не ми дозволија ни да влезам во ходник.
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Кај мене, во Баерн, не постои такво нешто. Искуството ми е од две градинки, две деца. Има и други членки, ќе споделат искуства.
     
  4. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас сум баш од Баерн, градинката е најпозната во градот како најскапа и најдобра.
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Јас сум во село:D .
    Не гледам каква врска има цената на градинката со потврдиве, ама ај. За мене нашата, барем таа на поголемата де, е најдобра и најпозната:D.
    Ви прават крвна слика, брис за издавање на потврдата???
    Истата процедура е и пред вакцина. Крвна слика и брис?
    Јас железни опинци да искинам не даваат пред вакцина. Еве, и ова ми е ново.
     
  6. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Прво не ми беше намерата да ве навредам на било кој начин со тоа што напишав дека е скапа и позната, сакав да кажам дека кога плаќаш многу би требало да имаа повеќе разбирање за барањата на родителите, но немаат правила се правила и никој нема да направи поинаку, друго не знам што е причината што не ви даваат да правите брис или други испитување јас немам проблем со тоа што да побарам се ми е одобрено, мора да проверите со вашето осигурување која фирма е што покрива, дали е приватно или јавно има многу разлика во тоа. Поздрав
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Не сум навредена, не гледам од што.
    Не ми одговори дали ви прават крвна слика и брис за потврдата и пред вакцинација.
    Едит:
    Станува збор за приватна градинка со сопствен доктор кој ги исполнува сите барања од овој тип?
     
  8. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    66.826
    Пол:
    Женски
    Еве и овде кај што живеам јас пред 1 недела имаше по медиумите дека имало заболени, пред 1 месец исто пак имаше. Јас ја одложувам ММР неколку пати, сега сме 2 години и 2 месеци, и на 7ми сме на контрола и треба да ја прими но пак ми е страв. Сум во неколку групи каде што пишуваат искуства од вакцинација, од ММР поточно и навистина многу често има доста сериозни side effects. Не знам што да правам стварно. Сите други ги има примено и секогаш сме поминале без никакви проблеми. Инаку, јас ја немам примано ММР.
     
  9. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    И јас сум '94 примени вакцини редовно без маана, на секоја промена на време јас и сестрами' 95 год родена исто со редовно примени вакцини, бевме болни со по 10 инјекции секој ден по една, по некој месец повторно болни па пак ни препишаа по една на ден инјекција во наредните 20 дена значи 20 инекции, решето бевме направени, потоа вирусот варичела ајде цело маало беа со варичела преку 25 деца и никој никаква епидемија не прогласил тогаш, некаде 2003год беше ова.
    Ужасно тешко го прележавме тој вирус, среќа по сериозни последици немав освен што добив пролапс и такихардија на рана возраст, а сестрами ослабе страшно многу иако се си јадеше нормално.
    Зборот ми е дека секој организам е различен и ниту еден возрасен или мало бебе/дете не реагираат исто на вакцини или на вируси.

    Еве лично јас сум премногу исплашена не ги изнасам дечињата ни до маркет кој ни е во истата зграда во која живееме, бидејќи не смеам да ги вакцинирам, а првото кое ја има примено вакцината ммр исто не го изнасам за да не се зарази па да префатат другиве две.

    Се јавив кај педијатарката ми кажа пробиотик Провен да им давам на сите тројца и дополнително витамин Ц, колку ќе помогне ова за заштита еве не знам.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    179.031
    Пол:
    Женски
    Никаде не кажав дека сите исто реагираат. Дадов само личен пример и од мојата околина. И што поддржувам.
    Не гледам потреба да ми се докажува нешто што не сум ни тврдела.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    За потврдата не се сеќавам дали му проверија крвна слика и брис, за вакцина кога примаше ММР јас побарав да му испитаат крв и брис зошто пред тоа беше со затнат нос и му испитаа се беше во ред, градинката е приватна но на доктор го носам во другo место каде што почна од бебе немаат никаква поврзаност една со друга двете се приватни и осигурувањето ми е приватно
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Ок. Во приватна градинка може екстра желби да се исполнуваат.

