^ Да, но бебето не ги прима сите можни вакцини на денот на неговото раѓање па да си оди дома безбедно. Дури дојде ред за одредена вакцина, тоа е невакцинирано и е во ризик од невакцинираните.
Во последно време има тенденција повеќето вакцини да се примаат веднаш по раѓањето така да нема што да се плаши некој родител од невакцинираните, не се тие зомби кои ќе му пренесат болест. Да ги чуваме децата во стаклено ѕвоно (од страв нешто да не добијат) нема поента и онака силниот имунолошки систем е најбитна превентива и за вакцинираните исто како и за невакцинираните .
Па не се грижиме само за вакцинираните, таман работа, мене ми е жал особено и за невакцинираните кои имаат право да бидат вакцинирани и заштитени од тие болести. Исто, точно е и дека бебињата кои не се вакцинирани и ревакцинирани се под зголемен ризик. На пример МоПаРу се прима дури после првиот роденден, тоа е една година ризик, а плус и заштитата не е целосно оформена се до ревакцинациите. Спојлер Исто сосема друго е само индивидуалната заштита кај вакцинираните од самата вакцина, а друго е и дополнителна заштита и воопшто да ја нема самата болест во популација заради тоа што општиот имунитет не дозволува да се шири. Точно е она што го кажа шкорпионка, одлуката не се прима така ноншалантно, затоа што не засега само родителот и неговото дете, туку и други деца кои доаѓаат во контакт, па и самата популација. Сепак еден, два во популација, така раштркани немаат голем придонес во зголемувањето на ризикот за ширење на болеста. Потребно е да се оформат така наречени џебови на невакцинирани или неимуни, тогаш имаат реална можност за пренос и опстојување на болеста и појава на епидемија. Таков е и примерот со една популација во Холандија која активно уште одамна ги одбива вакцините заради религиозни причини. Тие припаѓаат на некоја калвинистичка протестантска религија и се против вакцинирање. Затоа во нивната популација често се случуваат епидемии, особено на мали сипаници. Моментално е во тек една таква епидемија и биле заболени 1200 индивидуи, најголемиот број невакцинирани, припадници на семејства од таа религија. Еве сликовит приказ како се распространети случаите и како веднаш се гледа дека постои поврзаност со опфатот на вакцините и бројот на случаи. Значи потребно е да се појави една поголема група на невакцинирани за да се овозможи да се прошири вирусот. Еве линк ако не се гледа целосната слика со двете мапи http://www.eurosurveillance.org/images/ ... l_fig3.jpg Сликата е од тука: http://www.eurosurveillance.org/ViewArt ... leId=20580 Таму може да се види дека од 1200 случаи, 176 имале компликации. Имало 66 случаи со воспаление на увото, кое може да заврши со глувост. 90 случаи со пневмонија. 82 биле примени во болница. А имало и еден случај на енцефалитис кај 9 годишно детенце, кое се уште било во кома. Ова се прилично големи бројки, а се однесуваат само за периодот веднаш после инфекцијата. А компликациите од инфекцијата може да се појават во следните 3 месеци после прележувањето. Ова не се ни приближно до бројките од евентуалните случаи на компликации од вакцините. Не знам дали на некој разумен би му било сеедно да спореди несакани последици од вакцина со компликации од болеста доколку опфатот со вакцини бил помал и сепак да одбере ризикот од болеста. И плус ова е само за една болест. Ама сега се чини дека одлуката да не се вакцинира е многу лесна токму заради задолжителната вакцинација и високиот опфат со вакцини кој се трудите да го намалите со ширење на шпекулации и дезинформации.
И од блиска личност, медицинско лице добивме голема поддршка за нашата одлука да не вакцинираме. Станува интересно, и докторите почнаа да ги менуваат своите ставови . Туку друго ме интересира, оние кои имате поголеми деца, а не се вакцинирани, како ги праќате на школо, со што проблеми се соочивте, со оглед на тоа дека бараат потврди???
