Мојата внука ќе биде вакцинирана.и сите кои ги знам до сега вакцинирале.ризик постои и од било кој лек да се прима.па и од вакцина.тоа си е мое мислење и нема да го променам. Минатата година морав и се вакцинирав со вакцина против Хепатит Б. И се ревакцинирав 2 пати.еве здрава и жива сум. Ризик од заболување има и по било кое вакцинирање, само компликациите се далеку помали.а колективниот имунитет итекако е битен.посебно за дечињата кои несмеат да се вакцинираат.и нив ги штитиме. Само ми смета ова насилно вакцинирање,дали ги прегледуваат дечињата претходно-тука може да се направат исто така многу грешки
Јас сум против,како прво сметам дека е доволен природниот имунитет кој личноста ќе го стекне,брат ми има пострадано како мал му ставиле погрешна вакцина и триста компликации настанале многу ослабнал а како бебе бил буцко ,е сега дали оти е нулта крв па има јака отпорност организмот општо сакам да кажам
Извини, морам да те цитирам. Природен имунитет се помалку има,средината во која живееме ни малку не е добра.храна модифицирана, вода со метали, воздух со честички. Зрачење секојдневно. Жал ми е за брат ти, но на секому може да се случи како и за било кој лек.постојат чести, ретки и многу ретки несакани ефекти. За жал тој бил во тие 1:1000000. И се случило. Пак ке кажам- на сите може да ни се случи. Твое право си е-си имаш причини но дека секому исто му следи-не би рекла
Не сум против заради тоа што се случило на брат ми,причината била погрешна вакцина .А сум против оти така ми делува ко некој да го контролира човечкото тело сепак кој како сака но јас иако имам примано вакцини сметам дека не се потребни до толку тоа е мое мислење .
Немора да значи дека ако едно нешто е општо прифатено секогаш е правилно. И прифатено е затоа што ако не прифатиш следуваат сакнции па народот навикнал и мисли дека тоа е добро. Нема да ти постирам пошто за тебе тоа се теории на заговор. Германците и французите глупи се што ја укинаа задолжителната вакцинација.. Ама ако, додека има овци и волна ќе има. Ги знам последиците од морбили, имам роднини чие бебе е вакцинирано и пак е заразено. И нема повеќе да пишувам. Ако сакате и дупла доза ставајте им на вашите деца за да бидете сигурни.
@TheSecret и на интернет страна од производител на вакцината во многу ретки реакции пишува кома, конвулзии, ..., смрт. Баш пред некој ден читав, мора да го наведат тоа колку и да е ретка таа појава, не дај Боже кај никое што ќе ја прими вакцината. И не пишувам за паника да не фаќа. @Alishan30 дали имаш некакво мислење за дали да се прима вакцината ако има некаква реакција на јајце детето, плус атопичен дерматит?
Може и вакцинирано дете да се разболи, ама болеста да биде во поблага форма и без последици. Кога беше епидемијата од заушки пред 10 години, заболените беа скоро иста генерација кога наместо вакцина и за морбили и заушки, се примала само за морбили, зошто имало недостаток на другава вакцина. Заедно стојат тие две, па и брат ми, кој исто се зарази, мислеше дека е вакциниран и за двете, И поназад спомна аутизам. Нема никаков научен доказ дека аутизмот е директен резултат на вакцини
Што убаво ќе беше и во една друга тема да го имаше овој став, ама таму не ти одговара Среди си ги двојниве аршини.
Кој рече дека е правилно, затоа што е општо прифатено? Прифатено е, затоа што не постојат причинско последични врски меѓу вакцина и небулозите кои се сервираат овде. Нема доказ. Ќе видиме што ќе прават Французите и Германците ако им падне процентот на имунизација, да речеме на 50%. Ти не ги знаеш последиците од морбили. Имуниот систем на вакцинирано дете, го препознава вирусот и делува соодветно, пред да се развие болеста. Симптомите, се благи, во споредба со оние на невакцинираните. Или воопшто не се развиваат. Заразено дете може да дојде во контакт со бебе кое не е вакцинирано или хронично болен. Знаеш што значи тоа? А што се, ако не се теории на заговор? Вејкфилд е релевантен извор? Тој и списанието каде му беше објавена првичната статија? Со оскудни зборови за истражувања направени во несоодветни услови. И понатаму истово, соодветно побиено. Но, да. Скроз релевантно. Не постои специјалист кој успеал да ги репродуцира резултатие од неговата студија. Затоа што нема такви. Не постојат. Овие сомнителните и лажирани тука што ги објавувате, се друга тема.
