Никогаш не би вакцинирала од општестествена одговорност, имунитетот на стадото нема логика али ајде. Доколку знаеш дека секоја вакцина максимум те штити 10 години, според календарот за имунизација последната вакцина ја примаш на 18 години. Значи секој од нас кој е постар од 28 години веќе не е дел од стадото.
Ругање, исмевање, убедување... е двонасочна улица. На жалост постои од двете страни. Не еднаш ме прашувале за степен на образование оти по нивна логика високообразованите вакцинирале, останатите не. Сум била предмет на “досетки и шеги” дека се консултирам со бајачки и видовити лица. Оти по нивна логика самк оние кои вакцинираат се консултираат со доктор. И на жалост најмалку емпатија сум осетила баш од оние кои гледајќи ја големата слика за колективниот имунитет забораваат на поединецот кој им стои пред носот и има сопствена приказна и сто затоа на прашањето зошто. Јас поддржувам и мило ми е за секој кој сопствената одлука ја добил после консултација со стручни лица во кои он има доверба и го донел најдоброто решение за сопственото дете. Сеедно за или против. На крај краишта родителот треба најдобро да ги знае околностите и здравјето на сопственото дете, а се надевам и консултираните стручни лица, па одлуката е вистинската за конкретното.
Од кое стадо? Не сме овци бре па да не споредуваш со стадо. Зошто се воведени тогаш вакцините? Зошто сме сите ние вакцинирани од раѓање до 18 годишна возраст? Зошто порано сите родители не носеле нас на вакцинирање? Подобри времиња биле, поквалитетни биле вакцините, што? Нашите родители барале кутии да видат од каде се и со колкав рок на трање се вакцините, се бунтувале против вакцини, носеле деца во странство да вакцинираат? Не! Јас лично не верувам во интернет статии, не верувам во политичари што пред избор ВЕТУВААТ ПОДОБРИ ВАКЦИНИ ЗА ДА БИДАТ ГЛАСАНИ, не верувам во наводна болест од сама вакцина се додека не ми се покаже валиден документ дека е тоа така, не верувам во фб статуси дека вакцините се од Тунгузија, верувам во доктори и медицина. Ни јас не вакцинирам од општествена одговорност, туку заради заштита и здравје на моите две деца, ништо повеќе.
Имунитетот на стадото, колективен имунитет се добро познати медицински изрази - можеш да ги сретнеш во литература од областа на медицината. Не ми беше намерата да вреѓам, само употребив фраза која ја користат. Колективниот имунитет или имунитетот на стадото се употребувал првично за природно создаден имунитет во општеството, кога болеста ќе ја прележат над 80% од популацијата. Потоа била искористена од страна на фармацијата, за да ги презентираат придобивките од вакцинацијата. Исто така го имавме во екс ју, Торлак во Белград чинам така се викаше, каде секоја вакцина поминуваше проверка. Меѓутоа и тогаш дел од родителите-доктри не вакцинираа.
Ако порасне бројката на невакцинирани дечиња, ќе стават казни за родителите. Ако порасне бројката на вакцинирани дечиња во Грција или друга ЕУ земја, повторно казни ќе измислат.... Изгледа сѐ се врти околу тендери.
Пушењето марихуана не е лек туку маслото од марихуана е лек. Немам ништо против се додека се користи како лек и сум за легализација.
Некој поназад ја имаше споменато Слаѓана Велков, месијата на овие простори, еден од најголемите заговорници против вакцинацијата на Балканов а за жал и влијателна, за група од не баш мал размер. Во 90тите гатачите, врачарите и останатите налудничави персони биле гонети и голем дел од нив завршиле во затвор. Денес имаме јато од самопрогласени доктори, научници од дома, исцелители, нутриционисти, јога мастери, лајф коучеви и остали метаморфози од преваранти кои играат на човечките емоции страв и го користат главниот адут - колективната недоверба во институциите и нормално огромното незнаење на нашите народи. Се поистоветувате и примате совети од жена 'др'.Велков, која тврди дека врши фотосинтеза со гледање во Сонцето, дека преку боси стапала се полните со енергија, дека млеко, месо и било каква готвена храна се отрови и алат за масовно истребување, советува луѓе да пијат избелувачи, кречова вода, менингитис лечи со ладни облоги и сл. Е од ваква жена слушате инструкции за вакцини. Повелете ондак, применете ги и останатите нејзини совети и методи за живот, па до каде ќе стигнете. Жално е што никој не ја сопира, со нејзините живото загрозувачки срања, има огромна група на следачи и се шират масовно. Штета само што некој ни крив ни дужен ќе испашта.
