Секако дека вакцината сама по себе НЕ МОЖЕ да биде причина за Аутизам, но комбинацијата на повеќе фактори на ризик можат да доведат до нарушување од аутистичен спектар. Секако дека грешките во гените, наследноста, ризик факторите во текот на бременоста (инфекции,заболуванја), за време на породувањето и после него се некои од ризик факторите за појава на аутизам. Но, поливалентните вакцини како МПР и др., заедно со некои од овие ризик фактори кои ги набројав, секако дека можат да бидат штетни по здравјето на вашето дете. Затоа, доколку забележите кај вашето дете некакви знаци, како на пример :не гуга, не го забележува и не одговара на вашето присуство, или не зборува до втората година итн., консултирајте се со повеќе лекари, и др. стручни лица кои би можеле да ви помогнат околу прашањето: Вакцина -ДА или -НЕ ?!
Да бараш совет од лекар за вакцини, е исто како да бараш совет за вегетаријанство од месар! *Бернард Шоу Клучната поврзаност на аутизмот и сл. болести со вакцините потекнува од тоа дека сите заболени деца, биле веќе вакцинирани. Пример: Во предходните постови во темава се спомнаа Амишите, знаеме сите на кој начин живеат, кај нив до сега воопшто не е регистриран ниту еден случај на аутизам или сл. болести.
nie ja primivme poslednata doza na ditaper i resiv kraj nema veke vakciniranje nemozam da gledam kako ja bodat so igli i da se plasam kakvi kontra efekti ke ima a baska MMr ne doaga vo predvid
А ако најдам случај исто како амишите,само што се вакцинирани и немаат аутизам,дали тогаш твојата хипотеза е не точна?
после долго следење на ситуацијата со вакцини решив дека мое дете веке нема да приме вакцина пред 1 месец децата од оделението ги носеа на систематски и вакцина но јас мојата мома не ја однесив сеуште нема никакви реакции па затоа си траам и кутам инаку со првото дете се породив 33дн и не знаев дека тој требало да прима прочистени вакцини никој не ми каза а со закон ни следуваа така да детето го утепавме со вакцини ги почнавме на 6 месеци старот до 6м не беше вакциниран е сега ај некој поискусен нека ми каже ако почнат да ме викаат на вакцинација јас што би можела да направам?
А да најдеш доктор кој ќе гарантира (писмено се разбира) дека после вакцинирање нема да се развие аутизам или некоја слична болест? Нели студиите не пронајдоа никаква поврзаност на вакцините со аутизмот, тогаш во име на науката зошто ниту еден лекар или министерство не зема таква обврска, туку бегаат од тие документи како ѓавол од библија. Амишите ги зедов само како пример, пошто ти ги имаше спомнато.
Пак ми избегна одговор... Кои Амиши користат ГМО? Тие на видеото од ббц? Ти кажав дека лично имам посетено Амиши, како дошла гмо до нив кога на семенскиот материјал обрнуваат најмногу внимание, сами го прават, не го купуваат. И тоа е традиција која не смее да се занемари.Хибридната пченка која кај нас се користи со години за храна на добиток они ја немаат. Добитокот го хранат со истата пченка која тие ја јадат, а за неа сами вадат семе.Токму затоа таа пченка не може да се најде на ниедно друго место низ Америка освен кај нив, како и се друго што го произведуваат. Абе они струја немаат (ретко каде) не гмо. и овде не е тема за гмо ама морав да ти одговорам - извинување до модераторот.
