1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    714 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    224 глас(а)
    23,9%
  1. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    И CV и второ мислење и трето мислење, и муабет со пријатели лекари да препорачаат за која специјализација кој лекар го бива кој не.
    Веројатно последица од тоа што имам 30 години искуство со константно промашена дијагноза од сите нивоа на здравството, од општи лекари до проф др.
    И пак сум од подобрите приказни што ги знам, не успеаа многу да ме зезнат со погрешни терапии. Сепак не ги кривам терапиите, кога дијагнозите се утнати.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека сите родители ќе земат второ, трето и четврто мислење за нешто што треба здравје да му дсде на детето? Епа зошто тогаш да му верувам на глупавиот систем? Зошто да им верувам на третите дека вакцината е ок? Знаеш дека вчера доктор од детска клиника ми рече Мајка да вакцинираш, јас и двете ги вакцинирав, само хпв не планирам да ја ставам. А докторка кај вакцониравте? У Врање мајка! И сеа?
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Сѐ супер, ама не секој ја има таа можност. Што ако некој нема пријатели доктори? Што ако има пријател доктор, но колку го прави тоа добар и стручен? Луѓето не треба да имаат пријателства со докторите, туку треба министерството да ја поврати довербата со поставување на квалитетен кадар во институциите.
     
    На LaDyDoLl и FreeMind им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    И сеа,што?
    Тебе треба титула да ти даде форумов на оваа тема,најтрач муабети тераш,секакви примери од ракав вадиш,|(
     
    На baby-star, An-na, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Затоа што не се третите тие што велат дека се вакцините ОК, туку историја на човековиот вид - погледни ја смртноста од болести од коишто вакцините штитат откако се воведени и е започната масовна имунизација во согласност со епидемиолошките препораки и параметри.
    Ако референцираш на сигурноста на вакцините, и кличничките и кохортните студии за нивната безбедност се широко достапни.
    Ако те интересира потекло, во секој диспанзер ќе ти дадат да ги фотографираш и никој нема да те спречи да си се распрашаш кај локалниот дистрибутер и кај производителот за повеќе информации.

    Ова малку излезе од рамките на темава, но е релевантно во поглед на потребата за доверба во оние што треба да ни објаснат како работат вакцините.
    Сите имаат право и слобода да сменат матичен, и да си закажат преглед и кај друг специјалист, и во друга здравствена институција, и да добијат и второ мислење и трето мислење.
    А за тоа дека секогаш треба да се работи на случајот да имаме поквалитетен, поусовршен и поодговорен кадар, мислам дека сите се сложуваме, без оглед на другите гледишта и мислења.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Тоа што не ви одговара е трач муабет. Јавна тајна се овие препораки на докторите, само вас не ви одговара. Патем јас на тебе ти реплицирав? Научете да прифатите одговор и поинаков од тоа што очекувате!
     
    На jacqueline.s, ALISA0000 и yarre им се допаѓа ова.
  7. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Србија ги користи истите Пентаксим и Инфанрикс вакцини како и Македонија, од истите производители (Санофи Пастер за Пентаксим и Глаксо Смитх Клајн за Инфанрикс).
    Затоа вели дека е трач муабет во прашање, пошто се реално исти вакцините, без оглед дали ќе ги прими во Врање или во Скопје.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.018
    Србија и Грција ги земате за пример со вакцини, па и доктори таму оделе. Србија ви е Македонија, само поголема држава што е. Така да јас не им би верувала до толку.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Не зимам јас никој Јуле, докторката ме убедуваше, дојде кај мене на работа, странка ми е, случајно разврзавме муабет појма немав дека е докторка, сама си кажа.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Како да се дикутира на темава кога сте се научиле да ставате ваши зборови во туѓа уста...не е натпревар ова, дискусија е. Малку почит према туѓото мислење иако не се сложувате со истото, малку почит према соговорникот за да не се сведува темава на лични напади и навреди.
    Каде јас напишав дека болеста е глупа и не е страшна? Постои ли глупа болест?
    Не сте ми јасни колку и да се обидувам да ги согледам работите од ваша перспектива. Сте се поделиле на два табора и сега ајде ќе се надмудруваме. Сфаќам јас да бидеш за вакцини(бев и јас) или да бидеш против. Она што не го сфаќам е како после толку информации пред вашите очи замижувате свесно и слепо браните нешто. Па ако ништо друга искра сомнеж или љубопитност да се јавеше, за нашите деца се работи.
    Чест на исклучоци, има овде мајки кои се за вакцини ама сепак имаат двојби за некои работи па бараат, прашуваат, истражуваат или на крајот на краиштата само ги споделуваат своите стравови. Некои и го промениле своето мислење, некои цврсто стојат зад своето, ама да убедувам овде некој да вакцинира или не на памет не ми паѓа. Додека моите стравови не се покажат како неосновани јас нема да вакцинирам.
    Во сите мои постови сум поставувала прашања кои ме мачеле, поголемиот дел од нив биле игнорирани за одговор, а во дел сум не добила одговор туку обид да се деградира мислењето или личен напад.
    Како не сфативте дека на иста страна сме...
     
