1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    224 глас(а)
    23,9%
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Конкретно за серумот , е од хумано потекло плазма , ако прочиташ во упатство е човекова плазма и пишува дека има мала можност за грешка на примерокот ( хив вирус, хепатит ц ) и да се запомни серијата на серумот доколку има нескана последица читај страшна , мене дека ми траеше вакцината не го примив иако како превентива го препишуваат за секој случај не го зборам ова од памет секако дека се оди на лекар . За аутистични не верувам дека е од вакцините и сеуште е теорија ... па не сум научник да тврдам со сигурност ..
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Антитетанусната компонента во вакцините има рок на траење, односно, нејзиното дејство е до 5 години максимум (ако не сум грешка). Затоа и се дава серумот. Мими, многу измешано ги пишуваш работиве, човек не може да те разбере. Јас ништо не сфатив од твојот пост :?:

    А што се однесува до аутизмот - најверојатно вакцината е тригер механизам за активација на генот за аутизам. Конкретно, се работи за МРП ревакцинација на 3 или 4годишна возраст.

    Што се однесува до вакцините - искрено, не знам што да мислам. Сепак, детето мое ги има примено сите вакцини за неговата возраст и се надевам нема да зажалам за тоа некогаш.

    Не познавам лекар во моја околина што не си ги вакцинирал децата редовно. Знам луѓе кои се бавеле со биоенергија, треварство и хомеопатија - тие не си ги вакцинирале децата, ама ништо не им фали, здрави се, прави. Од една страна, не сакам да го доведам здравјето на моето дете во прашање, од друга страна - што ако со вакцинирањето свесно му нанесувам штета?
     
    На slavica999, lolyta777 и DeMelo им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не знам што не е јасно ,за серумот пишував кој се дава како превентива , доколку не се знае вакцината кога е примена , или пак докторот го препишува за секој случај
    Бидејки е од човекова плазма пишува дека можно е грешка во тестирањето на донаторите на плазма , значи можно е да има вирус . Јас ја имав примено вакцината пред 3 години , иако како пракса се препишува, јас не го примив не секогаш има потреба да се прими тој серум .
    Јас ги имам сите вакцини примено , освен хпв таа не ми дозволија да ја примам иако бев запната да ја примам :D
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Па јасно дека може да постои грешка, ама таа е минимална. Впрочем кај сите така приготвени серуми, лекови или било што има можност за грешка. Како и да е, не секогаш има потреба од примање серум, како што кажа.

    А што се однесува до ХПВ вакцината, јас да имам ќерка нема да дозволам да ја прими. Бидејќи се работи за вакцина во фаза на испитување и не се знаат нуспојавите. Исто и за овие вакцините против грип.
     
    На lolyta777 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    785
    Докази за поврзаноста на аутизмот имате колку сакате, треба само да разгледате неколку статистики на поврзаноста, од почетокот на администрирање на поедини типови на вакцини. Најдрастичен е примерот на доблесен Јапонски министер кој извршил неколкугодишно намерно задоцнување на вакцинација, за да децата примаат вакцини на поголема возраст. Резултатот бил евидентен, во тие години, бемалку и немало случаи на аутизам во тие генерации кои задоцнето примале вакцини, а повторно се појавил при продолжувањето на вакцинацијата. Ќе се обидам да го пронајдам линкот за ова, го читав пред околу 6 години кога ја донесовме одлуката за комплетно невакцинирање.

    Јас познавам 2 случаи на аутистични деца од Македонија, и кај двата е дијагностициран поствакцинален Аутизам, но не од Македонски лекари, туку едното детенце во ВМА а другот во Љубљана. Тука никој не сакал да постави дијагноза, а на детенцето во Љубљана лекарот им без двоумење ја кажал дијагнозата.

    Квалитетот на вакцините е обично интресна димензија која обично ја коментираат родители кои се „на пола ум“ дали да вакцинираат или не, па мислат дека ако купат вакцини во странство, или збркаат врски кај нас, ќе добијат „добри“ вакцини. Добри вакцини не постојат, постојат лоши, и катастрофално лоши. Тие вторите ги има кај нас редовно, а тие првите, се купуваат надвор и се даваат под рака.
    Ама, едно големо ама, е тоа дека штетните дејства на вакцините, не се прават на студии на нашите вакцини, туку на тие „подобрите“. Епа токму тие „подобрите“ се доволно лоши, со оглед на проблемите што ги произведуваат.
    Погленете ја зависноста на дијабетес ( како автоимуно заболување ) во студијата од погоре, кај вакцинирани и невакцинирани. Студијата е правена на „добрите“ вакцини.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Yarre ме интересира твојата стручност во полето на медицината и природните науки бидејки со сигурност тврдиш дека се лоши вакцините ?
     
