Има логика да има подолго заштита зошто немаше само деца во најголем број да се заразени. Што е со родителите, воспитувачките, медицинските лица? Да немаше никаква заштита ќе беше поголем бројот на заразени.
Министерот ја вакцинирал својата внука Илина. Зашто здравствениот работник не носи ракавици и дали тоа не е извадена заштитата на иглата или така ми се чини? Културно прашувам, немој одма да ми се нафрлите https://skopjeinfo.mk/ministerot-za-zdravstvo-ja-vakcinirashe-vnukata-ilina
I zosto sestrata so raka go pokriva mestoto kade sto navodno bocka? Zosto ima samo slika a ne video? Zosto pisuva deka vakcinira po redoven kalendar a znaeme deka mmr se prima na 13 meseci po kalendar a bebevo poveke od 7 ne ke da ima. Zosto, zosto, zosto? eden kup zosto. I posle zosto lugjeto vakcinirale vo stranstvo? E zosto de?
...уште подобро што е стара статијата, значи најново можно е вакцината за Хепатит Ц да е во крајно клиничко испитување (ги има две) и кај да е (и покрај цената од само 140 000 $ за една доза...прашање на време да се применува!
Изгледа друга вакцина е, не е ммр. Друга логика не гледам, ако воопшто човек може логика во неговиве кампањи да бара.
Rabotata e sto voopsto ne bocka sestrata, ako ja zumiras slikata ke go vidis i zastitnikot na iglata ko sto pisa nekoj pogore. Sto izigrava ovoj neznam. Ama znam ako sakase javno da vidi narodot deka vakcinira ke izlezese na vesti i so video i se jasno ko sto treba ke pokaze deka vakcinira a ne vaka.
Не е ммр вакцина ако вакцинирал, прво внука му е бебе, друго ја аплицираат во нога вакцината. Ако воопшто ја боцкаат.
... мислиш? сакаш да кажеш дека државата до сега што направила интервентен увоз на инсулини ги направила скокајќи ја „проверка на квалитет“ или некоја друга важна процедура за квалитетот?а вакцините демек „по редовен пат“ набавени и подложени на контрола? значи инсулинот не е важен, а вакцината е важна споредбено оти за првото како интервентен увоз не се провери квалитетот? ...паралелен увоз е како „втора рака“ и зашто би бил побезбеден од интервентиот увоз во смисол на квалитетот на лекот? ... а каде тоа си прочитала за „увоз на неквалитетни лекови“ кај овие Нет портали? има таму некоја цензура? секој пишува што сака, дали воопшто некој портал или новинар „одговарал“ за погрешна недокажана информација посебно кога се работи за здравјето на пациентите т.е. лекови? или си прочитала од некое стручно лице со факти и докази што укажува за „неквалитетни лекови“ и увоз од непознато потекло? мислам ејјј безвеза муабет, селекција на точни информации ??! да направиме анкета на фармацевти за да видиме колку се запознати со ова знаеш колку разочарувачи процент ќе се добие? професијата не се одредува со маубет за заби демек ти си стоматолог, муабет за дијагноза ааааа ти си доктор или муабет за лекови ааааа ти фармацевт, ако фатам муабет за секс и познавање на сексуални пози, што ќе бидам сексуална работничка? (имаше коментар дека сум лаборант, па доктор, па девојче демек дете... ќе морам да пишувам извесно време малку во теми за дом и дизајн...малку да бидам архитект )
...не би се сложила, рок на трајност е важен, но не е најважен, конкретно зборуваме за вакцини! најважно е КАКО Е ТРАНСПОРТИРАНА, ЧУВАНА И АПЛИЦИРАНА таа вакцина! значи таа температура од 2-8 степени со ладен ланец транспорт и чување во фрижидер во диспанзер на ниту помалку ниту повеќе температура од 2-8 целзиусови степени џабе ти е добар рок напишано на опаковката! несоодветнта температура на транспорт и чување „ја расипува вакцината“ а не рокот на трајноста ако е изминат а другото правилно запазено ја прави вакцината неприменлива т.е. „расипана“! вакцината иако има поминат рок да речеме еден два месеци ама ако е соодветно траснпортирана и чувана во фрижидер на одредена температура и аплицирана од сестра/доктор како треба таа може да делува стопосто или да има помала активност затоа што производителот гарантира АКТИВНОСТ НА СУПСТАНЦАТА ШТО ЛЕЧИ до тој датум на трајност, а потоа може активноста се намалува преполовува или воопшто ја нема ама тоа не значи дека вакцината не е валидна., кој може да предвиди рок на некоја активна супстанца?? НИКОЈ, ама со сигурност знаат дека до тој датум би требала вакцината да има активна компонента во неа со 100% активност... знаете дека има лекови што имаат поминат рок од 10- 20 години и дека по испитување се увидело дека се уште активната супстанца е АКТИВНА до 100% и дека лекот може БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПРИМЕНИ? единствено може да биде проблем технолошкиот дел на дополнителните супстанци да речеме да биде таблетата покршлива или да се изгуби мирис, вкус...