Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Точно, ама телото веќе има антитела кои ќе ја препознаат болеста и поуспешно ќе се изборат со истата.
    Јас ги вакцинирав моите се по ред.
     
    На Alishan30, SwanMay, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.847
    Допаѓања:
    325.708
    Пол:
    Женски
    oyy yeah..Толку е врвна шо беше осудена на три под точки за превара со лекови и давање мито на лекарите(Патувања низ цел свет) со цел да ѓи препишуваат нивните лекови.Си ја признаа вината и уредно платиа 6 милијарди долари ..јер веома се врвни и ‘чисти’ у својот бизнис :)
     
    На LejlaD, yarre, anastasijaki и 4 други им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Тоа не го спори квалитетот на нивните производи.
    За споредба, сомнителни би биле вакцини увезени од Индија, Турција а произведени во Сирија на пример, итн.
     
    На CameliaMiller, JuLleE, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Ви посакувам успешно вакцинирање, со сето срце посакувам да добијат вашите деца само позитивен исход од вакцинацијата.
    Во шеесетите ни презентираа дека една вакцина е доживотна гаранција за заштита од страшните болештини, па потоа испадна дека не е така. Не можам да им верувам на оние кои еднаш ме излажале, и не сносат одговорност за негативните последици.
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.847
    Допаѓања:
    325.708
    Пол:
    Женски
    како не?Оптужени беа за лажно пуштање на лек за кои тврдеа дека лечи неплодност.Па на крај го повлекоа од продажба.Кој ми гарантира дека и нивните вакцини не се со лажна декларација и упатство и состав внатре?
     
    На LejlaD, yarre и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Ако биле толку добри немало да има потреба преваранти да се.
    Мене не ми е јасно како може слепо да верувате во нечиви зборови кога не сте дел од тимот за да сте дотолку убедени..
     
    На kukla21, joy1 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Страници наназад постирав линк за двоен увоз на вакцините и инсулин. Кога ке дојде денот јас да вакцинирам свои деца, причинава е повеќе од доволна да се снајдам како знам и умеам за да го однесам моето дете на вакцина во Грција. На тоа додај го и фактот дека квалитетот на еден куп производи овде и во Грција не е ист. Штом не прават исти чоколади за нашиот пазар и за пазарот во Грција, зошто би правеле исти вакцини?

    Еве ке се цитирам, да нема забуни.

     
    На LejlaD, NarCis@, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Не е тоа до GSK, до Македонија Лек е, имаат ставено стари декларации на вакцините, а истите си се исправни и со важечки рок.
    https://tocka.com.mk/vesti/293740/m...-vakcinite-i-tvrdi-deka-tie-se-so-vazecki-rok

    На темата, не верувам слепо во се што читам на нет, па така ни на оваа хард кор антипропаганда за вакциниве. Составот на вакцините не се крие, секој може да го види. Во 21-ви век да се водат вакви дебати за нешто што не е докажано, туку се само претпоставки, не ми е сфатливо. Научен доказ дека вакцина предизвикала аутизам или не знам што, НЕ ПОСТОИ.
    Си го вакцинирам детето зошто сметам дека така треба и сакам во ова современо време да е заштитена од што е можно повеќе болести кои можат и смртен исход да имаат многу лесно, како морбилите. Скраја да е, не дај Боже. Штом направи 13 месеци ќе ја носам на вакцина.
    Секој родител одлучува за своето дете.
    Мислењето на оние што не вакцинираат не ме интресира, како што сигурна сум, ни моето нив. Не се докажувам воопшто, не трошам време на тоа и не сакам да ми го трошат на таа тема.
    Затоа и на темава не коментирам воопшто.
    Само ќе ви кажам дека на другарка ми малиот моментално е во болница со менингитис, компликација од морбили, а она беше исто хардкор против вакцинирање, нема примено детето ниту една вакцина. Одете сега да ја видите како си ја треска главата, малиот не се знае дали има трајно оштетување на мозокот. 3 ипол годинки е.
    Точка.
     
    На Ava.84, CameliaMiller, Kitten и 24 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    А зашто воопшто би имале стари декларации при рака?
     