  7. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    785
    Моето образование нема врска во желбата за сознанија од областа на таканаречената имунизација, но секако тоа не ме спречува во делење на сознанијата направени од врвни светски докторски имиња, кои имаат доблест јавно да проговорат на оваа тема, рескирајќи ја својата професија а често и живот.

    Јас не сум медицинско лице, и тоа е еден голем плус за размислување outside the box.

    Во колку не се сложуваш на некој од моите изнесени ставови, форумот е тука да разговараме и разменуваме мислења.
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Јас не сум мајка, барем не се уште. И можам да кажам дека моето мало „истражување“ кое сум го имала во областа на медицината не било за одлука за вакцинирање или не, туку од сосема други причини, можеш да прочиташ други мои мислења. Затоа немам цврст став за оваа тема.

    Затоа со првиот мој одговор на оваа тема сакав да кажам дека кога би имала деца и доколку би се двоумела дали да ги вакцинирам, никогаш нема да ги земам за последни и релевантни ставовите на некој кој не е директно одговорен за здравјето на моите деца. Затоа посочив да си одберат солиден матичен и педијатар за да не мора да се образуваат од сомнителни интернет линкови.

    Кога почнува да се зборува за пари и за финансии, можам да се вклучам во темата, оти тоа е блиску до мојата идна професија.
    Не може сериозно да се земаат ставови кои се темелат само врз основа на завери од страна на гигантите. Вакцините пред се им го земаат лебот на тие компании кои доколку не би имало вакцини би продавале многу повеќе други лекови, наместо вакцини кои коштаат по 30 денари.

    Отприлика знам во кои пинг-понг аргументи се движат овие интернет дискусии на оваа тема и како што кажав немам намера и време да се вклучувам подетално, не сакам да копирам и пастирам цитати од блогови, па потоа цитати од CDC, па после уште блогови, па после Naturalnews, па после некој самоук „статистичар“ кој ќе изврти некои статистики, па потоа објаснување за статистиките, и со тоа се разводнува таа дискусија и не сакам во таа насока да се водат одговорите овде, затоа само ќе прашам, Дали знаеш или дали си размислувал што ќе се случи ако целосно се укинат вакцините, како што пропагираш?
    Едно е твоето дете да не е вакцинирано кога стапката на вакцинираност е над 80%, друго е 0% вакцинираност.

    Ете тоа што спомна, не знам дали на лекарот кој го цитирав во првиот одговор, децата му се вакцинирани, ама не ме изненадува да не се. Тоа е таа дискусија која се согласив да ја имаме, лицемерно невакцинирање.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    785
    Еве ќе ти одговорам во делот на вакцините, за да ја сочуваме темата спрема насловот.

    Твојот став ќе го парафразирам - Лесно е да си невакциниран во речиси целосно вакцинирана популација, ако престанат сите да вакцинираат нема да бидат заштитени "слабите" деца кај кои секако не се препорачува вакцинација...или накратко парафразирано "имунизација на стадото".

    -Факт е дека вакцинирањето НЕ ве спречува да сте носител на бактерија или вирус во носот, грлото, гастро-интестиналниот тракт, на кожата или во телото.
    Многумина не ја разбираат важноста на овој факт, и веруваат дека ако сте вакцинирани не можете да бидете носител на вирусот (од кој сте вакцинирани) па според тоа другите ќе бидат заштитени бидејќи сте вакцниран.
    Значи ова верување НЕ се базира на научни факти.

    Се заборава да се спомне дека вирусите имаат свој животен тек и дека тие се во релација со другите организми и со нас. Нешто ги активира и нешто всушност ги запира, и тоа не мора нужно да има врска со процентот на луѓе кои ја имаат болеста или пак кои се вакцинирани."

    Значи ако имате "слабо" невакцинирано дете и "јако" вакцинирано дете, вашето вакцинирано дете сеуште може да му ја пренесе болеста на "слабото" бидејќи сепак може да биде носител на вирусот/бактеријата, односно концептот на масовно имунизирање за да бидат заштитени "слабите" од болестите против кои се вакцинира, не го дава посакуваниот резултат.

