Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Некои овде збореа демек зошто се прогласува епидемија со наводно мал број заболени.
    Ако дознаете дека во вашиот град има 10 заболени од грип и 10 заболени од ебола...на што повеќе ќе испаничите? Ете иста е бројката, што се 10 души нели...
    Сакам да кажам, до болеста е, како се пренесува и сериозноста на истата
    Знам дека морбили не е исто што и ебола, ама не е шега ни морбили.
     
    На lovestoneddd и BlackNight им се допаѓа ова.
  2. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Кажи им го тоа на родителите чиј деца добиле трајни компликации после некоја вакцина.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А зошто секогаш се исклучува можноста тоа дете да било можеби не знам, алергично на некоја од состојките во вакцината или да имало некаква генетска предиспозиција?
    Мене ми е жал за тие родители, ама не е во ред само едната страна да се гледа.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    Па нели е искоренета со вакцина како ќе рокне. Освен ако не ја пуштат лабараториски кај што е зачувана.

    И немој да потценувате вака оти ни Велков ни е пример, ни на икони на фб се лечиме, туку жени мајки овде меѓу нас и околу нас, ама тие примери и лоши искуства ги игнорирате и во мал процент не ве интересираат.
    Епа за мене е иста паниката од можна реакција на вакцината, кога ни еден доктор не знае со сигурност да ми каже дали ќе има алергиска реакција, и не дај Боже морбили и компликации од нив. Лесно е да се кажува ко ќе ви поминале добро децата со сите вакцини и од страна да се паметува.
     
    На yarre, danichap, verba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Треба детално да се разговара на оваа тема, со што би се истрошило многу време. Јас не сум родител но знам дека 4 вакцини или ревакцини во основно училиште прескокнав, бегавме од часови тогаш. Еве нѐ здрави живи и во 15 год само неколку пати сум бил на лекар. И тоа поради забите и ситни спортски повреди. Останатите кои редовно примаа вакцини, редовно се по аптеки денес и редовно се со некои здравствени проблеми. А што знам, може и тоа е од природата..
     
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ок тогаш еве ме и мене со сите примени вакцини па освен минорен проблем со срце, кој патем ми е вроден, жива и здрава сум до ден денес. Другарка со исто така сите примени вакцини, со години мака мачи со бактериски инфекции. Го спомнав и претходно примерот со железото дека имам над горна граница без многу да внесувам таква храна. Зборот ми е, и до организмот зависи.
     
    На CameliaMiller, Dust, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зошто се пронајде. :^) Ти си знаеш.

    Како бе искоренета со вакцина. Па нели вакцините не чинат? Ова нели беше еден од основните аргументи на антивакс, оти ни една болест со вакцина не се искоренила?

    За нас само вариола е спас. :D Иначе е земена за пример, оти живо ме интересира, дали на нешто далеку пострашно од морбили, ќе се вакцинира. Или што би рекла ти, од страна ќе се паметува. ;)

    Циркулација, може да се случи во секој момент, во било кој дел од светот, на било кој вирус. Условите во кои толку многу се крстите, не се никаква гаранција.

    За другите не знам, но јас верувам во наука, не во научна фантастика. :)
     
    На CameliaMiller, baby-star, Dust и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna се пронајдов зошто сите од разни причини не сме ја ставиле вакцината, кој од недоверба во државата и нашите вакцини, кој од алергии, кој од лошо искуство во фамилија и со претходни деца, кој од страв, а сите во ист кош се ставаат како неписмени глупави луѓе што на статии на фб веруваат и си ги ставаат во ризик децата.
    Знам дека пример ти беше земена вариола и верувам дека е искоренета со вакцина, после сликата на членот што ја стави и претстави како морбили погоре, читав за неа доста, ама прочитав и дека единствено во две лабаратории ја чуваат и тоа е единствен начин да се појави пак. Тоа ми беше поентата.
     
    На kukla21, manako1, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Не си ја разбрала поентата на членот со сликата. Не беше претставена како морбили. Туку како вирус, далеку пострашен од морбили, со цел да се извлече поента како поминува една доста посериозна болест кај невакцинирано и вакцинирано дете. Ако така поминува вакцина вариола, тогаш како би поминале морбилите?

    Јас не ни знам кој од тука вакцинира, кој не. Ниту навлегувам во тоа. Апсолутно не ги ставив во мислењето индивидуите кои од здравствени причини не смеат да бидат вакцинирани. Па ако сте едни од нив, апсолутно не гледам причина да се пронајдеш. Оти знам дека има такви и токму затоа е значаен колективитетот. Поради нив.

    Разгледај ги антивакс групите и види колку се воспева Велков и во што се веруваат. Како навредуваат луѓе кои вакцинираат и ги нарекуваат неписмени. Тргни од мислењата на нашите двајца другарчиња тука.