    На LejlaD, yarre и joy1 им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Сеуште се умира од температура ако не земаш терапија на време. Се умира и од дијабетес, ако не примаш инсулин. Се умира и од загноен заб, ако не појдеш на забар на време и не дај боже ти скапе коската, инфекција да се појави. Се умира од многу обични и секојдневни болести, на пример имаш отворена рана и не ја третираш, можеш црви да фатиш кои жив ќе те изедат.
    Се умира и ако настапиш рѓосана шајка. Се умира и од змија, ако не примиш противотров.

    Ама среќа, медицината прогресирала со годините, има вакцини и инекции за сите овие "болести". Баба беше дијабетичар повеќе од 60 години. Благодарение на тие "сомнителни лекарства од којзнае каде" доживеа 85 години.

    Кога ќе ви се расипе заб, одите на забар да го поправи. Не прашувате што има внатре, иако таа пломба ќе ја носите дваесетина години. Пушите цигари, повеќето и пред децата, кои којзнае што имаат внатре. Гајле ви е тогаш. Алкохол пиете, вино, коњак, неважно од кај иде и што ставиле внатре. Кока кола пиете и на деца давате. Густи сокови исто. Живеете во загаден воздух и никој ништо не преземате. И да не набројувам уште.

    Ама сте се фатиле за едни вакцини, такви биле, онакви биле. Купете си ги вакцините од Германија или Англија ако мислите дека им се толку квалитетни, ама не ги оставајте децата невакцинирани.

    Или ќе оставите на природната селекција?
     
    На pianogirl, Sesil, CameliaMiller и 27 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Заборави да спомнеш и дека според Велков, менструацијата е болест и чистење од отрови и само жени кои јадат месо имаат менструално крварење зошто со тоа се чистат од отровите од месото:drunk:
    Ама они си знаат.
     
    На Sesil, CameliaMiller, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.244
    Допаѓања:
    181.721
    Пол:
    Женски
    Околу крвната слика и вакцинирањето. И во Јане слушнав кога им кажаа дека нема потреба. Е сега мое размислување. На ќерка ми при јака кашлица која на преглед покажа дека веќе спушта надолу, имаше одлична кс и црп. За нареден ден да дигне температура и крвната слика да покаже минимални отстапки. По два дена од втората кс, наодот покажа бактериска инфекција и покачено црп. Сакам да кажам дека најверојатно затоа и не им значи толку таа крвна слика. Се гледа општата здравствена состојба на детето. На другарка ми, го вратија малиот од ммр вакцина, кс и црп одлични, ама грло црвено. Докторката рекла сега вакцина не, без разлика што крвната слика била одлична. Значи на добар доктор, не му значи ништо тоа. Ама пошто некаде прочитав (ако е вистина )дека докторката сакала да вакцинира дете со наод бактерија од земен брис, дека така наложил министерот, го разбирам стравот кај многу родители.

    Па штета је да се баци :drunk:
     
    На CameliaMiller, gjoker4e, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    А што сте ја запнале Велков? Дали тие што се против вакцини се сложуваат со се што кажува Велков, па ајде сите во ист кош ?
    Девалвација на противници на вакцинација ? Тоа останува ? Ако е така - пукајте.
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.080
    Допаѓања:
    179.156
    Пол:
    Женски
    Филипче крајно време е да си дае оставка. Ова само кај нас никој за ништо не презема одговорност и после сума скандали.

    Туку мене друго ми е муабетот, можеби малку надвор од темата, ама да ви доловам малку што се случува околу мене.
    Не знам од кај почнало, ама само ние сметаме дека во Грција производите се поквалитетни. Ништо не е поквалитетно овде, ама ете ние се водиме по тоа што не е наше е боље.
    Грциве избегнуваат лидл, тек последниве години почнаа повеќе да го посетуваат оти почна да промовира грчки производи, а ич не го сакаат оти сметаат дека нема никаков квалитет, ама затоа ние викендите полниме кеси таму. Оти нели се што не е наше е квалитетно.

