Незнам колку си информирана ама секоја год. (зборувам за последниве 4-5год. кога одеше малиот во градинка) има епидемија од сипаници кај децата и по некое непишано правило во Мај месец. Ние успешно скрцавме претходните 3 и четвртата ги фативме, па успат и заразивме и цело маало што немаше легано сипаници. А пази, со некои луѓе нит имаше контакт нит ништо. Цели 2 недели мислам дека се исипуваше, од глава до малото прсте на нога па уште 2-3 недели се повлекуваа, со температура само ден-два. И ова не беше случај само кај моето дете туку и другите мајки се чудеа зошто толку многу траат. Се вакцинираат као полесно да ги поминат ама не ми изгледа баш така. Некои заглавија дур до Козле. До вакцините ли е или до вирусот кој мутирал?!?! И зошто компликациите се почести?!?! Јасен е мојот став околу вакцините прва си имам дадено мислење но повремено ви ја читам темата и гледам сте навлегле длабоко во аналитика.
Прележувале мали сипаници? Дали можеби се работело за овча сипаница, варичела? Кај нас нема вакцина за варичела. Мали сипаници се далеку полоши и потешко се прележуваат од варичелата и токму затоа и се давала вакцината уште од пред 50 години. Ама ете може и варичелата да помине со лежење во болница и затоа побогатите држави воведуваат вакцина и против неа. Ете само колку деца завршуваат на Козле со пнеумонии само заради варичелата, ами замислете колку ќе бидат ако се вратат малите сипаници исто така сезонски. Сега ги нема за се шират и да циркулираат во популацијата. Прашувате зошто имало повеќе компликации од варичелата? Па не мислам дека има повеќе. Ако пред да се воведе здравствена заштита, децата кои денес би имале пнеумонија или нешто друго и од тоа би се лечеле, до само пред 60-70 години би умреле. Не би ги преживеале сипаниците. Таков впечаток се добива затоа што денес се обрнува многу внимание, тогаш редовно умирале по неколку дечиња од секое семејство.
Ау експерт, многу изнафрлани работи. Посредени ти беа претходните постови. Ух па барем 100 пати повеќе ке завршат во Козле со изреметен имун систем поради вакцините. Хигиенските и животните услови драга моја, тоа е главното што допринело за намалување на епидемиите. Еве еден коментар од малку постара мајка од фејсбук, го пренесувам со оглед дека е јавен коментар од групата, здравје на игла не влегува. Експерт, Зошто те препознавам во првиот пасус ? Зарем се потребни вакви искуства да се дознае другата страна на медаљата ? Зарем е потребен руски рулет со животот на нашите најмили ? За сите мајки, и татковци, кои се, или утре ке станат.... немојте да кажете незнаевме, како оваа особа погоре, таа немала пристап на информации како што имаме сите ние денес. Него ајде ние малце да се позанимаваме со основната, ајде првата БСЖ вакцина. Оваа вакцина, во Америкаа никогаш не е воведена, а секогаш и имале најниска стапка на заболени од туберкулоза. Во западно европските земји, оваа вакцина е одамна испрлена од редовниот калндар, ама затоа е задрќана кај нас, во Србија, Русија и многу други земји од бившиот источен блок, и секако во Азија. Во некои Африкански земји, туберкулозата е непозната болест се додека не се појавуваат БСЖ вакцините. Денес таму умираат деца, меѓудругото и од оваа увезена болест. СЗО 1979 година објавува извештај на повеќегодишно истражување на БСЖ вакцината, каде повеќе заболени има кај вакцинираните одколку кај невакцинраните ( ако експерт не верува, нека сурфне, иако е тешко да се најде тоа што не се сака да се најде ). Со ова конечно се признава неделотворноста на вакцината. Престижниот Роберт Кох институт, чија работа е токму да пропагира вакцинирање, во епидемиолошкиот билтен од 17. Април 1988 година ( страна 117 ) објавува: „ Со оглед на епидемилошката состојба во Германија, недокажаната делотворност на БСЖ вакцината како и неретки тешки несакани дејства од супстанците во неа , СТИКО ( ова е комисијата за имунизација при институтот ) повеќе не може да ја препорачува оваа вакцина. “ Дали нашите ги знаат овие податоци ? Ако знаат, зошто и кај нас се спроведува оваа вакцина, како добро утро за секое новородено бепче? Наредно - Полио вакцина......
