1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    763 глас(а)
    76,2%
  2. Против

    238 глас(а)
    23,8%
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Мое мислење,за болдираното:апсолутно не си во право.Јас не познавам лично,неодговорна мајка.Посебно мајка што чита и се информира за вакцини или што и да е.Ја сум вакцинирана со вакцини кои не ги ни знам за што се(дали морбили или што и да е).Тогаш сум била дете,моите не се толку многу едуцирани.Тие си имаат ставено во мозокот:ми дојде покана мора да го носам детето на вакцина.Тогаш немало интернет,но му верувале на системот па не вакцинирале „на слепо“ (без претходно да читаат разни литератури за вакцини).Сега е друга ера.Јас ги разбирам мајкиве денес и јас да имам дете,ќе се информирам.Било за антибиотик,било за вакцина.Можеби и јас ќе сум во паника после ваквите информации што изглегле по нет и ги оправдувам мајките кои се во дилема.Но,не верувајте во се што ќе прочитате и секакви анти вакцинациски пропаганди.На крај,изборот е ваш дали вие ќе го вакцинирате вашето дете или не.Дали овде или во друга држава.Нема смисла јас (никоја и ништо) да те убедувам тебе (обичен пример,ништо персонално :D )да не си го вакцинираш детето.Мене тоа не ми држи вода.
    Јас си го кажав мислењето во врска со ова и ќе повторам:сум ЗА квалитетни вакцини со сигурен производител :) .
    Едит:Да не дојде до забуни,цела моја генерација сме вакцинирани никој не е имал нус ефекти(бар јас колку што знам) можеби и затоа моето мислење за вакцини е базиран на овој факт.Но,можни се нус ефекти (како секој лек).Мислам ако е веќе задолжително вакцинација може да си побарате се во врска со вакцината која ќе се прима како што побарала @NarCis@ за рокот и мислам дека ќе ви дадат да видете без проблем.
     
    Последна измена: 8 јануари 2019
    На CameliaMiller, Amellie13, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.936
    Пол:
    Женски
    Абе и јас му верував се дур не сакаше тоа што го кажа усно да го даде писмено. Одма се појавува прашањето зошто? Зошто децата што имаат последици се кријат? Зошто не дај боже ако изгубиш дете мора судски да иде за да докажеш? Едноставно ете пишува дека е можно тоа да се случи. Не е вина на педијатрите. Ама се оградуваат. Зошто?
     
    На LejlaD, CameliaMiller, yarre и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.066
    Пол:
    Женски
    А што одговори Сајковски на тоа прашање зошто не дава на писмено извештај или пријава за силна реакција на вакцина?
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.355
    Допаѓања:
    119.399
    Пол:
    Женски
    Кога дете ќе добие алергија од некоја крема или антибиотик или било што, пак го носат кај истиот доктор (во примеров Сајковски). Зошто?
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.066
    Пол:
    Женски
    Можеби Систина не му дозволува. Читам овие што ги организираат протестите,шират страв и параноја меѓу мајките кои сега вакцинирале со сериозни клевети дека докторите вакцинирале со вакцини со поминат рок.:o

    Незнам зошто молчат здравствените работници,кога секоја вакцина се проверува пред да се вбризгува.
     
    На Abeja, CameliaMiller, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Видовме колку проверувале. Ти со сила се правиш слепа?!
    И да е точно дека била грешна декларацијата, тие во диспанзер имале вакцина со поминат рок. НЕ РЕАГИРАЛЕ. НЕ РЕАГИРАЛЕ. Што тоа зборува за нив? За системот? Ептен се супер, грижливи, се проверуваат. Мижи асан да ти баам.
    Аман веќе едно те исто, па едно те исто. Биле безбедни. Не знаеме. Нит ти знаеш. Може да одбереме дали ќе веруваме на наводната афера со декларациите или не.
     
    На darcy, Sandrin4, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    И да се најбезбедни, Филипченце се фалеше дека се купени од GlaxoSmithKline - всушност, едни од најозлогласените касапи во индустријата. Се работи за луѓе кои што имаат дозвола за убивање на светско ниво и редовно си ја плаќаат и обновуваат, а тоа не им претставува морален проблем.