    И Грциве коментираат како нас, дека од цела Европа нив шлајмот им се праќа.
    Ако би спиеле помирно, вакцинирајте во Солун. Јас не мислам дека вакцините овде се подобри од Македонија. Во најмала рака исти се.
    Можеби во Германија, Франција, Англија, квалитетот не е дискутабилен, ама за Грција да е на пиедестал, ноу ноу.
     
    На CameliaMiller, Kitten, PUPICA и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    89.001
    Пол:
    Женски
    Па со делот за вакцини се сложувате,така ли е ?
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.159
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 да пропуштат ваква информација дека дете има компликација од морбили и да не искочи Филипче на вести и да продолжи да влева страв. Чудно и за неверување.
    Инаку @malerozna да, со инсулинот дијабетичарите живеат долго, впрочем како и со сите други хронични терапии, се ублажуваат и маскираат последиците и симптомите, но никој не го гледа коренот на болеста, никој не го санира него, туку само последиците,што е сосема погрешно. Најголемиот виновник за сите болести е исхраната, но на сите им е полесно да си апнат апченце него да стават фластер на уста и да внимаваат. Се жалат имале холестерол, висок притисок, е ако де, апни си троа мевце и тортичка напиј се енап и холестоп и терај до 101 јер фармација мисли на нас :drunk:
     
    На do-re-mi и yarre им се допаѓа ова.
  17. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Мојот став околу вакцините е направен неколку години пред Велков да се појави по медиумите. Можеби она се сложува со мојот.

    Туку, мешаницава продолжува.

    https://meta.mk/po-primaneto-mrp-va...o-gradinka-no-podobro-10-dena-da-ostane-doma/

    Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубеола и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома.

    Ке пројде епидемијата, и кој се вакцинирал - вакцинирал - кој не не ? :)

    Иако има лекари кои тврдат дека по вакцината детето треба да остане дома неколку дена, во меѓувреме, во градинка се примаат сите деца кои биле вакцинирани истиот или претходниот ден.

    Педијатарот Весна Стојанова – Атанасовска, за „Мета“ вели дека по примањето на МРП вакцината детето треба да остане дома десетина дена.


    Знаат дека тазе вакцинираните деца се сејачи.

    Инаку, одлуката за селективност за прием во градинка е противзаконита. Ако прогласуваат епидемија се затвора целиот објект, градинка, школо или слично. Во епидемија сите се подложни на одредена болест, и вакцинирани и невакцинирани.

    Се врзујат во клопче со глупоста.
     
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.244
    Допаѓања:
    181.721
    Пол:
    Женски
    Не се. Во тој случај пандемија ќе имаше во цел свет од вакцинирани. Советот да седи дома детето е поради негово лично здравје, затоа што имуниот систем е поосетлив во периодот кога е примена вакцината. А јас сѐ уште чекам статистика на заразени лица кои биле во контакт со вакцинирани. Статистика, не статија.
     
    На CameliaMiller, Lolipop23, sofi2107 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Какви се тие вакцини правени за посиромашен пазар не ми е јасно. Споредби со чоколадо и прашоци Богдачува, поевтини состојки во чоколадо може да стават ама сепак контрола море да мине, па за чоколадо никој нема толку да се потресува освен ако имаш отровна состојка внатре. За да се пушти вакцина во промет отвори и види какви се процедури треба да минат. Нови вакцини се измислуваат и во поразвиени земји веќе вакцинираат за многу повеќе болести, само е скапо и не секоја држава може да си дозволи. Ама дека за поевтини пари ќе ти “шитнат ѓубре", не оди така тоа.
     
    Последна измена: 8 јануари 2019
    На CameliaMiller, Ambitious, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @anastasijaki детето е во приватна болница, и да не беше ова форум, ќе ти пратев и слика да го видиш.
    Уосталом, нема што да објаснувам тука, не е мое дете, ама фактот е дека е хоспитализирано со менингит.
    Темава максимално ја избегнувам, зошто ми ствара страшна нервоза, ама откако дознав за малиот, морав да пишам. И еве пак добив потврда зошто не треба да пишувам. Толку на темава од мене.
     
    На CameliaMiller, PUPICA, LejlaD и 15 други им се допаѓа ова.