Не се правам слепа. Тоа што има огромен пропуст со декларациите не значи дека во диспанзерите боцкале деца со вакцини со поминат рок. Тоа е обвинување за секој здравствен работник во диспанзер,а уплав за секој родител. Со кое право ги убедувате мајките што сега вакцинирале дека вакцината им била со пројден рок?! Тоа не е нормално да се прави на еден родител! Едно е да се плука по системот,по министри,тендери, друго е да се користи истото за да се сее страв меѓу родителите.
А што правеле вакцините со поминат рок во диспанзер? Празно кутивче од вакцини со декларација, ете нека е и само декларација, со поминат рок. Зошто преостанатите ги повлекоа во медицински отпад? Не ваљда дека се сосема во ред, а?
Не сум ваксер ама сметам дека вакцините штитат од болести, ама дека се плашам се плашам и храна нова кога давам, а не па вакцина. До сега има примено само една на 5 ипол месеци бидејќи е родена во 36 та недела, сега за наредна ќе чекам да помине сезоната на вируси. Па кога гледаш колку неодговорно "работат" нашиве институции уште толку човек да се исплаши.
Имаш доказ дека биле со поминат рок? Едно е погрешна декларација, друго поминат рок, аман! Срамота е ова што го правите! И јас мислам дека темава треба привремено да се затвори и администрацијата да не дозволува вакви и слични претпоставки и информации да се пласираат во истата. Од било која страна
@ALISA0000 еве јас вакцинирам, ама свесна сум дека има нус појави и дека кај некои деца има страшни последици. Еве тебе ти верувам, мислам и читав како помина, ама не верувам на сите што секоја болест ја поврзуваат со вакцина. Не верувам за аутизмот, за синдромите, за автоимуни болести. Тоа е генетски и си го имаш генот. Нека ми даде некој потврда дека од вакцина добил автоимуна болест или ретка болест, синдром и нека ми објасни како. И јас знам за случаи кои настрадале од вакцина, ги имало и ние кога бевме деца. Ама ова веќе се претерува, секоја болест се препишува на вакцината. Се шират многу невистинити, приказни од анти ваксери. Од друга страна не му верувам и на Филипче. Искрено ми смрди работата со рокот. Еве јас верувам дека можно е и вакцините да се со поминат рок. Кога заради профит дозволуваат да користеме сомнителни лекови и фалсификати, што ве чуди за ова. Смрди работава. Мора да се реагира и за вакцини и за лекови, ама не и заплашувања дека вакцините се најголемо зло. Квалитетот не е спорен, рокот и декларацијата да. Затоа ете проверувајте. Јас никогаш не сум побарала рок да видам, декларација. Само еднаш др и тоа пријателка која работи во ваквинација ме убедуваше дека со леукоцити 17 треба да вакцинирам. Детево имаше добра општа состојба, ама матичната кажа да не вакцинираме. На ова од вакцинација и реков она да се вакцинира со 17 леукоцити. Така да реагирајте на вакви работи, имам секакви доктори. Ама сите не се исти. Јас сешто гледам низ болниците ама одлучив да вакцинирам, и секогаш бирам доктор кај кој ќе одам и јас и дете.
Не, повлечени се. Што да ви кажам, веруваме сите во тоа што сакаме или во тоа што ни ја смирува совеста. Јас не верувам. Ако беа вакцините ОК ќе се повлечеа и ќе се сменеше декларација, ама министер на прес изјави дека се повлечени во медицински отпад.
Госпоѓо. Ти тврдиш дека не вакцинирале. Јас кажав имам сомнеж. И да. Имам во сите наведени медицински лица. Затоа што никој од нив НЕ РЕАГИРАЛ дека има вакцини кои на декларацијата имаат минат рок. Не треба ништо никој да каже. Како велат, делата зборуваат погласно од зборовите.
А кој ти кажа дека сум чекала до две години? Двете деца ми се вакцинирани по календар за имунизација. Имам пишано поназад на темава дека едното го вакцинирав еден месец покасно зошто имаше нетолеранција на белка, а другото ми лежеше во Козле 9 дена баш кога требаше да ја прими вакцината, почекав три месеци да се среди имунитетот и го однесов да го боцнат. Јас верувам само на моите очи, а ти веруваш на нешто што е приложено на ФБ. Тука е разликата, што вие од дома знаете да седнете на форум и да плукате по луѓето што вакцинираат, додека јас лично одам да се уверам и боцкам. Повеќе верувам на доктори и на сопствени очи, отколку на некој што си игра играчки на фб. Правете како што мислите дека е исправно, ама немојте да тврдите нешто што не сте виделе со свои очи.
Јас добро знам што пишувам,нема потреба да ми објаснуваш.Твојата недоверба е твоја лична работа. Прашувам, Зошто ги плашите родителите дека децата им биле боцкани со вакцина со поминат рок? Дали некој од вас тоа го видел со очи,вакцина со поминат рок да се даде на дете?! Ти го утврди тоа? Го виде? Не?! Тогаш молчи.
А сега што велат дека нема врска белката?! Што правиме?! На 6 месеци може ммр да се боцка. Јас ко што сфатив да не беше фб никој немаше да знае дека "грешни" декларации имало. А ти виде дека не боцкале?! Јас ќе молчам, а ти?! Ќе проповедаш дека се во ред вакцините кога ни ти појма немаш?!
Секој има право на избор. Еве ние месец дена касниме за вакцината шо е на 6 месеци. Едноставно ми е страв. Вистина немавме реакции предходно ама шубе ми е.
Одговорност мора да има. Каква сакаат казна нека изречат,но одговорност мора да се сноси. На секој лек мора да стои декларација на македонски јазики и упатство, исто така на македонски јазик. Увозникот е задолжен за тоа.Ова е техничка грешка,не виделе какви декларации лепат.Веледрогеријата е редовен увозник на вакциниве и останати стари декларации се залепени.Огромна грешка што направи уште толку поголем хаос. Во ова време,за ваква осетлива тема,кога сите се исплашени,ваков пропуст не смееле да направат од веледрогеријата.Нека се казнат соодветно и нека бидат пример за тоа дека вакви грешки се недозволиви.Само така овој башибозук може да се доведе во ред и така може ќе се врати довербата во системот.
Се согласувам со се што кажа. Сметаш дека само од веледрогеријата треба да сносат одговорност? А медицинскиот персонал кој не реагирал?
И веледрогеријата и докторката во ,,вкацинално,, која не се погрижила да види со што ќе се вакцинираат децата ама и Филипче (морална одговорност). Во ,,културните,, земји така е редот
Сметам дека сите треба да сносат одговорност. И тие што ја примаат пратката и оние кои ја аплицираат вакцината. Кај нас сите многу лесно си ја префрлаат одговорноста,затоа сме на ова дереџе.Се е труло. ,,Бриго моја преџи на другога”.За се е така,не само за ова.
Сосема се согласувам. Ама ние сме какви што сме Како и секогаш досега, никој нема да сноси одговорност, за жал. Се надевам дека грешам.
На крај ќе видите дека ќе го ,,кркаат,, најдебелиот крај обичните сестри во вакцинално одделение. На никој друг влакно нема да му фали.