Ситна сипаница, Морбили. Знам дека ни бараа книшка /картонче за да видат дали сме вакцинирани. За неа знам дека нема вакцина
јас сум малку од поодамнешните генерации - 89/90год. И да баш така беше. и варичелата и морбилите сме ги прележале - големите и малите сипаници. И вакцина за двата имам примено.
@marchi-cool јас сум '88 и јас имам две прележано, како што кажува мајка ми пред година ситна (која сипаница точно нигде не е запишано) и во прво одд варичела. Ммр имам примено на година. А за варичела кај нас никогаш немало вакцина, немаат донесено и сега, во Германија знам ја ставаат и неа.
Тука сме генерациски, јас сум '91/'92....сите ја прележаа ситната сигурна сум, дека другарот до мене што беше се исфрли со ситни мозолчиња за 2часа...заедно седевме мене не ми беше ништо и после 7/14/21 ден . . Преку вакцина сум стекнала траен имунитет .. Подоцна дознав на факултет кога дискусијата беше наменета за Имунизација ..
А еве надвор од темата МОРБИЛИ ме интересира каква е таа 6то валентна вакцина. Во поново време ја слушам а во мое време ја немаше
Јас се сетив сега дека на 23 години заедно со сопругот, тогаш дечко, примивме единечна за заушки, имаше тогаш епидемија во Битола и сите над 88 родени не вакцинираа пак. Не ни размислував дали да примам или не, најнормално ни беше на сите. @marchi-cool не е страшна варичелата воопшто, особено во детство. Е сега мене ми е мисла за ова што кажуваат родителите дека сме прележале ситна, да не се работи за рубеола? Колку што читав полесна е од морбили. Јас сум била неколку месеци, а лесно сум поминала, не верувам да е морбили. Штета што не можам да најдам точен податок и грешна терминологија користеле порано.
Јас не ги разбирам родителине на вести што ги даваат со изјави, НЕ Е ФЕР НЕВАКЦИНИРАНИ ДА ОДАТ НА НАСТАВА, ГИ СТАВААТ ВО РИЗИК НАШИТЕ ДЕЦА КОИ СМЕ ГИ ВАКЦИНИРАЛЕ. Па нели вакцината штити? Па нели тоа им е функцијата? Па што се плашат тогаш да не им се заразат децата, зошто тогаш ги вакцинираат???
Јас сум вакцинирана и пак си фатив сипаници ко мала. И мајка ми ме шеташе така на гости со бели точки на лице и во коса. Така доаѓаа и деца од маало кај мене дома. Тогаш не им се придаваше толку значење, ќе си прележиш и крај. Е сега, имале некои луѓе комликации од нив да, ама и од настинка и од грип можеш да имаш компликација. Ништо не те штити 100%
5 валентна е ДиТеПер, полио и хиб 6 валентна е ДиТеПер, полио, хиб и Хепатитис б. Порано се примаа посебно сите (полио во лажичка, другите се боцкаа секоја посебно, различен ден), а сега една вакцина со се одеднаш. Синко 5вал ја прими посебно секоја, а 6вал тогаш стигнаа тие и таква му ставија...
И двете ги имам прележано. Со малите сипаници сум имала само два три дена температура, а со големите ништо не ми било освен што сум се чешала.
Не и двете ги имам прележано. Имало вакцина, родена сум во еу земја и таму имам примено се до 6та година, мајка ми ми рече имало вакцина за морбили/рубеола и дека сум ја примила. Е сеа не знам тука во мк кога почнале да ја ставаат, која година?
Sega ja stavaat od 12-15 meseci Neznam za kaj nas dali ima seuste. Jas nemam primano protiv varicella I prelezav sipanici ama nisto strasno. a mmr mislam imam primano kako mala
Ај морбилите не ви се страшни. Обична болест Ама... за рубеолата сте размислиле ли? Знете ли какви страшни последици може да остави на плодот за време на бременост? Нели ви е страв?