Јас ти реков дека логиката не ти е во ред. Само затоа што ти така мислиш во теории на заговор,не значи дека си прав или дека твоите аргументи држат вода. Во случајот на Амишите тие не се вакцинираат затоа што. Lack of understanding of benefits-some Amish may simply see no benefit in this preventative measure Distrust over safety-some may view immunization as putting themselves at risk through exposure to a disease or fear that a vaccination may cause an illness Religious grounds-some Amish may see immunization as putting faith in man over God http://amishamerica.com/do-amish-vaccin ... -children/
Не навлегов зошто Амишите не се вакцинираат, не ми е ни намера и никогаш не сум имал убаво мислење за нив, напротив, ама пак реалноста не смее да се избегнува. Значи да разјасниме, теории на заговор се прават за да се постигне одредена цел, безразлика дали е политичка, воена или финансиска. Која е целта на теорија на заговор за вакцините и кој стои зад неа?, бидејќи нонстоп се повикуваш на неа, ете ние останативе форумџии би сакале да знаеме. Ај да помогнам.. Доколку постои конспирација, таа би била сигурно за да се вратат сите непостоечки болести, да се створат епидемии и да се истреби човештвото. Хмм.. па тогаш Билл би бил најсреќен и нема да ја промовира вакцината. Ако е работава коспиративна, тогаш високоразвиените европски земји многу лесно ја проголтаа оваа завера и имунизацијата од задолжителна ја направија опционална. Хмм.. Мислиш ли дека една Германија со можеби најинтелегентниот народ на светов би направила такво нешто? Или пак можеби баш тие европски земји ја направија оваа конспирацијата за инает на Америка и за инает на фармацевските компании? Ако е така тогаш Германија и В.Британија би ја ризикувале ли сопствената нација со опционални вакцини? Кому и зошто би му одговарала теорија на заговор за вакцините? *Верувам дека конечно ќе добијам соодветен одговор и на прашање нема да ми се одговори со ново прашање
1. Аутизмот не е болест, тоа е состојба која се јавува во раното детство и трае цел живот! 2. Етиологијата и настанувањето на Аутизмот, никако не треба да се помешаат со настанувањето на другите болести! 3. Аутизмот е мултифакториелен (го предизвикуваат повеќе ризик фактори)! Никако нема само еден фактор на ризик одговорен за состојбата! 4. Амиши и Аутизам?! -Не мислам дека се два поима релевантни за споредување 5. Точно дека споменав лекар, но не било кој лекар! 6. Вакцините се составени од токсични метали, хемиски сврзувачи, конзарванси, животински делови, вируси. Секако дека ова само по себе не би довело до Аутизам, но комбинацијата од овие вируси со грешките во гените + некоја инфекција во текот на бременоста или воспаление на мозочето кај новороденото= Зголемен ризик за појава на Аутизам или друго первазивно развојно нарушување!
eva11 Нема потреба од бегање. Јасно го изнесуваш ставот на докторката, се потпишуваш во некаков евидентен тефтер, и крај на прикаската. Еве сеа јас тоа истото го направив и во 2ро одделение за ДиТе + Полио. Срекно невакцинирани евидентирани, и ич малтретирани. Ако не го соопштиш ставот не знам што се случува, веројатно пак ништо. Некаде наназад на темата имам напишано точно и за 1 во и за 2 ро, од мое искуство. ВО прво е систематски со вакцини каде ги викаат родителите бидејки децата се мали па не знаат за реакција. Во 2ро, само те известуваат и не те викаат, само удри вакцините. Јас си бев ( уште со 2 родитела кои не вакицинираат ) и за време траењето на вакцинацијата и во 2ро, си се потпишав свечено у тефтерот, и крај на прикаската. Со оглед на твојата одлука за невакцинирање ( која лично со радост ја поздравувам ) ти предлагам да одвоиш време да ја пројдеш целава оваа тема. Секако, интересна тема на фејс е „Здравје на игла не влегува“ и ти предлагам да побараш влез во групата. Инаку Октомври е интернационален месец на сознанија за повреди од вакцини и нивните жртви. Нашите медиуми појма немаат.
1. Аутизмот не е болест, тоа е состојба која се јавува во раното детство и трае цел живот! 2. Етиологијата и настанувањето на Аутизмот, никако не треба да се помешаат со настанувањето на другите болести! 3. Аутизмот е мултифакториелен (го предизвикуваат повеќе ризик фактори)! Никако нема само еден фактор на ризик одговорен за состојбата! 4. Амиши и Аутизам?! -Не мислам дека се два поима релевантни за споредување 5. Точно дека споменав лекар, но не било кој лекар! 6. Вакцините се составени од токсични метали, хемиски сврзувачи, конзарванси, животински делови, вируси. Секако дека ова само по себе не би довело до Аутизам, но комбинацијата од овие вируси со грешките во гените + некоја инфекција во текот на бременоста или воспаление на мозочето кај новороденото= Зголемен ризик за појава на Аутизам или друго первазивно развојно нарушување!