    Патем, верувам во задолжителна вакцинација, но конкретно овие луѓе имаат крв на рацете.
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Стварно верувате во се што ќе кажат на Сител и Канал 5? Стварно верувате дека не проверуваат рок и шибаат вакцини со поминат рок?
    Значи ова веќе станува трагикомично. Верувајте во што сакате, ваше право.
    Пред два месеци малиот имаше бронхитис. Ме прашува млада мајка дали сум го однела на лекар и што ми препишале, па кога и кажав Вентолин, Сумамед и Пулмикорт почна да ми се дере. Сум била ненормална што си го трујам детето. Дали јас сум била запознаена со кортико лековите и со отровот наречен антибиотик и лек? Требало да земам шпатула, да му брцнам на детето длабоко во грло за да го испровоцирам да поврати и природно да се исчисти плуќата. Или евентуално ПЕРДУВ, тој исто многу помагал кај деца со бронхитис. Истата таа е против вакцините и детето си го носи на хомеопат, кој патем и ги дава овие генијални совети со шпатулата и пердувот.
    И, дали јас после вакви муабети треба да и верувам дека вакцините не чинат, дека лековите се отров и убиваат луѓе? НЕ!
     
    На dunika, Chantal, CameliaMiller и 24 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.936
    Пол:
    Женски
    не знам зашто кај него носат ама знам зашто јас однесов во систина. Тогаш сметав дека таму веднаш ќе добијам помош и доктор на кој можам да му верувам. Сега сметам дека може само да добијам одма помош ама и тоа е варијабилна ствар бидејки еднаш се случи (малиот ми беше околу 6 месеци) да ми рече сестрата влезете спреми го за преглед по пелена. Јас спремање малиот и сајковски влага со други родители и ни вика ај излезете малку само 2 мин да им објаснам на луѓево нешто. И седев со голо дете сигурно 20 мин во раце надвор у ходник за он да им објаснува како да садат намирници дома. Мислам дека сите што го видоа тоа веќе сменија мислење за него.
    треба да се испита од што е ама најверојатно е од вакцината. Толку добив. Кога реков да се испита ми рече може ама нит како нит кога нит ништо.
    види сите се оградуваат. Мене во моментов на суд да ме дадат јас немам никаков доказ. И на клиника кога правев испитувања ми рекоа почекај со вакцини ама ниту ми напишаа негде ниту пишува дека се сомневаат на нив . Само симптомите ги пишува.
    Не знам дали ви кажував , мислам ви кажав ама ај еве ќе спомнам. Една мајка што ми дојде на раб. Има син од 11 год. После дтпр на 6 месеци дете губи коса веѓи трепки све. пигментот скроз му се менува. детево е алергично на месо млеко јајца .. буквално 11 год живее на органска макробиотичка храна. овде никој не сакал да и пише. проблем имала и за градинка и за школо. продале и куќа и све и во Франција на испитувања. Таму докажале дека од дтпр е. Тука документот не и го признаваат. зашто? ...
    Се нашла докторка од мајка родена и секоја год и потпишува за детето да може у школо да оди.
     
    На gjoker4e, CameliaMiller, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Што има врска канал 5 и сител?!
    Министерот излезе со официјален став дека во диспанзерите имало вакцини со грешни декларации. Еве да речеме му верувам. Прашањето е зошто ниту едно медицинско лице кое секој ден ги "проверува" вакцините не реагирало дека фактичката состојба е таа. Како може по фб реакција да се направи истрага, а оние од диспанзерине да не пријавиле ваков проблем?!

    Нешто смрди т.е. повеќе работи. Нит систем функционира, нит медицинските лица водат сметка за нешто. Апла се е труло.

    Ко што кажа @Yowannty, Грција не е баш репер за ЕУ стандард, ама па фактот дека можеш сам да си купиш и да видиш/одбереш со што те боцкаат менува многу. Бар нема да се плашиш дека ти ставиле нешто со изминат рок или некоја кинезарија спакувана во белгиска амбалажа. Се дур не се опраи системот, % на вакцинација ќе се намалува.
     
    На flower30, mimiiiii, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Декларација утната, рокот е валиден а тој не стои само на декларацијата. А реално рокот е тој што е битен, а тој го имаш вметнато на самата кутија и внатре на самата вакцина. Ако тргнеш и гледаш декларации, на ниту еден лек и производ козметички општо нема точна декларација. На некои лекови што ги зимам од аптека воопшто нема декларација залепено.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.194
    Пол:
    Женски
    А кој ти гарантира дека во аптеката во Грција не се продава "кинезарија спакувана во белгиска амбалажа"? Како ќе знаеш?
    Кога веќе сме параноични... |( да бидеме до крај.

    Ме интересира по европскиве држави со кои вакцини ги боцкаат? Конкретно за ммр? Кој производител? Ако имаат податок некои од членкиве да споделат.

    Кога веќе се фативте за скандалите околу Глаксо, кажете ми ве молам дали постои некоја голема фармацевтска компанија која нема скандал? А сепак ги користите нивните производи. Зошто? Нели скандал автоматски значи неквалитет?
     
