На почетокот бев лута. Лута и на тие што се плашат од алуминиум во вакцина. Лута и на тие што се плашат од формалдехид кој искрено јас сакав син ми да го има примено зошто знам колку помага истиот тој... Но највеќе се лутев на доктори кои кога ќе кажев дека не е вакциниран целосно одма ми велеа-а што ти од аутизам се плашиш?? и ми се смее во лице ко со амеба да збори. Сега не се лутам на тие што не боцкаат. После сево ова периодов што се случи и да не биле во право -сега се во право. Боцкај иако е алергичен на јајце боцкај иако е помал од 13 месеци боцкај иако е во инкубација... чекај бе..зашто претходно велеа не треба да се боцка ако може да се боцка? Одма црвот се јавува. Потоа ова со рокот. Сега се ставам и во кожа на мајките што боцнале а децата не дале реакција, пример сестра ми боцкаше пред 4 месеци и внука ми немаше никаква нормална реакција. @JuLleE еве отворено кажи ми, не те грицка малце внатре дали син ти има примено ммр или има примено нешто што било ммр а му прошол рокот!? А највеќе лута сум што ние како народ се делиме. Моментално треба протест и од тие што вакцинираат и од тие што не вакцинираат и од тие што не можат да вакцинираат зашто немаат никаков документ за тоа. Буквално од сите! Зашто власта ни влеа страв. Тие што боцнале-се плашат со што боцнале Тие што не боцнале-се плашат со што би боцнале А тие ко мене се плашат буквално од се. И од вакцина и од болест и од се. Затоа и ме нервира кога некој вреѓа овде. Зошто кога ќе ја одалечиш сликата најубаво се гледа. Сите се исплашени.
Со терапија ХИВ не се детектира кај заболениот воопшто, и со тоа не е преносител арно незаштитен секс да имаат. Нема потреба да се нагласува, нема опасност од тие лица, опасноста е кај оние кои се заболени а не знаат, зезнато е што ХИВ знае да мирува и 2 децении. Како и да е, нема врска споредбава со вакцинација и е небитна во оваа тема.
Лил јас вакцинирав пред 2 години. Еве признавам одложував оти сешто читав на интернет. Ама повеќе ми е страв од ДТП на пример. Сега малце сум посмирена, затоа што ете сметам дека профитот сепак се врти околу нешто друго, а тоа се другите лекови. Дома, близок ми користи Авонекс без бар код. Знае, ама користи. И подобро му е со него. Ако се води според овие кампањи, ќе го фрли и може и во кревет да заврши. Така да не размислува што примал син ми, размислувам ете што диши отров и тоа за мене е сто пати поштетно. А за жал никој не реагира.
Јас само не им верувам зашто баш како што спомна, не им е гајле што дишат нашите деца. Мое мислење е дека ич за ништо око не им трепнува, па најмалку за декларациите.
Лесно е ако сте толку исплашени дали сте примиле мрп или "вода". Проверете си антитела на вирусот и со резултатите од истото, повелете објавете јавно. Ако се сомневате во рокот и исправноста на вакцините пак, е уште полесно. Никој нема да ве одбие (како што се пропагира на форумов од одредени ликови) да ви ја покаже вакцината, ако тоа го побарате. Јас не сметам дека е погодно за моите деца, како физички, така и ментално, да ги изложам на болеста, наместо да ги вакцинирам против истата. Вирусот, во реална форма, не е еднаков со вирусот во вакцина. Вториот е ослабен. Нема докази за позитивни последици од невакцинирање. Напротив. Единствена, релевантна причина за невакцинирање е медицинската. Ако стапките на вакцинација опаѓаат, постои ризик од враќање на болестите. Уште полошо. Мутирани. Па тогаш ни постоечките вакцини нема да ни бидат спас. Но добро. Ќе почнеме да се крстиме во сзо за нови. Тоа се оние по кои сега плукаме. За скандалот, дефинитивно треба да си сносат последици и одговорност, а ако се прашувам јас, министерот треба да си даде оставка.
@Lianna Anna може да се провери сега ако примило детето. Тие антитела дур прават имунизација на телото се апсорбираат... А за отказ..одма подитно.