    Согласно генералните ставови во медицината околу имунизацијата, улогата на вакцините во процесот на имунизација се состои во нивната способност да го стимулираат организмот да произведува антитела против болеста. Но не е сосема јасно дали производството на антитела го прави организмот имун на болеста. На пример, агама-глобулин-анемичните деца (agamma globulin-anemic) немаат способност за производство на антитела, но тие се опоравуваат од инфективните заболувања речиси подеднакво брзо како и другите деца.
    Во една студија на за време на епидемија на дифтерија е забележано дека нема поврзаност помеѓу бројот на антитела и инциденцата на болеста; научниците најдоа резистентни луѓе со екстремно мал број на антитела како и болни луѓе со висок број на антитела.
    Природната имунизација е комплексен интерактивен процес кој вклучува многу органи и системи; таа не може да се реплицира преку вештачка стимулација на производство на антитела.

    Вториов став е многу интересен и укажува на тоа дека обидите вештачки да се натера имуниот систем да работи како и во случај на природен тек на болеста, не можат тривијално да се сведат на еднострана стимулација на само еден аспект и дека не може сите луѓе да се третираат на ист начин со вакцинацијата затоа што нивните имуни системи не работат на идентичен начин.

    Статистиките околу вакцините, за жал се многу точни, ене го школскиот пример на холандската студија. Статистики едноставно нема или се многу уопштени кога се бара директен одговор од медицинско лице или институција.

    Вакцините на гигантите им ги полнат џебовите, не само тие, ( си се прашала ли зошто вакцините се даваат гратис во афричките земји ) туку и сите медикаменти кои подоцна се користат во животот за лечење на болестите кои се предизвикани од нив, под капата дека заштитуваат од болести.

    И една работа треба да ни е јасна, а тоа е дека вакцините не ги спречиле светските болести, за кои што ги вакцинираме нашите најмили, од најпроста причина што за сите нив вакцината е „измислена/пронајдена“ кога болестите веќе не постоеле, завршиле со својата еволуција.

    Мислам дека вакцинирајќи ги децата од болести кои не постојат ( уште еднаш не поради вакцинацијата ) , или болести кои се третираат со стандардна медицинска терапија, нанесуваме огромна штета во можни импликации од други современи болести, каде вакцината е нивен причинител, или барем окинувач.
    Последните случаи на детска парализа во Хрватска, мајките докажаа ( и добија одштета од 1 милион куни, па парите ги поклонија ) дека нивните деца заболеле од болеста поради вакцината за Полио.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Општиот имунитет не може да го занемариш. „Носители“ и заболени немаат иста функција во ширењето на заразните болести. Тоа не се објаснува едноставно. Друго е заболено дете од пертусис да ја шири болеста, друго е дете кое има имунитет и кој ги убива бактериите и вирусите пред да почнат да се размножуваат во телото.
    Општиот имунитет е научно воспоставен концепт во контролата и следењето на заразните болести.
    Грешам што се вклучувам во дискусијата. Знаев дека штом се вклучив ќе треба да почнам да давам одговори за да го бранам мојот став кој и не е баш цврст заради недоволна информираност од моја страна.
    Не можам да давам контрааргумент на сите податоци кои ги наброја, затоа што не го одговори моето општо прашање.
    Дали знаеш што ќе се случи ако утре се укинат сите вакцини?
    Прашањето е општо и те тера да се замислиш, се разбира не можеме да предвидиме точно, ама со податоците кои ни се достапни може отприлика да конципираме ситуација.
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Дилемата дали ќе ги вакцинирам децата (кога ќе дојдат) ја разрешив уште пред десетина години кога поактивно ја следев темата, сега што и да прочитам само ми го потврдува решението.

    За разлика од порано денес си оддалечен само неколку клика од секоја информација и нема веќе оправдание направив вака или онака затоа што не знаев, се може да се провери претходно и тоа не од еден туку од повеќе извори.

    Убава дискусија сте направиле, има што да се прочита :)
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Малку е осетлива темава.

    Прво нешто би сакала да појаснам.Живата се става во вакцините како конзерванс,во мали дози кои не му штетат на организмот.
    Друго,не можам да се сложам дека вакцинација е ризик фактор за појава на аутизам,кога причините за оваа болест се се уште нејасни(последно што прочитав е дека има некои тврдења околу нетолеранција на гени на двајцата родители),ама тоа е друга тема.
    За фармацијата како најдоходовна гранка,не би дискутирала,многу пари се прават со вакцините(само неколку фабрики ги прават,во строго контролирани услови).

    Не е точно дека се вакцинираат децата против болести кои се искоренети,туберкулозата се повеќе зема замав.

    Јас ги имам вакцинирано двете мои деца,сите вакцини ги имаат примено што се предвидени во календарот за имунизација.За HPV вакцината немам доволно сознанија,но сепак пред да се одлучам добро ќе размислам и ќе се консултирам со релевантни лица.