Супер е се тоа што го кажуваш,но од кај ги црпиш изворите. Од научни истражувања или блогови? Еден човек што спасил 1 билион луѓе на планетава со вакцини и измислил 30 вакцини го брукаш со твоите зборови и псевдонаука. Ниедна наука не е совршена и нема совршено. Ако било толку штетно и ти вакцинираната ќе си имала некакви индикации од тоа. Погоди што не се само вакцините индикатор за одредени болести,генетиката е исто голем фактор.
StefChef, Мислам дека повторување на изнесени работи и констатација околу изворот на информација, го дискутирав наназад. Веројатно упаѓаш индиректно во темата, со прерипани дискусии, па немаш примитено. Ке приметеше на пример дека јас сум машко Кога станува збор за извор кој е против вакцинација, ние ретко или никогаш немаме реакција на тој извор од званична институција, а се се сведува на меродавноста на изворот. ( ако сакаш девалвација ) Е сега изворот против вакцини во претходниот случај ги зема званичните податоци од локалните имунолошки заводи, а повеќето се објавени на сајтот на WHO (СЗО). Е сеа тој избор ги земал и ги споредил токму тие, и дошол до фрапантните податоци. И сеа да се сомневаме во веродостојноста на изворот, само затоа што направил една проста компарација на званични извори ? Од друга страна, ретки се званичните институции кои доблесно ке објават соменавање на одредена вакцина, како на пример Германскиот Роберт Кох, преку СТИКО. Просурфај на нивниот сајт и погледни. Од таму е информацијата зошто БСЖ е исфрлена. Причина - неучинковитост и секако ТЕШКИ несакани последици. И кој е тој човек што спасил билион луѓе ? И да, секако дека генетските предиспозиции се предуслов за болести, но премногу очигледно е дека вакцините и одат на рака на генетиката а плус и произведуваат нови и нови заблувања. Секако дека се одличен тригер за болести со оглед на нарушениот имунитет како една од основните „придобивки“ но не е исклучена ( бидејки не е истражена - по мое убедување тоа е намерно ) временската машина на вакцините, односно последиците после 10-20-30 години... Особено чудно е што бебињата неможат да произведат антитела до својата прва година. Зошто се тогаш вакцините ?
Неколку вечери ја читам темава и успеав да ја "исчитам" од почеток до крај.. Добра конверзација и ме радува што постојат различни мислења, но би сакал да споделам свое искуство. Од неодамна и јас сум родител. Во врска со вакцините предходно не сум ни размислувал ни истражувал. Обрските и динамиката на животот те ставаат во ситуација да веруваш во оние за кои мислиш дека се најстручни и кои имаат соодветно образование за оваа работа т.е. на докторите. Заедно со сопругата консултиравме повеќе доктори и општи и педијатри, а советите беа задолжителна вакцинација. Која е иронијата во целава ситуација.... Наша блиска пријателка која е докторка, со пријателски совет ни објасни дека имунизацијата е добра работа која не треба да ја занемариме. Истава личност има од скоро детенце кое е неколку месеци постаро од нашето. Се случи прилика - сосем случајно - момент кога во раце ми дојде здравствената книшка на нејзиното детенце заедно со картончето. (Човекова љубопитност) Го отворив. И.... Мојата "пријателка" - докторка, која толку ме убедуваше дека имунизацијата е супер работа, своето дете не го вакцинира воопшто т.е. малото ги има примено само првите вакцини на самиот пораѓај. Од тогаш поминаа 30тина дена, а јас очи немам тргнато од пред компјутер. Прочитав тоа што требаше да се прочита, слушнав и видов доволно работи. Со вакцините завршивме засекогаш. На тие што ме излажале, Господ нека им суди, а доколку (не дај боже) нешто му се случи на моето анѓелче, јас ќе им пресудам.
