Полиото е пред искоренување заради вакцините. Во 2017 година само 22 регистрирани случаи. Пак да не вакцинирате.
Зборот ми е дека и од лековите може да има негативни последици. Јас знам случај каде дете после инекција имаше последици, и тоа инвалидитет. Нема гаранција.
Тек па да прочитаат контраиндикации на лековите кои се користат после зараза со морбили.. ич нема да стават. Да видите на антидепресивите што пишува, депресија да те мавне
Многу ми е мило што конечно живна темава, што конечно многу релевантни лица почнаа да дискутираат. Ми се допаѓаат дискусиите, релавантноста на издадени информации, учтивост, речник, кредибилитет на одредени ставови, мислења и слично. Вредеше се ова да го прочитаме, верувајте, не само јас верувам и куп други мајки што се наоѓаат токму на овој пат, на оваа тешка страшна раскрсница. Додека порано ми беше страв да ја отворам темата, од самото тоа што го гледав насловот се плашев... Еве еден пример да ви кажам што се водам по него, еве на пример неколку члена овде изјавија дека во италија била исклучена задолжителната вакцинација што НЕ Е ТОЧНО после ова најпросто мислење извадено од ракав колку други статии и мислења овде имаме извадено од ракав?? Не осудувам никого, скраја да е, и јас ко @JuLleE многу сум свесна дека денешницава не е сигурна во ништо на светов а камо во вакцините, гледав разни документарци, се едуцирав и мојот став се повеќе оди кон вакцинација ете.. За разлика од порано кога бев преплашена од вакцините се тресев при секоја спомната вакцина... Нож со две острици?! А што денес не е нож со две острици да ве прашам? Колку многу ризици подлежуваме ... Не знам што ќе правам конкретно, сами дојдов да кажам дека се нема осет во пишувањето овде, некои луѓе упорно одат до крајности, се служат со морбиден речник, претеруваат. Ете тоа е вистината. Човек како мајка да му е страв да влезе да чита куп стории и "статистики" од нет со куп лоши работи, фатални. А ништо не е докажано, ништо не е сигурно дека е точно туку се само рекли казали... Е ова е тоа што ми смета и верувам смета на сите останати мајки овде што читаат. Влегуваат читаат и остануваат запрепастени и уплашени, гасат и се молат за здравјето на нивните деца, терори си прават во главата. Искрено таа е вистината. Морбидни сте некои. За крај, ете верувам, верувам дека има оштетени дечиња за жал, и дека ќе има мајки што се фуриозни, бесни и упропастени. Ама за жал и мојата сестра ќе ја загубевме со антибиотик што содржи пелецилин .. значи нема гаранција, имаме само еден беден нож со две острици, имаме куп ризици на кои подлежиме и сме немоќни.
Истото упатство е, и истиот заклучок важи - производителите на вакцините се по закон должни да го цитираат ВАЕРС, иако е недокажана врска со вакцината, како што впрочем и си пишува.
И јас знам такви, сосе потврдите, и тек треба да сретнам случај каде што трајните последици биле од вакцината, а не од непрофесионален кадар што не си ја завршил работата како што треба, и апсолутно тој кадар треба да одговара за тоа. Но не треба да зариеме глава во песок и да оставиме да се вратат болести и епидемии од минатото.
А како да знаеме дека кадарот е добар? Мислам, носиме дете на вакцина и првпат во живот ја гледаме и сестрата и докторката. Затоа сум за вакцинирање кај матичните педијатри. Никој подобро не ја знае здравствената состојба на моето од дете од нејзината докторка. Таа ќе каже и ќе одлучи кога треба да се прими вакцината.
И може, и треба да биде. Ништо не ти дава за право да ги доведуваш другите во опасност со тоа што ќе станеш расадник за заразни болести. Со секое право, во случајов за здравствена заштита, следи и одговорност, имено и ти да се грижиш за здравјето и сопственото и на другите, и ништо не може да те апсолвира од неа, колку и да плачеш дека е "наметната". Воопшто не се сомневам на способноста на луѓето да си направат чери пикинг и да си го изберат само она што им се допаѓа и да го изигнорираат другото, особено заклучокот на крајот на текстот што вели дека задолжителната вакцинација е во рамки на правата и одговорностите на државите. И ете ги пак теориите на заговор, дека некој ја "држи да гори". Нема потреба ништо да се држи да гори, природно си следи од ниските нивоа на вакцинација во услови каде што сеуште има природни резервоари дека ќе има епидемии. Како што се случи и во Калифорнија кога им опаднаа стапките на вакцинација, па што почнаа пак да им се јавуваат болести што многу -мислеа- дека веќе ги нема, и да имаат смртни случаи од истите. Слободно пресели се на некој од пустите острови, каде што нема држава да те "силува" со ништо - тука би требало да следи сцената од "житието на брајан" од монти пајтон каде што се расправаат што се римјаните направиле за нив. Се разбира, мајка природа има други идеи, а таа нема да те праша за твое мислење какви ти тоа мислиш дека имаш права и одговорности додека те користи за расад на нови мутации на патогени организми. Мислиш покрај тоа што чекам да ми ги дадеш тие случаи што ги кажа дека поминало како такво на апелација? Го прочитав, и покрај тоа што го цитира член 14, што убаво вели дека немаш право да одбиеш медицинска интевенција кога загрозуваш други лица со тоа, и апсолутно не е во спротивност со Сакон за заштита од заразни болести, понатамошните цитирања на европски конвенции се убаво објаснети во текстот што го постирав.
