1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    224 глас(а)
    23,9%
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во право си за алергиите. Алергиските реакции најчесто се на протеините од јајцето, ама како што и сама забележуваш, тоа количество е премало и нема значителни реакции кај алергичните на јајце.
    Сепак постојат и луѓе чиј имунитет има проблем да создаде антитела за одредени антигени (кои се добиваат од вакцината или како реакција од вирус сеедно). Ова се нарекува Specific Antibody Deficiency. Најчесто овие луѓе имаат респираторни проблеми, повратни (инаетливи) инфекции, инфекции на ушите, воспаление на синуси и сл.

    Сепак сериозните реакции од вакцината за морбили се толку ретки што научниците немаат доволно случаи за да направат студиска анализа дали тие компликации настанале од вакцината или од некој друг причинител.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Не знам од кај ти ова, за сите вакцини убаво велат педијатрите дека е возможно да крене блага температура уште истиот или следниот ден, додека за ММР дека ако се случи, тогаш обично се случува од 7 до 11 ден после примањето.
     
    На M.B., Sexybaby86, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786

    "Колективното здравје има апсолутен приоритет над индивидуалното"

    Колку за мало потсетување:

    Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината - на Советот на Европа, донесена во Овиедо, Шпанија на 4.4.1997 год, а ратифицирано во Собранието на Република Македонија и објавена во Службениот весник на РМ бр.55/2009 на 28.04.2009 година, со тоа добивајќи сила на ЗАКОН, вели:
    ______________________________
    Член2
    Првенство на човечкото суштество

    Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката.

    @OutOfAnywhere, прочитај го „апологетизмот“ уште еднаш. Поминат е два или три пати на апелација. За да не оди во Стрзбур бидејќи веројатно им станало јасно. Или одбери од тоа што во текстот не ти се допаѓа па да го дискутираме, вака воопштено „не чини' е многу субјективно.
    Уште еднаш, правна надмоќ.
     
  4. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Тоа се однесува на ИгГ имуноглобулин што дава траен имунитет.
    ИгА и ИгМ нивоата нормално ќе се покачат и ќе ја исчистат инфекцијата, само што нема да има траен ефект, односно може повторно да фати, пошто тие брзо и ќе ги снема.
    Поголем проблем се луѓе со ЦВИД, што имаат недостаток во две или сите три класи на имуноглобулини.
    Затоа е потребно над 95% покриеност со двојна доза, и тие што немаат ИгГ во доволно големо ниво, да немаат од каде да префатат.
     
    На Heavencanwait, Kitten, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  5. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Така е, ќе преовладуваат - и земајќи во предвид дека е во интерес и за добросостојба на човечкото суштество да не умре од заразни болести, задолжителното вакцинирање е во негов интерес.
    Како и интересите на другите човечки суштества за коишто важи оваа конвенција.

    Прочитај го текстот што го постирав, убаво е објаснето таму.

    Уште еднаш? А го прочита ти -барем-еднаш- текстот што го постирав, а што е далеку подобро објаснување за темата на задолжително вакцинирање во европската регулатива од апологетизмот ти што го постираше?

    Дај ми ги тие случаи каде што поминало на апелација, пошто ова во Стразбур е веќе паднато, како што веќе ти напишав.
     
    На Heavencanwait, Someonespecial, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    46.950
    Пол:
    Женски
    Повели прочитај, ова е упатството кое е во вакцините. Страна шест и седум. Истата содржина ја имаат и двата линка. Ова е само за Мрп. Достапно е и за останатите вакцини.

    https://www.merck.com/product/usa/pi_circulars/m/mmr_ii/mmr_ii_pi.pdf


    https://www.fda.gov/downloads/BiologicsBloodVaccines/UCM123789.pdf
     
  7. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    И како што можеме да видиме на страна 6, листата почнува со
    "...,without regard to causality,..."
    за подоцна на страна 8 да објасни дека ова се податоци извадени од ВАЕРС, којшто е систем што не прави никакво филтрирање на резултати.

    Односно да цитираме од Википедија
    "...Indeed, an autism activist named Jim Laidler once reported to VAERS that a vaccine had turned him into The Incredible Hulk. The report was accepted and entered into the database, but the dubious nature thereof prompted a VAERS representative to contact Mr. Laidler, who then gave his consent to delete the report...."

    https://en.wikipedia.org/wiki/Vaccine_Adverse_Event_Reporting_System

    Ако може нешто порелеватно да добиеме како извор, како на пример потврдени и проверени научни студии со испитување на коинциденции, корепации и каузалност.
     
    На EvAngelos, JoyJoy, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    46.950
    Пол:
    Женски
    Порелевантно, оди во диспанзер, побарај мрп вакцина, прочитај го упатството. Али што да се објаснувам со некој кој мисли дека температурата е единствена нус појава од вакцина. Добра нок.
     
    На kukla21, joy1, *Лорена* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Ти ова озбилно? Познавам мајки кои имаат црно на бело од Институт за мајка и дете во Словенија дека се оштетени од вакцина, сум ја видела таа потврда со очи, не верувам на рекла казала. Сфаќаш дека такви мајки има и овде и дека си им сол на рана? Патем да, во упатството стои многу повеќе од блага температура која е се освен блага.
     
    На kukla21, ALISA0000, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Интересот околу одлуката за вакцинација неможе и не смее да биде наметнат. Како и секоја мед. интервенција. Секое наметнато дејство се карактеризира со фашизам, или ако сакаш државен терор.
    Текстот го читам и не ми се верува. Одлично објаснети дијаметрални разлики во пристапот за вакцинација од држава до држава. Од секој аспект. Алал му плајваз на тој што го пишувал.