@iiipiiiigiii 1. Те молам, објасни им ти на родителите на деца со аутизам дека нивното дете не е воопшто болно, туку е само малку во "состојба" на аутизам која ќе трае цел живот. 2. Никој не ги помеша. 3. Вакцините се еден од предизвикувачите, за ова имаш и судски одлуки во некои понапредни земји. 4. Зошто да не се за споредување и зошто кај нив оваа "состојба" не се развива? 5. Не било кој лекар? значи треба експерт? Како едно просечно или потпросечно семејство да стапи во контакт со врвен експерт и да се посоветува во врска со вакцините? 6. Сама си даде одговор на се!
Разгледувајќи ги линковите на Експерт наназад, на истите лнкови, има многу интерсни студии. Она што ми падна во очи е секако контаминацијата на вакцините со непознати вируси. Она што ние го добиваме како стандардна информација за тоа што се има во вакцините, има и плус она што не знаеме, а добар дел од тие работи не ги знаат веројатно ни самите произведувачи на вакцини. Констатацијата е The introduction of new techniques of vaccine virus production on cell cultures has lead to safer vaccines, but has not completely removed the risk of virus contamination. Со ова дефинитивно се потврдува и рускиот рулет во вакцините, со оглед дека иста вакцина може во една серија да биде но во некоја наредна и да не биде контаминирана со непознати вируси или со поедин тип од вирус. Низ историјата има многу случаеви на ваква коннтаминација, но трајна сигурност од контаминации неможат да настанат. Обично контаминираноста на одредена вакцина се определува после подлг период на употреба на населението кога за жал цели генерации се дополнително трајно оштетени од непознати вируси. Фала на Експерт за линот за стуидиите. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20456974
eva11 Нема потреба од бегање. Јасно го изнесуваш ставот на докторката, се потпишуваш во некаков евидентен тефтер, и крај на прикаската. Еве сеа јас тоа истото го направив и во 2ро одделение за ДиТе + Полио. Срекно невакцинирани евидентирани, и ич малтретирани. Ако не го соопштиш ставот не знам што се случува, веројатно пак ништо. Некаде наназад на темата имам напишано точно и за 1 во и за 2 ро, од мое искуство. ВО прво е систематски со вакцини каде ги викаат родителите бидејки децата се мали па не знаат за реакција. Во 2ро, само те известуваат и не те викаат, само удри вакцините. Јас си бев ( уште со 2 родитела кои не вакицинираат ) и за време траењето на вакцинацијата и во 2ро, си се потпишав свечено у тефтерот, и крај на прикаската. Со оглед на твојата одлука за невакцинирање ( која лично со радост ја поздравувам ) ти предлагам да одвоиш време да ја пројдеш целава оваа тема. Секако, интересна тема на фејс е „Здравје на игла не влегува“ и ти предлагам да побараш влез во групата. ти благодарам за информациите а во групата веке сум и член поз
John.Smith Да, токму тоа и го правам. Им објаснувам на родителите дека е тоа состојба која се стекнува и која трае цел живот. Нема лек-аналогно-не е болест! Се сложувам дека вакцините се еден од предизвикувачите и во претходниот пост тоа и го напишав, но исто така и напишав дека дете кое има типичен развој во првите години, и никакви компликации, и по примени вакцини-нема да развие Аутизам. И јас сум примила вакцини, и ти исто (не е потребна генерализација на нештата тука). Амиши и Аутизам е ново поле на кое треба да се работи и истражува (од каде таква информација дека не се развива кај нив?? Би сакала да чујам нешто повеќе околу ова ? Не секогаш советите од врвни експерти се наплаќаат (сеуште постојат хумани луѓе на планетава)- Јас себеси се сметам за една од нив. Да, сама си ги давам одговорите на прашањата, иако е корисно да се слушнат и другите мислења (на пример твоето) Поздрав и секое добро Поздрав и секое добро