Не е проблемот во производителот, туку во се' живо мрзливо и неспособно. Од увозник, до тие што лепат декларации, до вработени во диспанзери. Ние користиме одредени лекови КОИ ВООПШТО НЕ СЕ ПРОДАВААТ во Македонија, како цитостатска терапија за одредена болест. Пациентите сами купуваат, фонд рефундира 100%. Е сега. Значи сестрата и докторот аплицираат лек за кој не се никако одговорни, ни каде е купен, ни кој го произвел, ни како е чуван и транспортиран. Должни се само да аплицираат. Па сепак, без да биде донесен лекот во соодветна амбалажа, неотворан, и ако е донесен надвор од соодветен транспортер, одбиваат апликација. До мозокот, совеста е на луѓето! Треба нешто сериозно да ти фали, прво да не провериш, а потоа и да си речеш - па не е моја работа да пазам, ми е гајле и да продолжиш. Друго. НАЈГОЛЕМ проблем е што немаме заеднички картон за секој еден пациент, односно ние немаме пристап до секоја посета, лекување, лекови употребени врз пациентот. Не еднаш се случува да треба на некој да напишам стандардна терапија, а тој меѓувремено имал алергиска реакција - а јас тоа не го знам никако! Оти нема систем во кој ќе се внесе таков податок! Па буквално одлуката на докторот лежи врз знаењето на пациентот за сопственото здравје - а тоа никако не е во ред, не е исправно, не е нормално. Да, можеме да видиме се' што е правено во нашата болница, ама тоа не е доволно. Се' дури копам по книшки дали некаде матичната напишала cave penicillin, а немам никаде заведено и не знам, шансите да напишеме лек на пациент кој може да го убие се големи. Се' ова е донекаде и офтопик, ама имунологија е дел од овој нефункционален здравствен систем. Сметам дека, за секој еден пациент треба и мора да постои еден профил во кој СЕ' се внесува, од раѓање, до примени лекови, крвни слики, ртг, кт, специјалистички мислења, контроли кај матичен. Се'. Има на МТ една сиромашна и бедна варијанта на истово.
Самите се етикетираме, самите се делиме, и самите си поставуваме субјекивни критериуми за тоа што е оправдана пречка. Оти по некоја логика, од страна, делува дека знаеме се за другиот. Оти нели, треба јавно да сподели за здравствената состојба на детето. Реално, црно на бело, спакувано во таква форма за да може да се тужи, најчесто има за последици во најтешки форми или најлошото. Се што е ``помалку лошо`` , а на жалост изгледа и најраспространето, се добива усна препорака. Е сега, ако ни е пријател/познаник....ќе го веруваме. Ако не ни е па може и лаже. Oди на бајачки и ја слуша таа Снежето што ја кажувате, затоа не вакцинира. Може да го веруваме ако следи препорака на еден доктор поради некаква аларгија на пример, ама ако сме на ставот на друг доктор дека и покрај истата тоа треба, па и нема да го веруваме. Па и да има некое ливче со нешто напишано дека не треба да прима, ако не го знаеме, а нели се признава само ачик да го залепи на нет, па пак може да не го веруваме. Мене лично, ваксерската кампања ми е подеднакво нападна како и антиваксерската.
Ќе сакаш нешто повеќе околу ова, се апсорбираат? Сакаш да кажеш дека соодветно испитување нема да покаже? Прашувам, бидејќи за вакво нешто не знам. Знам дека има антитела, се додека има инициран имунитет. Не сум медицинско лице, но не е и дека ништо не знам. Еве, по ваква изјава, би испитала антитела кај моите деца. Живо ме интересира. Мајка ми е во медицина и речиси половина моја фамилија. Ние сме три деца. Сите тројца, уредно вакцинирани. Не верувам дека мајка ми би сакала да ни наштети нам или на сопствените внучиња. Ниту можам да поверувам дека постои таков човек кој би вакцинирал со поминат рок. Ако таков постои, јас прва ќе рипнам против вакцини. Тоа е надвор од здрав разум.