@expert Не ти ја разбирам посесијата, по незнам кој пат да ја повторуваш одлично спакуваната лага за општ имунитет, кога има случаи на епидемии и во највакцинирани популации. За епидемијата на сипаници во Холандија, многу добро констатираш, често се случуваат епидемии на сипаници, но не само сега, и не само во специфичната популација. Лани со поголем размер имаше сипаници на северот од Холандија, каде што живее мој роднина, каде е најголемата покриеност со вакцинација. Иако и неговото детенце е вакцинрано, си ги добило сипаниците, и си ги прележало, како што впрочем исто и комшиското детенце ( семејство од Мароко ) си ги добило и си ги прележало а невакцинирано. Системот на плашење со зараза е одамна познат во фармацевтската индустрија, ( и нивните пропратни организации, што на државно, што на асоцијативно ниво ), а токму одредени епидемии се користат за истакнување на стравот. Зошто, повторувам зошто, не се знае за минатогодишната епидемија каде процентот на вакцинрани е над 95 ? Зошто ретките информации ( само коа ке излезат а обично не излегуваат ) траат на нивните веб-сајтови по 2-3 дена и одтаму исчезнуваат. При дијагностицирање на сипаниците, неретко се касни во самата дијагноза, а одтаму доаѓаат и проблматичните случаи, за да на крајот општиот резултат остане со никакви последици, секако реално и навремено третирани ( и кај вакцинирани и кај невакцинирани ) Обратни примери има секако, па така да се поставува делотворноста на вакцината за Пертусис, ( Црна Кашлица ). Иако вакцинирани, 2/3 од заболените не ги заштитила, односно заболеле. Внмавајте популацијата е над 95% вакцинирана. Еве за инспекторот Експерт http://www.utsandiego.com/news/2010/dec/16/region-vaccine-makers-fund-whooping-cough/ За сипанците интересна констатација за Америка, дека епидемиите се резултат на невакцинирање и на влез од странци, па како елегантно поради нив, имало епидемија. Е како можело да има кога процентот на вакцинирани е над 90 дури и 95 %. Па што правела вакцината тогаш? http://healthland.time.com/2013/09/...rates-good-but-measles-cases-hit-record-high/ И таму и секаде , пак елитата елегантно не се вакцинира. Сигурно се многу смотани. За Меу За упис во градинка/училиште се бараат здравствени потврди на општата состојба на детето, во кое на 2рата страна има информација за евентуално примени вакцини. Таа графа може да биде празна, и не е облигаторна за упис во градинка/училиште, односно нема наредба да се одбиваат деца кај кои оваа графа е празна. Мојот син е запишан лани во прво одделение со здравствената потврда, во која делот за вакцини е празен. Дури и кога го потенцирав тоа, педагогот ми рече, зарем мислите дека сте вие единствен што не го вакцинира детето.
Аха значи ова само во помалите градови креваат паника. Поточно другарка ми во Гевгелија го запиша детето во градинка. Во петокот ја викнале да однесепотврта за здравствената состојба, лист потпишан од д-р. кои вакцини се примени и фотокопија од картонот за вакцини, како задолжителни документи. Затоа и се распрашував , посебно ми беше потребно некој со искуство да ми одговори. Ти благодарам yarre.
