Од грип се исфрла? По цело тело, до чешање, со температура? Ај ви се молам доста со дриблање психа на другиот.
Кога ќе размислам подобро како што имам читано сум имала поблаги форми на штета од вакцината во детството, како крварењето од нос, чуден иссип на телото и сл. Меѓутоа поминало.... Порано вакцините беа каде каде поквалитетни од овие сега.... Се е не здраво околу нас па и вакцините не се исти....
Јас реков дека секоја година додека беше дете ги имаше. Каде прочита еднаш... Реков дека беше вакцинирана
Pred 15 dena bea registrirani i decata od radisani od gradinkata. Zar pred niv nema nikoj drug zabolen? Ama ete moraa od negde da pocnat da digaat fama.
Ако избришеш една реченица ова ќе го сфатевте како факт нели? Да не тропнеше дека секога година ги прележувала. Така е со сите што пишуваат. Од вчера до денес до 13 часот вакцинирани се 829 деца со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит), откако завчера беше прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје и беше донесена забрана да се примаат невакцинирани деца во градинките.
осип не значи сипаница посебно не ако е секоја година. еднаш се прележува. освен еве ти ако не спремиш некој нов докторат и ни докажеш дека се лежи секоја година...
конкретно е небитна класификацијата за примеров БТЊ серумот се користи како почеток на терапијата за лекување на тетанусот кога периодот на инкубација е завршен, додека ревакцинизацијата (на која мислев) се користи ако лицето одма после повредата отиде на доктор каде раната ке му биде исчистена и се дава вакцината по Н-пат
Сакаш да кажеш да не набауваат вакцини повеќе? Дека набавуваат за од мај да купуваат оти у Радишани имало
@buba4e89 не е сипаница. Не може да биде по ниеден закон на природата. Или е некоја вироза проследена со осип или алергија. Сипаница еднаш се прележува и остава траен имунитет, некој што прележал не може пак да се разболи.
Сосема е нормално да не ви се верува, ама така беше тогаш. Секоја година по доктори,имунитетот и беше опаднат. Ние сите на снег, она дома седеше, цела беше со пудра, не ни дозволуваа да ја допреме. Знам дека е индивидуално,некој еднаш некој повеќе пати.
тоа им беше и целта Кревање паника и следува масовно вакцинирање.Во оваа ‘паника’ никој повеќе не се прашува ни шо вакцина е ,ни со каков датум и квалитет е.Битно е да се боцнеме да не настрадаме.
Проблемот лежи во рокот на вакцините. Секој носи различно искуство, не мора да се стремите на факти и треба да сфатите дека сите се различни. Дали чекате да умрат деца за да ја сфатите сериозноста или подобро да се спречи отколку да се лечи?
Абе бубаче... ќерка ми до сега 3 пати имала температура со осип, а само 3 години е.... тоа не се морбили, друг вирус е... убаво пробаа да ти објаснат, не се инати џабе.
Па може треба секое зимо да ја прима чим секое зимо не сте можеле да ја допрете. и не се нервирај еј.
Иако дискусијата делумно се поклопува со оние во темите Вакцинирање и реакции после вакцинирање. Совети за оние кои не вакцинираат. Вакцинирање во странство. За да не се наруши текот на истата, посебно кога има голем интерес и активност, не префрламе мислења. Но ве замолувам без лични преписки, навреди или дискусии околу членовите кои учествуваат во истата. Да се задржиме на темата околу вакцинирање без навреди и провокации. Таквите мислења ќе бидат бришани/редактирани. Ви благодарам однапред.
Да прашам...не разбирам што сакате да кажете. Дека лажат за епидемијава? Не лажат. Еве до моментов јас не вакцинирав, бев скептик голем со вакцините, викав нема шанси тоа "ѓубре" на мое дете (демек јас знам какви се вакцините, а ниту сум медицинар нит појма имав). Од денешна гледна како што кажав вчера, ми иде од г'от да си каснам. Има заболени, знам затоа што моето дете оди во градинка со едно од заболените чии родители до последен момент пред да излезе осипот го пуштаа во градинка. Јас, мм и уште 60 родители сме избезумени. Не знаеме кој пат да фатиме зашто ова свесно сме им го направиле на децата. Пола веќе ги вакцинираа иако се можеби во период на инкубација. Ние уште не. Згора на се, јас сум трудна. Кажете ми сега дали и сфаќате зошто трчаат да вакцинираат луѓето. Не можете, а знаете зашто? Зашто не сте ни во кожата сега