Јааа тебе како ти одговара значи, кажи барем каде да разјасниме ама во лична порака да не тропаме глупости овде пошто темата е за друго... Секад го кажувам она што го мислам за разлика од вас кои одите накај што дува ветер пошто полесно е така. Знам дека е кул да размислуваш како повеќето ама мене уво ме боли што мислат другите. Појма немаш колкави суми на пари се во прашање. Вакцините се бизнис и зло за народот, ништо повеќе. Како ве води разумот така правете, што друго да ви кажам.
па и јас сум вакцинирана па се заразив и ги прележав без последици. логично зашто сите деца различно ја поднесуваат вакцината а не дека за некого е штетна а за некого не.
Смешки човече. Тоа е исто како јас да кажам дека од пад на вакцинација, заработува алтернативната медицина. И лечи се со витамини и тревки на баба Рада, оти и во медикаментна терапија "лежат" тешки пари. Намали им го профитот.
Никаде не е научно потврдено дека постои поврзаност меѓу вакцините и аутизам. Нормално дека ќе има несакани ефекти. За ниту еден лек не постои 100 постотна гаранција дека нема да има несакани ефекти. Мене ме мачи едно друго прашање зошто за другите лекови или антибиотици кои му ги давате на вашите деца или ги земате вие лично на своја рака не ги читате несаканите ефекти кои тие ги предизвикуваат? Исто е и со вакцините. И точно е дека и вакцинираните можат да се заразат, но тие многу полесно ги поднесуваат симптомите на болестите, затоа што имаат создадено АНТИТЕЛА благодарение на имунизацијата. Исто толку важен е и поимот колективен имунитет. Благодарение на тој колективен имунитет не само што се заштитувате самите себе туку и оние кои од било какви причини не се во можност да бидат вакцинирани.
Дупла доза е лекот. Да не ви дојде на свој грб и таа работа. Под камен ќе ги барате тие тревки. Да мислеа добро на народот лекот од тревка ќе беше легален а не вакцините кои се експеримент и бизнис. Не дозволуваат да биде тоа објавено. Ако тоа го знае народот ништо од бизнисот со вакцини. Не е се така црно како што мислите.
Еве ти објави го, излези и јавно кажи, кога веќе знаеш. Многу сте ми интересни вие со абе тоа и тоа се крие за да се има пари. Кој мисли дека е така и кој знае нека излезе и каже, ама со релевантен доказ. Едит- Ти вакциниран си?
Се додека не постојат научни докази за тоа не правиме ништо. Наспроти тоа постојат милиони научни публикации за безбедноста и користа на вакцините.
Јас сум како мала сите вакцини сум ги примила и сите сипаници прележала... Го носев малиот денес настинат е (18 месеци, невакциниран со ммр). И ја прашав докторката која инаку е искусна и повозрасна за вакцинава. И реков не планирам бар до три години и сами би си ја набавиле од Грција. Само ми кажа тоа си е ваш избор ако мислите дека така треба, така направете. Во ниеден момент не ме убедуваше да го вакцинирам, а и по реакцијата која ја направи приметив дека не е баш за тоа да се прави сега во сезона на настинки и грипови, кога секое второ дете е болно. Нели треба да бидат совршено здрави за да ја примат вакцината, а амбулантите полни со болни мали деца.
Не знам која генерација си, но кај нас во генерација од 45 души 38 прележаа сипаници само 7 не прележавме... И пак немаше прогласено епидемија, ова само во моето школо кога бевме 8 одд. Башка во другите школи... Процентот на вакцинирани деца беше 98.9%
ako prestaneme so vakcinacija ke se vratat edno cudo bolesti koi postoele nekogash i smrtnata stapka na decata ke e vo porast, znaci so tie vakcini se namali taa stapka. Ova ne go velam jas tuku nekoja si statistika koja e napravena posle voveduvanjeto na odredeni vakcini. Spored mene ludost e da ne go vakcinirash deteto samo zatoa sto ti e strav od nesakani efekti pa togas ne gi nosete ni na lekar zosto I od obicen analgin moze da ima reakcija a da ne zboruvame za penicilinot i alergiskata reakcija od nego koga nekogash zavrsuvala fatalno.