Аууу сега читам дека клиника во карантин... затоа ме откачуваат по тел дека само недај боже интервенции се правеле, се било одложено (а јас сирота па си чекам да ми јават). До кога ке трае ова... децата што треба да се лечат од друго како ке се лечат? Јас сакав да одам наредна недела.. воопшто ли не примаат никој?
Се замислив да не имало по амбуланти некој заразен. Не, досега сите вакцини ни се примени во Ѓорче, по календар, само подоцна почнато.
Прашано беше одма, поголеми компликации или екстра здравствени проблеми ако имал (пупу). Имаше и разговор за вакцини за РСВ кои кај нас ги нема (односно само за потешки случаи има на располагање многу ограничени дози) а секаде во свет се нормална процедура за прематурни, да сме купеле приватно, па таму да го боцкаат, или да си седиме во поголема изолација зимава да ја истераме.
Не бе каква вакцина... они сите што вакцинираме и се вакцинирани ги ставаат вп еден кош- осакатени!!!! Ние сме неродители.. Кој збор човече ОСАКАТЕНИ..... А овие што лежат на клиника и не дај боже фатат сега морбили?? Што ќе кажат за нив? Јас разбирам што некои не сакаат да вакцинираат, ама до тој степеп да дојде, да дојде до навреди и проповедање на нешто научно не докажано... Као нема врска што е болест која може доста да го оштети оргакизмот, па дури и со смртни последици, битно децата биле осакатени и потенцијални аутисти... сите, ама баш сите. Ме интересира само, дали сега би го однеле своето дете да фати морбили, да се бори организмот сам де.
Тој влез од детска клиника е скоро секогаш затворен, не само сега. Персоналот (на детска клиника конкретно) никогаш не се вакцинирал кога имало епидемии кај нас или во Косово, освен свинскиот грип кога беше, па примија Тамифлу.
Не, ич не штити. Сите заболени кај нас се вакцинирани! Или... не беше така? Да не е обратно? Само за да докажете дека сте во право ја искривувате вистинста. Медицинскиот персонал најверојатно бил вакциниран со една доза и затоа се заразени. Сигурно се родени пред 1993. Јас се чудам зошто до сега сега немаше наредба од министерство да се вакцинираат сите невакцинирани или нецелосно вакцинирани вработени во градинки, училишта, здравствени установи. Заедно со прогласување на епидемија требаше да се вакцинираат. Ако толку не ви се страшни морбилите и сметате дека вакцините се зло, глупост, непотребни итн. зошто не ги однесете на детска да прележат додека се мали?
Koј пропуст од страна на министерството... Се сложувам со @An-na дека требало да има имунизација на медицинскиот кадар и оној во градинките/школите. А помислив, кога министерот ја вакцинираше внуката, дека он требаше да си стави една, за пример, не детето да го тормозат. Тогаш ќе беше вистински пример за целта која ја пропагира, бидејќи сите знаеме дека немаме веќе имунизација. Јас кога работев во една медицинска установа ме тестираа од разни болести и се сеќавам дека морав да се вакцинирам за тоа што немав веќе имунизација ако сакам да работам со лицата. Како стандардна процедура постои такво нешто? Мислам дека посебно во случај на епидемии и те како требало да размислат. Голема утка.
Нема да примаат невакцинирани и по завршување на епидемијата. https://sdk.mk/index.php/makedonija...a-vo-gradinkite-i-uchilishtata-veli-filipche/
Одамна го тврдам истото. Ова ќе предизвика отпор и кај оние кои вакцинираат. Барем кај мене е така. Не знам. Некако неусогласени им се чекорите. Како допрва да учат.
Очигледно не штити. Ако штитела нема да заболеле вакцинирани доктори. Тоа што сакаш да го релативизираш тоа со фактот што "еднаш" биле вакцинирани е По важечки протокол биле вакцинирани СО СИТЕ ДОЗИ за нив. Кога овие 2 од сегашниот протокол ќе излезат неефикасни, ќе воведат 3 и ќе кажат невакцинирани се. Кај смее вакцината да не штити. Боже пази. И најјаки сте ми ваксерите ко тебе. Не вакциниравте ммр до 3 год мин, боцнавте и станавте најголеми пропагисти на истата. Со сите салтанати.
Не знам како е законски регулирано, ама во пракса смеат, т.е. мораат. Конкретно мајка ми е медицинско лице, 60+ години е сега замина во пензија, ама никој никогаш не преземал никакви испитувања да направат кој има антитела од конкретни заразни болести кој нема, некаква заштита при контакт со пациенти од ризични подрачја каде што имало одредена заразна болест.....се’ на ура, како што е обичај. Е сега, можно е на инфективно да ги вакцинирале некогаш, тоа не знам. Ама конкретно таму каде што работеше мајка ми немаше ништо такво. А не е дека не била во допир со заразни болести, напротив...
Помина времето за редактирање, ако треба спојте ми ги постовите во еден Имало организирано вакцинирање на персоналот на детска клиника, кој сака доброволно да се вакцинира. Ова од кога се прогласи епидемијата.
Ај касно што палат па и доброволно. А и оти само таму? Педијатрите ами на пример. Сакаат задолжително вакцинирање а да носиш дете да го буцкаат кај некој кој не е имун од истото и може да му го пренесе да детето за време на прегледот/вакцинацијата. Двојни аршини.
Имаат таканаречен скриен имунитет. медицинските лица многу ретко се разболуваат од болестите на пациентите, освен за вака страшно заразни болести. Мајак ми е медицинско лице и редовно имаат прегледи и вакцини кога треба. Редовно брисеви се земаат од нив. А ревакцината од ММР не е измислена сега туку пред 25 години. како и да е, специјализантиве можемислеле дека прележале, оти кајнас мајките викаат, ааа да ти прележа мала и голема сипаница. И си викаш, ако голема немало од 1970та кај нас, значи сум прележал морбили и варичела. Ама мајкитене паметат се
На детска клиника се педијатрите Двојни аршини ептен, од една страна задолжителна вакцинација за дечиња, од друга страна лекар кој го лечи истото дете и кој е во поодмината возраст и веројатно невакциниран затоа што тогаш ја немало. Медицинскиот персонал би требало да биде задолжително имунизиран и заштитен во случај на заразни болести. Ама кај нас е се’ освен тоа што треба и како треба да биде во здравството. Може и на други делови вакцинирале, не знам такво нешто, информацијава ми е конкретно од детска клиника и пишав за тоа што знам. Искрено се надевам дека секаде имало имунизација на медицинскиот персонал. Се надевам не било само таму.
Матичните педијатри мислев. При секоја болест, он е прва станица, сеедно преглед на брзаница во кола(вакво нешто мислам тука прочитав, за да не влегуваат во ординација) или ако имаат посебна соба за инфективни случаеви. Доволно е едно дете со морбили да прегледал, а да нема имунитет.... колку деца му минат во ординација секој ден. Не знам оти, мислев автоматски дека одат овие работи при епидемии.