Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Не се поделени. На систематскиот преглед кај ќерка ми и внук ми беа вакцинирани сите деца, освен оние кои беа со лоша крвна слика или со антибиотик(а во различни училишта учат).
    Ова само ти тврдиш и паметиш дека имало реакции, моја генерација, генерацијата на сестра ми, на братучеди и другарки, никој немал никаква реакција од ниту една вакцина, а сите се уредно вакцинирани со сите вакцини.
    И, како да ти верува човек дека вакцините не чинат и дека не треба да се вакцинираат децата кога ништо од ова што го пишуваш не е вистина.
     
    На Someonespecial, Nausicaa, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.260
    Допаѓања:
    136.716
    Ова не се мои изјави. Првата е на министер за здравство а втората на министерот за образование.
     
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    797
    Точно нивни се. И двајцата од позиција на власт - лажат. Причината само тие ја знаат. Законите се јасни. Дур не се сменат.

    За оваа пракса ти зборам за едно училиште во Карпош и едно во Центар. Зошто е така не знам, можеби е небитно а можеби има цел. Јас кога ги носев моите во поликлиника на систематски/вакцина, за вакцина се влегуваше посебно, дете по дете. Незнам како ти си можела да дознаеш кој се вакцинира а кој не, и дали тие со лоша крвна слика било тоа реално или наменски. Ако е така тогаш тоа се двете највакцинирани одделенија во МК, земајќи во предвид 15.000 невакцинирани.

    Епа извини што памтам. Можеби е подобро да не сум памтел. Тие увек у животот со песма поминуваат.
    А што тоа не е вистина ?
     
  4. koste81

    koste81 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ако веќе нешто сакаш да напишеш, првин провери го, многу е лесно. Ете грѓани кои не се информирани ќе помислат дека е точно, шириш и ти дезинформација.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.260
    Допаѓања:
    136.716
    Ти не гледаш линкови после, не гледаш РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ?

    Или читаш површно само да набедиш некој? Научи ги правилата како се пишува и ЧИТА на форум.
     
    На Lianna Anna, Cosmi, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. koste81

    koste81 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Треба се да се верува слепо, што ако рекол министерот, треба да му верувам. Што некој кажал незначи и дека е вистина, јас прво го проверувам, па после пишувам. Изгледа на повеќето е тешко да читаат. Инаку убаво прочитав и што Вие напишавте, сега немој кривицата да ја префрлаш на други, бидејќи и ти рашири дезинформација иако можеби ненамерно, само Вие си знаете
     
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    53.224
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми го објасни процесот на купување вакцина од Солун? Нам идниот месец ни е на ред да ја примиме незнам што да правам ..
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.037
    Пол:
    Женски
    https://faktor.mk/vakcinacija----za...6JhMdmBpW_NRZQdzQ-PUrcBymj0Uw_JrBWX3cO80Fq3Zw
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.755
    Допаѓања:
    145.216
    Матичниот ќе ти даде розева рецепта со вакцината која ви е на ред. Јас сум купувала од аптека во Космос. Секогаш има. Тука едно време боцкаше Софијанова, сега не знам како е .
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Замисли, моето дете оди во училиште во Карпош па не беа поделени децата, цело одделение беше во една просторија, пред очите на сите родители боцкаа и кажуваа кои деца нема да бидат во моментот вакцинирани. Моето затоа што примаше антибиотик поради гнојна ангина, и уште две или три со лоша крвна слика. Реално беше, пред наши очи кажуваа и ги тргаа картоните на страна. Моето дете еден месец покасно ја прими ревакцината, исто како и останатите кои не ја примија вакцината во моментот.
    Внук ми е во друга населба, ама и во неговото одделение сите деца биле вакцинирани ( не е ни Карпош ни Центар).
    Не знам како само ти паметиш и знаеш луѓе со реакција од вакцини, тоа ме чуди. Дури и во времето на моите родители немало реакции, а сите биле редовно вакцинирани. Како да не живееме во иста земја, еден единствен човек си кој познава многу луѓе со реакции.
    Ме прашуваш што не е вистина? Ништо од тоа што го пишуваш. Еден доказ не извади, празни муабети само вртиш.
     
    На Heavencanwait, Kitten, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.828
    Пол:
    Женски
    Додека не разберете дека ако нечие мислење не е исто како вашето не значи дека измислува, нема да не биде.

    На толку реакции од родители дека имаат реакција од вакцина само ти кажуваш дека не постоеле. Да, и јас се сеќавам на реакција од вакцина во 90сетите. Другарка во клас падна во шок од вакцина, на друга од убодот и отече цела рака и загнои местото и еден месец не идееше во школо, реакција на тоа доби јак диоптер. Ама не, не важи тоа. Не е само твоето мислење точно на темава. Не има нас кои за малку не сме изгубиле деца, внуци од вакцина.
     