но лекот е добар, оти лечи активна супстанца во него, а не тврдината на таблетата или мирисот на малина...ова како пример! апликацијата на секоја вакцина има свое правило, за бебе, дете возрасен и тоа треба да се запази, не само земи тоа шприцот и тааааак ...боцкааааа ....ајде на здравје!??? што мислите во ЕУ сите вакцини се користат до рокот како пишува на трајност? кога доаѓа до поминување на рокот ДОКОЛКУ СЕ СООДВЕТНО ЧУВАНИ, ТРАНСПОРТИРАНИ тие вакцини одат во специјални инститиуции каде се врши анализа на активноста на супстанцијата што лечи и ако таа се уште е 100% активна се продолжува рокот на трајноста уште најмалку шест месеци! значи производителот гарантира активност 100% на активната супстанца што лечи до тој датум, а ако помине тој датум не значи дека е тоа расипано...отров ??? не не...тоа не е храна, па се расипе (ферментирана и бактериски загадена) и да биде токсична / отровна, единствено не важи за антибиотици, нитроглицерин сублингвален, и други лекови кои се индицирани за болести на срце...друго верувајте поради комерцијални бенифит се фрла како „пројден рок“ и демек неприменлив... само во УСА немате појма колку штедат во резервите со такво испитување на активната материја и продолжување на рокот на трајност...но тоа е друга тема!
Postoi li moznost takvite vakcini so pominat rok i cela procedura ko sto ja pisa da gi prakaat kaj nas so nov rok? Sigurna sum deka takvite vakcini se nameneti za zemjite kako nas.
НЕ! тоа се посебни случаеви за самата себе за сопствена држава- кога се има големи резерви да речам воени, стокови државни резерви за епидемии и слично каде ако таа цела количина ако се фрли без таква проверка и после рокот на траење ќе има голема загуба комерцијална нели? мене ми е жал што политиката и партиите влегуваат во најосетливи сегменти и повеќе овој хаос е поради тоа ривалство, а и вработување партиски, рамковни на места кои се многу осетливи, поставувајќи такви кадри на раководни места и полошо ќе биде, затоа што се работа со незнам какви дипломи без искуство, без вистинско знаење и одговорнсот без страв од партиска освета и казна, све се сведува колку плата ќе има, а не што се сработува... а тие искусни професионални кадри кои ги знаат сите проблеми ги држат на страна затоа што не се партиски определени па не се соодветни, ете тоа е нашата трагедија! ... сите се снаоѓаат, тоа не значи дека ние сме таква земја, па тоа некој нас од надвор ни го прави... тие и самите на себе си прават, ако имат можност тоа е т.е.мафија во соодветната сфера да не навлегувам во тоа...затоа секоја држава, па до сега и нашата има МЕХАНИЗМИ за контрола, испитување...дозволи.... што мислиш институциите што работаат кога прават анализи...не само на лекови, туку на све што влегува во земјата како храна све мора да се испита и докаже квалитет? и можам да ти кажам дека по искуство што одам по европски болнички конгреси барем до сега ние сме на високо ниво во ова област! ... тендерите што се прават за набавка на лекови (па и на друго) се спроведуваат според закон за јавни набавки транспаретно (дури и ти можеш да ги следиш на Нет) со лицитација на сите фирми за добивање на најниска цена, а тоа не значи неквалитет еден лек ...на пример од поскапите со овој начин на набавка од пред 5 години што цена била 60 000 ден (при инфарктни состојби лек) сега е 23 000 ден само за една ампула... пресметај колку профит имало порано, а исти лек и квалитет.... ама не знам зошто така има дезинформации... можеби така треба да се држи во неизвесност, незнаење на народот или ...?? јас пак ќе кажам, се плашите од рок на траење на вакцина, а не се плашите како е чувана, ја читам предходната членка радосна дека ја зела опаковката и рокот ...итн на вакцината... јас на пример би внимавала дали таа вакцина воопшто била чувана во фрижидер и дали тој фрижидер има јадење од персоналот и бог знае на која температура работа?? 