    Полека оди. Верувај страшно добри информации. Ти благодарам. Со негова помош може да се апдејтира „апологетизмот“. Има одлични смерници. Вакцинацијата за жал во некои земји е политичка одлука. Како и „епидемијава“ кај нас. За да можат да малтретираат со вакцинирање, ја држат да гори. Кога ќе помине, тогаш папала маца. Наредниот чекор е препишувањето и воведување на закони за задолжителност и нивна поврзаност со образование. Америка, Калифорнија. Па тука треба воведување на homeschooling,...
    Убеденоста за очајноста и неучинковитоста за вакцините натера многу родители даму да се отселат. Ако ме прашаш мене, ако дојде до тоа, пакујам куферчето у некоја друга држава. Ќе одберам држава од твоето одлично четиво.Каде државата нема да ме силува.

    И одбра ли ти од „апологетизмот“ нешто што не е добро па да дискутираме ? Или не го ни пролиста ?
    Се таму е точно. Затоа и сакаат да ги сменат тековните закони, бидејќи во моментот вакцинирањето Е право на избор на родител.
     
  11. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски

    " – За посетување градинка не попуштаме кога станува збор за вакцинација и чие било дете да сака да оди, без уредно примени вакцини, нема да може, нека го чуваат дома. А родителите на училишните деца ќе може да избираат – ако не сакаат детето од понеделник да прими МРП вакцина во училиште или ќе треба да го носат на друго место, односно на вакцинален пункт во здравствените домови, а не да патуваат некаде во странство за да купат вакцина, или да платат казна во висина од 350 до 600 евра во денарска противвредност ако одбиваат вакцинација – вели прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог и началник на одделот за тропски и карантински заболувања во ИЈЗ и член на Комисијата за заразни болести. "

    Ахам. Значи според ова ако платиш казна, никому ништо. Не мора вакцина тогаш, не е проблем.

    Овие знаат ли што прават, што зборат?
    Логика апсолутно никаква!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Лили морбидно е, но не е далеку од вистината. Се враќаме векови наназад со невакцинирањето и пропагандата за невакцинирање.
    Те читам дека си уплашена и многу вознемирена, и јас би била. А те читав и дека не си антиваксер. Баш поради тоа и поради твоето детенце кое не смее да прима, треба да се поддржи вакцинацијата, така ќе се стопира ширењето зарази и дечињата кои не смеат да примаат ќе бидат заштитени.
     
    На mariz, Lolipop23, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Дали некаде излезе податок колку од заразените со морбили имаат компликации или трајни последици после прележувањето на истите?
     
    На yarre му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.129
    Пол:
    Женски
    Кој вика тоа,ти?Исто како што го вадиш од контекст оној дел на членот на законот кој ти одговара да го чуеш.

    Едно забораваш ,правото на здравје на детето е посилно од правото на избор на родителите.Секогаш!

    Ти можеш и да примиш коктел на сите заразни болести,но не истото да го тестираш на своето дете.
     
    Последна измена: 16 јануари 2019
    На oblace1, ivi1987, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    786
    Што е извадено од контекст ? Те молам точно посочи.
    Последната реченица не ти ја разбирам. Можеш ли да ми ја појасниш ?
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.129
    Пол:
    Женски
    Посочено ти беше,вадиш една реченица од член на законот,а не и болдираниот дел.
    Сигурен си дека не ме разбираш?
    Да,ние имаме право да одлучуваме за сопственото здравје односно да правиме што сакаме со него,(јас ќе си одбијам да се лечам ,ќе одбивам лечење,ќе се лечам со сода бикарбона)ама тоа право за избор, се ускратува кога се работи за дете бидејќи постои правото на детето на здравје и здравствена заштита.

    Не смее тоа право да им се ускратува и државата има право да го заштити.
    И уште нешто ,во овој случај каде што нема да се примаат невакцинирани деца во градинките и училиштата,односно кога ги исклучува од колектив, државата би требала да им обезбеди образование на тие деца,бидејки тие не се виновни за одлуките на нивните родители.
    Да им се обезбеди дописно школување или образование дома.
     
    На Lianna Anna, Sexybaby86, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    А треба жртви да чекаме? Ок. Каде има податок за број на жртви од вакцинација? И, колку % од заразените се вакцинирани? 0?
     
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.070
    Пол:
    Женски
    Aко им беше важно здравјето на децата и колективниот имунитет, немаше да им е важно дали вакцината е од странство или не.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    235.250
    Ангел дали во овој случај родителите барем добија оштета? Те прашувам оти ме интересира, дали имаше разврска на случаите? Сепак оваа потврда сметам дека е релевантна.
    Да се разбереме, јас верувам и знам дека постојат нус појави од вакцини, исто како што постои и последици од лекови, медицински интервенции, вируси итн.
    Но сепак сум за вакцинација затоа што ете знам и дека одреден лек може да предизвика последица, ама морам да го дадам. Не можам да оставам стертокопа или коли кај детето и да го лечам природно.
     
    На Lianna Anna, calliope, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.070
    Пол:
    Женски
    Јуле, не е вакцината лек, тоа треба да биде превенција. Ако веќе некој фати стрептокока, не е потребна вакцина, туку антибиотик. Не е прашањето дали вакцина или чајче.