    На yarre, jacqueline.s, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Вториот дел од мојот пост не се однуваше на тебе, туку само првиот. лошо читаш
     
  13. yarre

    yarre Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    785
    Колку произволен заклучок. Вакцинацијата спаѓала под опшествена одговорност. Не. Прво се дерогира истото со европските закони, кои ти ги посочив, а второ, побитно, невакцинирањето на своето дете не е негрижа за здравјето на останатите во општеството, иако е тоа добра здравствена измислица, истата не е преточена во закон.
    На ова се надоврзува и моментот на идејата за вакцините, пошто нели се „заштита“ од заразни болести, па медицинските влати викаат, дури и да заболи, вакцинираното ќе прошло „полесно“. Тоа е идејата - полесно, а не нема да заболи. Значи гаранција за учинковитост - нема, гаранција дека нема да им нус последици нема, и секако гаранција дека истото вакцинирани нема асиимптоматски да ја прележи болеста ( а со тоа и тајно ќе ја шири ) - нема.
    Колективниот имунитет останува само на теорија, која ете гледаме дека оние над 30 години немаат веќе од дејството ( ако некогаш и имало ) на претходно примените вакцини и не се дел од колективноста во популацијата.
    Во Германија, како дел од Европа, родителот одлучува, и не е проблем за општествената одговорност, ако одлучи да не вакцинира. Сегрегација по градинки никој не смее да помисли да направи.

    Јас ако направам коктел со состојките на една вакцина и ги дадам на моето дете, ќе ме прогласат за убиец.
    Здравјето на детето е во рацете на родителите до неговото полнолетство. Секогаш. Осем во случаи на негрижа, а одбивањето вакцини не е негрижа. Напротив.

    Не воопштувај со некакви ликови со кои незнам поради која причина сакаш да ме асоцираш. Државата нема право да грижи за здравјето на моето дете осем во ситуација на запоставување. Одлука за одбивањето на вакцини не е запоставување. Иако во „демократскиот“ свет преку барата се користи за присилно наметнување. Во Германија одлуката за невакцинирање не е запоставување.
    Што праиме, кој пат ни се наметнува ?

    Ова со градинкиве, се слагам. За да наментенеш сегрегација во градинка, треба да обезбедиш решение. Ова е циркус.

    Ајде попрецизно. Кое полио ?

    Чери пикингот, како што милуваш е земен од многу јасни законски одредби, што кај нас, што во Европа, каде ние ете се стремиме. Ако сакаш да деалвираш со чери пикинг, онда ок.
    Во сите досегашни епидемии на морбили во МК, иако беше поголеми, вакви сегрегации не беа направени. Некои работи се читаат меѓу редови. Ама и тоа кој колку може.
    И аман веќе кои резервоари ? Имаш епидемии во целосно вакцинирани популации, од причини веќе вртени и вртени низ темава.

    https://www.cdc.gov/mmwr/preview/mmwrhtml/00000359.htm

    Почна и ти со фанатизмот ? :)
    Невакцинираните единки не се болни единки. Здрави се. Согласно некои размислувања и поздрави од имунокомпромитираните вакцинирани единки.

    Погледни го распоредот на важност на законите, кој кого ништи.
    Одбивањето на медицинска интервенција, согласно тековниот закон за заразни болести, не може да се одбие само во случај на епдидемија. „Епидемија“ имаме. Само со „епидемија“ законски можеше да се протне вакцинацијата што се случува, и тоа таргетирано кај деца до училишна возраст. Претходните „епидемии“ не беа вака искористени.


    Да? Кои?

    Изедначувањето е незгодна работа. Змијата и магарето. Поистоветување на лекови и вакцини е глупост. Особено ако се наметнати. А законски само со епидемија.

    Па погледни ја. Вакцините се воведени кога болеста веќе во својот природен циклус ја снемувало од картата.

    - Изработени од производителите на вакцини а одобрени од институции спонзорирани од нив ( подложни на конфликт на интереси )
    - Без студија за кумулативно дејство на сите примени вакцини


    Ова е океј. Така е нормално. Ама незгодно е ако некој од докторите одлучил да мисли надвор од крдото на сите останати наметнато од институциите кои се платени од производителите. Маме му се е*а.

