Мора стапот некој да го јаде и ќе го јаде фирмата македонија лек мислам се викаше.И така во нашево државиче стапот го јаде тој што е можда и најневиновен во целата работа.ццццСе срамам од државава.Катастрофа А децата бе ало Бебињата????
Ако нешто ти се случи, искрвариш при несреќа а јас истрчам како колега да ти помогнам дури имам пример мала рана или расекотина на прстот, ме заразуваш со смртна болест.
Скандал е ова со рокот. Туку сега не ве фаќа језа што вакцинирате во зима, со еден куп вируси, со спорен рок и сл. Сфаќате дека згрешивте и дека сега направивте поголема беља отколку да ги вакцинирате кога било редот и терминот.
...првото „држи“ ни прв ни последен пат, додека политиката со се партиите се во здравството каде не им е место туку САМО ВО СОБРАНИЕ нека „тепаат“ политика нема да има напредие во здравството било Министер да е Стојко, било Гојко било Рефет било Сафет....КРАЈ! ... цитирам од извадокот ,,..Знаејќи ја семејната историја на фамилија Филипче и минатото не може да се очекува нешто подобро, крушката под крушка паѓа. За сите оние што незнаат мало потсетување: таткото Илија, министер за здравство во период помеѓу 1994-1997 по предлог од лицето БЦ, чичкото Добре, назначен за главен на комисијата за лекови, преку која во тој период се случува снабдувањето на сите аптеки со лекови ширум републикава. Во тој период се случува „славното“ препакување на лекови со поминат рок и враќање назад на македонските пациенти со чии пари се прават профитите на оваа фамилија. За на крај сосема случајно во рутинска контрола на словенската граница да биде фатен Добре Филипче, чичкото со торба со голема сум на пари, тука следи и обвинението за шверц на пари кое го заработува Добре...,,
Ако се клецате на работа, или си менувате игли при дрогирање на работа, тогаш да треба да ти кажат дека имаат хепатит или хив!
@anastasijaki Реално, на сѐ можам да преќутам ама на осудување за болести не. И јас имав висок холестерол, во период кога бев и најслаба во мојот живот и најубаво се хранев, ама се борев со панични напади, бев под постојан стрес. И комшивката моја има висок холестерол од кога почина сопругот. Пази на исхрана, таман работа да не пази. Ваљда и другарка ми што е дијабетичар од дете и има 50 кг е поради исхраната. Уствари може од вакцините е, не сум ја прашала дали е вакцинирана. Т.е. да, од каде сега исхраната, нели вакцините предизвикуваа дијабетес? Терајте си со анриваксерските пропаганди, ама имајте малку осет.
не те прашав тебе али ај. колкави се шансите за тоа? треба да не работат тие што се хив позитивни за другите да се раат и да не им биде 'како ќе се осеќаш'? членката тресна глупост затоа и не одговара. А дека некој со хепатит б или ц нема да се примети од километар е друг муабет. .. пошо нели.. зошо не сум прашала за тие..
Правилно би било -фала на одговорот. Какви и да се шансите смртоносна болест е во прашање. Кој кажа дека не треба да работат, само да кажат за во вакви примери да се реагира соодветно без други да се под ризик.
Кај нас кажи оти имаш ХИВ и има да те избегнуваат и мачките. Заборави шо народ живее кај нас. И лицата со епилепсија треба да носат мислам како гумени нараквици за кога ќе имаат напад, да им се пружи соодветна помош. Ама не носат. Кај нас болестите се кријат и никако не смее да се зборува за тоа.
Ништо нема да закачиш од колегите се додека немаш контакт со семена течност, крв или други нивни екскрети. Не ги дискриминирајте луѓето од овие болести, на овој начин. Звучи воопшто како непознавање на основни работи, за пренос на вакви сериозни болести. Од кога лековите купени на приватно се поквалитетни од оние на фонд? Па истите лекови кога нема квота на фонд, се продаваат на приватно. И ова се уште едни информации од типот на ЖДМ групата и "рекла-казала"
Ама јас барав од неа одговор. не е да се сретнувам прв пат со таков термин односно вирус за да кажам фала. Доволно е шефот да знае. не мора секој ојле дојле па ко што сме ние нација педери и лезбејки што гледаме на криво тек хив позитивен и те како на криво ќе се гледа.
Каква врска има ова со темата вакцини? За ХИВ не ни постои вакцина, ниту пак за хепатит Ц. Лаици во сфера медицина знаат дека не се пренесуваат толку лесно и преку воздух. Ти како здравствено лице треба и етички да знаеш за стигмата и неинформираноста посебно околу ХИВ, и зошто не кажуваат јавно дека се болни. И жити сè, само нека не дојде ред ти да убедуваш луѓе тука да вакцинираат, со твојата информираност и пред сè култура на пишување, како здравствено лице... маф ќе ни е работата. Како хејтер на теории на заговор и личност што е за вакцини го велам ова.
Па за ХИВ претпоставувам скоро секаде е така, каде повеќе каде помалку изразено. Ама сега јебига, правилно е да кажеш за вакви ситуации. Погледите накриво ќе си ги трпиш а ако си дискриминиран ќе тужиш.