Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

Дискусија во 'Бебе' започната од bebaa, 9 јуни 2012.

?

Дали сте За или Против вакцинирање?

  1. За

    747 глас(а)
    76,1%
  2. Против

    234 глас(а)
    23,9%
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.273
    Допаѓања:
    136.850
    Сеа ја прашав мајка ми, вика иако сум пред 90та родена, имам и ревакцина, оти тогаш кога ј вовеле ревацината отишле и ги ревакцинирале сите деца наеднаш освен тие што биле болни дента, и требало да ги однесат самите родители. Вика ако не однесе родителите, значи не се ревакцинирани.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Вакви рекла/кажала муабети од пред 100 години се навистина релевантни. И мајка ми да ја прашам сега којзнае што ќе ми каже. Може и на 6 месеци сум проодела. Ете толку памтат :D

    Сакаш да кажеш дека докториве се глупави? Ти каде се лечиш? Кај надрилекари? На бајачки?
     
    На Yowannty, Lianna Anna, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.916
    Пол:
    Женски
    Не кажав јас дали сум или не со верба во докторите, ич не е битно тоа, кажувам што рече директорката на детска клиника. Кога ја праша новинарката за мислење рече дека вината ја наоѓа во медицинските лица, матични доктори и педијатри кои советуваат одложено вакцинирање без медицинска индикација, односно ако детето е сосема здраво. А тоа дали свекрва ми рекла казала ширела муабети не можеш да знаеш зошто не ја познаваш, не го знаеш нејзиното образование и не смееш да судиш и вреѓаш. Јас мислев дека сум безобразна и нападна, ама ти си не надмашила сите. Патем свекрва ми е медицински образована, воспитачка во градинка и се нагледала и на морбили и на варичели и на вакцинирани и невакцинирани деца.
     
    На yarre, ALISA0000 и manako1 им се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Може не памтат кога точно сме прооделе и прозбореле, ама кој како поминал со болести, посебно кога се работи за заразниве, памтат, и тоа како памтат.
    Тоа што бабите не знаеле точно да им кажат на нашите родители што точно прележале како мали е што можеби воопшто не ни знаеле за што точно се работи, пр. ако се сипаници кои точно итн. Ама веќе кога ние сме растеле била колку толку понапредна медицината и повеќе работи се знаеле и можеле да се дијагностицираат.
    Барем во мое опкружување била ваква ситуацијата, не мора да значи дека било така кај сите.

    Вирусите што ги прележал малиот сигурно нема да ги памтам, ама на пример заушки ако фати не ми се верува дека ќе заборавам. Барем јас лично за себе така знам дека така би било, за други не се осмелувам да коментирам.
     
    На Annath, NarCis@, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Јас не навредив никого, само споделив мое видување дека тоа што свекрва ти кажала дека лесно поминале морбили е сосема нерелевантна информација, а во поголем број случаи нецелосно точна.

    Во врска со докторите, појасни што сакаш да кажеш? Која ти е поентата? Директорката рекла дека докторите се виновни и тоа ги прави што? Некомпетентни?
     
    Последна измена: 25 јануари 2019
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.042
    Допаѓања:
    123.934
    Вчера зборам со пријателка на мајка ми,педијатар , ми вика што чекаш? А вие шо ми викате чекај да прозбори ? Е да ама епидемија е сега. Пациентка лом ја направи вика ти ми рече да чекам .
    Така да да,педијатрите пропагираат и нека си ги зирне Филипче и нив ;)
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.128
    Пол:
    Женски
    Тешко и на нашите педијатри и матични лекари со народ како нашиов,а богами и со фенси антивакциналните мамички.
     
    На Sky-butterfly, VedaG10, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    На SexiLy, oblace1, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Најчесто педијатриве советуваа одложување заради испаничените родители. Оти нели ставот беше дека ммр предизвикува аутизам и педијатриве (барем моето искуство е такво) ги советуваа родителите да ја одложат додека не прозбори детето за тие да бидат спокојни, не дека вистина предизвикува аутизам или дека педијатрите сугерираат такво нешто. Јас лично не сум сретнала таков педијатар.
     
    На Sky-butterfly, green.eyes, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Така е.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    76.626
    Пол:
    Женски
    Золва ми е 89та и нема примено втора доза, ама како што кажува она дека болна била и ја скокнале, па ја заборавиле :?: Еднаш беше со мене кога го боцкаа синчето, праша дали треба да ја прими, ја прашаа колку години има... не треба и рекоа. Јас гледам кај мене во книшката ама неможам да сфатам ништо, испошкрапано, јас 1992ра сум.
    Едит: Ваљда сфатив, прва вакцина 94та, ревакцина 99та ми е.
     