Со цела почит Г-ѓо,без разлика дали имате диплома во медицина,не можете да обвините една причина за вашиот проблем. Causation does not imply correlation. Тоа е исто како да кажете во Африка има највеќе СИДА затоа што се користат вакцините,а секако не се прегледуваат сите други причини за предидзвикување на СИДА. Ви предлагам да го погледнете видеово за вакцините,каде што има факти а не псевдонаука. Псведонаука секаде има деновиве,овие истите луѓе се против се што науката направила добро за човештвото,вклучувајќи ја биотехнолгоијата,хемикалии итн. http://www.youtube.com/watch?v=RLcOz4EKrxg
За Холандија Невакцинирано дете имало 224 пати поголема шанса да биде заболено од мали сипаници. Толку од тоа дека заболувале и вакцинирани и невакцинирани. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12404165 Во Холандија, западна и богата држава со развиен здравствен систем, имало толку компликации, три смртни случаи во 2000 од мали сипаници и моментално дете во кома, од само 1200 случаи. Толку од тоа дека компликациите биле заради нетретирање или кај неухранети и слаби деца. За Америка Општиот опфат иако е висок, нема да ги заштити сите невакцинирани ако тие створат џебови, односно се „соберат“, концентрираат на едно место. Висок е опфатот на општата популација, ама низок е во тие субпопулации и доволно е само да се донесе вирусот и да се пренесува. Доволни се бројките, иако невакцинираните се само 5% од целата популација, тие претставуваат над 90% од заболените. За магарешка кашлица И самото прележување од магарешка кашлица не дава долготраен имунитет, не дава ни вакцината. Точно е дека најголемиот број од заболените биле некогаш вакцинирани. Ама вакцината била дадена 5-10 години пред тоа. Тоа укажува на намалување на имунитетот, а не на неефективност на вакцината. Доволно е да ги заштити и само децата кај кои оваа болест може да има страшни последици, а и самото прележување е пеколно со кашлање од неколку месеци. Затоа во државите каде што се употребува ацелуларната вакцина, која е помалку ефективна и пократко трае имунитетот, се даваат и ревакцинации со целата TdaP, за разлика од кај нас каде ревакцинациите не содржат пертусис. Заплашување ли е споделување на реалните факти? Заплашување ли е прикажување на реалните ризици? Еве уште еднаш анимирана симулација на општ имунитет. Ова е страница која ја направиле родители чие дете починало од пертусис и било премногу малечко да биде вакцинирано. http://op12no2.me/toys/herd/index.php?s ... rd&locale= Притискајте на back и next за различни сценарија.
http://www.youtube.com/watch?v=mSjVZx4jnuY#t=252 Ерик, пред и после вакцинација. Не стискајте back и next. Едно од можните сценарија од вакцина. Ако одбирам мали сипаници или ова, со драго срце сипаници. Реални факти ? Стави се во улогата на мајката ( недајбоже ). Тогаш ке видиш реален факт. До тогаш ке ги гледаш работите од висина, спрема сервираните информации. За Америка - Џебови немало. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1646939/ Е ајде сеа лото ќе си играме. Во одделението на син ми, вакцинирано детенце си доби црна кашлица. Син ми, залепен до него и невакциниран - Не. И сеа ? Филозофии колку сакаш. Инаку знаеш што пишува во упатствата на вакцините ( барем америчките ) ? “This vaccine has not been evaluated for its carcinogenic [cancer-causing] or mutagenic potentials or impairment of fertility.” Превод: Вакцината не е еволуирана ( тестирана ) за канцерогиени или мутагени потенцијали или влијание на плодност. И после ке се чудиме зошто толку родители имаат проблеми со забременување. Сакаш линк или ке се снајдеш?