10 степени?? 15 степени??? 1 степен??? мислам ејјјј вакцината не чини ако не е пренесена во диспанзер со подвижен фрижидер кој при пристигнување ќе исфрли лента со куцана лента за температура....и ако покажува 10 степени....цурих назад вакцината НЕ ЧИНИ ИАКО ИМА РОК НА ТРАЕЊЕ 2020 година??? дали некој тоа ви го кажа? дали таа сестра што боцка го знае тоа или е партиски преку ноќ вработена?? дали таа знае воопшто да боцка...се знае каде се боцка на кое место, под кој агол со која брзина убризгување...или само таааап шприцот...ајт! ЕТЕ ТОА НИКОЈ НЕ ГО ГЛЕДА ...рокот на вакцината била важна лелеле... а јогурт лето чувај го надвор два дена и на него пишува рок на трајност уште една недела што мислиш дали ќе биде ДОБАР И ЌЕ ГО ИСПИЕШ?? несоодветно чувано значи РАСИПАНО.... а не рок на траење ( кај храната уште полошо)! и пак ќе повторам барем до сега контролите се најстроги ПРИ УВОЗОТ во МКД, а овде кај нас што се случува од таму до ваму тоа е друга приказна....
Еве ќе ти ја објаснам мојата ситуација. Немам никаква финансиска поткрепа од никој, со кредит, картица и давачки од кои за струја зимно време најголеми и дете кое сакам да јаде здраво, квалитетно и избалансирано, една плата на мм не не крпи. Еве со 500е објаснете како се поминува месец за трочлено семејство, очигледно ние сме недомакини и не успеваме. Па затоа јас го однесов на 17м во градинка и сметам дека е исто и на 17м и на 3г, можеби само малку е поголемо детето и тие температури и слични ситуации ќе бидат полабави. Ама јас морав да го однесам детето да се адаптира и да почнам да барам работа. Значи не оди во градинка а јас дома да седам. Овој период е малку проблематичен со оглед на варичелата која ја фативме и ситуацијата со епидемијата па седиме дома и можам да ти кажам дека моментално ми виси на конец работното место, скоро се вработив и одма побарав слободни саати, не денови и веднаш изреагираа, а пази вработена сум во администрација. Значи ако сега јас останам пак дома најмногу оштетен ќе биде баш синко на мајка најмилиот, ќе се смени повторно квалитетот на храната, ќе мора да скратиме од многу работи а за вакцини пак нема ни да размислувам. И да јас би го носела бидејќи се покажа и докажа во многу ситуации дека и невакцинираните проаѓаат лесно и бес последици. Градинките не се дувло на зарази, со две раце потпишувам, секој ден кога го зимам чистат со кирби и еднаш неделно се пушта ламба која уништува бактерии, во градинка е чисто ко дома, ако не и повеќе бидејќи се чисти буквално секој ден. Заразите ги носат децата, не стојат во градинка под чергиче деца да се заразуваат, ама нажалост има и неразбрани родители па со мрсули до колена зелени и со температури носат деца, а денес една мајка се пофали и дека втората недела од варичела го однела детето, секако не бил заразен веќе. Значи за заразите се криви, да грдо звучи ама така е, самите деца и родители. Има ситуации како со сипанициве кога вирусот е во инкубација, не се познава, ама упорно со терапија дете и се познава, да го носам, е тоа ми е лудило. Нажалост јас немам на кого да го оставам и немам таква можност да седам дома да го чувам и затоа го носам во градинка, а ако не постоеше забраната ќе продолжев да го носам. И лани имаше и морбили и варичела и не фати, годинава се зарази со варичела и сто посто сум убедена дека поради високиот имунитет кој го има ги прележа ко песна за разлика од другите деца со чии мајки сум во контакт и кои појавиле и се во многу лоша состојб, температури, многу нафрлани и со лоша слика. Ете нека сум лош родител, ама ако јас не заработам тоа дете ќе нема ни за јадење а ни за лекови да го лечам, зошто сите знаеме како изгледа едно вирусче денес, 330 кс и црп, 350 брисеви, ако треба и урина и уринокултура, без 50е не си, пошто на 6ти веќе нема на рецепт антибиотик па го купуваш приватно, пробиотик, електролити, витамини... Да не се повторувам, не сакам детето да ми е болно, скраја да е, ама морбили прележале и татко му и тетка му и тоа невакцинирани, па фала богу еве ги здрави прави, тетка му и тоа на 6м. Едноставно некогаш избор нема. Ништо не ми е поважно од него, ама за негово добро јас работам за да можам да му овозможам подобар живот.