    Моето искуство е со државните. Немам приватна во близина на местото каде што живеам па немам искуство со фактот дека родителите може да бараат и да им се исполнуваат различни барања.
    И јас сум приватно осигурана, ако е некаков фактор...но различните искуства говорат дека не е.

    За затнат нос не сме добиле ништо више од свеж воздух. Уствари и со тешки бронхистиси, спуштено на гради, тоа добивме(државна болница), ама друг муабет тоа.
    @gjoker4e @Mari* @Ava.84 ...први ми текнуваат дека се тука. Може и другитњ да кажат дали добиле крвма слика и брис пред вакцина.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Не докажував ни јас незнам зашто така ме протолкува и јас сум од тие години па само споделив како сме реагирале и ние, разликата е голема исто како и сега кај денешниве дечиња кои имаат примено вакцини.
     
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    33.810
    Пол:
    Женски
    Никогаш.Еднаш го молев др да и ја провереме крвта оти беше често болна.Па ме послуша.Ама многу е фин оти е лгбт:D Пред вакцина диши уши и грло само
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofia777

    Sofia777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас сама побарав да му направат крвна слика, ако имате приватно осигурување треба да проверите што покрива тоа не се сите исти, и не сите фирми исто нудат, ако имате од тоа што се добива од над 60 000€ Плата мене ова не ми е јасно што го пишувате со приватно осигурување некој нешто да не ви дозволил, напротив ако треба едно ќе ве пуштат на 10 испитувања зошто и самиот доктор има и тоа каква голема корист од тоа.
     
  16. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    22.456
    Пол:
    Женски
    Нема потреба повеке за вакцини од Солун бидејќи сега и нас се поливалентни (до пред некоја год не беа). И сега и кај нас и во ЕУ истиот производител е.(не се бугарски ко некои членки што упорно тврдат погоре.Можда биле пред некоја година,но сегашниот тендер набавува од белгија и франција).
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Не знам која од вас кажа дека вакцините не се регистрирани.
    Не е точно.Вакцината МРП е регистрирана.
    Земјава и здравствениот систем имаат премногу пропусти,ама сепак важат некои закони,посебно за лекови.
    По мене ова е задоцнета реакција на министерство за здравство.Требаше да забранат примање на невакцинирани деца со првиот појавен случај на морбили.
    Доведен е во прашање колективниот иминуниет со избегнување на вакцинацијата,затоа што заразата циркулира меѓу населението.Во услови на епидемија постои опасност од појава на мутирани видови.Што со оние кои од х причини не можат да се вакцинираат,постарите луѓе?
    Недоволно едуциран стручен кадар имаме.
    Аутистичен спектар се забележува од многу рана возраст.
     
    На oblace1, Kitten, referentka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.243
    Допаѓања:
    181.714
    Пол:
    Женски
    Дитепер е пак Бугарска. 100%
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.378
    Допаѓања:
    286.723
    Докторката е сменета а и не вакцинирам веќе, па немам актуелен апдејт.
    Но се поставува друго прашање.
    Зарем само приватно осигураните, ок, ни тие не сите, смеат да добијат крвна слика и брис.
    Од кога е луксуз крвна слика пред вакцина ?
    Државните градинки и правилата кои важат во нив се сепак порелевантен фактор за начинот на функционирање на системот на ниво на област или држава. Приватните очигледно си имаат свои правила, што е ок, на кој му одговара ќе оди таму. Но во државна градинка смее да оди невакцинирано дете.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Мајки на машки деца,
    Да ги тргнеме на страна морбилите.
    Не ли ви е страв од заушки и последиците кои можат да ги остават кај машките деца?
     
    На oblace1, referentka, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.