Аххх леле мојата најголема дилема и најхорор тема нема ден да не ја отворам и да ми текне до кај сме и коса да не ми се крене на глава! Вака сега накратко...првото дете ми е 11 год и ги има сите до сега примени,фала Богу до сега немала некои големи реакции...моето второ дете на полни два месеци ја прими вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б,која што за прв пат кај нас е воведена од 1ви Септември 2009 година.Ја примивме во Ј.Сандански и се вративме дома...додека влеговме дома заспа,да ја ставам во креветче кога врисна да плаче(а да напоменам многу мирно бебче беше,најадена средена,глас не и се слушаше)силно да плаче,до зајдување,да неможам да ја смирам на никој начин...сите се испоплашивме дома,ја соблеков гола и кога ќе видам нодзето отечено ама како топка,дупло поголема од самата нога...дете вриска,ама до болка,никако да се смири,ни со цице,ни со ништо...имав ациди борици,но се беше залудно...земав детето во рака и во најблиската амбуланта,тие таму кога ме видоа со дете што зајдува и они како без глава трчаат,што уште повеќе ме исплашија...ама имало и Зашто(подоцна една од сестрите во доверба ми кажа,а воедно имало и на тв дека некое детенце после вакцина,само незнам која,(пред недела,две тогаш)починало и затоа така изреагирале ...ја мачкаа со нешто,сакаа и инекција да и стават за болки,ама не дозволив,не успеаа да ја смират,само ми рекоА да ја носам дома,да продолжам со ациди борици и дека ке се смири.ке спладне отокот...така скоро цел ден детето ми се измачи,се уби од плачење и дури вечерта успеа да се смири се... Потоа се решив и деноноќно читав на нет за сите вакцини и што како,колку се ефикасни и која кога се прима...дојдов до еден форум и баш тогаш беше актуелна тема,каде што прочитав за ацелуларните вакцини од кои нема реакции,а ги добиваат само "големците" или пак некој кој има јаки врски и ги има само на клиника...решена бев да одам до крај а и благодарение на помош од членовите на тој форум,успеав без врски ама голема упорност успеав некако и почнавме со тие....стигнавме до МРП,ама таа не е ацелуларна и не ја примивме...ми стигнаа може 10 пати покани со закани за казни ако не ја примиме(а ние ги игнориравме)...од тогаш поминаат точно 4год(толку имаме сега)и јас немам памет што понатаму...страв во коски од тие вакцини,а немаме примено ниедна и после МРП...јас не сум за целосно Невакцинирање.....јас сум за модифицирање на календарот, за исфрлање на некои непотребни вакцини и за подобар квалитет на истите(што тешко да се добие тоа кај нас,за жал). Е сега би Ве замолила,поискусните што би ми предложиле,како тоа би го направиле да сте на мое место(Yarre,Moira,mama Vase ако е тука зачленета,ја нема на тој форум)или пак некој друг што поминал по тој пат...има ли и други ацелуларни после МРП на клиника...со која да продолжиме и кога ХЕЛП!
Здраво Кети 30. Знаеш, родителите кои одлучуваат да не вакцинираат скоро по правило, после донесувањето на одлуката, воопшто и не се замараат со тоа. Многу ретко коментираат, многу ретко дискутираат по форуми или на социјални мрежи. Едноставната причина е немањето на живци за сукоб со класични стереотипи во размислувањата, кои слепо се држат за ставот околу вакцините. Колку и време да потрошиш се соочуваш со особи кои едноставно неможат да пројдат преку цртата на инвизицијата, со години растена во нашите глави. Ликовите кои пишуваа на темата по форумите, истата ја надраснаа. Едноставно е затворена страница за нив. Сега има Македонска тема на фејс, со над 800 членови во моментот. Темата е затворена и се бара пристап, поради стереотип на ликови како поединци на форумот, и допринесување на квалитетна размена на информации се почесто во делот на начините на одбивање. Се радувам кога некој барем се обидува да ги осознае и другите работи, кои и не се толку далечни, напротив, тука се околу нас, постојат, проблемите се евидентни. огромни, катастрофални. Се менува животот на тие родители кои од здраво и право станало инвалид, или недајбоже отишло на овој свет. Се растураат семејства, неможејки да го издржат притисокот на болеста на детето. И на крајот зошто ? На крајот единственото прашање што се поставува е - „Ех да знаев“ или „ Ех да ми кажеше некој “. Ама тогаш е доцна, особено доцна за проблемите кои не се асоцираат со вакцините а потекнуваат токму од нив. Лекарите ( чест на исклучоците ) скоро секогаш одмавнуваат со главата дека последиците се од вакцината. Па таа ненавремена и неточна дијагноза продуцира зголемување на последиците од поствакциналното заболување, дури и во случаи каде што иако малку, барем нешто може да се поправи. Ацелуларните вакцини се подобри само во едно, а тоа е успешноста во неприкажување на поствакцинални поледици, и тоа само веднаш по вакцинрањето. Останатите, трајни нарушувања се пак тука, истите како и кај „обичните“. Иако секако ја почитувам твојата одлука, верувај, се чудам како воопшто продолжуваш со вакцинацијата поради моментот на очајните поствакцинални реакции од вакцина. Во тие состојби ти си била таа која го имала и гледала своето дете со сите тие шокови и стресови. Мене искрено би ми било страв за се понатаму. Ликот кој беше присатен во емисијата Тунел кај онаа Живкица, верувам го знаеш од другиот форум, со јасно изразените прашања кои немаа одговор. Он беше поборник на делумна вакцинација, но во емисијата одлучно изјави, дека сега да се прашувал, воопшто не би ги вакцинирал децата. Кај него вакцинирањето е стопирано, иако почнато со делумно. Мојот став е јасен, и јас не ни сакам да размислувам во делот на опцијата на ацелуларни вакцини. Не ми е познато во моментот какви вакцини има во Детската Клиника, но пред 6 години имаше увоз на кинески вакцини ( дури и без франшиза на некој од големиве фарма фраери ). Каква е состојбата сеа, не знам.
