Мислам дека наскоро ќе почнат наместо тури за солун да се организираат за шопинг сега ќе има тури за вакцина ... а ако фатиме на групер дтпр гратис. едит. Ти со милка а ја на маш со кока кола му споредив .
Ете овој е одговорот на кој треба да верувате. Докторите,а и секој човек има совест,на кој треба да му веруваме,а не дека би го убил вашето дете за да задржи работа,тоа е параноја . Политички кампањи кои врват околу вакциниве ,од министри за здравство од оваа или некоја претходна влада,се небитни.
Битни се Косми. Затоа паѓа бројот на вакцинирани, не смеат да си дозволат вакви киксови. Останато може само да нагодуваме и претпоставуваме, ама кампањи со квалитетни вакцини во ЕУ, грешни декларации итн., не смеат да си дозволат. Не е секогаш до министерот, има подолу од него кои треба да ја вршат таа работа: неговите советници, директори на установи, па шефови, да не набројувам. Многу се, не треба да е товарот само на еден.
Битни можеби но не и пресудни за падот, иако секако дека треба да внимаваат што работат, еве кој се обвинува сега?Лекарите. Лекарите не гледале. Потребна е доверба во лекарите. На нив не им се верува. А од друга страна се верува на секакви глупости на нет. Можеби и до народов е, незнам.
Значи лажат па сушат. Нели празно непотребно кутиче беше тоа. Инаку не верувам дека некој дете би боцнал со поминат рок, не се монструми, ама верувам дека им требаше епидемија да ги потрошат вакцините. Во контекст на тоа, не е за смеење работава , далеку од тоа, но ме изнасмеа текстов. @marchi-cool погледна понапред каков картон за имунизација имаат кучињата а каков децата? Погледни па ќе ти стане јасно.
Не е само до нашиот народ. Ги има насекаде Претпоставувам одамна не си носела деца на вакцина. Јас носев во два различни диспанзери во Скопје. Не, не можеш да имаш доверба во сите доктори. Некој гледа само да го пополни картонот, а некој да направи темелен преглед. За сестрите исто ќе кажам. Некоја сака само да ја стави вакцината, а некоја да посвети пола минута да утеши некое расплакано дете/бебе. Ништо нема да ги кошта. Башка за каква доверба зборуваме кога жена задолжена за набавка на лекови во Мк ти кажува дека никогаш и ништо не би купила од лековите кои се продаваат кај нас. Лошо е и ако лаже, лошо е и ако тоа што го кажува е точно.
Периодов од хаосов со вакцините не можеш нормален муабет да направиш со човек. И вчера и пред неколку дена имав дешавка кога кажав дека после Божиќ ќе си го однесам големото дете на ревакцина зошто по календар е време за боцкање. Ме направија ненормална, несовесна, немајка зошто си го боцкам детето. Свесно сум одела болест да му турам, да го разболам, со кој памет? Кога прашувам зошто такво мислење имаат за вакцините, не ли сум читала на ИНТЕРНЕТ? Доволно ми е тоа, не треба понатаму да се прави муабет. Тие што имаат две деца, кажуваат дека првото и без крвна слика го носеле на боцкање, додека второто нема примено ниту една вакцина зошто на интернет врие, и дека тоа им е доволен доказ да не вакцинираат. Ме прашуваат дали доколку имам случај во фамилија каде има несакани последици од вакцини, дали би вакцинирала, и ми тврдат дека не би се осмелила (а тие и самите немаат реален доказ дали е од вакцина или не, ама битно така сите зборат, па ок, доволно е). Најстрашно е што не можеш нормален муабет да направиш, туку другата страна вика, се кара, напаѓа, навредува. Јас никогаш никого не сум седнала да убедувам да вакцинира, само кажувам дека мојата одлука е таа, дека имам доверба во докторите и медицината, толку. Утрово во диспанзерот во Карпош немаше доктор за боцкање, префрлен бил во Ѓорче. На прашањето дали може бар крвна слика да се направи па после таму да се оди да се боцне ако е ок, рекоа дека нема потреба, доктор ќе ја прегледа. Ама не, ние ја однесовме во Авицена, и направивме крвна слика, и кога видовме дека се е ок може без проблем да прими вакцина за мали сипаници и заушки. Само едно не ми е јасно, од каде вие знаете дали вакцините во Грција, Германија, Италија итн се подобри од тука?