Сигурно постои соодветен тест но не верувам дека постои во Мк. Секако дека мајка ти го прави изборот кој е најдобар, јас ни најмалку не го сопрам тоа, и јас сум вакцинирана. За имунизација ќе ти пишам од дома во лп ако сакаш.
Не само што ми дозволија да видам, туку и си ги зедов дома кутијата и шишенцето. Исто така ме советуваа оригиналната декларација од шишенцето да ја залепам на вакциналниот картон (што го направив) Ме прашаа и дали е алергична на јајце оти гледам некого не прашале. Прашав кога може во градинка, ми рекоа за 10-тина дена. Не затоа што може да ги зарази другите, туку бидејќи во екот на епидемијата да не ја изложувам на вирусот додека сеуште не и се развил имунитетот.
Дани нормално ќе му верувам на некого кого го знам па макар и од форумот. Лил ја читам цела година за со детето, па и јас да сум ќе почекам за вакцинација. Алиса исто читав дека детето и има последица. И не, не е исто со анти ваксерите кои се повикуваат на теории на заговор. Или оние на фб која секоја можна болест ја поврзуваат со вакцина. Или Миа ја ли која еднаш слика како син е болен, па зборува за стертокопа, а после дека син и немал примено антибиотик, а невакциниран е. И син ми има добар имунитет, а е вакциниран. И мајкиве веруваат и следат трендови и невакцинираат. Последици и несакани ефекти има, тоа никој не го спори, ама не секоја болест кај децата е последица од вакцина. И на крај пак ќе повторам, за целата оваа поделба, оваа паника и сета фама околу вакцините, виновен е здравствениот систем. Нема народот доверба во здравството па се лечи на интернет.
Се сложувам Јуле дека здравствениот систем е крив. Во однос на останатиот дел, затоа и реков дека е субјективно. Ти си имаш неколку на кои ти ќе веруваш и им знаеш болката/приказната, другиот ќе си има неколку на кои он верува бидејќи не ги знае првиве туку неговите... и така круг. Во однос на Миа. Слушнав за неа прв пат во нашата тема јавни фаци и на тоа остана. Исто како што се надоврзуваат со Карлеуша и Снеже. Да не прочитав немаше да знам. Кија е целта со спомнување на такви ликови ми е јасно, ама ете. Пример. Кога чекавме за упути, детево си заигра со едно друго детенце, дојдено на вакцина. Со жената сврзав неколку реда муабет. Првите две и ги одзела државата поради негрижа(ќе ве поштедам од детали кои искрено ни јас не сакав да ги чујам) ме нарече неодговорна и цитирам Немајка бидејќи кај моето е стопирано вакцинирањето. Туку така. Оп троп, ти си немајка. Ете, она сите три ги вакцинирала, барем пред да и ги зедат, јас стопирав. И? Не нема никаква поука или поврзаност, не се ни обидувам да најдам или да вршам паралели и споредби со нејзе и некоја друга мајка која вакцинира.
Ana mozes li da mi kazes kakov e toj vakcinalen karton? Poseben li nekoj sto stoi kaj nas? Ili toj sto e vo dispanzer? Nekolku pati procitav deka imalo nekoj poseben karton za nas ili pogresno sum razbrala neznam. Ajde nekoj da me prosvetli Nie imame karton samo toj sto e vo dispanzerot kaj sto se bockame i tamu si stoi, treba li da baram i plus nekoj drug sto ke mi stoi doma? Inaku za ispituvanje na antitela posle vakcina, da ima ispituvanje i se pravi i kaj nas na institut za imunologija i genetika. Ama cisto sumljam deka nekoj tuku taka napravil takvo ispituvanje. Bas posle ke stavam link.
Има некој информација како се заразените дечиња/бебиња со морбили, а се НЕВАКЦИНИРАНИ, исто и оние кои се ВАКЦИНИРАНИ, па и за двата случаи кај возрасни? Филипче прееска на вести рече дека има потврдено нови два случаи, од кои едното детенце е од Радишани, идело во групата каде почна 'се. За другото не кажа. И до петок ќе се знаело што со аферата за декларациите. Па ќе чекаме
Во Битола даваат картон еден за нас со воведени дати и вакцини без лепенки и еден за нив во советувалиштето.