Kети30 ете ние ги стававме ацелуларните, самоиницијативно, преку врски. Сега се каам што воопшто така постапив, зошто минатата недела на предавањето на Слаџана Велков, дознав дека ацелуларните се всушност далеку поштетни од овие, зошто од нив има засега пријавени над 80случаи смртност кај деца кои ги примиле(толку се пријавени, а што е со оние кои не се). Пак ќе кажам фала му на Бога што добро поминавме, само 38температура. За 3недели ќе правиме годинка, и наредна би ни била МРП.... но нема да продолжиме.
Ќерка ми ги прими ацелуларните на Клиника, ние ги донесовме од Грција, 2011 не беше проблем (со врски нормално). Прекинавме целосно со вакцинација после 3та Инфанрикс, не знам дали беше до начинот на ставање, дали многу им мрдала, или е нешто друго во прашање, ама рачето со недели и` беше модро во дијаметар од 10цм. На 3та крена и Т, нешто околу 38.5, среќа ништо друго после тоа. Од тогаш нема примено ништо, ни вакцина (МРП) ни ревакцина ДТП (ниту и е направен Манту тестот за успешноста на БСЖ). Добивме покана за вакцинација на домашна адреса, напоменувајќи дека сме „несовесни родители“ и дека ќе треба да платиме казна од 10.000 ДИНАРИ ако не ја однесеме малата, а и телефонски ми се јавија од Јане Сандански. Во нивната архива немаа ништо за ќерка ми (освен ревакцината на Хепатит на 1 месец), им реков дека вакцините ги прими на Клиника и дека ќе им го однесам картонот, ама се` уште не сум го направила тоа. Од тогаш ме немаат контактирано на никаков начин.... Изјава се` уште немам однесено, иако ми е спремна, зошто знам дека сега има хајка и дека со првото доставување на истата ќе се потегне целата лавина на реакции, па порамнувавања, па санитарен инспектор, па 300 слични глупости. Планирам на следната покана (кога и АКО воопшто пак добијам) да го однесам картонот за да ги внесат кај нив примените до тогаш вакцини, заедно со изјава дека тука запираме. Не знам како ќе се одвива одењето во градинка, се` уште е дома, ама тоа отом потом, за некој месец ќе мислам Како и да е, ќерка ми разви атопичен дерматит уште на 40 дена. Имавме многу проблеми, мораше да го пие специјалното Alergy Digestive Care млеко за да не реагира, Хипоалергеното и` создаваше проблеми, а изреагира и на телешко месо, и сето ова прекина со прекинот на вакцинација. Конциденција или не - не знам, битно денес е ПУ ПУ здрава права, може да јади се` што сака, иако млеко и месо не конзумира. Размисли си убаво, секој е приказна за себе, ако решиш да прекинеш тука сме сите меѓусебно да се советуваме Со среќа!