Арно ќе беше докторите што ни велат да вакцинираме да ни кажат каде они вакцинираат односно да ни покажат картон од нивно дете. Минимум 5 доктори знам што боцкаат надвор. Зашто би го правеле тоа ако се исти во Солун и во Мк? За по амерички календар ли да боцкаат (американците имаат повеќе вакцини од нас)?
Апсурд. Не е точно. Имунитетот стекнат во детска возраст штити и во старост или попластично да објаснам,организмот,т.е.имуниот систем памти. Имунитетот на стадото ги штити од зараза оние со компромитиран имунитет или оние кај кои вакцината е контраиндицирана,тој колективен имунитет придонесува за заразата да не циркулира.Ама џабе е да се објаснуваш со луѓе кои намаат поим за јавно здравје и не гледаат пошироко.
Знаеш ли кога се вакцинира надвор како се внесува после кај нас во книшка дека е детето вакцинирано? Или било кој ако знае нека ме просветли
Здружението на педијатри и лекарската комора дали ќе им ги одземат лиценците на лекарите кои вбризгувале во дечињата вакцини без да го погледнат рокот на траење?
Мајка ми фармацевт, не вакцинирала тука и 2те деца и не збори дека се е игра на фармацевтските компании, се било лага, ништо не чинело, туку вика фала богу што постојат лекови и вакцини, иначе ќе бевме преполовени до сега. Од една обична температура пред помалку од 100тина години се умирало во нашите села, а сега кога отидовме напред, ние пак полека се враќаме назад. И да, во темата врие од навредливи коментари кон цело здравство, како да сите медицинари и фармацевти се неписмени и ве трујат, завера прават да се намалел народот. Лаборанти шетале низ Скопје со епруветки, пуштале вируси, пазете се, страшна работа ова..
Зошто тогаш во 2009 ко имаше епидемија на заушки во Битола не вакцинираа со ММР по трет пат? Ќе ти сликам книшка ако сакаш во 2009 сум вакцинирана со вонредна ММР вакцина. Дека првите две дози немало да ме заштитат или поминало дејството?
до пред "епидемијава" правила да вакцинираш дете со ММР *крвна слика * да има над 13 месеци *да не е алергично на жолчка од јајце * децата што имаат прележано морбили немаат потреба од вакцината правила од пред две недели *што ќе ти е крвна слика, не кашла *ако е 6 месеци не е фрка тоа *е де ќе му помине алергијата на јајце па и ти дете е *ако е во инкубација, нека прими ммр сепак. ај за последново ќе сфатам. ммр не е само морбили. сепак нема да е заштитено од рубеола ако прележало морбили. во ред тој дел. ама претходните 3 некој да ги објаснеше.... уствари не некој. ФИЛИПЧЕ.
Некoи дoктoри или фaрмaцевти не вaкцинирaле свoи децa тукa не oти мнoгу пoпaметни се туку им се мoжелo, пoлесен дoстaп имaле дo вaкцини нaдвoр oд Мк, и дa ги прaшaш пoимa немaaт штo е рaзликaтa oд еднa дo другa вaкцинa, вaжнo oд Грцијa е.
И вакцинираните, ги добиваат болестите за кои се вакцинирани. Вакцинирани со ММР, заболуваат од морбили. Верувам само во природно стекнат колективен имунитет. Не вакцинирам и тоа е, не ми смета сите широкогледи да си се вакцинираат. Да ризикувам моето дете да си заработи некоја нус појава заради колективниот имунитет, не благодарам. И да се молиме организмот да памти, ако не овие што се разбираат во јавно здравје ќе воведат и ревакцина, и вакцина која ќе те штити од нус појавите на ревакцината, упс поминат рок... нема везе ок се вакцините - гледај широкооо
а чек како полесен достап има? работи на клиника. поблизу му е солун демек? како тоа не е попаметен? значи непаметен работи на хирургија (пример)? нема поим што става? глуп ли е? ем доктор ем глуп„? реторички прашања се ова. поентата ми е-ако си во право јасно е каде живееме. додуше јасно е и без тоа. Ни ставија Хитлер за министер за здравство. ај сеа сите што го гласале нека си пукат у колено. јес да нивниот глас е небитен јер ние не сме битни за кого ќе гласаме нели... нема поголем експеримент од нас македонците искрено да ви кажам. штета што сега удрија по нашите деца. затоа сега нема да прегриземе јазик.
Производителот на нашиве вакцини, Glaxo Smith Cline, e врвна светска фармацевтска куќа, квалитетот не е спорен. Меѓутоа, ми остави мисла "техничкиот пропуст со погрешни налепници" со рок до октомври 2018