е да.... америчка работа таму така некој се однесуваат ...добро примети не носи ракавици,тоа не е само за сопствена заштита ако мисли сестрата, па не ги ставила оти имала поверение демек министерот е тука, туку напротив не го почитува ниту него ниту својата професија ...ТРЕБАЛА ДА ГИ СТАВИ ПОРАДИ ЗАШТИТАТА НА ПАЦИЕНТОТ кое е бебе и тоа е заштита од неа, а не поради нејзина заштита од пациентот! како второ, косата расфрлена и во должина виси над нозете на пациентот (бебе) што не е според нормативите како треба да изгледа една медицинска сестра за време на давање медицинска помош, значи собрана коса, ако веќе си нема корпа за коса за мед.сестри! како трето, не носи медицинска маска, како може таа со давање вакцина директно да диши над пациентот (бебе) кој гарантира дека тој здив е здрав...мислам ејјјј бог да чува! јас дури би наредила и самиот министер да си стави маска пред да го земе бебето во рака поради негови работни секакви контакти! како четврто, не смее да аплицира вакцина со незакопчен мантил отворена со ролка над пациент (бебе) според местото на апликација на вакцината на предно-надворешен дел на натколеницата интрамускулно, но зошто и е поставена целосно раката на ногата на бебчето со исправена истегната нога мускулот треба да биде опуштен ногичето треба природно да му биде свиткано...мислам ејјј го притиска да го боцне до коска ?!! еве како треба да изгледа една имунизација на 6 месечно бебе под препоставка дека толку има внуката на министерот! или двомесечно бебче кое прима вакцина ...би требало да е легнато, а не во скут или да се држи во рака п.с. дали нашиве им ставаат во уста на бебчињата течна глукоза едно две минути пред вакцинација ?
@bijonse ништо не им ставаат, ниту ги смируваат. Мојов на година примаше bsg втор пат, немаше реакција, и веќе поголем се бранеше многу беше силен кога го стегнаа три сестри над него, па два три пати игла смени подлабоко боцкаше, а треба поткожно, па нервозни викаат, да ти е страв да ги погледнеш не да кажиш нешто. Фобија доби тогаш од боцкање. Ама нараквици барем имаа, ова многу непрофесионално изгледа, затоа бришат коментари на фб кај министерот.
...зашто кога ќе се решиме да купиме мебел ги шетаме сите салони, а на пазар нагоре надоле стопати да најдеме ист производ поевтин и поубав?....а кога се иде на вакцинација...опа трупа директно?? зашто не се информираме? зошто предходно дома не разговараме онака со бебешки јазик со детето? види што нема на Нет сакаш со слики сакаш видео...само мајка и татко нема! ...често пати ги слушам родителите како кажуваат две работи ... ,, кажи каде ти е кулето,, ... ,, ако не седиш мирен ќе ти стават инекција,,, ..за првото не коментирам, а за второто крив е и родителот ако е мало детето тоа разбира и знае што е инекција и добива неоправдан страв, зошто ниедна мајка не кажува ,,ако не седиш мирен самата ќе си ставам инекција?,,.
@bijonse на година можам да го смирам и да го утешам (што и ми дозволија да го надојам во соседната соба зошто го преплашија и зајдуваше), а од претходно нормално дека му кажував и го спремав иако е мало детето. Е за бебе од 5-6 месеци како да му објаснат родителите и кој треба да е професионален во тој случај? Не знам каква е вината сега на родителите.