изгледа дека нема да ја примиме ММР вакцината ,само ме интересира ако се зарази со некоја од тие болести кој се последиците ако ја нема примено вакцината,и ако мозе името на групата на фејс тнх
Zdravje na igla ne vleguva- imeto na grupata. I jas stignav do MRP vakcinata i tuka zastanav. Pokani ne mi stignale doma i uste sum vo dilemi. Citam i istrazuvam ....ne sum ni vamu ni tamu
ММР или МоПаРу вакцината штити од мали сипаници, заушки и рубела. Рубелата е лесна болест, така да ако некако се случи да заболи од тоа веројатно ќе помине како еден лесен вирус со мала температура неколку дена, нафрлување и толку. Ама истовремено заболеното дете претставува преносител на рубела вирусот и ако дојде во контакт со бремена жена која нема имунитет, вирусот може да направи оштетување на фетусот и големи малформации. Заушките се за некој степен поопасни, затоа што вирусот освен во респираторниот тракт има поголема можност да зафати и друг систем и да покаже компликации. Може да ги зафати тестисите или јајниците и да предизвика нивно воспаление, кое не само што е болно, туку и може да заврши со нивна атрофија и стерилитет. Може да го зафати мозокот и да предизвика менигитис или енцефалитис. Може да предизивка воспаление на панкреасот или на увото. Во најголемиот број случаи сепак не се појавуваат компликации, целата инфекција трае неколку дена со температура и отекување на плунковите жлезди. Како најсериозна од овие трите се сметаат малите сипаници, и затоа уште одамна се ставени како болест која треба да се превенира со вакцина. Исто почнува со температура која трае неколку дена и потоа исто недела дена осип, но компликациите се почести, како пнеумонија или енцефалитис. И мене што ми остави најголем впечаток, имав прочитано некаде, имало некоја поговорка во Нигерија која си ја кажувале мајките: Не ги бројте децата пред да поминат малите сипаници. Значи се гледа колку сериозен ефект имаат таму. За среќа кај нас исклучиво ретко би бил смртен случај, затоа што децата не гладуваат и имаме здравствен систем. Ама работата е зошто да бидеш под ризик и да го оставиш детето незаштитено кога имаш достапно вакцина која е далеку побезбедна од самото прележување. За среќа и самиот ризик за прележување е скоро минимален затоа што нема епидемии од болестите, ама ако некој чека да дојде епидемија, па после да го вакцинира детето, би било доцна.
Повторно сеење на страв, кој е одличниот начин на вкупната пропаганда за вакцините. Повторно шта би било, кад би било, а скоро никад па ни тад не било. Што збореле мајките у Нигерија Тоа дур пешачат по 15 километри за загадена вода ? Што ли зборат мајките во Австрија ? Имаше една изрека за стравот, особено кога се користи во вакви цели, ке се обидам да парафразирам: "Единственото нешто што ние треба да стравуваме е самиот страв -. безимен, неразумен, неоправдан терор кој ги парализира сите потребни напори да го конвертирате назадењето - нанапред" Во слчајот е олична наменска алатка, за продолжување на лагата како и лагата за имунитетот на стадото. Соглаасно стандардниот опис на имунитетот на стадото (колективна имунизација), заштитата на популацијата настанува само со прележување на инфекциите природно. Причината за ова е тоа што природно стекнат имунитет трае за цел живот. Поборниците на вакцината го искористија овој концепт за имунизација базирана на вакцини. Но, има еден проблем - кај вакцината која индуцираниот имунитет трае само релативно краток период, од 2 до 10 години најмногу. ( И ова ако има воопшто, но званичните податоци се такви) Ова е причината зошто почнуваат да се употребуваат ревакцините за повеќето вакцини, па дури и на стандардните детски инфекции, како што се сипаници, мали сипаници, заушки и рубеола. Тогаш се откри уште поголем проблем. Ревакцините кои траат само 2 години или помалку. Ова е причината зошто сега има повеќевалентни вакцини, дури