    Незнам за тоа дека сите доктори им ставаат 5-валентни вакцини на своите деца,тоа е може во поново време,јас тие што ги познавам ги имаат примено истите вакцини како и моите деца.

    И за крај,како одговор на прашањето во темата...ЗА.

    Покриен газ, муви не го лазат.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Со сета почит на вас и вашето школо претпоставувам дека сте доктор,но :!: постојат луѓе кои години од својот живот посветиле на истражување за вакцините и нивното влијание врз организмот и утврдиле дека се штетни и се причина за многу болести кои се последица на самиот состав на вакцините и преголемиот број антитела воорганизмот, па самиот организам почнува да се напаѓа.Дури и самата кажавте дека туберколозата земала замав,значи вакциниве и не вршат баш заштита.Во Хрватска пред некоја година 111 деца ВАКЦИНИРАНИ се разболеле од заушки после вакцината MoPaRu.Значи имунолози,научници доктори кои ги испитувале нештата и имаат храброст да излезат во јавност со факти го имаат докажано својот став дека вакцините не го штитат организмот ами му наштетуваат.А голем е бројот на случаеви кога нуспојавите не се јавуваат веднаш туку подоцна.Многу полесноорганизмот се справува ако детето се храни со здрава храна значи помалу емулгатори а повеке овошје и зеленчук,и на тој начин да се создава имунитет одколку постојано организмот да им е во борба и да создава антитела едноставно тоа е исрпувачки и се предизвикуваат автоимуни болести.Зарем не е чудно што има се повеке вакцини а се повеке и болести?И да за аутизмот не е само теорија ами и научно докажано.Има случај кога здраво родено детенце што супер си напредува почнува да прозборува весело итн после вакцинирање се повлекува во себе озбилно не се смее и постојано гледа во една точка.Епа значи освен тврдењата од доктори имунолози има и докази.Не ми е целта да ви солам памет далеку од тоа,но едноставно доказите се изложени и не се гола вода поготово кога ке ги видиш и несрекните родители кои ностат здраво дете на вакцинирање а се вракаат со болно,и го ставаат својот случај на интернет храбри да ја бијат битката за поука на други родители.
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Сосема е различно кога лаик како мене чита медицински текст и истражувања , а сосема различно е кога медицинско лице го чита тоа , јас два текста со спротивна теорија да прочитам и двата ќе ми се чинат точни бидејки не сум поткована со знаење како што е некој доктор . Затоа здраво за готово комерцијални текстови не се осудувам да ги сваќам , постојат стручни лица :!:
    Заушки имам прележано бидејки не бев вакцинирана тогаш, но епидемијата која се појави пред некоја година беше контролирана благодарение на вакцините , за Хрватска не знам може вакцината не била исправна . За тбц еве ќе ви кажам случај во мојот град од пред неколку години , имаше заболен кој не бил вакциниран ...
    За аутизмот има повеќе струи никако не е научно докажано , за таа болест многу малку се знае и засега се теории , некаде прочитав психолошко нарушување впрочем не знам што е , но сигурно е дека не е доволно испитана и дека причинители уште не се знаат туку има повеќе теории.
    Јас сум вакцинирана со сите вакцини ништо не ми е ,како и мојата поширока околина , верувам дека и повеќето на форумов па здрави прави сме . Со некои болести не се бориме денес и ги нема затоа што постојат вакцини .
    Читајте истражувајте ,споделувајте мислења , но сепак одлуката за вакцинација или против најмалку треба да ја донесете врз база на мислења од форум вклучувајки ги и моите мислења , сепак консултацијата треба да биде со лекар кој е директно одговорен за здравјето на вашето дете.
     
  15. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Причитај те овде има исповед на научник кој биј вработен во фармацевска компанија.Јавно решил да признае дека вакцините се штетни.Исто има и мислење на педијатар кој со години ги вакциниралдецата но поради бројните поплаки од родителите за нус појавите решила да ги испита подетално вакцините и тоа што се случува во организмот после вакцинирање.Исто има и истражување и факти за поврзаноста на аутизмот и живата во вакцините.Нека не ве мрзи да читате малце е долгичко но има што да се прочита и не се шпекулации туку се е научно и се изјави од луѓе компетентни кои се посветени на научно истражување на вакцините.Значи цело време постирам од доктори и научници кои јавно признале за тоа што истражувале падури и по цена на својата професија.Да странци се не се македонци но тие се тие кои ги испитуваат нештата ОВА Е ИСЕЧОК-.
    „А ОВДЕ Е СЕТО http://matrixworldhr.wordpress.com/2012 ... aminirana/
     