    Вака треба. Да. Проблемот е што никој не смее да мисли со своја глава. Барем званично. И искуствено. Секоја чест на исклучоците.

    Се слагам. Дали во Врање или Скопје - исто е. Добра вакцина е само таа која не е дадена. Некои родители одат во Врање или Солун, заради купување на совест, мислејќи дека вакцините се подобри надвор.

    Ме одушеви твојот став. И да, на иста страна сме. Сите сакаме најдобро на нашите деца. Ти благодарам.
     
    На ALISA0000, Rooby и verba им се допаѓа ова.
  14. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.739
    Пол:
    Женски
    Ne se slozuvam so tebe. Da znaes samo kolku strycni doktori ima vo belgrad od tipot kardiolozi, ortopedi sto tuka kaj nas ne mozea tocna dijagnoza(od licno iskustvo) da dadat nema da imas vakov komentar. Belgrad e kolku cela makedonija:)
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.018
    Знам за стручноста на докторите, ама јас зборувам за вакцините и лековите. Ист систем, ако не и бетер, и Србите се на ниво на афери како кај нас. Да не разглабаме политика сега.
    А и истите производители на вакцините се.
     
    На NarCis@ и riba79 им се допаѓа ова.
  16. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    Сеуште чекам на тие случаи каде што апологетизмот што го постираше поминалe на апелација.
    До каде се?
    Прво, прочитај ги убаво тие европски закони, задолжителната вакцинација е дозволена, наспроти твоите произволни толкувања и желбени мислења, и Европските Судови имаат пресудено дека е.
    Второ, одбивањето на задолжителна имунизација потпаѓа под закон за заштита од заразни болести, и е против законска. Исто така и според Европските Судови.

    Дали нешто е или не е здравствена измислица потпаѓа под доменот на докажани научни студии, не на спинови, манипулации, лаги и теории на заговори од анти-ваксери. Пробај пак.
    Инаку гаранција за учинковитост - има, и самиот подолу цитираш студија дека во училиште со 100% имунизација, со сипаници донесени од надвор од училиштето, симптоми развиле само 3,8% од популацијата, и плус е прекината трансмисијата.
    А сипаниците се 95% заразни и во полуации над 250000 се создава ендемичност.
    Јасна ти е разликата?
    Или ај да видиме - колку има умрени од Вариола Вера пред и после 1980. Ете ти гаранција за учинковитост.
    Гаранција за нуспојави - од неследење на упатство ќе имаш проблеми со било што за кое што не го следиш упатство.
    Ако го следиш упатството, и да има нуспојави, транзиторни се. Јасно ти е сега?

    И уште еднаш - ако имаш пример некој да дал ММР на некој што е со тешко имуносупресиран имунолошки систем, со дијареа и повраќање, падната коса и расклатени заби, односно целосно и потполно ги прекршил сите правила за давање вакцина - не го следел упатството - пиши.

    И пак истите лаги, спинови и теории на заговор - сега и лабораториите што проверуваат ИгА и ИгГ се дел од теоријата на заговор.
    Оваа неуморност во повторувањето на истите глупости наспроти факти се повеќе заличува на религиозен фундаментализам.

    Во Франција, како дел од Европа, вакцинирањето за проблематични болести е задолжително.
    Во Германксата Федерација, препуштено е на членките држави и градови кој како ќе си одлучи, се даваат само препораки за вакцинирање од локално проблематичните болести.

    Ти можеш да земеш состојки од вода и кујна сол, што се неопходни за живот, и да направиш коктел што се вика жива сода. Пробај пак, не ти држи место муабетов.
    Следење на упатствата за вакцинирање е грижа. Одбивањето е негрижа.

    Те воопштува со ликовите со сода бикарбона, пошто и на тие за се им е крива фармацевтската индустрија, и иако не знаат да прочитаат научна студија, важно се замислуваат дека се знаат и дека има некаков глобален заговор против нив.
    Сеопшт Данинг Кругер.

    Див тип 3. Див тип 2 и Див тип 1 веќе ги снема, благодарение на редовни имунизации.

    Така е, многу е јасна твојата девалвација со чери пикинг само на тие делови што ти одговараат - што убаво покажува дека те интересира само апологетизмот, а не тоа што го пишува таму.
    Дали треба или не сегрегации препуштам на професионални епидемиолози и имунолози. Не се правам дека се знам.
    Ајде сега со твоето стандардно копирање на спинови лаги и теории на заговор од анти ваксерите дека сите што не се сложуваат од нив се дел од глобалната завера на гуштерите од орион.