и за оние за кои се мислеше дека даваат доживотен имунитет, како на пример МПР. Истото се советува и за возрасните. Иронично, никој во медиумите или медицинската област не се прашува што се случува. Само се прифаќа дека тоа мора да биде направено. Лагата на колективниот имунитет (имунитет на стадото) од вакцини може да се докаже многу лесно. Во почетокот на масовните имунизации, школското четиво, учело дека вакцините заштитуваат доживотно. Ова размислување постои повеќе од 70 години. Релативно скоро се открива дека повеќето од вакцините го губат нивниот ефект после 2 до 10 години. Ова значи дека најмалну пола од светската популација била незаштитена со децении (ако нели колективната имунизација воопшто работела, а да земеме дека била ефективна). Ако ја слушаме денешна мудрост, сите сме изложени на ризик од повторно оживеани масивни епидемии ако стапката на вакцинација да падне под 95%. Сепак, сите кои живееле последните 60 години на планетава имаат живено најмалку 30 до 40 години, со 50 % или помалку од населението заштитени со вакцина. Колективниот имунитет не постои многу децении и немаме повторно заживување на епидемии. Колективниот имунитет задобиен преку вакцина е лага која се користи за да се исплашат лекари, јавно- здравствените работници, друг медицински персонал, а и јавноста во прифаќањето на вакцините. Кога ќе ја испитаме званичната научна литература, ќе најдеме дека за многу од вакцините, создадениот имунитет е 30-40 %, што значи дека 60 % до 70 % од популацијата не е заштитена со вакцинирањето. Повторно, ова би значело дека со 30% до 40% ефективност од вакцината во комбинација со фактот дека повеќето луѓе ја изгубиле имунолошката заштита во рок од 2 до 10 години од вакцинирањето, повеќето од средновечната популација е без магичната заштита од 95% потребна за колективниот имунитет. Студентите на медицина пред 40 години ги учеле дека вакцините за тетанус пружаат доживотна заштита. После 30 години од тогаш се откри дека заштитата не траела повеќе од 10 години. Секој може да го праша својот лекар дали видел случај на заболен од тетанус? Веројатно не. Ако ги погледнете годишните податоци за тетанус инфекции, ќе видите дека нема промени во зголемување на бројот на случаи на тетанус. Иако масовната имунизација била далеку од 95%. Истото може да се каже и за мали сипаници , заушки и други детски инфекции. Описите на болестите секако дека треба да ги знаеме, секако и какви се можните последици. Генералната слика е дека истите ги третира стандардната медицина ( и вакцинираните и невакцинираните) , и секако последиците се ексртемно ретки. Најбитното е дека вакцината НЕ ГАРАНТИРА дека единката нема да заболи од болеста за која е вакцината. Кај Полиот на пример дури и може да го добие од самата вакцина. Од другата страна, постои експлозија од авто имуни заболувања, каде директен причинител е вакцината, кои медицината сеуште незнае да ги третира. Оштетувања трајни, лекувања прилично доходовни за фарма фраерите.
Јас сум за вакцините едноставно, не би ризикувала да не ја вакцинирам ќерка ми , секако има и негативни страни , но не би ризикувала да се разболи од некоја болест и потоа да си ја чукам главата во ѕид
И мене не ми е сеедно кога го носам детето на вакцина многу се плашам ,но сепак го носам По шубе би ми било кога не би го вакцинирала
@koritsaki @simonatino. Страв! Токму тоа е алатката не само сега туку и низ децении која се користи за нешто да ви се наметне под ознаката доброволно. Погледнете ја поврзаноста со бројката на вакцини во одредена држава со SIDS синдромот. Америка е на топ позиција, и така се највакцинирана нација. Ќе има ли крај во бројката на вакцини која се зголемува секоја година ? Заклучок изведете сами. Бидејки не се гледа сликата целосно десно еве го линкот http://2.bp.blogspot.com/-2h5P05_Ek.../s1600/Rep. Posey - Infant Mortality Rate.jpg