Затоа е лошо да се читаат форумски доктори. Сте избрале наместо вакцини кантарион и чорапи натопени во оцет - ваше право. Ваше дете и нема никој право да ви се меша. Но, лошо е кога се наметнува мислење. Фактот дека се појавија толку деца заболени и те како загрижува и тоа не станува збор за сезонски грип. Државата и гротото доктори не го делат вашето мислење. Затоа подобро прашај стручно лице отколку форумски ликови, зошто тука ќе прочиташ и дека Земјата е рамна. А наводниве доктори на форумов кои се на мислење дека вакцините се штетни - бујрум, излезете пред јавноста, претставете се кои сте, претставете ги вашите докази на Владата и на Министерството за здравство и ако имате право ќе постигнете уште поголем ефект - ќе спасите илјадници човечки животи од вакцините со потекло од Чернобил. Нема да ве убијат, не е ова Северна Кореја а плус луѓето ќе ве гледаат како херои ако имате право.
За ова со белката тебе лично ти кажале или пак на фб прочита? Мене лично педијатар во диспанзер ми кажа за белката, го виде осипот на детето и рече месец дена после прво пробување пак да и дадам. Ако пак има осип воопшто не треба да прими вакцина, ако нема осип да се боцне. Јас не се водам од фб статуси и фотки, се водам од лично искуство и видено со свои очи.
Па и треба да го кркаат обичните сестри како што ги нарече, па они се тие, последната карика на цел систем за вакцинирање, они ги инјектираат на децата и најнормално е дека треба да погледнат на датумот на производство, на рокот за траење.....па дома едно млеко го проверуваш дали е исправно и до кога важи пред да му дадеш на детенцето, нарочито ако било паковањето отворено, а не па вакцините да не ги проверам...секоја совесна сестра тоа треба да го стори..и незнам зошто одма не ги тргнале тие на страна и не пријавиле, па немаше да има толкава фама меѓу народов.
Правам паралела. Чим може 6 месечно дете да прими, значи белката не игра улога. Ова не кажав јас, нит на фб прочитав. Тие препораки ги дадоа во епидемијава. @referentka @ph.orhideja тоа го велам и јас. Одговорност треба од сите. @Cosmi ко што тие тврдат дека не се добри, ти си иста само од другата страна. Апсолутно си затворена за било каква спротивна информација. Многу други се произјаснија дека се за вакцини, ама на оваа афера изеагираа многу пообјективно. @ph.orhideja @referentka за пример. Ти упорна тврдиш се е ок.
Точно дека благодарение на некои вакцини, многу болести се искоренети, но се што е корисно е и штетно, а многумина од тоа си гледаат бизнис и си прават пари, а страшното е што никој ништо не и може. И не никој нема да одговара, ќе се заташка и набрзо заборави се, како и се друго во нашата држава. Некои родители ќе вакцинираат со сомнеж, некои воопшто, а пола ќе се удараат како со вакцините го прават најдоброто за своите деца и да секој го сака најдоброто за своето дете, но некој многу греши. Како прво епидемија не се прогласува со 15 деца, туку со 15 на 100.000, како второ кога постои "епидемија" забрането е вакцинирање поради инкубацијата која за морбили трае 10-14 дена, како трето само во Мк се збори дека и да си вакциниран пак можеш да заболиш само со поблаги симптоми,додека во сите учебници пишува дека прави доживотен и солиден имунитет. Медицинско лице сум и знам. Живеам во држава во која скоро имаше случај на заболено дете од морбили, невакцинирано, но ниту министерот излезе со казни, ниту родителите ги прозиваа оние кои не вакцинираат, ниту градинките одбиваа деца. Вакцинирањето е право на избор. До сега моето дете кое е родено овде, ги има примано сите вакцини до 7м возраст, т.е до сега, но вакцината за морбили која е на 11м ,а сакаа да ми ја закажат ја откажав со образложение дека ќе чекам до 2год. Да живеев во Мк искрено не знам што би правила. Веднаш после породувањето ми открија намалени антитела за вирусот на морбили и си примив вакцина, а на времето сум си уредно вакцинирана и ревакцинирана. Се сеќавам дека пред 15 год беше избила епидемија во нашето место на Паротитис (заушки) и заболените беа од една- две генерации, па моравме да одиме во диспанзерот за вакцини за да проверат од која вакцина сме вакцинирани, затоа што во тој период кога ги вакцинирале заболените имало грешка во вакцините, па така некои ги пак ревакцинираа. Но, тогаш немаше нет, па не се дигна прашина. Жално е како државата сама си ги уништува граѓаните. Поради вакцини со изминат рок веднаш е потребна оставка и преземање одговорност, кој свесен и нормален човек веднаш сам би ја понесел, а не мачкање очи и продавање ефтини приказни.
Ве замолувам малку посмирено да се одвива дискусијата. Разбирам дека е таква состојбата, но не мора да се користат лични напади, треба малку разбирање од сите страни. Благодарам.
