CDC е организација за превентива на заразни болести. Тие се оние што ги викаат за помош и анализи при појава на опасни болести.. како Ебола.. Ако тие не знаат, не знам кој знај. Иначе, не пишува дека 'најчесто не'
@Aw-aw мојот е две години и еден месец, почнуваме на логопед на 08ми сега и не, не вакцинирам. Кажува по некое зборче но незадоволително за да сум 100% сигурна да вакцинирам. Другото е на тебе како мајка.
те прочитав и во друга тема и искрено не си ми јасна. зашто го форсираш да прозбори. разбира кога ќе му кажеш нешто?
И јас исто ко Лили ќе прашував. Јас мислам дури и до 3 години се чекаше за логопед. Многу деца не зборуваат на 2 години. А и мислиш тогаш полесно ќе се одлучиш? Моево збора од многу мал, ни малце не ми ја олеснува тоа одлуката.
Смеат ли да ги гонат кривично? Имаме ли закон за ова? Секаде различно читам И пак хајка ќе се прави врз родителите, а не врз тие кои всушност ја шират паниката, како двајцава "месии" на темава или ликови како овој: Сликава е од ФБ Ваквите треба да се гонат, не родителите. Ама кај нас ко' по обичај работите се прават наопаку.
Вчера во емисијата кажала докторката и дека деца алергични на јајце можат да ја примат. А мене во диспанзер ми кажаа да направи 3 години, да правиме алерго тест па да го однесиме ако не покажи алергија. И сега што е точно?
Државните органи и претставници илјада пати излегоа со апели за вакцинација и упатуваа дека вакцините се безбедни, а они ете сепак се примаат на вакви постови. Па што човек треба да си во суратот за да поверуваш на таков пост ? И они ќе одгледувале дете и ќе го научеле на нешто... Инаку и јас сметам дека треба да обрнат внимание и да погасат сите овие антиваксерски здруженија и дебели казни за активистите. Пре нон шалантно се однесуваат према нив а ете со обзир каков народ имаме, преголемо влијание се.
Ama sto se plasis ,ako si go vakciniras ti deteto,vakcinata ke go stiti i nema da se razbole.TAKA?Ako ne vo skolo i vo uciliste ke se sretnat moeto i tvoeto na ulica,vo igroteka,na igraliste vo grad.
"Платеници што харате" .хахахха кој е платен и потплатен и дебело нафатиран у ситуацијава кај нас.абе рекламен спот имаат .На прашањето колку време ќе трае епидемијата -15 дена хахахха .
Вчера не. Ќе почекаме. Може на 7миот ден ќе има. Не се знае тоа. Туку... јаре и кентарион ги нема на темава? Да не ги фатија морбили?
Се плаши оти твоето дете претставува опасност за останатите што се вакцинирани. Поради твоето дете, се нарушува колективниот имунитет, кој освен вакцинираните деца, има за цел да ги заштити и оние кои поради Х причини не смеат да се вакцинираат.
Океј ако има болест кај детето и не сме да се вакцинира. Ама луѓе 15 000 ли се болни деца невакцинирани? Што се случува тогаш со децата?
За што? За да се заразат децата? Иначе во игротека нема забрана кој сака може да однесе бебе да прележи морбили додека е мало.