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Да, се разбира дека постојат доктори и научници кои го посветиле животот на науката и истражувањата во областа на медицината, и од нив нема препорака да се прекинат вакцините и да се стопира со вакцинирање.
    Тоа што го кажавте за здравата храна, не е точно, никоја здрава храна нема да го заштити детето да не заболи од полио, на пример или некоја друга болест. Овие болести против кои се употребуваат вакцини се многу заразни, брзо се шират, некои се лесни и како што велите, телото само се бори против нив, ама некои се многу пострашни од вакцините, оставаат трајни последици или смрт кај голем процент од заболените.
    Многу луѓе имаат ставови против вакцините затоа што не гледаме секојдневно болни од заразните болести.

    Еве и вас ве замолувам да напишете што мислите, Што ќе се случи ако утре се укинат вакцините?
     
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Еве прво ке ти одговорам на прашањето мислам дека децата ке бидат многу поздрави :) .А за докторите и научниците кои се посветиле на испитувањето на вакцините има многу кои тврдат дека вакцините се штетни,ете на предходниот мој пост отвори на сајтот што ми е постиран и ке видиш има и видео од јавно признавање на научник од фармацевската индустрија.Има и докази и научни излагања на биолог кој напишал над 14 книги и е еден од нацитираните научници и со над 600 научни трудови и одкрил дека вакцините се "контаминирани ". За она со здравата храна тврдам дека е така и дека многу полесно телото ке се справи ке создава антитела и ке се бори со болеста доколку недајбоже дојде,ако е телото одморено и зајакнато со здрава храна и физичка активност одколку ако организмот е постојано во борба и постојано му е вбризгувано некој полузив вирус и мора постојано да се бори.И еден војник посилен ке биде ако нормално е обучуван и оди во борба ако мора одколку војникот кој е постојано на бојното поле. Ке се ицрпи нели?
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Здрава храна и физичка активност не се на дискусија ,без разлика дали си вакциниран или не ,треба да се применува нема тука сомнежи .
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Нема да давам спротивставени мислења за примерите кои ги набројавте. Немам време и не сум толку стручна за да можам да давам спротивен аргумент.
    Само ќе кажам нешто за оваа реченица која ја напишавте, дека децата ќе биле поздрави ако немало вакцини.
    Ова е во спротивност со логиката.
    Како може да бидат поздрави, ако секое дете ќе треба да се разболи од болеста за да има имунитет? Нема да се раболат сите деца, ама сите ќе бидат можни заболени. Еве на пример земете ја како пример варичелата, кај нас не се вакцинира против неа, секое дете се разболува и повеќето за неколку дена ја поминуваат и оздравуваат. А што ќе биде ако нема вакцини за полошите болести и сите деца се разболуваат од пертуси или дифтерија? Сте размислиле како ќе изгледаат болниците и ординациите? Ќе бидат преплавени од деца болни од некоја болест. Знаете колку имало парализирани од полио, ете ќе дадат одговор дека немало канализации, сега има и нема да има проблем, ама не е точно. Дали знаете колку имало парализирани во цивилизирана Америка каде што ги имале сите услови.

    Како мислите дека децата ќе бидат поздрави?
    Се разбира, децата кои ќе останат живи по епидемијата ќе бидат поотпорни, тоа се вика природна селекција?
    Ама цивилизациските придобивки и современата медицина го сметаат за неетично непревенирањето против болести за кои имаме вакцини кои делуваат.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Ги споменав само колку да кажам дека вакцините не го зголемуваат имунитетот туку го исцрпуваат.А за тоа дека не е потребно уште во првата година толку често и набрзо да се вакцинира бебето па да не правиме муабет.Самата разлика во календарот од едно до друго место си кажува дека се е одкутура.А и што станува со фактот дека многу од вакцинираните деца се разболуваат токму од болеста од која се вакцинирани.Дури и кај нас годинава или минатата не паметам добро од сипаница се разболеа и вакцинираните деца.Незнам што друго да кажам има доста материјали на интернет некои и тука се постирани испитајте си и добро размислете што ке му внесете на вашето дете.Само оти е на интернет а не од вашиот педијатар кој слепо следи тоа што ке му кажат а не ни знае што има во составот и колку е ризично за организмот не ни испитал,незначи дека не е веродостојно.Сепак пак ке кажам дека не е на база на предпоставки донесен заклучокот туку на база на научни и темелни испитувања.СЕКОЈ СИ НОСИ ОДЛУКА ЗА СВОЕТО ДЕТЕ :hai: