Навистина? Ај пак да повториме: Колку од заболените се целосно вакцинирни? 0% Сите заболени се повеќето невакцинирани, а мал број нецелосно вакцинирани! И тебе ова ти е знак на неефикасност на вакцините? Ок. Медицината е наука која напредува, па така тоа што некогаш било ефикасно, се покажало како неефикасно и се унапредило. Како вакцините на пример. Плус, најголем дел од тие што се нецелосно вакцинирани ако зболат ќе имаат далеку поблаги симптоми отколку невакцинираните. Јас никогаш не сум била антиваксер Едно време бев збунета и несигурна дали треба да вакцинирам ама никогаш не сум го поддржувала ставот на антиваксерите. Самите антиваксери ме убедија дека треба да вакцинирам. Со “аргументите” кои ги изнесуваат и кои се менуваат како ќе дувне ветрето Ако одиме со лични профилирања, ти зошто не вакцинираш? Едно време беше прилично за. Ти беше жал да го боцкаш детето оти ќе плачело, па после се придружи кон антиваксерите, оти нели мора да си најдеш оправдување. Не ми одговори: Зошто не ја однесеш ќерка ти на детска да прележи морбили додека е мала?
Мајка ми нема спомнато за никаква вакцинација освен оваа сега за морбилите. Не работеше директно со заразниве болести, ама конкретно нејзиниот оддел беше преполн со пациенти од Косово од пред 20 години наваму (посебно во време кога ќе се појавеше некоја зараза), а за таму знаеме дека секакви зарази имаше..... Баш така за повозрасните Баба ми и кажала дека има прележано морбили кога била мала, ама којзнае дали навистина биле морбили или не.
Кај нас дозиметрите на вработени во зрачно поле не ги мерат, а не па да ги вакцинираат педијатрите.Зарем се уште очекувате нешто по протокол во државава?
Луѓе бе за што е препукувањево . Секој си одговара за негово дете , ни мене ќе ме убеди некок да вакцинирам ни па јас ќе убедам некој да не вакцинира. Ова со градинкиве е страшно , немало невакцинирани деца да примаат дека епидемија , а родители можат да носат во градинка деца со 40 темп и да ризикуваат и другите деца да ги фати , и таму не се сите со ист имунитет , некој ќе помине со 38 темп. , а некој со бронхит ќе окапе во болница 20 дена. Стварно не се во право. Исто и за родителите важи , познавам родители што го носи детето на роденден во игротека и ризикува сите деца таму да се разболат. Кога ги носиме по родендени ништо , ама во градинка опасно било, како не . Брат ми на 8 месеца наеднаш фати и варичела и морбили , па невакциниран помина многу подобро од мене што фатив варичела притоа уредно вакцинирана . Тоа , а и сета оваа фама со епидемија и вакцини со поминат рок ми е доволно да одлучам за да не го вакцинирам моето дете.
@Aneta92 сега нема вакцина за варичела. Имаше порано? Во мојот картон стои дека морбили сум ја примила, не и варичела. Нејзе знам ја прележав, не сум вакцинирана.
Нели и ако прими мрп дете може да фати морбили? Ја така знам, дека само полесно ќе ја помине и тоа е тоа.
Под уредно вакцинирана мислев за сите вакцини до сега ги имам примено . А за варичела картонот не ми е дома да проверам , само знам дека докторката беше зачудена како толку тешко ги поминувам кога сум вакцинирана , а брат ми со само 8 месеца , невакциниран ги помина многу лесно.
Читаш како тебе ти одговара. Што е дефиниција за целосно ваквинирано лице? Лице од 30+ години е целосно вакцинирано бидејќи кога требало да се вакцинира една доза било целосна вакцинација. Пак ги релативизираш работите. За 10 години кога ќе видат дека и 2 не штитат, овие со 2 дози пак ќе станат нецелосно. И така ви неповрат. Значи за тебе било оправдано да си збунета и да чекаш да вакцинираш дете на 3+ години, а сите во моментов треба да излезат од бунило и одма да вакцинираат, па и дечиња од по 6 месеци. Не двојни, не знам какви стандарди се ова. За моето дете решавам јас! Не ти, не министер и не т.н. колективен имунитет. Јас уште сум за вакцини. Не усилени и не за профит. Сум пишала повеќе пати, ќе ја боцкам кога ќе биде доволно голема за тоа. За ДТП сум пишала повеќе пати и немам намера да се повторувам што значи таа вакцина за мало бебе. За плачење, да, се секирам. Јас гледам да не плаче затоа што и за тоа има научни студии како делува на детето. Секако, да си ме прочитала ќе си го сфатела тоа. Не ти е срам да го вмешуваш детето мое во дискусијава?! Некогаш сте ептен очајни со насоката во која ги водите дискусиите.
Нема кај нас вакцина за варичела, а кој како ке ја прележи зависи од организмот и имунитетот. Јас трудна фатив и имав страшен осип, немаше место каде немам точки.. од уши, до табани, со температура со се, до инфективно стигнав и апчиња пиев дури. Додека сестра ми помина со многу малку, дали 20тина и избија, без тт.. и двете на 23 и 25 години. Синчето на 2 год ги фати, исто полесно помина (тогаш сите вакцини он ги имаше примено, освен ммр).
Ти си поминала како мене , ама сакав да кажам дека брат ми освен варичела имаше и морбили , дете од 8 месеца , па со двете наеднаш помина многу лесно.
Свекрва ми памти и вели дека порано пред 90тите многу и ја немало вакцината за морбили. Била во дефицит и девер ми не е боцкан, зашто немало, ја чекале да стаса итн. Ги прележал и било страшно(така кажува, така пренесувам) , секоја зима од тогаш па навака спушта на гради од секоја настинка. Така вели жената. Сакам да кажам за родени пред 90тите има големи шанси да не се боцкани воопшто. Со ниедна доза. За Скопје зборувам.
@An-na јас сум родена крај на 1990 и имам примено две дози. Не знам од каде ти е податокот дека родените пред 1993 се со една доза.
Jas sum vakcinirana od morbili kako dete. Posle 1 god.od revakcina jas lezev morbili, taka da i vakcinirani mozat da fatat morbili.
Не сум сигурна дали е 93 или 89 беше воведена втора доза. Некој поупатен да потврди? Не можам да најдам било каков податок на интернет, а знам дека ми е останато како информација. Ок, нека бидам безобразна. То кога правиш лично профилирање, не си Ништо не кажа што ќе потврди дека вакцините се неефикасни. Пак ќе повторам, медицината како наука напредува и можно е да се случи и трета ревакцина да треба, не знам не сум доктор. Сега, фактичката состојба со епидемијава покажува дека е и тоа како ефикасна. Па дури и тие нецелосно вакцинирани ако заболат ќе имаат далеку поблаги симптоми. Околу вакцинирањето кога ние си сакаме само ова ќе ти кажам: Има попаметни кои учеле за тоа и кои се компетентни да проценат и упатат кога треба да се вакцинира. Во спротивно доведува до ова што сега ни се случува, а за кое сите (и јас спаѓам тука) имаме одговорност. Ти ако си компетентна и знаеш нешто повеќе за вакцините отколку имунолозиве и епидемиолозиве, повели сподели со јавноста. Се дотогаш тоа спаѓа во доменот на шпекулации. Ако сакаш не вакцинирај. Искрено, не ме ни интересира, јас моето дете го заштитив, ти како сакаш, само биди подготвена за последиците. Очај кај мене нема. Јас не искривувам информации за да ми одговараат на тврдењето, вие го правите тоа.
Маж ми роден 85 на свекрва ми и рекле дека сеуште не е задолжителна вакцината и дека е пробна, не вакцинирала, золва ми родена 89то годиште, двајцата фаќаат морбили и прилично лесно проаќаат, да не речам со неколку брунчиња и без белези. Невакцинирани! Кои попаметни, директорката на клиника баш нив ги обвини во емисијата на Алфа дека од нив почнало се, дека е бесмислено да се чека година, две, три, да прооди, да прозбори, да проживее.... Ваљда коа ја стаиле директорка се смета за паметна, шо знам.