P pa mnogu logicno ako nekoe pogolemo detence ne e vakcinirano I se zarazi so morbili Ke mu gi prenese na pomalo detence koe seuste ne e vakcinirano so taa vakcina.
Имам таков случај кај соседи, во бременост фатила рубеола жената, девојката е колку мене сега прежално е.
Лелеее Ја ништо немам прележано и трудна сум. Иако не живеам во мк, страв ми е да излезам од дома. Имунитетов не ми е баш нај. Деновиве што се не прочитав.. уплав добив од разни информации.
Не се плаши, рубеолата е многу многу ретка сега. Варичела во бременост имаа неколку членки тука еве @mariz и нема последици. Не значи дека ќе фатиш нешто. А и би требало да си вакцинирана со две дози Ммр.
Не ме разбираш, родителите се плашат нивните деца дека ќе се заразат, А ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ВАКЦИНИРАНИ. Зошто се плашат тогаш, тоа не ми е јасно.
Со вакцинацијата вие не сте апсолутно отпрен на сипаници, туку кога вирусот ќе влезе во вас, вие полесно и побргу ќе го совладате бидејќи имате антитела за тој вирус (добиени од вакцинацијата). Еве слика на вакцинирано и невакцинирано дете. И двете го добиле вирусот. Едното е целосно облеано со сипаници, а другото само неколку и брзо ќе му поминат, а во голем број случаи вакцинираното дете ќе го победи вирусот пред да му се појави и едно мозолче. Е сега, ако моето дете е вакцинирано, тоа и да го добие вирусот, многу брзо ќе го совлада и нема да ги зарази своите ученици. Но ако не е вакцинирано, тоа ќе делува како едно подвижно живеалиште и размножувалиште на вирусот и ќе ги зарази другите деца од своето одделение, па дури и вакцинираните - иако тие ќе поминат многу полесно. Но зошто воопшто да страдаат децата само заради нечие непочитување на здравствениот систем и науката генерално? Во ред, државата нема право насила да ти го вакцинира детето, но во тој случај и ти немаш право да го носиш во државни институции каде постои можност тоа да биде закана по здравјето на другите деца. Доколку некој сака да живее со средновековна медицина, тогаш нека не го носи детето во институции од 21ви век.
Ова никој не може да каже дека ќе е така ако дојде до појава на сипаници. Па и варичела некои ја прелњжуваат цели нафрлени, а некои со тук-таму некое брунче.
Уште поголем страв ќе ти беше да не си вакцинирана, бремена и си имала контакт со заболено лице. Или ти да заболиш. Ги знаеш последиците?
Првото дете ми е вакцинирано редовно точно на датумите. Пред осум години со старите вакцини. Освен малку температура немаше проблем. Тогаш немаше вакви антивакини кампањи. Кога дојде второто со страв му ставав, заради што читав на нет. Некои дури и му ги закаснував. Немавме никаков проблем. Мрп ја прими на скоро две години, требаше прво ревакцината на дитепер но докторката одлучно рече ќе ви ка дадам мрп за да ве ЗАШТИТАМ. Јас бев бремена. Никогаш немаше да си.простам ако се случеше нешто дека му ја задоцнив вакцината. А после првото дете имав спонтани абортуси и двапати испитував дали имам антитела на рубеола, др се сомневаше и на тоа. Вакцинирана сум. Значи вакцините не се измислени од ракав. Порано умирале деца ос грип , од сипаници.... А да, прележав и варичела во бременост. Се помина ок. Сега имам бебе, што ако не ми беа вакцинирани дечињата и донесеа морбили???? Ќе се изедев. Јас верувам на медицината, значи тоа се болести кои БЕА искоренети а сега постои можност да се вратат, заради што некој си игра со здравјето на своето дете. Друга приказна се тие што не смеат. Што со бебињата???Со бремени жени? Страшно. Ова модерно родителство нема никому добро да донесе. Сите сакаме да шетам со децата,одма напаѓате ај дома да го чувам. Ако треба и ќе го чувам, првата година од животот кога е најранливо и најнежно. Кога треба да одам на вакцина нема да акам по молови,игротеки да закачиме нешто,туку ќе си седам дома и ќе работам на имунитет на детето за полесно да се избори со тој вирус кој ќе го ставиме. Ама не, мора да сме нашетани нели, па макар и по цена на здравјето на детето.Па, имало настинка, па бактерија па одложуваме и на крај еве. Страшно. Јас иако не сум во Ск се плашам за бебево, баш од такви несовесни родители.