    На gjoker4e, *Лорена*, yarre и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Ова со реакцииве е утврдено од доктор? Има документ и потпис од доктор дека е реакција, или е само претпоставка од луѓе кои се против вакцини па сами од ракав си потврдиле?
    Кога дојде ред да ме убедуваат луѓе дека вродена болест од само раѓање е последица од примена вакцина, не можам да верувам. Исто како што тврдат дека аутизмот е од вакцини, а нигде никој со документ не излезе да докаже.
    Пак ќе речам, верувам во медицина и доктори. Не верувам во луѓе кои на интернет пишуваат сешто без никаков доказ.
     
    На petunija77, Lianna Anna, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.278
    Нормално е да имало реакции затоа што вакцините биле против соодветни болести. Да немало реакции, вакцината би била неуспешна. Според симптомите кои ги опишуваш ако ве вакцинирале 1970-те и почетокот на 1980-те, веројатно ви ставале вакцина против, веќе искоренетата, вариола(тнр. големи сипаници) - по вакцинирањето се јавувал гноен израсток, а по неговото сушење останувала релативно голема лузна. А ако било 1980те па натаму тогаш веројатно против туберкулоза (BCG вакцина која штити делумно и од некои други зарази).
    И во двата случаја не смее да се чепкаат тие израстоци додека не остане лузна. Привремениот гноен израсток кај вакцините против вариола (инаку штити и против мајмунски сипаници) може да биде инфективен (вакцината содржи жив Vaccinia вирус) кај лица со егземa и таквите не смеат ни да примаат таква вакцина, а како второ за да се заштити самата кожа од додатни инфекции.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.828
    Пол:
    Женски
    Не бе они така мумлаат на празно. Што би било гнојна кеса колку портокал на местото на убодот? Што би било документ од директор на институт за неврологија од Словенија за тебе? Те молам, самите доктори признаваат ама ти не, не признаваш.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.828
    Пол:
    Женски
    Намерно не пишувам веќе во темава зошто гледам дека начин да се објасни нема, ама стварно се претера со обвинувања. Ние родителите кои сме го одбрале тој пат не си ги жртвуваме децата, имало причина зошто не вакцинираме. Престанете да сд напаѓате, обострано, само така нешто ќе се направи!
     
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Јас се сеќавам на последната вакцина дали во 3та или 4та средно беше баш знам дека имав фобија од вакцина одев со татко ми... и оп се влегов нормално ме боцнаа и кога излегов надвор седнав на клупата сега ќе ми се смеете толкава крава со татко и одела на вакцина на 17 г. Ама ете да не бев со него можеше да биде и многу полошо.
    Како што реков седнав на клупата пред вратата од просторијата кај што боцкаа јас за миг почнав да се губам и паднав во несвест при што се разбудив со инфузија приклучена и маска за кислород цела болница од директори и доктори беа врз мене.
    Е сега затоа и ја паузирав мрп и таа ревакцината на 18м.
     
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    13.564
    Пол:
    Женски
    Јас добивам впечаток како да тие што ги вакцинирале се љубоморни на оние што не вакцинирале.
    Зошто они ги ставиле на ризик а вие не сакате :^)

    Поголемиот дел се мајки што не биле доволно информирани, а да ги знаат сите работи за вакцините и они би постапиле така :)
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  18. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    А да се едуцираш ти малку подобро не би ти било лошо.
    Првите примери на користење вакцини како метода со заразување од полесна форма на болеста се во 17 век во Кина. На запад се во 18 век.
    Прашај ги прапрабабите и прапрадедовците како тоа на по 10 деца во семејство умирале ко муви, па светската популација прв пат надминала милијарда во 19 век.
    Баби и дедовци невакцинирани?
    Уште во 1937 Институтите за хигиена во Загреб и Белград спремале вакцини за масовна имунизација за дифтерија.
    Побарај ја "The development of immunology in Yugoslavia" од Бранко Витале, информирај се пред да продолжиш со вакви лаги ширење.

    Одлично прашање, како можеш ти да бидеш на дијаметрално спротивно стојалиште од емпириски, научно, студиозно докажаната вистина?
    Чекај, да се обидам со твојот пристап:
    Како можеш да ги шириш истите лаги што ги шират култови финансирани од евангелистичките цркви од америка што пропагираат дека не треба вакцина, ама што откако веќе не им поминува "тоа е божја воља" кога умираат деца од излечиви болести, почнаа со пропагандни мерки, односно ширење на страв, несигурност и сомнеж?
    И не сфаќаш дека си нивни пион?
    "Разбуди се!" (копирајт: Јеховини Сведоци)

    Ова не е "заработка" туку е "промет". Научи ја разликата пред да продолжиш да тропаш зелени.
    Друго е тоа што сакаш да кажеш дека најмногу пари прават на 5% од портфолиото.
    Можат утре да престанат да ги прават, чисто само ќе го зголемат профитот со тоа што ќе почнат да продаваат козметика произведена во истите погони.

