Да, јасни се. Закон за заштита на население од заразни болести, донесен 16 септември 2004 Член 33 Имунопрофилакса се спроведува со вакцини (вакцинација) или со примена на специфични имуноглобулини (серопрофилакса). Вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки и вирусен хепатитис Б. Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис. Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести. Не лажат тие. Ти тврдиш дека нема во законите, а еве, има. И? Кој лаже?
М Поглупа причина, здравје. И јас неколку пати имам колабрирано и завршувано на инфузија, а замисли не сум помислила дека е од вакцината Хм... И како после човек да ве сфати сериозно? Ова го нарекувате индикација за невакцинирање? Последица од вакцина? 99% од прикаските кои ги среќавам, што низ нет, што низ реалниот живот, околу реакциите и “последиците” од вакцината се токму вакви. А има и мајки кои не сакаат децата да им плачат, па не ги вакцинираат После тоа ќе си најдат еден куп “валидни” оправдувања зошто не вакцинираат. Не мора многу да бараш, од игла локомотива прават. Причини и последици еден куп, само одбери си тоа што ти одговара. Како приказнава погоре и на неа сличните И после не се чуди @AngelOfArh зошто не ве сфаќаат сериозно. Како би ве сфатиле, кога ко што реков 99% се прикаски слични на оваа погоре. Експертки мајки кои најдобро знаат
Сакам да те прашам од кај ти е инфото т.њ кај може да се виде и пријаве Ја пробав ама неможам името ма ммр да го најдам
Малце глупичко е да споредуваме порано колкава смртност имало со сега. Порано на село немало баш некои лекарства јас ко што памтам на баба ми против спонтан и ставиле коњски лепешки... На дедо ми 4 браќа и сестри му починале а докторот немал поим од што. .. И пак Евангелос те молам продолжи да пропагираш без врска муабети. Вакцината е добра -да. Ама глупостите што некои ги тресат се... страшно нешто. Другарките од инфективно викаат кај и да е ќе си одат првите што ги хоспитализираа. Ништо не им фали. Ок се децата. Фала богу што е така. Може тогаш ќе прекинете да лаете гробишта да се проширеле.
Ти навистина мислиш дека во Македонија доктор ке ти напише ДА епи нападите се последица од вакцина???????? Јас добив усно ДА од невролог педијатар а на писмено напиша епилепсија од непознато потекло Немој ,не пишувај вакви работи, штета шо деца стеадаат
И Украина. Тие се европските земји каде што е најразвиено анти-вакс движењето и каде што е најнарушена довербата во медицината и вакцините и затоа има илјадници заразени и еден куп мртви. Ајде предложи друг начин ако постои. Пробале други начини во светот, не успеало. Засега успева само задолжителна вакцинација и забрана за невакцинирани деца во градинки, школи. И факултети се затварале при епидемии. Боље спречити него лечити. А може да биде и боље спречити него погребати.
Римјаните имале водовод и канализација, хирургија и воени лекари. Просечен животен век: 33 години. Не е само до хигиената. Туку вакцините и антибиотиците не имаат разгалено. А што кога ќе се повтори? И пак? И пак? Или секој пат треба да си седиме и да се убедуваме дека веќе нема да се повтори, се додека не почнат да завршуваат во бутел?
кАј нас сеуште не е задолжителна. Кај нас прво имаше (и сеуште има ) парични казни, кривични гонења, дамка за прекршок во досие... Што не направија оп стоп задолжително и то је то . Сеа ако направат задолжително и родителите што платиле казна си го вакцинираат децата државата ќе им ги врати парите! ? Мене лично апсолутно ми е сеедно. Камо да може син ми да прима. Ако не може и да е задолжително пак ќе имам документ така да ќе прескокне. Ама не може Филипче да ми глуми дека му е побитно на него моето дете неголи на мене...
Кој притисок? Ако продолжат луѓето со овој памет, причекај да не подсети Мајка Природа колку ни е фрагилно местото во биосферата на планетава. Кога ќе почнат да умираат, ќе видиш притисок.
Пак со овие лаги дека не е задолжителна... Повели, да се повторам уште еднаш: Закон за заштита на население од заразни болести, донесен 16 септември 2004 Член 33 Имунопрофилакса се спроведува со вакцини (вакцинација) или со примена на специфични имуноглобулини (серопрофилакса). Вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки и вирусен хепатитис Б. Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис. Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести.
Нормално е некои деца да имаат алергија на некои вакцини. Затоа останатите вакцинирани деца го штитат тоа дете. Тоа е општествена колективна љубов и грижа. Затоа и од СЗО велат дека доволно е 95% од населението да се вакцинирани, не мора 100%.
Затоа треба да имате осет кога зборите за лешеви од деца пред врата што мирисаат. не сте ни интересни ни попаметни со тоа што ќе претставувате морбидни слики. напротив. .одвратни .