    Кој колку може да прочита научни студии и информации, па уште и да ги разбере.
    Се разбира дека ќе има епидемии во 1983, кога сеуште имало природни резервоари во УСА.
    Ама кој да прочита и разбере дека од болест со 95% заразливост, благодарение на имунизација, заразеноста е намалена на 3.8%, и дека е прекината трансмисија, односно дека вакцината одлично си ја завршила својата работа.
    Треба некои основни познавања да имаш, па да разбереш.

    Фанатизмот се одликува со догми формирани врз основа на верување место врз основа на факти, што би се рекло твојата пропаганда е ама ептен прозирен фанатизам, а кога ќе се додаде дека само ги повторуваш истите тврдења без никаква вистинска основа, веќе дефинитвно е докажан.
    Гарантирано докажан. :)

    Значи вакви спинови лаги и теории на заговор од анти ваксерите, стандардно без докази и факти, само уште повеќе го докажуваат твојот религиозен фундаметализам во оваа работа.
    Ако имаш нешто научно испитано и покажано, презентирај.

    Погледи го текстот на законите и релевантните членови, нема потреба никој никого да ништи, во согласност се.
    Одбивањето на медицинска интевенција кое што одбивање би било на штета на пациентот и другите околу него е дефинирано во член 14. Прочитај поубаво, нешто многу кочиш на запиркиве.
    Ама кој колку му фаќа да разбере што пишува.


    И повторно истите спинови, лаги, манипулации и теории на заговор на анти-ваксери.

    - Повторно лаги спинови и теории на заговор. Клиничките студии се јавно достапни, дај критика ако имаш нешто реално, место само истите лаги да ги повторуваш до бесвест.
    Кохортните студии ги работат државни институции што се плаќаат од државниот данок, и се исто јавно достапни, и ако имаш реална критика дај реална критика, ова само пропаганда да се повторува до бесвест.
    - Колку малку познавање на каузалност. Кохортната студија за последната примена вакцина е воедно кумулативна за сите.
    Ама на кој колку му фаќа црпката да разбере дека живееме во универзум со линеарна стрела на времето.

    И повторно повторување на истите лаги спинови и теории на заговор. А имаш нешто друго освен чиста пропаганда?
    Секој што сака да мисли надвор, може слободно да изготви научна студија и да го докаже своето мислење. Има многу такви што довеле до нови револуционерни откритија.
    Се разбира, за анти-ваксерите се поважни оние што само лелекаат дека има завера против нив. Пошто им одговара наративот.

    Има еден куп што мислат со своја глава. Така оди напред науката.
    Ама кој да разбере наука, кога се што има е анти ваксерска пропаганда што се повторува до бесвест.

    И повторно лаги спинови и теории на заговор без никаква ронка издржани докази. Само да се повторува до бесвест дека има проблем, и да се игнорираат сите факти и докази дека нема.
    Исто како кај религиозните фанатици.
     
    На oblace1, Yowannty, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. OutOfAnywhere

    OutOfAnywhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    578
    А што кога мислењето на соговорникот се сведува на напаѓање на цела медицинска професија на ниво на медицинска параноидна жизофренија, каде што сите ги набедува дека се продале на глобална завера?
    Каде е неговата почит за медицински, биолошки, технички професионалци што потрошиле децениии да се устручат, усовршат и научат, па што си дозволува да ги напаѓа сите?
    Почит за оние што даваат почит - секако.

    Но овие тука само напаѓаат со повторување на истите бесмислени глупости по 1000 пати, и притоа игнорираат кога ќе им излезе дека тоа што го кажале врска нема, и си продолжуваат по старо.

    Да, има толку многу нашминкана пропаганда од луѓе што никаква студија нема да ги убеди во ништо, пошто тие се убедени дека се е дел од глобална завера против нив.

    Да, стравот е фокусот.

    Пошто кога нема научна потпора, мора да се премине на емоции како алатка за пропаганда, имено
    https://en.wikipedia.org/wiki/Fear,_uncertainty_and_doubt

    А како се користи кај анти ваксерите
    https://vaxopedia.org/2018/02/11/money-and-motivation-of-the-anti-vaccine-movement/
     
    На Cosmi, Yowannty и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ми е жал за бебињава што се разболуваат а уште не се на воздраст за вакцина. Сироти деца, сироти родители.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. katte82

    katte82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    50440734_10217610161903164_7126255289946341376_n.jpg



    Хм па ако се добри зашто да се фрлаат.Нели само декларацијата?
     
    На Aneta92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Без да навлегувам во тоа што е грешката, секако треба да се уништат. Ти би верувала на прелепувана декларација? Јас не. Кога веќе има грешка на вакцините, нема веќе што муабет да се прави натаму за нив.
     
    На duffi и NarCis@ им се допаѓа ова.