Јас не знам зошто се смета за толкава промена воведувањето на задолжителна вакцинација. Можеби вака звучи навистина порадикално, но мислам дека како не толку пишано и разглобувано правило - вакцините одамна биле задолжителни. Не сум мајка, а не памтам до толку одамна за оние што се примаат на предучилишна возраст и уписот, ама во училиште се знаеше - цело одделение оди водено од наставникот, а оние деца кои се макар малку настинати - треба задолжително во догледно време да се јават на вакцинација кога ќе оздрават. И во сите училишни години (основно и средно) не сум слушнала за ниеден случај на сериозни и долгорочни компликации - во моја генерација и околните, во школо и во круг на познаници надвор од него. Најголем страв околу вакцините беше кај нас самите деца на помала возраст, понежните и плашливи - за убодот, а најголема „последица“ - памтам на крај на основно или во средно после една вакцина неколку дена нè болеше боцнатата рака. Е мислам дека имам и пишано, за вакцината против ХПВ на 12 год. за девојчињата се крена страв и контроверзии, но не беше задолжителна, ниту почна да иде преку училиште колку што знам. И ова сè е во новиот милениум, од пред 15-16 до пред 4 години. Не сфаќам што толку би се имало сменето за тој период. За децата со медицински причини да не можат да се вакцинираат - сигурно се прифаќале како исклучок, а верувам дека така ќе биде и сега. Други причини, извинете ама не ми се реални и прифатливи. Секоја почит и емпатија за оние со лични трауматични искуства, не се дрзнувам да ги коментирам... тука се и прелошите и немарни потези на министерството, Филипче како ужасен министер кој се согласувам дека треба да си поднесе оставка. Ама надвор од тоа, глобалната паника на оваа тема може да се сведе на драматизирање разгорено од кампањи со материјална корист (бидејќи и на другата страна од медицината и фармацевтиката го има тоа, многумина не сфаќаат), и да - баш мода.
@Someonespecial затоа што кај нас нема доктор што ќе ти потпише дека некое дете не смее да се вакцинира, а сите сакаат да работат по закон. Конкретно големата е вакцинирана и ќе продолжам со вакцинација, ама за бебево добив поделени мислења и тоа само усно. Кај некои деца е едноставно меч со две оштрици. И сега некој доктор ќе ми каже да, а нема да потпише одговорност. А за дете, после џабе ми е сѐ. Затоа сум против оваа радикалност. А ете, сум за вакцинација.
Кој е тој доктор што нема да даде медицинска потврда, дете со имунолошки дефицит, малигни заболувања и останати потешки болести да не биде вакцинирано? Таквиот треба да се пријави, јавно да се објави и да му се одземе лиценцата. Тука, не станува збор за локални реакции од вакцините, ниту фебрилни, кои се во повеќето случаи наведени како очекувани. Се работи за реални, сериозни болести, кои се единствена причина за невакцинирање.
Нарцис, не е точно дека не постои доктор што нема да потпише дека дете не смее да се вакцинира,поготово кога постои јасна контраиндикација за невакцинирање. Мислиш навистина радикално и насилно би вакцинирале дете со леукемија на пр. Не е така.
@Lianna Anna @Cosmi со самото тоа што е поделено мислењето, мене ме става во мисла. Фала Богу, не се работи за леукемија, ама е состојба која е далеку од наивна и никој не би можел да знае исход од вакцинација. Мислам нормална и реална е мојата грижа околу тоа. Затоа реков, џабе ќе ми биде некој и да потпише одговорност, ако недај Боже настане штета. А искрено, не знам дали потпишуваат, барем не сум чула за таков случај.
Секако дека нормална ти е грижата. Потпишуваат. направи ги сите испитувања кои се потребни,ке потпишат.
На Ману ли се прават тие испитувања како би реагирало детето на состојките? Да не имаш инфо. плус околу процедурата?
Мислев испитувања за болеста која ја има бебето . Ако мислиш за кај нас можеш Институт за имунобиологија и хумана генетика ,а зошто кај нас,а не кај вас во Германија?.
Детето кое има медицинска состојба ги добива соодветните испитувања а со тоа и препораки. Брат/сестра на истото не. Доколку станува збор за состојба која има лек(и име секако) може превентивно да се прават различни испитувања. Доколку сеуште не е дијагностицирано за што станува збор или станува збор за состојба за која нема лек не смеат братот сестрата превентивно да се испитаат. Мора да се чека да настапат симптомите. Значи да вакциираш, па ако се појават негативни ефекти, тогаш смееш да испиташ(ако и тогаш добиеш упат секако). Ме интересираше општо процедурата, дали постои такво нешто и како се изведува, ако си запознаена.
Знам пишуваше дека тешко се добиваат упати кај вас,ептен штедат. Со оглед на тоа дека сте вие германски здравствени осигуреници,незнам како би била процедурата кај нас. Зошто не ги контактираш по мејл ? Или еве да дојдете кај нас и завршите работа дали би ги признале воопшто резултатите таму?