    Еве ти цитат од написот од ФТ линкот:
    "While vaccines play a big role in frontline healthcare, they are often an afterthought for a pharmaceuticals industry more focused on treating diseases than preventing them."
    Што ќе продаваат евтини вакцини, кога може да ти продадат медикаменти за болнички денови. Едно прележување знаеш колку пари чини?
    Еве ти уште една информација - вакцина за Варичела не се дава пошто е премногу скапа за производство, и има доволно низок морталитет за да не се крева узбуна.
    А ја има.

    Да, просто е неверојатно колку треба да ти е испран мозокот за да мислиш дека во ера на таргетирани генетски терапии што чинат по 200.000+ еур по човек ќе ти се замараат со некои си таму вакцини што се 20 еур по човек.
    Луѓе умирале во големи броеви од епидемии и пред да постои фармација. Луѓе умираат од епидемии и денес - отиди прошетај по Африка ако не ти јасно како тоа се случува.
    Зголемениот промет од вакцините од погоре е затоа што почнаа и нив да им ги даваат, и ја намалија смртноста од заразните болести.
    Отиди, прошетај се во Африка, увери се сам колку пеењето на врачот штити од сипаници.

    Да, луѓето имаат кратко помнење, треба една добра епидемија да удри, да потепа неколку стотини, што деца, што возрасни, па можеби ќе им дојде пак памет на луѓево зошто служи масовна имунизација.
    Штета само за оние што ќе умрат ни криви ни должни, а што сакале да се зашитат, ама поради глупоста и масовниот Данинг Кругер ефект на популацијава не можеле.

    Секогаш ќе има оправдани случаи за невакцинирање, се знае кои се, и тие никој не ги пипа.
    Ама ич да не се грижиме, сипаниците како високо заразна болест се предвесник кога паѓаат бројките на имунизација.
    Кога ќе почнат останатите да се појавуваат....
    https://www.princeton.edu/news/2015/05/07/deadly-shadow-measles-may-weaken-immune-system-three-years

    Ова што го опишуваш е класичен момент на инфекција од боцкање со нестерилна игла, односно неправилно чувани вакцини.
    А такви случаи знам и од земање крв хепатитис што закачувале.
    Не е до вакцината, до катастрофа персонал е. Како анестезиолозите во Гевгелија трудницата што ја убија. Не е анестезијата крива.
     
    Последна измена од модератор: 14 јануари 2019
    На petunija77, Lianna Anna, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    10.238
    Пол:
    Машки
    - Ама моето дете не е вакцинирано, па еве нема морбили.

    - Ако е така, тогаш уште утре да му дадеш бомбоњера да ги почасти другарчињата у школо. Зошто? Затоа што тие и останатото опкружување на детето е заслужно што тоа е живо и здраво. Тоа се нарекува колективен имунитет - кога вакцинираните се „имунитетот“ на оние кои се алергични на некоја вакцина и не можат да се вакцинираат. Тие делуваат како штит, како firewall за невакцинираните. Но замислете кога сите би се „освестиле“ и би ја прифатиле антивакцерската вера. Тогаш вирусите ќе можат и да бираат од која страна да влезат во градинките. Тогаш автоматски се враќаме у 18ти век и ќе треба да ги прошируваме гробиштата доколку не сакаме надвор да ни смрди на лешеви, а за у капела ќе треба на мој термин да закажувате. Тогаш ако сакате да имате 3 деца, ќе треба да целите на 5, затоа што 1-2 у просек умирале во секое семејство пред да наполнат 5 години. Оф мори мајко, срам ми е што мораме да пишуваме за ова во 2019 година.
     
    На Heavencanwait, oblace1, M.B. и 15 други им се допаѓа ова.
  20. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Прочитај го Уставот на РМ, документот над било какви меѓународни договори.

    Член 39
    На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
    Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

    А во однос на законот за училиштата....

    Закон за заштита на население од заразни болести, донесен 16 септември 2004

    Член 58

    4) да забрани собирање на населението на јавни собири, во кино сали, училишта, јавни објекти, локали и други јавни места, додека трае опасноста од ширење на заразната болест;

    Престани да шириш дезинформации.
     
    Последна измена: 14 јануари 2019
    На petunija77, Lianna Anna, Cka и 2 други им се допаѓа ова.