    На Alishan30, Abeja, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.936
    Пол:
    Женски
    не сме параноични. Само не сме глупи. утнале декларација на лек т.е. медицински третман за деца, бебиња.
    нЕ дека нешто ќе му бидне мислам дека не е токсично само исто ко вода да примиле децата зашто антителата изумреле. знаеш во превод што значи тоа? дека џабе детето ти е вакцинирано. пак ќе фати морбили исто како невакцинираните.
     
    На Alishan30, CameliaMiller и DAngel им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @LiliBoz мене во Систина дунде секогаш сестра ми го соблекува. Баш ме чуди ова твоево. Па и пред врата да чекам. (facepalm)
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.995
    Допаѓања:
    37.194
    Пол:
    Женски
    Ама, сте параноични...
    Нема доказ дека вакцините се со поминат рок, туку дека декларацијата е згрешена а вакцините се со уреден рок. Различно е. Ти убедена си дека вакцините се со изминат рок? Имаш доказ? Или само инсинуации и претпоставки?
     
    На Abeja, Lianna Anna, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.936
    Пол:
    Женски
    А замисли.. го носев кај него откако е роден.
    некогаш го соблекувала сестра некогаш јас зависи. Ова што го стори беше врв.

    А ти убедена си дека не се?
    чашата е или полупразна или полуполна :) на крај од муабетов и тебе ти е страв и мене ми е страв. :)
     
    Последна измена од модератор: 9 јануари 2019
    На TeddyGrey и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Па не би рекла дека е исто. Продажба за комерцијални цели и државна набавка воопшто не е споредливо

    Ти пак не ми одговори. Зошто медицинските лица од диспанзерите не пријавиле ваква неправилност?! Според закон се знае која е тежината на декларацијата на македонски јазик.
     
    Последна измена од модератор: 9 јануари 2019
    На mimiiiii и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    А оти не кажат каде биле уткиве, да се знае кој точно не ја приметил грешката, да не се ставаат сите ординации/доктори во исти ќош?
    Па и ако некој од тие што вакцинирале овие месеци параноичи да испита дали детето има антитела.
     
    На CameliaMiller, Sexybaby86, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.936
    Пол:
    Женски
    се сеќаваш за таа што кажував дека детето испадна вода и примало ? јас мислев е антиваксер преселен у шведска. оно види како се поклапа. ..
     
  20. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Од страници и страници прочитани наназад разбрав дека и они кои се за вакцинација со ммр ќе вакцинираат АМА:
    1. покасно, кога тие ќе сметаат дека треба (или бар не во сезона на вируси и грипови)
    2. во странство или
    3. откога ќе направат некои испитувања на имунологија.
    И сите сте во право, ваша одлука си е тоа, тоа е ВАШЕ ДЕТЕ. Затоа не инсистирајте и очекувајте другите деца да се вакцинираат веднаш заради колективниот имунитет.
    Ова не се однесува на никого конкретно зошто не обрнувам внимание кое мислење од кого е напишано.
    Она што мене ме мачи е следно: на упатството на вакцината ги пишува можните последици од вакцинирањето, докторите го потврдуваат истото и го наведуваат како причина зошто не може да гарантираат дека на моето дете нема ништо да му се случи од вакцината...зошто тогаш во Македонија нема регистрирани случаи со последици од вакцини или некаков регистар на оштетени деца од вакцина кога веќе постои црно на бело дека дека на едно од илјада или десет илјади деца ќе има таква и таква последица и такви дечиња знаеме дека има? Зошто кога тоа ќе се случи никој не сака да даде документ за ситуација која е веќе признаена дека постои како таква и од производителот и од докторите? Кога веќе штетата настала која држава и кој фонд го покрива лекувањето за тоа дете? Не зборувам за аутизам, последици има многубројни и различни, од не така страшни до многу страшни. Можна последица од вакцините е и енцефалитис ама тоа е нели мноооогу ретко- 1 на милион. Убаво рече една мајка: кога вашето дете ќе биде тоа едно тогаш тоа и не ви изгледа како така мала веројатност.
    Никого не убедувам ниту имам таква намера. И во моето потесно семејство дел вакцинираа дел не. Никој никого не навредил ниту осудил за својата одлука. Сите го сакаме најдоброто за нашите деца иако моето најдобро е дијаметрално спротивно со она на некој друг. Не се дрзнувам ни на сестра ни на брат памет да солам а камо ли на некој друг. Тоа што се плашам од последици наведени на амбалажата на вакцината не ме прави параноична...само некој што во најмала рака знае да чита.
    Ако ги ставам настрана сите сомнежи за потекло на вакцината, за производител, за декларации, за системот... итн јас сепак одлучувам да не вакцинирам...од страв а не зошто се лечам со билките на баба Рада.
    Ова етикетирањево по форумов е навистина безпотребно.
     
    На manako1 и danichap им се допаѓа ова.