Ова прашање се стави веќе на маса во Еу. Антиваксерите станаа сериозна закана за здравјето на луѓето, се планира и кривично да ги класифицираат. Миа најголем лекар над лекарите кој би рекол
Кое ЕУ? Она во кое најчесто вакцините не се задолжителни, а има солидна покриеност со вакцини? Џабе антикаксерски кампањи ако има здравстврн систем во кој се има доверба.
Не би рекла кукла. И едните, и другите. И надвор од форумот се прилично активни. Ме интересира сега нивното мислење околу ситуацијата. Иако можам да го претпоставам.
Искрено не знам како би убедиле некого?! Зарем до толку може да влијаат? За мене здравствениот систем, ваков каков што е, е најголем непријател на вакцинацијата.
Специјализантиве шетале од одделение на одделение, без маски и заштита ли? Ако е така со кој памет боже мој. Страшно и жалосно за дечињата кои оделе на терапии?
Кога почна епидемијата ги немаше цела недела. Сега пак ќе ги нема една недела додека договорат што како, па ќе дојдат.
Па може. Еве да ти кажам на фб колку пријатели се убедени дека нѐ чипираат моментално со вакцините. Ти зарем не веруваш дека постојат луѓе кои лесно потпаѓаат под влијанија? Оние кои врзуваат во крпче сѐ што ќе каже доктор и не проверуваат, и оние кои мислат дека докторите ништо не знаат. Лесно може да се манипулира, само треба да се знае како.
Да, тоа еу каде свеста на луѓето е 95% за вакцинација. Каде не може една Миа да е фактор во државата. Онаму каде законот е закон и мора да почитуваш. Здравствениот систем е распаднат во мкд. Како и се остало - труло. Не се знае од каде да се почне да се поправа нешто. 90% од народот ракоплескаше на распаѓањето. Со години! Не е се до системот и во народот има нешто. Ова се само последици кои за жал ќе ги однесат најневините / децата. Она што е најболно ни зрак надеж дека нешто ќе се среди, како втора епизода од “мајка ебаваме” да гледаме. Мора да се враќа процентот на вакцинација над 90%. Мора значи. Макар и никој не верувал во здравство. Со сила, со казни, со гатачи со Баби Ради и остали медицински феномени.
Минатиот пат се тресеа тие што децата ги вакцинираа со вакцини со погрешни етикети, сега се тресат тие што ја посетиле клиниката. (А и сите други што треба на лекар да отидат), башка другите утки од министерот. Стварно не им треба антиваксерска кампања. Сами себе си пукаат во колено со секој чекор. Реално, не само министерот, во тамдем со си тимот советници, туку и останативе што не видоа утката со етикетите вакцини и си вакцинирале и медицинскиов кадар кој без имунизација се изложил на вирусот па го пренел на најранлива категорија деца. Жално и страшно.
Ова е веќе врвот и колапсот на целиот систем во државата. Две деца тешко болни заразени ид морбили, медицински персонал, голем процент на невакцинирани е стварно проблем. Немаме доверба во здравството па затоа и верувавме во секакви работи сервирани по интернет. За жал последиците се огромни.
Морбилите се толку заразни што и да носеле маски, не се доволни. 9 од 10 невакцинирани ги добиваат ако се во таков воздух. Да влегле со маски, а во ходник да ги ивзадиле додека да дојдат до другото одделение, низ тој воздух да поминале децата, веќе се заразиле. АКо Детска клиника е у карантин, нека кажат каде треба да се носи дете ако треба да лежи у болница?