Мене ме тестираа за тбц и имав прегледи во институтот за тбц кога константно имав температура и кашлица на мои неполни 19год. Инаку вакцинирана сум.
Еве ја цената. Сликата е од особа која е во потполност за вакцинација. Нема поента таа да прави фотошоп.
А проблемот ли е во рокот дека е до мај? Не разбирам. Ти имаше напишано дека нема сериски број на кутијата, туку само датата стои 05.2019. Еве јас ти кажувам дека има. И не мора да ми веруваш. Може да одиш директно во диспанзер и да ти ја покажат кутијата. Странично каде што се отвора, односно делот од каде што се вади вакцината има рок, а над него е серискиот број. Ми ја отворија вакцината и проверив и напишан е истиот рок и истиот сериски број од кутијата кои се совпаѓаат со декларацијата.
Не го видов серискиот број дека е подоле, сега на новава слика го видов, барав горе до рокот ко на кутијата со рок до 10ти месец што беше напишан. Мој пропуст. Инаку проблемот беше зашто чуваат празни кутии од истрошени вакцини како што велат дека се празни, околу тоа се дигна цела фама. Жената постира слика цитирам "еве ви слика од вакцина штотуку сликана од диспанзер, еве видете кој е производител" а рокот до 10.2018 на таа кутија.
Види, зошто и како чува, не знам. Јас на работа чувам некоја документација која ми е непотребна и смеам да ја фрлам, ама ете ја чувам. Небитно. Сакам да кажам дека лесно е да се направи ваква фама, ама секогаш да ги проверувате работите од прва рака, од вашата лично. Мене па ич не ми е важно дали е ваксер или е антиваксер. Дури не видам со свои очи, не верувам. Ете колку лесно може да се залаже човек, а може жената само онака ја чува кутијата, ко јас документацијата. Пак ќе кажам, имате право да проверите пред да вакцинирате и никој не смее да ви го ускрати тоа право. И верувајте само на своите очи
https://infomax.mk/wp/пресврт-кој-ја-шокираше-европановата/https://infomax.mk/wp/пресврт-кој-ја-шокираше-европановата/ Свашта се пишува. @vitamina спротивното баш го збореше за таму.
луѓе па може и памук да си чуваат у празна кутија од вакцини... мислам... Се е можно. Само смеа ме фати коа видов 05.2019. И после зашо епидемија прогласено
Па зошто читате вакви глупи статии верувате во глупости. И со еден куп статии за италијанската влада, за Путин и све по ред како се против вакцините. Една глуперда тешка што ја имам на фб, пренаселена била земјава, имале за цел да не растребат. А не размишља дека ако е тоа поентата поверојатно е дека тоа ќе го направат антивакс ставовите. Сите на курс по англиски за да се оспособат прво за да разберат, па да прочитаат релевантни статии во врска со тематикава. Што е тоа кариотип, што е тоа генетика пичке си материне... еден куп мамички со многу време и параноја кои темелно истражуваат. Опрајте се. Уствари шо да очекувам од нација која пре ќе оди на бајач него ли на доктор?! Сања Ристиќ верува дека Путин на пример е против вакцините. И што да и кажеш ај?! Што би рекла баба ми, поплукај си у пазука и речи си скраја да е. Што се овие пубертетлиски изливи на - кои се они задолжително да ме тераат да вакцинирам, кога сакам јас тогаш. A за тоа како навидум смешно се прави епидемија - https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10214764373282134&id=1209113585 На македонски е и ќе разберете. На 20 милиони народ, 200 заболени и 40тина со смртен исход и прогласена епидемија. За оние на кои им е смешно за 12 заболени деца една цела епидемија. https://pedijatar.mk/d-r-stsi-aleks...se-vospalenie-na-belite-drobovi-i-na-mozokot/ И како е ова поразлично од она кое наводно се наметнува дека го прави вакцината? Ризик дека потполно здраво дете кое може да прими вакцина тотално да остане онеспособено зошто е дете на глуп родител.
Секој родител е одговорен заза свое дете и сам донесува одлука, на навлегувам во ниеден коментар, затоа што секој си има право на свое размислување и став. А во докторите баш и дека имам верба во она што кажуваат на тв немам! Пред да се породам една од докторките што сега ги брани вакцините и убедува јавно, ми рече да си барам од старите вакцини, ако нема ни да не вакцинирам дете! Таа едвај нашла за своето. Се е интерес, се е пари во нашата држава. Не солам памет, само и докторите голем дел од нив се газолизачи за пари! Секоја чест на исклучоци, затоа што сум среќавала и душа од доктори.
Мое мислење, земени се епрувети со морбили, испуштени наоколу и шо е, демек ајде, невакцинираните се виновни пошто пренесуваат морбили. Лаги, лаги со опашки! Вакцините знаете што се? Органски производ од антигени кои го тераат имунолошкиот систем да произепро антитела против нив а со тоа да се успори *развивањето на мозокот* ете тоа. Еве и книга со стотици истражувања и детали, преземете си ја, помалку од 2 мегабајти е. Откако ќе ја прочитате и откако ќе ги проверите тие стотици интервјуа на различни научници и доктори, ќе ви биде криво за тоа "за" погоре...
Вистина викаш, испуштени се наоколу ? Ја читаше и другата книга на овој автор за уништување на животот од вештерки ?
малово ги нема примено ..големово сите ги прими и на последниве две вакцини (12 месеци и 15 месеци така нешто беа) детево изгоре од температура и згора на тоа имам комуникација и со други мајки значи моево дете има проблем со говорот како последица на тиа вакцини и не е само моево дете со некои последици има и други шо тврдат дека е од вакциниве ... Не сум за вакцини во никој случај ..
Убаво си кажа, твое мислење. Сепак ми го разубави денот никогаш не ми паднало на памет вакво нешто. Во Германија картонот е како тој за кучињата во Мк. Со лепенка, производител и рок на траење. Дури и на изглед тука ми беа поубави вакцините, нашите како сиромашни. А за вантрешноста не знам, нема да коментирам.
Ух може требаше да променам мислење... Знаеш, сосем случајно никнале морбили. Како на пример, во екстра меин што никнаа бактерии во времето на брачедите. Или како сосем случајно што се ширеа свински птичји и не знам каков грип своевремено. Ми се врти прашањето, зошто не се заразија невакцинираните и, зошто кај вакцинираните дечиња или возрасни произлегуваат нус појави и мутации кои невакцинираните ги немаат? Мило ми е што сум ти го разубавил денот. Кога би прочитала неколку од тие книги или прегледала документарни со факти и резултати од истражувања, па ти лепото би свршила...
Нека го прочита ѓокерќе ова, да ѝ се разубави цела недела -_- Дајбоже да биде сѐ во ред со детенцето.
Една Вариола Вера да рокне, па со ваков стручен и едукативен народ од областа на медицината, имунологија и епидемиологија, не само што ќе направиме пандемија, туку и ќе испоцркаме за два дена. Јер вакцините не чинат. Па баш ме интересира тогаш, дали ќе трчате да вакцинирате, кога ќе набават вакцини или ќе глумите приучен Вејкфилд. Али тоа е. Што да се очекува од луѓе, кои ја сметаат Велков за компетентна, па на нејзин совет се лечат со поглед во сонце. Што од народ, кој се крсти на икони на фб и се лечи со истите. Што од луѓе кои се убедени во тоа дека некој со епрувета си шеткара и не труе со морбили. Уште Милан тарот ни фали, да даде совет за вакцините.