Затоа и пишав, односно прашав, кој поточно и како оди процедура. Да започнам од некаде, ете, и мејл што викаш е прв чекор. Дали признале или не, отом потом, јас да знам најпрво.
Можеш да се обратиш и стапиш во контакт и со детска клиника отсек за имунологија. Најсигурно да кажат како би можело странски осигуреник да прави испитувања кај нас.Децата ти имаат и наше државјанство или не? Филипче во 17.45 на мртв,за тие што сакаат да го гледаат.
Не, само германско. Фала ти, ќе се доинформирам. Се надевам информацииве за ману и што се може таму да се испита ќе послужат и на други мајки за да донесат конечна за/против одлука.
Министерот многу културно и политички го одбегна прашањето за "квалитетни вакцини со влегување во ЕУ" и заобиколувајќи стигна до "зголемување на платите во здравството". Искрено, повеќе ќе го ценев да беше искрен и да кажеше "кикс на тој што ја правеше кампањата, сакавме да гласате ЗА". Ако има реприза емисијата или евентуално ја има на јутјуб, сакам да го исслушам уште еднаш без брмчење од децава
Дани приватно ќе си ги плаќаш испитувањата и прегледите. Ќе закажеш приватен преглед на детска кај имунолог. Систина не знам дали ги имаат сите реагенси кои ги има на Имунолгија и МАНУ. Вакви работи е подобро на Клиника. Знам, затоа што и јас се замарам за слични работи за мене и дете и опција е Клиника.
Еден куп пари и даваат и на нејзе и на мене, срам да ви е. Јасно ли не ви е сеуште дека 90% од тие што невакцинираат имаат осетено последица од вакцинација. Срамота е да викате помодарство или немајки, или баш им е гајле за моето дете. Нормално ти нема да го ставиш моето дете пред тоето. Доста е веќе, верувајте или не но повеќе деца се оштетени од вакцино но кај нас никој написмено микогаш нема да добие, докторите се плашат и да гугнат, а не домумент да потпишат што направила некоја вакцина. Поздрав и секој нека прави што мисли дека е најдобро за своето дете.
Ако вакцините биле ( или се задолжителни ) тогаш нема зошто да прават промена во законската регулатива, нели ? Ама вакцините очигледно не биле, и не се задолжителни согласно тековната законска регулатива, кои како медицинска интервенција се право на избор. Ова е користено и во претходната ни држава од страна на поединци кои си биле упатени, а ние останатите малку или ич запознаени, сме си се ределе како овчички во ред. Сега одговорните знаат дека мораат да имаат согласност од родител, па согласно на тоа вакцинацијата се врши во диспанзер, а не во школо како порано. Сега дури се поделени систематските и вакцинацијата. Таков беше системот. Верувавме на системот, а во најголем број и лекарите веруваа на препораките на стручњаците. Вакцините беа произведувани кај нас, беа во помал број, коктелите помали... А и пристапот до информации беше строго лимитиран. Така беше. Храбрите први застануваа во редот. Реакции од вакцини имаше, јас паметам реакции со некакви гнојни израстоци по рамиња. Една блиска другарка и правеа хируршки зафат , тоа порасна како топка. Реакциите секако биле поретки како што и поратки беа вакцините. Верувам мислиш за првичните реакции. Оние другите, се со тајмер. Не знаеш кога ќе опали. Некои научници тврдат дека процесот на реакција после вакцина не застанува дур си жив. Дека цело време организмот се бори, па неретко, во таа борба почнува сам против себе. Ова па резултира автоимуни заболувања кои не се генетски, како што се со генетика сака да се оправда.... Не е се црно-бело. Ако сакаш ќе дознаеш. Немој. Тоа се преполовени луѓе чии текови се сменети од корен. Насмевката одамна ја нема на нивните лица, а се борат сами со тоа што ги задесило. Ако и можат да се борат во таа нивна битка каде однапред знаат дека победниците се бројат на прсти.
Кој може да му смени мислење на родител чие дете е оштетено, никој, ама баш никој. Никој неможе да забрани школување кое со устав е загарантирано. Го пробаа ова во Србија лани, неуспеа, но успеаа да направат задолжително да се вакцинираат и возрасните. Глумецот Филипче со службениот новинар на СМРДС која магично стигна на (С)МРТ, во интервјуто вели: "Колективното здравје има апсолутен приоритет над индивидуалното" Колку за мало потсетување Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината - на Советот на Европа, донесена во Овиедо, Шпанија на 4.4.1997 год, а ратифицирано во Собранието на Република Македонија и објавена во Службениот весник на РМ бр.55/2009 на 28.04.2009 година, со тоа добивајќи сила на ЗАКОН, вели: Член2 - Првенство на човечкото суштество Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката Израел ндма вакви проблеми, нешто си замешала лончиња, еве прочитај сама https://www.google.com/url?sa=t&sou...ZeYYo-_eBn52CASh3&cf=1&cshid=1547420674454 Прочитај го законот па после коментар давај, не шири дезинформации