Вакцината е најстрашното нешто што постои. Вакцината не не штити воопшто, со секое примање на вакцината се вбризгува и вирус со кој нашето тело треба да се избори за да станеме имуни, а да не напоменувам дека сите вакцини содржат жива. И некој сака да ги убеди лугето дека вештачкото создавање на имунитет е нормално?????? Во секој случај ФАРМАЦИЈАТА мора да заработува нели, па макар и да има детски жртви
Вакцината е латински збор кој значи - крава (vaca). Имунизацијата (или вакцинација) на инјектирање болни од биолошки материјал (од крави, телиња, мајмуни, свињи, стаорци, змии и други животни) во човечкиот крвотокот за активирање на имунолошкиот систем и не штити од одредени болести.Вакцината ја изумил некојси Едвард 1700 и некоја кој воопшто не бил лекар но подоцна се стекнал со диплома во медицинската пракса.Истиот тој излегол со идеја да се комбинираат човечки и животински болести, создавајки биолошка врскА помегу две различни врсти (теоријата на Дарвин де) Ова верување дека ние лугето и животните имаме исто потекло ги отвора вратите на вакцинаијата односно стартот за уништување на човечкото битие. И нормално како последица на изумот на некој НАДРИ ЛЕКАР е смртта на десетици милиони луѓе од целиот свет и голем број на трајно болни и осакатени деца. ДЕфинитивно треба да си ја подигнеме самосвеста и да си ги заштитиме наследниците а и самите нас
Исто така и вакцинацијата на девојчињата и жените попозната како HPV вакцина мислам дека е една од најгеноцидните вакцини во последните 7 години. Кога јас го прашав мојот гинеколог за оваа вакцина тој само ми одговори "КОГА ЈАС КЕ ЈА ВАКЦИНИРАМ СВОЈАТА КЕРКА КЕ ТИ СЕ ЈАВАМ И НА ТЕБЕ ДА ЈА ПРИМИШ ВАКЦИНАТА" што е реткост ваква изјава да се слушне од доктор. Што ни кажува ова? Кога самите стручни лица кои ја препорачуваат вакцината, не ги вакцинираат своите деца???? HPV вакцината содржи генетски модифицирани вируси, алуминиум два пати повеке од другите вакцини и ред други штетни конзерванси ( да не ги барам сега по нет)... Оваа вакцина е испитувана врз глувци и е научно докажано дека предизвикува стерилитет кај женките и атрофија на тестиси кај мажјаците. Погледнети ги само податоците дека од 2006 до 2013 се регистрирани накај 30 000 случаеви на смрт и болест, некои од нив со патолочки промени на РАР тестот, некои со траен инвалидитет, дисплазија на грлото на матката, канцер на грлото на матката и ред други заболувања И кој за сето тоа ги сноси последиците???? Нормално ние и начите деца!!! Кога би побарале од докторот кој ја дава вакцината да ви потпиче дека прифака кривична и материјална одговорност за сите негативни последици нормално дека ке се огради. Производителите на вакцини исто така се одрекуваат од одговорноста. Знаши что ни останува??? Одговорноста за животот на децата останува во начи раце !!!
Јас се извинувам можеби сум премногу напорна но има работи што сакам да ги осознаат што повеке луге, се надевам дека многу од тие што се ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ке го сменат своето мислење откога ке навлезат во суштината на вакцината и нејзиното дејство. http://youtu.be/5KcFgp0ymMs http://youtu.be/aDG4ajal_g8
Зошто се нема отворен став по ова прашање? Да се кажат сите негативни страни (со нивните тврдења, докази) и сите позитивни страни од вакцинирањето. И да се даде слобода, сакајте вакцинирајте ги децата, сакајте не. А, вака, постои СТРАВ. Тоа е проблемот. Страв ако ги вакцинираме, ама страв ако не ги вакцинираме. И во двата случаи родителот ќе се јадосува ако нешто му се случи на детето.
Многу ретко се зборува јавно, и докторите се оградуваат од коментари бидејки нормално профит е во прашање, фармаколошката индустрија мора да заработува на нас. Сакале прифатиле сакале не, вакцината е најдоброто и најсигурно оружје за масовно уништување на лугето.