    Последна измена: 25 јануари 2019
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.722
    Допаѓања:
    104.916
    Пол:
    Женски
    Па според директорката така изгледа, според мене? Мислам само дека и самите не се на чисто со вакцините.

    Информацијата на свекрва ми е сосема релевантна поради нејзиното искуство, а богами и во книшка како прележани заразни болести им стои, кај мм и заушки плус. Ич не ме интересира за другите, имам брдо лични примери во мојава околина само од последнава година и доволни ми се да сум убедена во мојата постапка.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    35.742
    Пол:
    Женски
    Со среќа ;)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.757
    Допаѓања:
    145.220
    Два човека/ деца за жал не ја прават релевантна статистиката за тоа како може да се помине со прележување на морбили без вакцина.
     
    На SexiLy, Lolipop23, Sky-butterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    Некои од вас многу се прават паметни ко што кажа @kukla21 . На три години сте вакцинирале ммр, а сега ние треба на година и пол,м? Па ако ви е сигурна таа вакцина, што не сте го носеле бе на 13 месеци? Еве баш ме интересира.
     
    На Sandrin4, manako1 и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од препукување на вакви теми, зашто реално секој кој е родител не му е сеедно во ситуацијата, без разлика дали вакцинира или не.
    Државата треба да превземе мерки да ја врати довербата во вакцините, да бидат потранспарентни и сериозно да направат стратегија долгорочно, не вака ад хок. Еве нека ја одложат и спорната МРП да се прима на 3 години, ама да се прима, пошто антиваскерите гледам пропагираат воопшто никаква вакцина да не се прими.
    Јас вакцинирам, ама ќе излажам ако кажам дека не идам со страв. Не е нормално и ова што го прават антиваскерите на социјалните мрежи. Сметам дека и тоа треба да подлежи на некаква одговорност. Неможе бе таму некоја си Сања Ристич, самопрогласен инфлурнсер, со рекла казала муабети да шири паника меѓу родителите, а нит е стручна нит компетентна. Била во кампања за вакцини против ХПВ, значи додека профитирала ок биле вакцините, пропагирала вакцинација, сега рекламира Тиан де и лечи ЦИН 2 со травки. Секако дека повеќе ќе веруваш на доктори отколку на некоја ваква медицински неедуцирана особа, ама пак ти ствара паника. Зашто реално да слушнеш на нет и дека некое детенце има компликација при вадење заб, утре со страв и на забар ќе го водиш. Затоа ова мора да запре некако. Да се изгради еден став и државата да се зафати сериозно со решавање на проблемот.
     
    На sofi2107, Lolipop23, Heidi и 18 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    Јас ако вакцинирам, одговарам за своето дете. Ако не вакцинирам, а немам медицинска причина за тоа, одговарам за своето и останатите деца. Некогаш нечија одлука влијае на друг.
    На министерот во моментов очајно му треба добар тим кој ќе спроведе план како да се справат со ситуацијата. Заболени здравствени работници е недопустлива грешка, и тоа кај најчувствителната категорија на деца. Да заврши побргу лудилово.
     
    На Lolipop23, Chantal, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.273
    Допаѓања:
    136.850
    Три деца болни од рак, имаат морбили, и тоа деа што оделе на терапија :( Не сакам да знам каде се влегле специјализантиве, по кои оддели, и во кои кафичи, и во кои ординации. Не сакам.

    Ако е толкулесна оваа болест, какоќе ја прележат децата кои немаат никаков имунитет сега?
    Ако наше дете треба сега да биде у болница, кажете ми кај ќе лежи? Немаме друга болница у градов државна.

    Колку деца заради тоа ќе бидат без докторкси надзор?

    Сигурно антиваксеиве ќе речат, па нема да умрат од морбили, туку од рак, за да не се евидентираат од тоа. Сериозно мислам дека антиваксериве треба да одговараат.

    Оние кои не смеат да се вакцинираат, патат заради оние шти ја слушаат Миа.
     
    На Chantal, Heidi, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.245
    Допаѓања:
    181.750
    Пол:
    Женски
    @yarre и @Centurion може сега да се приклучат на дискусијата. Нешто ги нема...
     
    На oblace1, duffi и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Тие најјаки се. Не само тука. И другарките мои исти се.

    Така е. Треба да се работи на промени од корен, да се утврдат причините за намалена вакцинација ј соодветно да се работи. Вака на сила ништо не прават. Една од променените е и нов министер. Во Таравари повеќе верба имав него во овој профитеров.

    Очигледно е дека покриеноста кај малите дечиња е мала. Очигледно има доза страв кај родителите. Сепак, поголемиот дел од дечињата на школска возраст се вакцинирани. На што укажува тоа?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.