не сум против вакцините, јас сум вакцинирана и ќе ги вакцинирам и моите деца. единствено што не ми се допаѓа е вакцините што ги носат тука во земјава. ама затоа нема да ги вакцинирам тука и готово.
Од кај пак ти се разбираш за составот на вакцините и значењето на нивното потекло како елемент ? Вршеше анализа на компонентите, ги разградуваше материите или пак прочита на нет од блог страна, дека не чинат ? Второто така?
нема потреба вака да се обраќаш. треба тебе да ти дадам објаснување за мојата одлука? не сум тука родена ,нема ни моите деца тука да ги родам. не сум примала тука вакцини и нема ни моите деца тука да ги примат. Не ширам небулози дека вакцините СЕ ЛОШИ ПО СОСТАВ НИТУ КАЖАВ НИШТО ЗА НИВНОТО ПОТЕКЛО. каде го прочита тоа? реков дека не ми се допаѓаат и немам потреба да ти се објаснувам зошто е тоа така.
Лав, јас не се разбирам во состав, ама друго ќе ти кажам. Како и за лекарствата, така треба да биде и за вакцините. Ако можам да бирам лекарство од одреден производител, од било која моја лична причина, зошто да не е така и за вакцини. Во Грција си го бираш производителот. Зошто да не е и тука така? Ќе си доплатам, не е проблем. Може затоа немаме доверба, дека земаме тоа што ни сервираат, дека е набавено на тендер. А знаеш како функционира тендерот за набавка. Јас колку што знам ова со избор на производители функционира во сите високо развиени земји. Докторот вакцинира со тоа што има на располагање, а ако нема, ти ја нарачува вакцината и си доплаќаш. Еве нека кажат другите кои се во странство. Ова е еден од начините на градење доверба кај народот. Вака со присила, се прави само поголем отпор.
А ти што толку напаѓаш ако вакцинираш, доколку 100 проценти си сигурна дека твоето дете е заштитено и доколку си сигурна дека вакцините се нај нај? Еве јас бев ЗА вакцини, ама сега станувам ПРОТИВ зашто да се сигурни вакцините нема докторите своите деца да ги носат во странство, во Грција, (имаме фамилијарни пријатели доктори и така прават).
Дали имаме полио во Македонија,Ана? Како стоиме со пертусис ? А како со дифтерија? Зошто имаме малку случаи на морбили годишно? Со миење раце,хигиена и повисок стандард? Навистина како стоматолог,веруваш во ова?
Ова не сум знаела дека може да се заразиш од вирус ама да не го пренесуваш затоа што си вакциниран.може да дообјасниш како е тоа возможно.
Ти изгледа не читаш дека пишувам оти одма после примена вакцина се разболев, не после месец или којзнае колкав период. Антитела не се создаваат за десет секунди после примена вакцина или контакт со вирусот. Пишав неколку страни поназад зошто вакцинирам. И самата бев 100% за вакцини, ако ја читаш темава од самиот почеток. Ама почнав малку повеќе да читам и да истражувам, да не земам се здраво за готово. Вакцините се нешто што е навистина потребно, ама....колку се безбедни? Колку е кај нас во Мк сигурно дека имаме нешто што навистина штити од заразни болести, или само ги буцкаат децата ради реда? Верувам дека високиот стандард придонел за намалување на болестите. Немаме пертусис, ама ете, мм прележал после примена вакцина на година и пол. Што да верувам, кажи ми? Дека штитат, дека не е можно да се разболиш воопшто? Не се никаква гаранција и 100% да е вакцинирана светската популација. Сакам докажана, ефективна заштита од заразни болести која нема да предизвикува несакани нуспојави.
Posle editirale so vakvi smesni obrazlozenija, kako I da e tocno e znaci deka do 5ti mesec se so rok kako sto se zborese.
https://lider.com.mk/makedonija/fot...ini-so-pominat-rok-se-davaat-vo-dispanzerite/ Се заиграл некој ,немал друга работа па си тепал време у фотошоп.?!?!
Па тебе треба да те пишува во статии, доктори да те проучуваат, како една од ретките која добила вирус од вакцина.
@Bridget па секако не е единствена. Ретко се случува ама може да се развие болеста целосно против која се вакцинира. Има и во Мк поекстремен случај кај девојчето со парализа, на која исплати државата оштета, после примена вакцина за детска парализа.
https://www.corp-research.org/glaxo...Dyb511CndLn43b7A33WvXcSy-aHBH9WPqN8cVrPJHVtt4 Еве колку е поштена фирмата за проидството на Мрп
После ќе одам да проверам дали ова со рокот е вистина. Се надевам дека ќе ми дадат да видам. Во секој случај ќе ве известам тука. Едит: Работат во сабота?
Не. Инаку вистина е. Госпоѓата што ја постирала сликата е најголемиот проваксер што постои, по сите можни групи и портали таа коментира и се расправа. Нејсе, небитно тоа, прашањето е зашто се чуваат како што она вели празни кутии по диспанзерите. Тоа е здравствена установа не се нашите баби кои чуваа кутичиња за се и сешто по дома. Друго, рокот на вакцините истекува крај на мај, мора да се потрошат до тогаш. Ако забележите поубаво на кутијата со поминат рок има сериски број, додека на кутијата со рок до 05.2019 нема сериски број.