И ова не е точно. Вакцината за морбили не е направена од протеинот од кокошкиното јајце туку е размножено во ембрионално кокошкини клетки. Затоа протеинот ovalbumin се наоѓа во многу мали трагови кои не се или скоро многу малку предизвикувачки на алергии. Во самото упатство стои вакцината кај лица алергични на јајца да се прими во установа која може и интензивно да реагира во случај да се појави некаква реакција. Вакцината и за овие лица се смета за сигурна и треба да се прими.
@FreeMind не пишав дека е направена од кокошкини јајца, туку е одгледана на пилешки ембрион што е исто со тоа што ти го пишуваш. Мене во диспанзерот не ме упатија во друга установа.
@kristina.k стандардите кои се пропишани дури и за вакцинација не се почитуваат до крај за жал кај нас. Во принцип така треба да се прави, така е правилно.
Нема потреба од цинизам, културно поставив прашање. Зошто си донесувате сами некои заклучоци и поттикнувате расправија? "Жртви ли да чекаме? Ок" -Не, не , немојте така. Прашав зошто последен пат на вести слушнав 22ца заболени од морбили хоспитализирани на инфективна. На мојата другарка малата фати морбили и не ја хоспитализираа, се ги прележува дома веќе и оспипот го снема. Дали тоа дете е влезено во статистиката 22ца а притоа не е хоспитализирано или пак има друга бројка за вкупен број заболени? И нормално ако се води статистика треба да кажат и колку од тие лица си ја прележале болеста и дали имало некакви компликации од истата. За број на оштетени од вакцинација сигурно дека не очекувам министерот да излезе на телевизија и јавно да каже во ек на кампања за вакцинација. За последново мислам дека ниеден од заболените не е вакциниран, малата на другарка ми не е сигурно.
Моиве случаи немаат поднесено во суд, но знам од нетов за случај од Кочани каде уште чекаат исплата откако судот пресудил во нивна корист. Тоа фала богу не е тајно туку јавно прикажано. Н моиве, едните изгубија дете, очигледно не им дошло до таму. Јас кога одам на лекар CV не им барам.
А ти што сакаше да постигнеш со прашањата? Да ја миноризираш сериозноста на болеста? Не очекувам Филипче да излезе со податоци за оштетени од вакцина, светска статистика сакам. Или паралела, компликации од вакцина наспроти компликации од морбили. Постои такво нешто?
Нема што и како јас да ја зголемувам или намалувам сериозноста на болеста. Состојбата со заболените го кажува тоа. Како јас со моето прашање можам да миноризирам сериозност на болест од која заболеле 22ца и ниту еден од нив нема последици од прележување на истата? Во дискусијава не се вклучив за да барам статистики (светски или било какви) на нечие барање, статии и да ви сервирам линкови кои можеби нема ниту еден од вас да ги отвори. Прашав за моментална ситуација во ек на епидемија како актуела тема во зрнце држава која сите не засега. За линкови обрати се на друго место. На крајот на краиштата ако не го знаеш одговорот на прашањето што го поставив не мора ништо ни да напишеш. Постои и таква опција.
А ти знаеш дека немаат последици? Нормално дека ќе реплицирам ако сметам дека некој праќа отровни стрелички колку да крене тензија. Не дека тебе вистински те интересираат одговорите на прашањата што ги постави
Не знам дали имаат последици- затоа и го поставив прашањето (логично нели), ама знам дека во случај на епидемија кога родителите се заплашуваат за да вакцинираат на сите можни начини сигурно ќе го употребеа како аргумент за вакцинација. Коментариве со лични анализи нема ни да ги перцепирам, под ниво е да ја носам дискусијата натаму. Не знам која мајка во државава (на вакцинирано дете или не) не би ја интересирало одговор на прашањево, ама ајде ти ги знаеш моите интереси подобро од мене.
Ги читам овие на странава (здравје со игла не влегува) и дефинитивно треба да се стави крај на ширење ваква параноја. 1000 деца кои сега примиле вакцина биле осакатени и потенцијално аутистични Дефинитивно проблемот е во ширењето вакви антивакцинални секти. Треба некој да одговара за ширење пропаганда по социјални мрежи.
Што знам, има вакцина и вакцина, вакцина што е развивана со децении и вакцина што не е толку сигурна како онаа за хпв на пример, затоа и не беште задолжителна за девојчињата. Онаа во 4та средно што ја даваа за тетанус, своеволно потпишав дека не сакам да ја примам од причина што знам дека ако ме касне куче, пак ќе треба да ја примам. Не дека е нешто страшнна вакцината ама кога се може зошто да не се избегне. Ама има вакцини што подобро е да се преземе ризикот од контраефектите на вакцина отколку ризикот од болеста што може да настане дотолку не се прими. А и мислам дека е многу индивидуално, секој организам различно се соочува со вакцината. Оние вакцините што ги примаме како бебиња и како мали, јас сум ги прифаќала без проблем, како ништо да не сум примала, ама брат ми после секоја вакцина, бувално секоја, од кревет не можеше да стане. На другарка моја на пример, нејзиното братче пак велат траен инвалид останало. На крај краева како што пишаа погоре некои феминки, све е нож со две острици...
не можат да кажат, тоа се податоци за пациенти, ќе кажат само ако умре некој, или е пуштен на домашно лекување... не дека некој на ТВ доктор ќепочне, имаше повраќање, многу кашлале, едното белодробно крило имаше застој... мислам... И ако е глупа болест и не е страшна, оти луѓево у болница лежат? 20 лежеле овој месец.