Јас работам во фирма е сега не за вакцини туку за друг производ и да ви кажам ист производ имавме со различен квалитет зависно од земјата. За Словенија беше со најдобар за Косово и Македонија со најлош И што е најтрагично бевме во стандард значи државата си го постовува стандардот на производот од-до кои граници може да се движи. Па сега видете дали има врска дека е ист производител.
Ич да не се секирате, ги згрешиле декларациите https://makfax.com.mk/makedonija/ми...taBUvRY7Cs8kP9CVTDYDBCr9vx0fmCDR4EZPQ7UmkD6KU
Готово поверувавме Сноси некој одговорност за вакво нешто во државава? Да не испадне работава пиши бриши рок како што прават по маркетиве.
Ништо страшно. Ете од каде празното кутивче со поминат рок. Не го чувале за памук, вакцини имало во него. И како да веруваш после вакви работи, каде на друго место ваква несериозност и неодговорност ќе се случи?
Значи не било фотошоп? Не си чувале стари кутичиња? Зарем не провериле докториве рок пред да ги користат и веднаш да го пријават истото? Ако е вистинита изјавава( претпоставувам е) ова е најлоша кампања за вакцинирање што воопшто една влада може да ја спроведе.
Читам читам и читам.. И не можам да се изначудам како така раскажувате односно вадите од ракав случки со деца сериозно повредени и нанесени болести и препишувате дека е од вакцини.. А дали е од вакцина знаете ли или не знаете? Во секој случај ниту јас нити било кој друга мајка не останала рамнодушна на сторииве за децата "од вакцини" ама не знаеме дали е од вакцина или не. Јас тука пишав дека познавам пријателка што за жал трагично се заврши со детето дали е од вакцината точно, не се знае но се сумња. Ама не можам да кажам со факт дека е од истата. И да, страшно е на темава кога читаме вакви стории, и не заболува глава и ни се лоши дури на секаква помисла од не дај боже. Во Англија јас не знам колкав е процентот на вакцинирани не - вакцинирани ама знам дека докторката рече дека вољата е моја, ја прашав колку вакцинираат а колку не а одговорот беше пола- пола. Да така не е 90 проценти тоа сигурно. Англија е свет на најизмешани луѓе, вакцинацијата нити е задолжителна нити ќе биде оти таму демократијата е на високо и завидно ниво за свака част. Нема потреба да се натегаме, вреѓаме, докажуваме, натакажуваме, посебно нема потреба од лоши коментари и сумњи и претпоставки оти да, претпоставки се.. не знаеме точно. Јас знам дека има случаи од вакцини и вакцини.. исто има и обрартно. Што е добро стварно не знам и се обидувам тука и секаде да дознаам, ама едно сватив дека и тоа зло и другото зло се зла и дека комлетна заштита се нема како впрочем ништо во животот. Разбирам дека и вакцината е лек како и антибиотикот и аналгинот и оспенот и све друго и дека не дај боже има и постои. Еве сестра ми алергична на пелецилин докторот во мк и става пелецилин и она за 2 секунди гушејки ќе умреше. Исто би било и со вакцините мислам. Што состојат не знам. Знам само едно и сигурно дека владата во италија објави јавно апел до сите дека навистина вакцината ммр содржела се освен тоа што треба де, тоа не е измислица са појаснам туку е факт, лично самата влада го објави и докажа со резултат. Тоа е тоа. Зошто и каква била причината не се знае, што всушност им била поентата не се знае. И да не ве буни, италија има сеуште задолжителност на вакцини. Но, поради овој скандал кој е наречен од нив "преокретот на шиенцата" не знам како се вика шиенце на мк. Ќе ги укинат во скоро време. Дека народот се буни и те како се буни. Не осудувам никого не сакам да убедувам никого, позади секој лик овде си има своја сторија, свој живот, свое искуство.. Секој за себе си знае..
Во саботата пред да влезам кај докторката, ги прашав луѓето кои излегоа и го вакцинираа детето претходно, дали ја провериле датата. Рекоа не и малку се насекираа. Не сакам да сум им во нивна кожа во моментов Иако рокот беше добар, бар на вакцината што мене ми дадоа да ја проверам.
Мислам дека не е фер сега, кога 1200 деца се вакцинирани, меѓу нив и моето внуче, да давате вакви коментари и да предизвикувате страв и грижа на совест кај родителите на тие деца.
Докторите не виделе не па луѓето, испаничени, на среде епидемија. Сега не се знае ниту кое пакетче со кој рок било, во која амбуланта. Мир нема да имаат родителиве кои вакцинирале последниве месеци.
Јас може ќе бидам нападната за вакцинирањето во Грција, ама докторката таму беше крајно одговорна и ни ги залепи бар кодовите на посебен лист со нејзин потпис и печат. После ова, навистина треба да направат промена околу картоните.
Ама зошто ги паничите луѓево.Со кое право тврдите дека не се гледал рокот.На што го базирате тврдењето.? Вакцините имаат втиснат рок ,тој се гледа.
@Cosmi од каде ние ги паничиме луѓево? При објавената слика првен се викаше дека е фотошоп, па дека е стара и така си ја чуваат.. сега излезе трето. Вакви неодговорни и непромислени одлуки и чекори се за мене неприфатливи. Посебно што никој од тие доктори не реагирал кога го видел датумот на пакувањето. Како родител мене не би ми било сеедно. Постапките на одговорните го сеат стравот.
Стварно ова? 30г. имам и само 2 антибиотици сум пиела досега.никогаш не сум била болна за да примам лекови.а Вакцинирана сум редовно. Навистина вакви споредби правиш? Несакани дејства има од се и кај секој, не само од вакцини.
https://fokus.mk/inspektsiskiot-nad...NgTQGAvNl7medw0Lsj80N-bWe4DBxAyC3NKwnP-VXTMXk @Cosmi сега треба да докажат дека само декларациите се стари, а како ќе успеат во тоа, навистина не знам. Инаку ова е сајт на кој верувам.
Ти тврдиш дека докторите не гледале,со кое право прашувам тврдиш такво нешто и врз основа на што? На рекла казала муабети на фејсбук? Од кај знаеш па тврдиш? Значи модератор си тука и треба да внимаваш што пишуваш . Вакцините имаат втиснат рок и тој е тој што се гледа.Тој дел не ти е јасен? Ете направена и вонредна и дополнителна со која е утврдено дека е во ред рокот. Зошто шпекулираше?
На слики ли по фб верувате?!? @NarCis@ прашала и и дале да го види рокот.ете.лесно е.прашајте Како вадете информации од ракав,не ми е јасно? Во женски домаќински муабети сите се стручни и веднаш одговори даваат. Не верувам на никакви слики се додека лично не видам со свои очи
Пишав не раагирале. Они гледале, имаат очи, а што гледале не знам нимјас а ни ти. Какви рекла казала. Ова е од министерството официјална изјава. Ако не е, ако е лажно тврдење, нечиј фотошоп, јас се извинувам. Што грешно пишав како модератор? Навреда? Провокација? Лага? Искажав свое мислење како и секој друг. Ќе те замолам да не се меша модераторството, посебно како настапувам како обичен член кој има свој став како и секој друг на овој форум. И модераторите смеат да учествуваат во дискусии. Еве го текстот. Доколку е лажен, повторно се извинувам. Контролата е извршена тек последните два дена. Не во октомври. И надзорот од истата го донел заклучокот дека вакциние се ок и станува збор за друг вид на грешка. И да. Мое мислење е дека во октомври требало да биде оваа контрола, не сега.