Плус сликата е за Вариола, што ја нема, а не за морбили. @EvAngelos за measles прогуглај не за smallpox. Нема потреба од слики и кревање дополнителна паника.
Колку што антиваксерите треба да се банираат од форумов, толку и паничарите. Аман бе луѓе.... Вакцините не се гаранција дека детето нема да фати болест, ниту пак гарантираат дека полесно ќе се прележи. И од каде тие заблуди дека болестите се искоренети? Никогаш не биле целосно искоренети, ниту ќе бидат. Јас после примена вакцина за рубеола ја прележав и болеста. Одма после боцкањето. И тоа беше моновалентна, само девојчињата примавме тогаш. Братучетка ми и покрај вакцината прележа заушки, јас не префатив, иако невакцинирана цело време бев со неа. Зависи од имунитетот, а не од вакцините, сфатете го тоа.
Па благодарение на вакцината и имунитетот кој си го имала си се изборила со болеста па си здрава и жива и ништо не ти фали сега. Многу болести се искоренети. Илјадници и илјадници луѓе умирале секојдневно. Благодарение на нив, светската популација брои скоро 8 милијарди.
Па не баш дека сум имала некој имунитет. Пошто тврдат дека не може од вакцина да се фати болеста, јас кога ја примив се разболев. А тврдат дека тоа не може да се случи. Дека не може да се разболиш од вакцината. А за заушките НЕ бев вакцинирана кога братучетка ми беше болна од нив. А цело време бевме заедно. Кои болести се искоренети? Нема такви, верувај. И да се неактивни меѓу светската популација, живеат по лаборатории. Тоа сигурно. А знаеш кога ќе се вратат на голема врата? Ако не дај Боже фати светска војна. Голем пад на стандардот и хигиената се потребни за тоа. А тогаш ни вакцини, ни свети вакцини не помагаат.
На никој ме му пречи вакцинацијата него ни пречи потеклото и квалитетот на истите,како и квалитетот на останатите прехрамбени,козметички како и хигиенските средства.Контрола никаква,се фалат се е во ред и после кога ќе бидне се фаќаме и ја чукаме главата.И најлошо од све е што никој не одговара и гарантира за ништо и утре нема кого да тужиш.Страшна работа држава катасрофа господ да не чува нас и невините дечиња и бебиња.Со помин на сите
Не се плаши. Едно далеку си од нас, друго дома си, претпоставувам немаш чест контакт со деца па некој да ти донесе. Немам и јас ништо прележано. Ама немав ни некој чест контакт со деца па да се чувствував загрозено. Сега се креваат паники оти го слушаш често со епидемијата, мене тогаш ни на крај памет не ми падна.
Пошто си ја примила вакцината, значи дека си имала вештачки стекнат имунитет. Си имала создадено антитела, против тој антиген, па полесно се изборил твојот организам. Никој не ТВРДИ и ГАРАНТИРА дека вакцинираниот не може да се зарази (вакцинираниот полесно се изборува со болеста, заради антителата). Тврдења постојат за квалитетот и безбедноста на вакцините и тоа научно поткрепени. Ќе почнам со детска парализа, (вакцина создадена 1952, салкова вакцина), благодарение на вакцината оваа болест е искоренета (освен во Пакистан и Авганистан). А дифетрија денес имаме? Во 1920 година се случила најголемата епидемија на дифтерија (сите во фамилија имаме браќа и сестри на нашите баби или дедовци кои умреле од дифтерија). Магарешка кашлица? Тетанус? Ќе зборам генерално. Информирајте се од сигурни извори, од експерти, не од рекла казала муабети и гугл. Медицина не се учи и разбира од гугл за 2-3 дена, постојат книги и стручна литература, лекарите половина и повеќе од својот живот го трошат на образование, нив прашувајте ги. И прашувајте, воопшто немојте да се воздржувате од прашања, за вашите деца се работи. Нормално е да бидете загрижени. Но имајте на ум, дека вашата одлука не само што го засега животот на вашето дете, туку и животот на другите во популација. Разумно одлучувајте.
Ваква изјава од медицинско лице ми е нонсенс. Според твоево мислење џабе вакцини, кога и така ќе се разболиме За што постои имунологија како гранка, се прашувам? Да ја укинеме, оти за ништо не служи. Ние знаеме подобро. Ти ги вакцинираш децата мислам? Зошто?