Не сум многу во тек,ме интересира дали откако излезе во јавност сликата со поминат рок на декларацијата,дали се најде чистачка,сестра,доктор да извади од ѓубре една вакцина со важечка дата и да докаже дека само грешка е во опаковката и дека вакцините се во ред барем да бидат мирни оние родители кои сега ги вакцинираа децата?
За таа една паковка да стигне во рацете на мед сестра знаете иште колку други очи ке ја видат? Колку други раце ке ја чепнат? Одговорност од сите што ја виделе или требало да ја видат паковката Ако некој работе и зема плата за тоа треба да си одговара за пропустите што ги сторил И тоа сега што се дозна за ова А за колку се боцнати со поминат рок и никој ништо не изреагирал еден Господ знае и после њус појави е да Кој гарантира и од кај и како се увезуват, како се транспортираат,како се чуваат Тука многу подлабоко смрде и за жал уште мн деца ке страдат додека некој /нешто се смени
А, Не ! Јас сум за вакцинација! А тоа не е проповедање. Дали поради аферава со декларациите треба да се престане со вакцинација во Македонија,во ситуација кога имаме морбили?
Немаше вакво нешто. Само изјава од министерот. Бар јас не знам. Тоа не сум кажала јас. Си ме помешала со некој. Кој сака да вакцинира нека си вакцинира.
Два нови случаи денес во градинката кај син ми пријавиле. Очекуваат уште оти таман се совпаѓа со периодот на инкубација. Се претпоставува дека се заразени пред НГ. И сите се деца до 2 ипол години, невакцинирани. Уште верувате во заговори дека нема епидемија и дека треба да се потрошат вакцините па затоа се крена тревога?
не бе Јуле секако дека има заболени. Ама секоја година овој период има. Мала е бројката за да речат епидемија дека е. Тие се свесни дека овој период има заболени од морбили и намерно креваат паника за да се потрошат вакцините. ТОа што сами направија народот да не им верува е друг муабет.
Имаше на ТВ емисија каде објаснуваа дека за некои болести и само 2 случаја да се појавеле во исто време се прогласувало епидемија. Не сум медицинар , незнам ни тоа што го чув да го објаснам
Не се согласувам со ова, има објаснато на колку народ колку заболени и кога се прогласува епидемија. Денес бројкава е над 20, па и на толкав број на невакцинирани е застрашувачко. Зошто упорно ја туркате тероијата за да се поторшат вакцините и дека џабе се дига паника? И јас се согласувам дека имаме сериозен проблем со здравствениот систем и дека оваа со рокот е скандал и смрди, ама не ја прифаќам теоријата дека за да се потрошат вакцините. Тие секако се купени, дали ќе се потрошат или не е небитно кога се платени. А тендер се распишува на секоја втора година, истиот период, барем тоа е лесно да се провери.
Ова е клучниот проблем. Сите ги тишти ова. Затоа и покрај на партии, националност, пол, струка,... почнавме и на ваксери и антиваксери да се делиме. Моите деца се вакцинирани, во моментов не ме засега ситуацијата, ама сум задлабочена во проблемов, зашто ова е навистина ПРОБЛЕМ. Искрено се надевам дека навистина само лепенката на кутивката со вакцина била погрешна. И искрено се надевам дека нема да се вакцинира дете кај кое веќе е во период на инкубација болеста.
Не би пишувала зашто така мислам зашто не сакам да сеам страв искрено. Според мене најголемата паника ја крева самото министерство за здравство и докториве што пропагираат на фб. Кога им пишав дека од памет ги вадат родителите кои не можат да вакцинираат со тоа што секој втор збор им е смрт никој ништо не ми одговори. Зошто го прават тоа? Како може година да се утне? Дали може да веруваме на истите тие кога не се сериозни? За живот се работи. Не да смрди -значи корне. Пред некој ден читав (не знам колку е веродостојно сепак од портал некој беше, јас се земам со резерва) дека ќе го менуваат законот за основно училиште да не е задолжителен. За да може да уценуваат со вакцини. Зар дојдовме до тоа ниво со уцена да не тераат? На моменти не се осеќаш како стока? Јас искрено да. Како да сум стока се осеќам. Како да немам право на избор кој реално И ГО НЕМАМ се дур не се најде чаре за моето дете... Ќе кажам само им завидувам на мајките што вакцинирале и немале никаков проблем.
Лил а зошто се ставаш во ист кош со оние кои невакцинираат оти така сакаат, а не оти не смеат. Отсекогаш постои ова дека има деца кои не смеат да се вакцинираат. Секако на таков имунитет нема да му стават вакцина. Ти најмногу треба да си лута на оние анти ваксери кои се прават експерти, кои здрави и прави деца не вакцинираат заради теории на заговор, на оние кои лечат деца по хомеопати и ги ранат со посебна храна, и истата ја пропагираат по фб и форуми. Тоа е еден цел систем, синџир кој и те како ќе ни се удри по глава. Па и со оваа здравство, коски ми се тресат. Затоа ако знаеш нешто реагирај, а не муабети знам, ама мочам и се ствара поголема паника.