    Имаат НУЛА толеранција за луѓе со став провакцина.

    Никого не навредив. Се уште стојам на ставот дека на овој народ му е потребна едукација. И дека апсолутно има такви какви опишав.
     
    На CameliaMiller, baby-star, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.559
    Допаѓања:
    114.388
    Пол:
    Женски
    Јас не те потценувам но еве сама знаеш дека искоренета е со вакцина што по аналогија на нештата ако нема вакцини би се појавила пак.
    За алергиска реакција ни еден доктор никогаш никаде нема да може да ти гарантира дека нема да има реакција не само за вакцини туку и за било што друго. Твоето дете (не дај боже) може е едното во милион кое ќе појави алергија на парацетамол, но тој парацетамол ти бил препорачан од педијатар. Ти го разбирам стравот но ако вака се плашиме за вакцините тогаш истите стравови треба да ги имаме и за парацетамол и за антибиотик и за се.
     
    На CameliaMiller, baby-star, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna членот сликата ја имаше ставено во контекст на морбили и цел реферат како детето кое е невакцинирано ќе развие таква сипаница. Кој што не знае ќе помисли дека се морбили на слика, како што јас помислив и ја пребарав сликата и видов за што се работи.
    За едукација се согласувам, ама најпрво на докторите, за да нема ситуација тројца различни доктори во иста институција различно да кажуваат. Нормално дека родителите ќе имаат недоверба и ќе бараат спас во други извори, ете и на интернет нека е.
    Овде во последните испишани страни јас повеќе случаи како мојот прочитав, на родители што не знаат што да прават, од антиваксери. Такви теории и ширење паника за намалување на популација и слично не ни читам.

    @fana јас имам конкретна ситуација и не ми се ризикува, не е дека јас без причина се плашам и хипотетички размислувам за алергиска ситуација. Ете јас и да сакам да ја прими вакцината кој доктор да го верувам, тој што вели без проблем можи да ја ставиме, или тој што вели не смее да ја прими?
     
    На gjoker4e и danichap им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Јас сум читала за вариола вера и ја разбрав сликата така што погоре опишав.

    Овде нигде не гледам кој вирус е потенциран. Напротив, се зборува исклучиво за вирус на сипаници.
    Што е и апсолутно точно.
    @EvAngelos образложение?

    И да се разбереме дека и морбилите не се обична болест, така како што се претставуваат од антивакс. Имаат, на жалост, сериозни, трајни компликации и последици.

    Таквите кои шират паника, неосновано, а со тоа спречуваат да бидат вакцинирани деца кои можат да се, треба кривично да одговараат и да си ги сносат последиците за загрозување на јавното здравје, па макар тоа биле и доктори. Кои очигледно се ендемски вид, оти јас никако да налетам на такви. :D

    Никој не рече да нема едукација на интернет. Но истата треба да биде од соодветни ликови и официјални податоци, не од било кои интернет извори. И не квази доктори, новинарчиња со наводни студии и лекари шарлатани. А и треба колку толку да се разбира човек од тематиката, за да може да раздели вистина од лага. Не се важат ликови кои експериментираат на глувчиња, уште повеќе, без соодветни услови за истото.
     
    На CameliaMiller, Dust, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Добро, еве едно видео со доктори, со интервјуа со сѐ, еве уште едно, изгледајте ги двете, прочитајте некој дел од коментарите под видеата (таму има и доктори и студенти и родители) и по некој ден, почитувани "провакцинационоориентирани" и магистрирани медико-едуцирани членови, пишете тука не повеќе туку два или три факти со кои би демантирале нешто од тие документарни. П.с. првиот го изгледав, вториот вечер.
    П.п.с. само немојте нешто вакво да ставите :)
     
    Последна измена: 7 јануари 2019
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    88.995
    Пол:
    Женски
    Единствена валидна причина е медицинската,детето да не смее да прими вакцина.
    Во Скопје е 60% покриеност,толку голем пад не е од медицински причини и тоа е најголемиот ризик за децата што не смеат да бидат вакцинирани.

    Суровост е некомпетентни родители ала Сања Ристиќ да философираат дали треба или не да се вакцинира,ради тие деца.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.695
    Пол:
    Женски
    Колку чини ммр да се купи од Грција?
     
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш потреба. Истата е и таму и овде.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    136.511
    Истата вакцина ист производител е и кај нив.
     
  18. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    9.287
    Па во европските земји не е задолжитено и пак е висок процентот на вакцинирани деца.
     
    На lovestoneddd и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.695
    Пол:
    Женски
    Па зошто тогаш многу луѓе ја купуваат од Грција? А и многу доктори исто за свои деца и внуци. Има нешто сепак Грција е членка на ЕУ и квалитетот кој го има за било што не само лекови, туку и прехранбени продукти е многу различна од тука.
     
  20. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Доктори?