Зошто така дрско настапуваш и тоа во време кога сите родители со мали деца се под стрес? Човек ќе пукне од мака..од една страна ти трубат дека вакцините се заштита од заразна болест а од друга страна со атакот врз вакцините сакаат да те убедат дека вакцините се смртоносни...и ...сега што?? Имам внуче, не е вакцинирано..беше болно, па алергија..и ред други работи..и сега да не оди во училиште, да живее во карантин...Како ќе одат родителите на работа ако нема кој да им ги чува децата? Мене паника ме фаќа
Нема што да се опраам. Кога ќе има 100% докази, за било кое тврдење овде, тогаш, можеби ќе сменам став. Покажете ми истражување, кое е прифатено на светско ниво, дека се опасни вакцините.
Не мешај баби и жаби. Јас сум за вакцинација, ама никад не би ми паднало на памет некое дете да исклучам од образован систем. Секое дете заслужува образование и градинка! Аман! Уште хитлеровски атаци ни требаат сега.
Не мешам ништо. Реков. Нема вакцина-нема на школо. Зошто да се ризикува мнозинството? Будали сме ние?
Во Франција како е од годинава,ги примаат во училиштата ? Имаа некој закон за околу 11 вакцини, кој нема да ги прими,без наод,нема да ги примаат во училиштата.
Па и така треба да биди! Абе дури немало вакцини, она што денес е искоренето биле 'чуми'! Носеле по неколку милиони жртви во еден налет! Ризик е невиден! Како така??
Како ризикува мнозинството не ми е јасно, кога нели тоа дете што не е вакцинирано е најосетливото,тоа душиче е најзагрозеното...а што е виновно тоа кога поради оправдани причини не смеело да се вакцинира???
Не! Го зголемува ризикот и за вакцинираните. Затоа што не кај сите исто делува. Кај некого ќе има поасолни антитела направено, кај некој полоши верзии..
Ок! Во секој сегмент се враќаме во среден век. Невакцинација, изопштување од училиште. Абре супер! Само, не верувам дека ќе има ефект, дури и да се спроведе ова. Место да се промовираат вакви деструктивни мерки, треба да се работи на подобрување на системот и здравството. Како во Германија на пример.
На вакцинираното може ништо нема да му биде, ама ако однесе дома на братчето бебе, или на стариот дедо, може да умрат. Се подразбира дека посебно при епидемија невакцинирани се заштитуваат, не само оние кои треба да се вакцинирани, туку сите.
Остај ги нив, врска немаат, еве Миа се ќе им објасни на фб. Чекајте, зошто не носете деца во игротека? После вакцините тоа најнова ли мода е? Свесни сте што им правете на децата со таа излоација и чување под стаклено ѕвоно? Остајте ги деца да си играат со други деца, па макар и во игортеки. Друго е да мора да се во карантин, друго е вие да ги чувате дома оти вирус ќе фатило. Само да знаете дека си навлекувате други проблеми кои се поголеми од вируси и настинки.
Вака е кога родителите прават специјални снегулки од своите деца, сите нека примале вакцина, ама нејзиното немало. Не само забрана за градинки, туку и дебели парични казни и кога би имале саглам социјална служба, да се преиспита нивното родителството. Направивте експериментални глувци од децата, како спиете мирно и вие што не вакцинирате и вие платеници што харате по интернет и што доведовте уствари до оваа ситуација ?!
Јас се сложувам дека е тоа ригорозна мерка,но и дека на таа приоѓаат кога веќе е сериозно паднат %на вакцинирани ко во Франција,а и не сум баш сигурна какви мерки би превзеле Германците кога би се срушил од 98% на 60% .
Со таков систем и доверба во институциите, не верувам дека процентот ќе падне на 60%. Тоа ми е поентата на муабетиве. Не верувам дека Германциве ќе се излажат од разно-разни квази експерти ко кај нас. Кај нас за жал, друга е сликата. Кога министерот ти вика дека откако ќе влеземе во ЕУ вакцините ќе биле проверени и квалитетни, не ти доаѓа да се запрашаш а сега какви се? Јас сум за вакцинција, имам напоменето и претходно. Ќерка ми уште не е вакцинирна од ММР, ама ќе ја вакцинирам. Ама... да бев од другата страна немаше сила ниту некакви забрани што ќе ме натераше да ја вакцинирам, ако не сакам. Попрво ќе се иселев од тука. Навистина во Франција забраниле школување на невакцинирани? Ги мислев за далеку поцивилизирани.
Ова го има пишано Миа на нејзиниот профил, не знам што сте се фатиле за неа и се исмевате. Патем на истиот тој пост има пишано мајка на дете оштетено од вакцина.
Ги изостави институцииве во обвинувањата. Корумпирниов и уништен здравствен систем, според мене е најголем виновник за состојбава. Во недостаток на истиот, родителите лесно се лажат од разно разни “експерти” Кога би имале институции на место, не верувам дека бројот на невакцинирани или нецелосно вакцинирани би бил олку голем.