Слобода за што,ако твоето дете не е вакцинирано и другите да страдаат за него? Тоа се случува моментално во Америка,каде што имаше таква анти-вакцина кампања и се појави епидемија од тие болести. Благодарение на една порно ѕвезда што магично го излечила нејзиното дете од аутизам,а не кажува како другите да го излечат аутизмот. И заклучоци земате од само еден фактор,а така науката не функционира. Ако толку не функционираат вакцините,направете екпсеримент. Не се вакцинирајте за некоја болест,идете во земја каде што има епидемија од таа болест. Гарантирам дека тогаш ќе се тргнете од вашиот став и од вакви документарци и теории на заговор. Лесно е да кажеш дека не функционира,тестирај го да видиме. Ете ви тест,за вашиот имунитет и за вашите гени
Кој е тој еден фактор од каде ние земаме заклучоци? Глобалната мрежа?, а што очекуваш медиумска кампања дека вакцините се лоши? Не мора да идеме во ниедна земја, ете лани имаше светска епидемија т.е. пандемија.. баш ме интересира дали појде да се вакцинираш?
Како страдаат другите деца од моите не/полу вакцинирани?? А за вториот болд абе аргументот ти вришти, вакцинирајте ги децата зошто некаде во светот има епидемија од х болест. Еве јас не сум вакцинирана од БСЖ а доаѓам во МК каде сеуште има туберкулоза без обзир на вакцините па ете гледам сум добила туберкулоза. Значи според тебе кај мене затоа што на државно ниво нема вакцини за БСЖ повеќе од 40 години не се во право бидејќи некаде во светот има епидемија на туберкулоза, ја укинаа и за полио а од наредната ќе ја укинат и за дифтерија и за тоа се во грешка ли, бидејќи нели некаде има епидемија од тие болести?
Stefchef te citam od porano....moze kje me baniraat ama moram! Dobro vaka da te prasham...imas deca? Ako nemas, a mislam deka nemas ...ne, edno 99%sum sigurna....koga kje imas kje sfatis zosto ni e strav da vakcinirame i zosto odlozuvame ili prekinuvame so vakcinacii. Koga kje si go vidis deteto zdravo, pravo i odednas kje procitas, cues ili vidis deka moze nesto da mu se sluci postvakcinalo, e togas da te vidam odi vakciniraj....pogotovo koga kje razberes deka bas d-rite ne gi vakciniraat svoite deca. Dotogas odi pisuvaj u dieti i ne obesuvaj...zamaras
Еве само да споделам нешто вчера што слушнав и се наежив ,пријателка пред некој ден го носела детето на вакцина и таму случајно сестрата што била на смена и била подалечна роднина ама не ја познала одма на прв поглед, и девојкава и се претставила која е ,во моментот сестрата што ја имала спремно вакцината за малото ја фрлила во корпа и извадила друга излишен е секој коментар после ова ,само да кажам дека пријателкава беше тотално неинформирана во врска со вакциниве .......се додека не ми го раскажа ова вчера
Немам деца,но моето размислување за тоа е одамна одлучено и се држам на мојот став. И кога би имал деца би се советувал со експерти и педијатри,не со блогови,интернет страни и луѓе што негираат факти што науката ги искажала многу пати. Така да тоа е мојот став и на науката. А сите тие работи се креирани да ни прават страв и да не се замараме со најважните работи во живот. Иако е битна,морална и добра е за другите луѓе да се вакцинираат.
Се извинувам доколку видеово е предходно постирано на темава, вреди да се погледне. http://www.youtube.com/watch?v=5KcFgp0ymMs
Епа баш ситее тие експерти, педијатри и научници, ако малку повеке навлезеш во темава и имаш контакт со нив ке разбереш дека не си ги вакцинираат децата!!! Си се запрашал зошто??? Еј и стварно немој да користиш блогови и интернет, ама и тука не соли памет бидејки немаш деца. А кога ке ги имаш те молам врати се на темава !!!