Периодов излезе уште една информација од родител како тебе кој сакал да го вакцинира своето дете, ја побарал декларацијата на вакцината - и од диспанзерот му ја покажале, Белгија е земјата на потекло, но не приметиле дека рокот на вакцината е Октомври-10/2018. Имаш известување официјално од Министерство за здравство, наводно Македонија Лек залепила стара декларација, топ биле вакцините - никој до моментот кога родителот ја побарал декларацијата не го проверил рокот. Не вакцинирам ниту планирам да вакцинирам, но ни на крај памет не ми паѓа некого да убедувам. На почетокот можеби имав такви обиди, ама повеќе сакав да ги информирам луѓето дека не е сѐ така розево, имало и нус појави, жива, алуминиум и ... да не се повторуваме. Ама сега повеќе не, има доволно информации за оние кои се интересираат, само сакам да се почитува законот - правото на слободен избор ми е важно.
Во кој диспанзер во Карпош,мислиш во Букурешт? Дека и јас таму ја носам за вакцинација кај др Венера.Ај кажи ми да знам каде ќе ве вакцинират за да знам.
Детето има 6 години, до сега редовно ги прими сите вакцини. Пред мене отвараат вакцина, пред мене ја боцкаат. Гледам и потекло, и декларација, и до кога има рок на траење. До сега не сум имала причина да се сомневам и затоа ги носам и двете деца на боцкање. Се консултирав со неколку педијатри и други доктори, забарката во која имам доверба е за вакцинирање и вакцинира, и да не набројувам понатаму. Тие што сме одлучиле да вакцинираме не живееме во пештера, јас конкретно се консултирам со МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА, правам крвна слика обавезно, па комплетно здраво дете носам на боцкање. Мојот избор е ЗА вакцинирање, и не сакам луѓето да ме прават луда и неинформирана.
Не во Букурешт, во диспанзер Карпош, кај основното училиште Карпош. Сега таму и го водат картонот, па затоа во Ѓорче не препратија, поради ситуацијава докторот таму е преместен. Во Букурешт не би требало да има измени.
Не мислам дека си луда или неинформирана, едноставно е избор - секој избор си има свои ризици. Туку индивидуално е, кој со која одлука може мирно да спие навечер. За мене и мојот сопруг, покрај убедувањата од дел докторите за (бидејки и ти - која си за, но и родителите кои одлучиле да не вакцинираат се ругани, и омаловажувани заради својот избор), повеќе ми имаат логика информациите од доктори кои се против. Ова е личен избор, и секој си тера со сопствената одлука.
Незнам Рефи,баш едни другари го носеа до скоро детето кажуваа дека уште работи,ако нешто се случило последниве месеци,баш ќе прашам
Со многу доктори се консултиравме, од ниту еден доктор не добив одговор дека е против вакцинирање. И, сите тие доктори имаат мали или поголеми деца и вакцинираат со наши вакцини, во наши диспанзери. Посебно во диспанзерот во Букурешт има прекрасни доктори кои прават детален преглед и даваат прекрасни совети за здравјето на детето. Јас вакцинирам за здравје, за искоренетите епидемии и болести да не се вратат повторно, и за мирно да спијам.
Витали човече, да те потсетам само на твоето мислење за "лекот од тревка" Одлучи се што мислиш, не само да одиш од тема во тема и да им одиш контра на луѓето. Сопствен став слабо нешто, а?